-
Млеко и мед
0300,00 денКнигата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според Њујорк Тајмс. Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици.
„Млеко и мед” е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето .„Млеко и мед” ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.
-
-
-
Разбудете го џинот во себе
0790,00 денРазбудете се и преземете ја контролата врз својот живот!
Веќе 30 години Разбудете го џинот во себе го задржува приматот на една од најзначајните книги за мотивација и самопомош што биле некогаш напишани. Милиони луѓе се будат со помислата дека нема да прифатат ништо помалку од неверојатен живот. И сето тоа благодарејќи на ефикасните совети и најквалитетните техники за самоусовршување кои ќе ви овозможат да станете личност каква што секогаш сте сонувале да бидете.
Ентони Робинс, реномираниот експерт за психолошкиот процес на промените, ни ги открива најефикасните стратегии и техники за справување со емоциите, со промените на нашето тело, со врските, финансиите и воопшто со сето она што го сочинува нашиот живот. Ни нуди програма која чекор по чекор нè учи на основните лекции како да завладееме со сопствената судбина, кои ќе ни помогнат да ја откриеме вистинската цел во животот, да ја преземеме контролата и да завладееме со силите кои ни ја обликуваат судбината.
„Тони Робинс е еден од највлијателните луѓе на оваа генерација. Разбудете го џинот во себе е фасцинантно претставување на најновите наоди и согледувања низ цел еден спектар прашања, вклучувајќи ја и сè поголемата свесност дека вистинскиот успех се состои, пред сè, во трајните вредности и во помагањето на другите.“ Стивен Р. КОВИ
-
Светот на Биби од А до Ш
0490,00 ден„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од „Светот на Биби“. Оваа исклучителна сликовница е полна со едукативни содржини, а ги користи интересите на Биби за да се доближи до сите дечиња на оваа возраст. Таа сака да раскаже некои работи за светот околу себе, за својата куќа, за својот град, за нејзиното најдобро другарче и за омилените нешта. А додека таа раскажува за себе, патем дечињата ја учат азбуката, читаат повеќе зборови, пишуваат букви, се дружат и се смеат. Јеееј!
-
Биби, Боби и чудовиштето од Охридското Езеро
0200,00 денЛетна авантура на брегот на Охридското Езеро. Биби и Боби ја запознаваат својата нова другарка Деси и заедно откриваат нови начини за забавување и уживање. Врр навака – вррр натака, тие пловат по водите на езерото. Нашите херои пронаоѓаат решение како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото и повикуваат пријателка на помош за да го спроведат својот план. Волшебната шумичка станува побогата за уште еден жител, а и игрите стануваат позабавни. Во сликовницата се вклучени голем број забавни активности.
-
Биби и џиновите
0200,00 денВо оваа сликовница нашата хероина Биби се запознава со џиновите, на кои несомнено им е потребна нејзината помош. Таа ги учи своите нови пријатели дека перењето, чистењето, раскревањето, но и грижата за личната хигиена се активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на полот, ниту возрастта. Во сликовницата се вклучени и голем број забавни активности.
-
Неограничена моќ
0790,00 денТони Робинс ја нарекува нова наука за лично постигнување. Вие ќе ја нарекувате најдоброто нешто што ви се случило.
Ако некогаш сте сонувале за подобар живот, Неограничена моќ ќе ви покаже како да го постигнете и како да управувате со својот личен и професионален живот што го посакувате и заслужувате. Робинс преку своите книги, програми и семинари им докажал на милиони луѓе дека жнеејќи ги плодовите на умот, можете да правите, да имате, да постигнете и да создадете сѐ што сакате во својот живот. Им покажал на претседатели на држави, членови на кралското семејство, на олимпијци и професионални спортисти, филмски ѕвезди и деца како се постигнуваат успеси.
Со Неограничена моќ тој страсно и елоквентно ни ја открива науката за лично достигнување и нѐ учи за:
– Како да дознаете што навистина сакате
– Седумте лаги на успехот
– Како да го репрограмирате својот ум за само неколку минути за да ги надминете стравот и фобијата
– Тајната за создавање моментален однос со секој што ќе го сретнете
– Како да го удвоите успехот на другите
– Петте клучеви за здравје и среќа…
Неограничена моќ е револуционерна книга за умствен развој. Ќе ви покаже како, чекор по чекор, да постигнете најдобри резултати добивајќи емоционална и финансиска слобода, развивајќи лидерство и самодоверба и остварувајќи соработка со другите. Ќе ви овозможи знаење и храброст да се смените себеси и својот свет.
Неограничена моќ е прирачник за надмоќни постигнувања во ерата на успех.
-
Биби, Боби и куќичката од чоколадо
0200,00 денВозбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате – вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.
-
Боенката на Биби
0150,00 денКомбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.
-
Малиот Стјуарт
0300,00 денМалиот Стјуарт не е обичен глушец. Роден во семејство на луѓе, тој живее во Њујорк со неговите родители, постариот брат Џорџ и мачорот Сноубел. Иако е срамежлив и претпазлив, тој е вистински вљубеник во авантурите.
Најголемата авантура на Стјуарт се случува кога неговата најдобра пријателка, прекрасната мала птица по име Маргало, ќе исчезне од нејзиното гнездо. Решава да тргне по неа и по првпат во животот го напушта својот дом. Потрагата е возбудлива, но дали ќе ја најде Маргало?
-
Авантурите на Том Соер
0290,00 денОва е првиот авантуристички роман за деца на Марк Твен за Том Соер и Хаклбери Фин и е една од најпознатите и најчитаните книги во светот.
Во него е прикажан животот покрај реката Мисисипи во четириесеттите години на 19 век преку авантурите на Том Соер.
Том е јунак во очите на неговиte другари, но и постојан извор на проблеми за неговите најблиски –особено за неговата тетка Поли. Каде и да има некаква неволја или авантура – Том е таму.
За време на едно топло лето, Том е сведок на убиство, бега од дома за да стане пират, се вљубува во Беки Тачер, присуствува на сопствениот погреб, спасува невин човек од бесилка, трага по богатство во куќа со духови и наоѓа кутија со злато…
-
Веселата зграда
0199,00 денИма една зграда
Со весели катчиња
Ќе ве водиме низ неа
По шарени патчиња
На влезот си стоиТокму бројот седум
Толку има катови
Читајте ги редум!
-
Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење
0780,00 денЗа Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге.
ХИГЕ СЕ ПРЕВЕДУВА НА НАЈРАЗЛИЧНИ НАЧИНИ, ОД УМЕТНОСТ НА СОЗДАВАЊЕ БЛИСКОСТ, ПРЕКУ ПРИЈАТНА ДУШЕВНА УДОБНОСТ, ПА ДО ЦРПЕЊЕ ЗАДОВОЛСТВО ОД ПРИСУСТВОТО НА СМИРУВАЧКИ НЕШТА. А МОЈОТ ОМИЛЕН ОПИС Е – КАКАО ПОД СВЕТЛИНА ОД СВЕЌИ…
Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската.
А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има минато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.
-
Покана за пријателство
1270,00 денНапнат и незаборавен роман што до самиот крај не се испушта од раце. „Покана за пријателство“ ќе биде новата опсесија за сите љубители на трилери. Дали некогаш сте посакале да го промените минатото? Луиз го сака токму тоа. Секој ден… Кога Луиз Вилијамс ќе добие порака од една личност од дамнешното минато, срцето за малку што не ѝ запира. Марија Вестон сака да ја додаде за пријателка на Фејсбук. Но Марија Вестон исчезнала пред повеќе од дваесет и пет години. Последен пат е видена ноќта на матурската забава и сите веруваат дека е мртва. Особено Луиз, која целиот свој живот крие страшна тајна. Но Луиз е принудена да ја открие вистината за она што се случило во минатото, а единственото нешто што со сигурност го знае е фактот дека Марија Вестон исчезна таа ноќ и оттогаш ѝ се губи секаква трага, сè досега…
-
Тајниот живот на писателите
1240,00 денМИНАТОТО СЕ ВРАЌА ЗА ДА ЈА ОДИГРА СВОЈАТА ПОСЛЕДНА ИГРА…
Откако напиша три култни романи, Нејтан Фолс во 1999 година објавува дека веќе никогаш нема да се занимава со пишување и се повлекува на прекрасниот, но див медитерански остров Бомон.
Есен 2018 година. Фолс нема дадено ни едно интервју веќе цели 20 години, но неговите романи не престануваат да го привлекуваат вниманието на читателите. Матилда Моне, млада швајцарска новинарка, доаѓа на островот со намера да ја открие тајната на Фолс.
Истиот тој ден на островот е пронајдено телото на една жена и власта решава да воведе блокада на островот. Тогаш меѓу Матилда и Нејтан почнува опасно соочување во кое се среќаваат долго криени вистини и уверливи лаги, но и љубов и страв.
Фасцинантна книжевна сложувалка, која доживува неверојатен пресврт во моментот кога писателот ќе го нареди и нејзиното последно делче.