-
Sale!
Скулптор на смртта #4
2490,00 ден„Имаш среќа што не го запали светлото…“
Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.
Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.
Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.
Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.
-
Sale!
Подарокот – Едит Егер
0400,00 денОвој практичен и инспиративен водич нè учи како да ги прекинеме деструктивните навики и заробувачки мисли за да пронајдеме слобода и да уживаме во животот.
Моќната прва книга на Едит Егер, „Изборот“, ја раскажува приказната за нејзиното преживување во концентрациони логори, нејзиното бегство, исцелувањето и патешествието кон слободата. Опра Винфри вели, „Засекогаш ќе бидам променета од приказната на доктор Егер“. Илјадници луѓе од целиот свет ѝ пишувале на Егер за да ѝ кажат колку нејзината книга ги трогнала и ги инспирирала да се соочат со сопственото минато со цел да се обидат да најдат лек за својата болка, истовремено молејќи ја да напише уште една книга со повеќе практични и детални совети како нејзе ѝ успеало во тоа. Па така сега, во „Подарокот“, Егер се осврнува на исцелувањето и ни дава многу корисен прирачник кој нежно нѐ охрабрува да ги промениме своите мисли и однесувањето кое нѐ прави затвореници на минатото.
Егер објаснува дека најлошиот затвор за неа не бил затворот во кој ја сместиле нацистите, туку оној што таа самата го создала за себе – затворот на нејзиниот ум. Потоа ги опишува дванаесетте најзаробувачки проблеми со кои се соочила – како, страв, тага, лутина, тајни, стрес, вина, срам и одбегнување – и алатките кои ги открила за справување со овие универзални предизвици.
Со многу емпатија, стручност и хумор, Подарокот ќе ви даде охрабрување и совети за да се ослободите од сопствените затвори и да уживате во животот.
-
Sale!
Приказна на една мајка
4390,00 денЖивотот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете.
Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете?
Никој ја нема предупредено дека да бидеш мајка може да биде страшно и извор на нездрава осаменост. Никој ѝ нема кажано дека не сите жени ги сакаат своите бебиња. Можеби е најдобро Џесика сега засега да си ја чува оваа тајна за себе…
-
Sale!
Во војната и љубовта
1300,00 денКога самите се ставате во инфериорна положба во однос на другите, не може да очекувате другите да ве стават на пиедестал. Ќе завршите на местото кое самите сте си го одредиле… Сара е девојка која отсекогаш имала проблеми со самодовербата и нејзиното јас е потиснато од егото на нејзиното долгогодишно момче. Но, една ноќ, кога поради силно невреме е принудена порано да се врати дома и го наоѓа со друга девојка во куќата во која заедно живеат, нејзиниот свет се руши и таа е принудена да се промени и да почне да се залага за себе. Сама, невработена и без дом, ќе најде утеха кај нејзиниот брат, кој ќе ѝ даде засолниште додека се снајде и почне да си го средува животот. Иако тешко, ова искуство ѝ ги отвора очите за многу работи, ја зајакнува како личност и ја прави независна. Но, кога во нејзиниот живот влегува Марко, нејзиниот мал стабилен свет повторно се разнишува.
Марко е исклучително амбициозен и успешен маж за кого и покрај целиот успех, најважни остануваат семејните вредности. Тој премногу го цени своето семејство, а уште повеќе сака да оформи свое. Но, кога е оставен од долгогодишната девојка ноќта кога сака да ја запроси, решава дека сите вредности кои нему му се свети, очигледно не се тоа што жените го бараат.
Токму таа ноќ, кога животите им се променети засекогаш, Сара и Марко се среќаваат, но не на добар начин. Напротив, ужасната ноќ за памтење е ноќ која и двајцата сакаат што побрзо да ја заборават, надевајќи се дека никогаш повеќе нема да налетаат еден на друг. Но, судбината има друг план…
-
Sale!
Не напуштај ме
1450,00 денПред единаесет години, Линдзи Неш побегнала од својот насилен сопруг сред ноќ, заедно со својата мала ќерка. Нејзиниот бивши сопруг, Ендру, завршил во затвор, а Линдзи започнала нов живот.
Сега, Линдзи е постара и помудра; има сопствен бизнис и ќерка тинејџерка на која ѝ е потребна повеќе од кога било. Кога Ендру конечно излегува од затвор, Линдзи сака да верува дека се пресечени сите конекции меѓу нив и дека минатото е далеку зад неа.
Но има чувство дека некој ја набљудува, се чувствува како некој да го следи секој нејзин потег. Нејзиното ново момче добива закани. Некој ѝ влегува дома. Некој ја следи нејзината ќерка. Линдзи е убедена дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг, иако тој тврди дека сега е комплетно различна и променета личност. Но дали навистина е променет? Или постои некој друг близок на семејството кој исто така претставува опасност?
-
Sale!
Дарот: книжулето со чуда
0320,00 денВнимавајте да не дозволите дните да ве одминат – не дозволувајте животот да ве одмине. Секој ден е дар. Примете го. Отворете го. Не отфрлајте го.
Пазете се од лесниот живот. Тоа е сигурна и бавна смрт. Сакајте ги вашите проблеми. Ќе ве однесат чекор подалеку. Прифатете ги искушенијата. Колку е посилен ветрот, толку е поцврсто дрвото. Грижете се за себе како да сте најважниот човек на светот. Навистина сте. Само не ви кажале. Забележувајте ја убавината околу вас. Насекаде е. Секогаш правете добри дела. Споделувајте ја туѓата радост. Не верувајте во среќа. Сами ја создавате среќата. Разберете го тоа и животот ќе ви се смени. Живејте го животот со полни гради. Кога се смеете, смејте се искрено и вистински. Кога плачете, плачете; кога страдате, страдајте. Не сте изработени од порцелан. Нема да се скршите. Созревајте секој ден, сè до последниот. Затворете ги очите и сонувајте. Во вашиот багаж ја собира само љубовта – љубовта што ја давате и љубовта што ја примате.
Книжулето со чуда е збир на секојдневни приказни, низа на мали чуда кои ни се случуваат на сите нас. Читајќи ги приказните една по друга, полека, но сигурно ќе запливате во вашиот внатрешен свет, ќе се присетите на сите одлуки кои сте ги донеле, ќе се соочите со начинот на кој размислувате, начинот на кој живеете. И ни за миг нема да може да заборавите дека ЖИВОТОТ е ДАР.
-
Sale!
Можеби овој Божиќ (Браќата О’Нил #3)
1420,00 ден„Полн со позитивна енергија, крајно секси и празнично топол – серијалот за браќата О’Нил е совршенство!“Оваа зима, поранешниот шампион во скијање – исто така поранешен срцекршач – и самохран татко Тајлер О’Нил има само една мисија: да се погрижи неговата ќерка Џес да го доживее најубавиот Божиќ во својот живот. Фактот дека неговата најдобра пријателка, Брена, привремено мора да се всели кај него затоа што нивниот ресорт Снежниот Кристал е преполн, е само една слатка дистракција што едноставно ќе мора да ја игнорира. Нивната врска е единствената којашто не ја уништил во својот живот и дефинитивно нема намера сега да го стори тоа.Професионалната скијачка Брена Даниелс многу добро знае што е тоа невозвратена љубов – таа е лудо вљубена во Тајлер веќе со години. Но живеењето со него е вистинска тортура… како може да се концентрира на тоа да му биде само пријателка кога тој спие во соседната соба?А кога тој одеднаш ја бакнува, остварувањето на нејзината најголема желба ѝ се чини на дофат на прсти како никогаш претходно. Дали е можно овој Божиќ конечно да ѝ се оствари најголемиот сон? -
Sale!
Демнач во ноќта #3
2490,00 денНеидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.
За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.
Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.
-
Sale!
Виконтот кој ме сакаше (Бриџертон #2)
0450,00 ден1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони…
ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУННо овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски…
За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…
-
Sale!
Четирите ветришта
1500,00 денТексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат да ја зачуваат својата земја, воедно и својата заработувачка за живот, но жетвата пропаѓа, водата се суши, а прашината се заканува дека ќе ги закопа сите. Пристигнува еден од најмрачните периоди од Големата депресија… и тоа многу злокобно.
Во ова несигурно и опасно време, Елза Мартинели – како и многу од нејзините соседи – мора да донесе претешка одлука: дали да се бори за земјата која толку ја сака или да замине на запад, во Калифорнија, во потрага по подобар живот.
Четирите ветришта е страшен портрет на Америка и американскиот сон, низ очите на една нескршлива жена чии храброст и жртва ќе станат дефиниција за една цела генерација.
Авторката на „Славејот“ и „Збогум најмила“ ни подарува уште едно епско дело за љубовта, хероизмот и надежта – во еден од најклучните периоди за Америка – Големата депресија.
-
Sale!
Господин вообразен
1420,00 денУтрото започна како и секое друго утро во возот. Сè додека вниманието не ми го привлече типот кој седеше отспротива.
Му се дереше некому на телефон небаре тој владее со светот. Кој ли си мислеше дека е арогантниов… Господ?
Додуша, изгледаше баш како некој грчки бог.
Кога стигнавме до неговата станица, наеднаш стана и замина. Толку нагло, што му падна телефонот на излегување.
Па, можно е да го зедов. И можно е да му ги разгледав сликите. И да му прочитав некоја порака… Можно е да го чував телефонот на мистериозниот маж со денови – сè додека конечно не собрав храброст да го вратам.
Кога најпосле стигнав во неговата фенси компанија, тој одби да ме прими. Па, го оставив телефонот на едно празно биро пред канцеларијата на вообразеното ѓубре.
Ама можно е прво да сликнав една безобразна фотка со неговиот телефон.
Не очекував да ми пише. Не очекував нашите дијалози да станат толку проклето секси. Не очекував да ми се допадне кога бевме тооолку различни.
Но, знаете што велат за спротивностите. Кога најпосле се запознавме лично, откривме дека спротивностите не само што се привлекуваат, туку понекогаш и целосно се збудалуваат. Ништо на светот не можеше да ме подготви за него. Но, сите убави нешта имаат крај, нели? -
Sale!
Последниот лет
0450,00 денКлер Кук има совршен живот. Но зад затворени врати, ништо не е така како што изгледа. Нејзиниот совршен сопруг е избувлив колку што му е ветувачка политичката кариера и не се срами да ги користи своите вработени да го следат секој потег на Клер. Но она што тој не го знае е дека Клер со месеци кове план да исчезне.
Една случајна средба во бар на аеродром ја спојува со жена која е во подеднакво лоша ситуација. Па така заедно донесуваат импулсивна одлука да си ги заменат билетите – Клер да отпатува во Оукленд со билетот на Ева, а Ева во Порторико како Клер. Но, кога авионот за Порторико се руши, Клер сфаќа дека добива шанса за потполно нов живот. Целосно отсечена, без никакви опции, додека чека веста за нејзината смрт да експлодира во медиумите, Клер го присвојува идентитетот на Ева, но заедно со него и тајните кои Ева очајно се трудела да ги сочува скриени.
-
Sale!
Херој
1420,00 денТаткото на Алекса Холанд бил нејзиниот херој – сè до шокантното откритие дека таа и мајка ѝ не биле неговото единствено семејство. По откривањето на таа тајна, Алекса дава сè од себе да го насочи својот живот во друг правец и да создаде свој сопствен идентитет надвор од неговите ужасни тајни. Но кога запознава човек кој е подеднакво оштетен од грешките на татко ѝ како и таа, Алекса мора да му помогне.
Кејн Каравеј не сака ни да чуе за обидите на Алекса за искупување, но не е толку лесно да се оттурне таа девојка. Решен да ја натера да го мрази, тој ја доведува до самиот крај на нејзиното трпение, речиси на раб на лудило, и чека таа да замине. Но неговите постапки само уште повеќе ги зближуваат и и покрај сè, тие почнуваат бурна и експлозивна афера.
Само што, Кејн знае дека тој никогаш не би можел да биде витезот на бел коњ по кој Алекса отсекогаш копнеела. Но кога запаѓаат во опасност, сфаќа дека е подготвен да направи сè за да не дозволи некој од нив двајцата повторно да биде повреден.
-
Sale!
Бестрашните пилотки
0450,00 денПрекрасна приказна за Женската воздухопловна служба чија храброст за време на Втората светска војна ги претворала обичните жени во исклучителни хероини.
1941. Одри Колтрејн отсекогаш сакала да лета. Затоа уште од мали нозе го преколнувала татка си да ја научи на малиот аеродром во близина на нивниот дом во Тексас. Затоа се пријавува да обучува воени пилоти во Хаваи кога почнува војната во Европа. И затоа не е заинтересирана за никаква романса која би можела да ја оддалечи од сонот, дури ни со шармантниот поручник Џејмс Харт, кој набрзо ѝ станува подеднакво ценет пријател како и жените со кои лета. Еден судбоносен ден, се наоѓа затекната во воздухот над Перл Харбор баш кога бомбите почнуваат да паѓаат, и одеднаш повеќе никаде не се чувствува безбедно.
Не сакајќи сите загуби да бидат залудни, Одри се приклучува на Женската воздухопловна служба. Поврзаноста што се раѓа помеѓу неа и останатите пилотки одново ја потпалува искрата надеж во очи на војната и – кога Џејмс исчезнува во акција – ѝ дава сила да се бори во војната, не само за својата држава, туку и за љубовта која ѝ станува неописливо важна.
„Бестрашните пилотки“ е прекрасен приказ на женската храброст и љубов, кој расветлува еден прилично непознат, а моќен дел од историјата.
-
Sale!
Девојчето, 11
0490,00 денОдбројувањето е започнато…
Ел Кастиљо води подкаст кој обработува теми за вистински злосторства и со декади е опседната со Убиецот Одбројувач. Пред дваесет години, тој има киднапирано и убиено три девојчиња во рок од по седум дена, секоја од нив помлада од претходната. Никој не знае зошто тој ја следи оваа грозоморна шема, ниту пак зошто киднапирањата и убиствата нагло престанале по единаесетта жртва. Повеќето сметаат дека тој е мртов. Но Ел знае дека не е така и цврсто е решена да се избори за историска правда.
Кога киднапирањата одеднаш повторно почнуваат, Ел мора да се соочи со нејзината одговорност: нејзина е заслугата што убиецот практично се враќа од мртвите на нејзина провокација. Таа мора да го прекине смртоносното одбројување пред Убиецот Одбројувач да ја однесе следната жртва.
-
Sale!
Летото смени сѐ (Браќата О’Нил #2)
2450,00 денТемпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно… и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.
Од друга страна, враќањето во Вермонт – па макар и само привремено – е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О’Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето…
