-
Крадец на колачиња (101 инспиративна приказна)
6320,00 денОва е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…
Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.
Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…
-
Крадци и проститутки
9350,00 ден14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.
„Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.
Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.
-
Сосед од пеколот
5380,00 денХејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите работи кои ја исполнуваат: нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина.
Меѓутоа, се случува една работа која ѝ ги уништува и тие мали задоволства и ѝ го протресува целиот живот од корен. Во соседната куќа се доселува вистински ѓавол! Гласна музика, нездрави забави, пијани друштва, кршење прозорци со палки и топчиња за голф… Џејсон Бредфорд е вистински сосед од пеколот. И како тоа да не е доволно, тој исто така е професор во средното школо каде што предава Хејли, па ѝ го уништува животот и додека се на работа…
Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, но нема избор освен да му објави соседска војна… Но и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против која било жена. Неодоливиот сосед не се плаши да нападне со својот шарм и пеколно добриот изглед пред кои потклекнуваат и многу посилни жени од Хејли…
-
Во врска со онаа ноќ
3390,00 денТОЈ ИГРА ИГРИ… И покрај тоа што Рилан Пирс се обидува да им се спротивстави на магнетските сили кои ја привлекуваат кон богатиот наследник Кајл Роудс првата ноќ кога се запознаваат, неверојатната хемија помеѓу нив не може да се игнорира. Но кога таа завршува извисена за нивниот прв состанок, Рилан претпоставува дека нема да го види никогаш повеќе. Па така, девет години подоцна, кога ќе се најде лице в лице со Кајл во судница, таа е шокирана и изненадена. Најголемиот проблем на убавата обвинителка е тоа што тој сѐ уште нездраво ја привлекува…
НО ТАА ГИ ДИКТИРА ПРАВИЛАТА… Штотуку ослободен од затвор после неколкумесечна казна за голема глупост, Кајл Роудс воопшто не е возбуден што треба да биде главен сведок во важен криминален случај – но кога Рилан ќе тропне на неговата врата, тој сфаќа дека таа е единствената адвокатка на која не може да ѝ каже НЕ. Сѐ уште прекрасна и безобразна како и секогаш, таа ги диктира правилата: нема мешање на работа и задоволство. Но Кајл нема намера да се откаже од тоа што го сака – а тоа што го сака е единствената жена која никогаш не успеал да ја заборави.
Слатка, смешна, секси и жешка… Оваа книга би била идеална за филмските платна – Bookreviews Magazine.
-
Тајната на сопругот
6390,00 денВо срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано…
Драга моја Сесилија, ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов…Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна – нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу… жив.Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруг на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом. Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа. Рејчел и Тес едвај ја знаат Сесилија, но тие исто така ќе ги почувствуваат катастрофалните последици од тајната на нејзиниот сопруг.Прекрасна драма исполнета со мистерии во која особено ќе уживаат љубителите на хит серијата Очајни домаќинки. -
Дете 44
6420,00 денКога стравот го замолчува целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.
Во Советскиот Сојуз на Сталин не постои такво нешто како злосторство. А милиони луѓе сепак живеат во страв. Најмал сомнеж за нелојалност или погрешен збор кажан во погрешно време може да осуди невина личност на смрт. Лео Демидов, воен херој со прекрасна сопруга и идеалист, живее во луксуз во Москва и верува дека помага во создавањето на совршено општество. Негова цел е да ѝ служи на Државата. Меѓутоа, по погубувањето на еден невин човек, Лео почнува да се сомнева, а набрзо добива наредба под исто сомнение да спроведе истрага и за својата сопруга, Раиса. Тој е принуден да донесе одлука на чија страна е.
Тогаш се случува невозможното. Во земјата во која „не постои злосторство“ се појавува сериски убиец на деца кој остава крвава, перверзна трага низ целата држава. Но како да се фати ова чудовиште во држава која воопшто не сака да признае дека такво нешто е можно? Лео почнува своја истрага, а како завршува истата веројатно не би можеле да погодат ни најголемите љубители на трилери…
-
На улица Даблин
4420,00 денСè што сака таа е сегашноста… но утрешниот ден чека.
Џоселин Батлер се крие и бега од своето минато со години. Но сега на сите нејзини тајни им се заканува разоткривање…
Пред четири години, Џоселин го има оставено своето трагично минато во Америка со започнување на нов живот во Шкотска, закопувајќи ја својата болка, игнорирајќи ги сопствените демони и терајќи напред без емоционални заглавувања. Нејзиниот самотнички живот функционира прилично добро – сè додека не се пресели во нов стан на улицата Даблин каде што запознава девојка која очигледно сака да ѝ стане пријателка и маж кој сака да ѝ стане нешто повеќе. Но она што тие не го знаат е дека Џоселин не сака да се врзува за пријатели и особено не сака маж кој би можел да ѝ го пробие штитот и да ги сруши до темел сите тврдини кои таа ги има изградено околу себе.Брејден Кармајкл е навикнат да го добива тоа што го сака, а она што го сака сега е Џоселин во кревет. Баш безобразната, ладна и мистериозна девојка е онаа која го копка неговиот интерес, иако може да ја има речиси секоја жена што ќе ја посака. Но тврдоглавиот Шкот нема да се задоволи дури ни кога ќе ја постигне првобитната цел затоа што со секој изминат ден, тој сака сè повеќе од неа. И нема да се откаже сè додека не ја запознае… до сржта на нејзината душа. -
Нешто сино
2390,00 денДарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма.
Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед… и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, функционираат заедно цели 25 години…
И сè е идеално во нивниот однос… сè додека… сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка – Рејчел?
-
Го сакам Лондон
2380,00 денАнџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка, а се чини дека и Америка конечно почнува да ја засакува неа. И покрај тоа што нејзиниот вистински дом е Лондон, и покрај тоа што во Њујорк таа помина низ куп бурни авантури со нејзиното момче, со неуспешното наоѓање работа и со истекувањето на нејзината виза, работите конечно тргнуваат на добро за неа во најубавиот град на светот. Работата од соништата ѝ е речиси во рака, свршеничкиот прстен од момчето од нејзините соништа ѝ е на рака и сѐ е одлично.
Само што… таа сега нема избор, освен да се врати во Лондон. А таа идеја ја вади од памет и покрај тоа што се работи само за неколку дена. Зошто? Па таму е нејзиниот поранешен свршеник Марк, типот од кој побегна кога замина во Њујорк.
Крајот на серијалот „Го сакам…“ – книгата Го сакам Лондон е вистинска цреша на шлагот.
-
Совршено несовршен пар
1390,00 денХит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее и сега го бара врвниот симбол на своите достигнувања – совршената сопруга. Но тој е богат, амбициозен и прекрасен – зошто има потреба од стројник? Затоа што Питонот нема време за губење и нема трпение за будали.
На Анабел ѝ е смачено да биде единствениот губитник во нејзиното семејство на банкари и хирурзи, па навистина се надева дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне кога го презема стројничкиот бизнис на својата баба.
-
На една свадба
5390,00 денТАА Е ДОВОЛНО ПАМЕТНА ЗА ДА НЕ ГО КАЖЕ СУДБОНОСНОТО „ДА“.
После понижувачкото откажување на сопствената свадба, Сидни Синклер става крај на врските со мажи кои се плашат од врзување и посветување на една жена. Таа прави дури и цела листа која треба да ѝ помогне како подобро да ги препознава овие ѓубриња и женкари и да бега од нив. Но кога нејзината сестра ѝ соопштува дека ќе се мажи после кратка врска, Сидни заглавува со уште еден секси плејбој со фобија од сериозни врски – прекрасниот кум. Свадба или не, таа е решена да го игнорира Вон, бидејќи овој пат многу добро си ја има научено лекцијата.НО ТОЈ ПРАВИ ЖЕНА ДА НЕ МОЖЕ ДА МУ КАЖЕ „НЕ“.
Специјалниот агент Вон Робертс секогаш ги носи расипаните мажи зад решетки и згодните жени во својот кревет. Тој е млад, успешен, згоден, самоуверен и нема зошто да се врзува за една жена кога може да ги бира како колачиња во слаткарница. Но кога црвенокосата Сидни одбива да падне на неговиот шарм, Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија. -
Една неодолива љубов
1390,00 денТОЈ Е НАВИКНАТ ДА ДОБИВА СĖ ШТО САКА...
Кејд Морган – поранешна рагби ѕвезда и еден од најпознатите јавни обвинители во Чикаго – е решен да го уапси најкорумпираниот државен сенатор, а тоа значи дека му треба помош од Брук Паркер. Како генерален советник и адвокат на ресторанска компанија, таа може да ја озвучи масата на сенаторот во еден од нивните луксузни ресторани за ФБИ да собере докази. Сè што треба да направи Кејд е да ја убеди Брук да соработува, а тој не се плаши да го употреби својот шарм – и својата моќ – за да го направи тоа.А СЕГА ЈА САКА НЕА.
И покрај тоа што е озлогласен јавен обвинител, Брук не се плаши од заканите на Кејд Морган, ниту пак планира да падне на неговиот шарм. По низа разочарувања со машкиот пол, таа нема намера да му придава големо значење на ниту еден маж, а особено не на овој. Но кога неколку изненадувачки и неочекувани настани ќе направат пресврт во животите на двајцата, она што се крчка меѓу нив почнува да станува прилично неодоливо. -
И одеднаш едно лето
1390,00 денТАА НЕ ВЕРУВА ВО ЉУБОВ И СРЕЌНИ КРАЕВИ…
По една страшна драма во нејзиниот дом, Викторија е принудена да ја напушти својата куќа и привремено да се всели во изнајмен стан до крајот на летото. Стан со кој доаѓа страшно иритантен и дрзок сосед.Викторија Слејд има видено толку многу лоши и несреќни краеви во својот личен и професионален живот, што воопшто не ѝ е проблем да се откаже од помислата за брак засекогаш.
Но тоа не значи дека има нешто против забавувањето без обврски – само не со безобразниот, арогантен сосед, кој е подеднакво згоден и прекрасен колку што е неподнослив.
И ОДЕДНАШ ЕДНО ЛЕТО…
-
Големи мали лаги
2400,00 денУчилиштето Пириви е мало, прекрасно основно школо во близина на плажа каде децата учат дека насилството е неубаво и недозволиво. Но и покрај тоа, еден вечерен, родителски училишен настан се претвора во хаос и завршува со смртен случај. Пиштат сирени. Врескаат луѓе. Еден родител е мртов. Дали станува збор за убиство, трагична несреќа или нешто сосема трето? Родителите во Пириви ќе откријат дека малите лаги понекогаш можат да бидат најсмртоносни…
Големи мали лаги е книга што не се остава, книга што ќе ве натажи и насмее, книга што ќе ве натера да размислувате. Ова е книга што не смеете да ја пропуштите.
-
Кога мене ќе ме нема
1400,00 денСрцепарателна приказна во стилот на Првиот последен бакнеж и П.С. Те сакам која ќе ви го крши срцето реченица по реченица.
Дејзи има дваесет и седум години и веќе еднаш има победено рак на дојка. Како е можно повторно да ѝ се случува ова?
Таа се подготвува да ја прослави третата годишнина од победувањето на ракот на дојка со својот сакан сопруг Џек. Но на само некој ден од важниот датум доживува страшен шок:
нејзиниот доктор ѝ кажува дека ракот е вратен, но овој пат со дијагноза во агресивна четврта фаза.
Докторот прогнозира од четири до шест месеци живот.
И смртта е парализирачки страшна помисла – но не затоа што Дејзи се плаши за себе. Таа не може да замисли што ќе се случува со нејзиниот генијален, но шармантно беспомошен сопруг кога таа повеќе нема да биде тука да се грижи за него. Џек заборава да јаде, Џек не знае да готви, Џек е срамежлив, Џек не може сам.
И овој страв не ѝ дава сон ноќе, сè додека Дејзи не добие идеја за решение: таа мора да му најде нова жена. -
Преживеј за да раскажуваш
6420,00 денKОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…
Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото – и потенцијален осомничен – се бори за живот на одделот за интензивна нега.
Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.
Медицинската сестра Даниела Бартин има доживеано слична трагедија. Таа има преживеано за да раскажува како нејзиниот татко ѝ го сотрел целото семејство пред очи пред дваесет и пет години. Сега вработена во детска психијатриска болница, Даниела е сигурна дека минатото е одамна закопано. Сè додека прашањата на Ди Ди Ворен не почнат да ѝ враќаат сè.
Викторија Оливер е посветена мајка, решена да го заштити својот син по секоја цена. Но, исто како и Даниела, таа наскоро ќе открие дека најужасните злосторства можат да бидат оние најблиските до домот.
…ЗА ДА ГО РАСКАЖУВАШ ОНА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ?
