-
Sale!
Знаеш ли да чуваш тајна?
5420,00 денЗапознајте се со Ема Кориган, млада жена со огромно срце, нескротлив дух и неколку мааали тајнички. Тајни што ги крие од нејзиниот дечко (како на пример тоа дека нема баш 52 килограми), тајни што ги крие од нејзината мајка (како на пример тоа кога и каде ја изгубила невиноста). Тајни што не би ги споделила со никој на светот, како на пример тоа дека истура кафе во цвеќето на злобната колешка на работа секогаш кога ја вади од такт. Сè додека не се најде во опасна ситуација за време на еден лет, па мислејќи дека авионот ќе се урне, во паника му се исповеда за сè по ред на непознатиот тип до неа.
Но само неколку дена подоцна, се покажува дека тој не е толку непознат. Впрочем, Џек Харпер е милионерот кој ја поседува компанијата каде што работи Ема – значи, нејзин директор. И тој сега го знае секој најмал понижувачки детаљ за неа…
„Ова е книгата која ми ја откри Софи Кинсела и никогаш нема да можам доволно да се заблагодарам. Откако ја открив, се заљубив и тргнав од книжарница во книжарница да барам повеќе книги од Софи. Едноставно ми требаше уште, уште и уште“.
-
Sale!
Најслаткото нешто #2
1390,00 денСЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #2
Тара има илјада добри причини за да не се врати во Среќно Крајбрежје, Вашингтон. Но кога животот ѝ се руши до темел, веќе го нема тој луксуз да бира, па гледа само да побегне од нејзините неисполнети соништа и нејзиниот секси бивши сопруг. Додека Тара им помага на нејзините две сестри да го разработат наследеното хотелче на плажа, конечно добива шанса да ги стави работите под контрола и да смисли нов план за својот живот.
Но и покрај мирната, пријатна атмосфера во крајбрежното гратче, Тара не може да најде мир, бидејќи бегајќи од сегашноста, тука се судира со минатото што го има оставено зад себе. Односно со еден морнар со зелени очи кој ја потсетува на најголемата грешка во нејзиниот живот. За работата да стане уште покомплицирана, нејзиниот бивши маж сега сфаќа дека не смее да ја остави да му се лизне низ прсти, па доаѓа да се бори за неа.
Тара е принудена конечно да реши што сака и, ако има среќа, можеби ќе го најде сè она што го бара токму тука, во малото Среќно Крајбрежје.
-
Sale!
Тајната колиба на плажата
6420,00 денИсториска драма за Втора Светска Војна, сага за недозволена љубов, убиство и одамна загубена слика…
Летото во 1942 година, дваесет и едногодишната Ен Келовеј, неодамна свршена, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Ова за неа претставува нешто сосема ново и возбудливо, сосема спротивно од она на кое е научена и навикната со нејзиниот мирен и предвидлив свршеник, па нејзиното внимание веднаш го привлекува мистериозниот војник по име Вестри. Нивното пријателство на прекрасно опишаниот остров наскоро почнува да цути како што хибискусот цути покрај океанот. Но покрај океанот има и нешто друго… Мала напуштена колиба на одамна починат сликар, непозната за останатите војници, па Ен и Вестри се состануваат под малиот речиси распаднат кров каде делат еден свој приватен свет. Но нивниот мал идеален свет во колибата се распаѓа кога стануваат сведоци на грозоморно убиство во близина на колибата. Брзо по убиството, Вестри одеднаш го преместуваат на друга воена локација и целата убавина исчезнува во ветриштата на војната.
Ен Келовеј, сега старица, ја раскажува оваа приказна обидувајќи се да открие нешто повеќе во врска со љубовта која трае повеќе од седумдесет години…
-
Sale!
Светлината што ја изгубивме
9400,00 денТој е првата личност што ја инспирира, што ја трогнува, што вистински ја разбира. Дали е судено да биде и последната?
Луси мора да донесе одлука што ќе ѝ го смени животот – но за да може да ја донесе таа одлука, прво мора да ја раскаже нејзината приказна – нивната приказна – од самиот почеток.
Луси и Гејб се запознаваат на факултет, на ден што засекогаш им ги менува животите на двајцата. Заедно решаваат дека сакаат нивните животи да значат нешто, да постигнат нешто важно. Кога повторно се сретнуваат година дена подоцна, личи на судбина – можеби ќе го најдат своето животно значење еден во друг… Но тогаш, Гејб станува фоторепортер кој добива задача на Блискиот Исток, а Луси гради кариера во Њујорк. Она што следи е тринаесетгодишно патување на соништа, желби, копнежи, љубомори, предавства и, пред сè, љубов. Дали судбината ги има споено? Дали по свој избор се имаат одвоено? Нивните патувања ги носат Луси и Гејб на различни континенти, но никогаш не можат да ја извадат неа од неговото срце и него од нејзиното.
Апсолутен хит за 2017 година, преведен во повеќе од 35 земји.
-
Sale!
Темјанушки во март
12400,00 денВо дваесеттите години, Емили Вилсон е на врвот на светот: таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер, има сопруг што изгледа како изваден од некоја насловна страница и сигурна е дека ја очекува само среќа до крајот на животот.
Десет години подоцна, кругот се врти и нејзината среќа пука како меурче од сапуница. Таа нема идеи за нови книги, сопругот ја остава и целосно се распаѓа, но без да пушти солза. Па кога нејзината тетка Би ја кани да го помине месецот март на преубавиот остров Беинбриџ, Емили прифаќа, надевајќи се дека океанот ќе ја исцели. Кога почнува да истражува за нова книга, Емили наоѓа еден црвен кадифен дневник од 1943 година и се сепнува кога сфаќа дека дел од работите во него се поврзани со нејзиниот живот. Воодушевена од љубовната приказна во дневникот, не може да престане да го чита и да мисли на лудо вљубениот пар од неговите страници.
Делумно мистерија, делумно љубовна приказна – Темјанушки во март е книга што се чита во еден здив.
-
Sale!
Тајната сопруга
8450,00 денВечна љубов. Брутална грижа на совест. Скршени срца…
1914: Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса – а и нивните животи – паѓаат во опасност…
2016: Кити Фишер открива нешто ужасно што ја тера нагло да побегне од Лондон во колибата на нејзиниот прапрадедо во Америка. Таму, на брегот на прекрасното езеро Аканаби, наоѓа спектакуларно парче накит што ќе ја одведе до одамна закопана семејна тајна…
Срцепарателна и прекрасно напишана, Тајната сопруга патува низ векови, спојувајќи го минатото со сегашноста за да раскаже незаборавна приказна за љубовта, загубите и борбеноста, потврдувајќи уште еднаш дека надежта секогаш умира последна.
-
Sale!
Зима со мирис на капини
11400,00 денСиетл, 1933
Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.
Сиетл, 2010
Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…
Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.
-
Sale!
Точка на кулминација
7390,00 денНатали Беноа оди на службено патување како новинарка, но патувањето се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.
Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.
За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива. Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел…
-
Sale!
Или ти, или никој
1390,00 денШто ако една жена што си нема поим од спорт наследи професионален рагби тим? Чикаго дефинитивно не е подготвен за Фиби Сомервил, празноглавата секс бомба што го презема саканиот тим на градот.
А Фиби дефинитивно не е подготвена за главниот тренер на Старс, Ден Калебов, агресивниот бивши рагбист кој има само една работа на ум – победа на секое поле. Калебов е еден од оние мажи кои најмногу ја плашат. А новата секси шефица е една од оние жени кои Ден најмногу ги презира – приглупа убавица што не разликува магаре и музика.
Па зошто тогаш таа толку го привлекува? И зошто нејзе, светска жена, ѝ се врзува јазикот од неговиот момчешки шарм? Зошто на двајцата им се раѓа желба за карање секогаш кога се во близина?
Ова е приказна за двајца тврдоглави луѓе кои веруваат во играње за победа до последен грам енергија.
-
Sale!
Ова завршува со нас
22400,00 денПонекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
-
Sale!
Господин Неодолив
2390,00 денСе ближи најфамозната свадба на годината… Луси Јорик е ќерка на поранешната претседателка на Америка. Мег Коранда е дете на филмски ѕвезди.
Едната од нив треба да се омажи за господинот Неодолив – Тед Бодин – миленичето на Винет, Тексас. Другата не е среќна поради тоа и решена е да ја спаси својата пријателка од болка.Но иако Мег знае дека откажувањето на свадбата на нејзината најдобра пријателка е вистинскиот потег, очигледно е дека никој друг не се сложува со неа. Па таа станува најомразената жена во градот уште пред Луси да каже „да“ – а тоа патем е град каде што е заглавена со празен паричник, кола со дупнати гуми и еден многу бесен извисен младоженец.
-
Sale!
Нека победи подобриот
3420,00 денСАМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА…
Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ…
Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување!
Па, нека победи подобриот!
-
Sale!
Мојот личен ФБИ агент
1420,00 денШто се случува кога судбината ќе спои двајца вечни непријатели?
Од сите можни хотелски соби во Чикаго, асистентот државен јавен обвинител, Камерон Линд мораше да ја одбере токму онаа до собата број 1308, каде едно неверојатно бучно и агресивно „водење љубов“ завршува со убиство. Освен што е сведок на убиство, од сите ФБИ агенти во Илиноис, одговорен за истрагата мораше да биде токму специјалниот агент Џек Палас. Да, истиот оној намуртен и страшен Џек Палас кој уште не може да го заборави нивното минато и ја обвинува дека за малку ќе му ја уништела кариерата пред три години…Џек да работи со Камерон Линд? Дали тие се шегуваат со него? Па тој не сака ниту да ја види лудата жена.Иако тие двајца не сакаат ниту да се видат, сега мора да го остават зад себе своето бурно минато и да се фокусираат на задачата пред нив. Ако воопшто можат да се фокусираат кога не се ни способни да размислуваат кога се блиску еден до друг… -
Sale!
Во одбрана на Џејкоб
8420,00 денЕнди Барбер е страшно почитуван јавен обвинител во нивниот мал град, непобедлив во судницата и среќен во својот дом со својата сакана сопруга и нивниот син, Џејкоб. Но кога грозоморно злосторство го потресува нивниот град, Енди е затечен неподготвен од она што се случува следно: неговиот четиринаесетгодишен син е обвинет за убиство на друго дете, соученик од неговото училиште.
Секој родителски инстинкт кој Енди го има му вели да си го заштити детето. Џејкоб ги уверува своите родители дека е невин и Енди му верува. Енди мора да му верува. Тој му е татко. Но како што на површина почнуваат да излегуваат осудувачки факти и шокантни откритија, така бракот на Енди почнува да се распаѓа, а судењето да станува сè пожестоко и Енди сфаќа колку малку знае еден татко за својот син. Наспроти онаа во судот, во Енди се води уште една битка: помеѓу лојалноста и правдата, помеѓу минатото кое се обидува да го скрие и иднината која не може да му ја обезбеди на својот син единец.
Правен трилер кој ќе ве остави без сон, ќе ве натера да седите на работ од столчето и да ги гризете ноктите. Ако не ја прочитате оваа книга, само вие губите… Господине Гришам, повлечете се.
