Филтер по цена
Автори
Жанр
Издавачка куќа
  • Sale! Списокот со гости

    Списокот со гости

    0

    Невеста * Кум * Планерка на свадби * Деверица * Тело

    На остров крај брегот на Ирска, се собираат гости за да го прослават станувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен, брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде реализиран.

    Но совршенството е за планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, започнува забавата, а со бројните реминисценции и добри желби, почнуваат низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица.

    И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Холандската куќа

    Холандската куќа

    0

    На крајот од Втората светска војна, Сирил Конрој го послужува среќата кога со една мудра инвестиција ќе создаде огромна империја со недвижнини, воздигнувајќи го семејството од сиромаштија до екстремно богатство. Неговиот прв деловен потег е купувањето на Холандската куќа, раскошен имот во предградијата надвор од Филаделфија. Предвидена како изненадување за неговата сопруга, куќата станува причина да ги изгуби сите што ги сакал.

    Приказната е раскажана од синот на Сирил, Дени, додека тој и неговата сестра Мев се избркани од куќата во која пораснале со нивната маќеа. Тие, од богатство, повторно се фрлени во сиромаштијата од која излегле нивните родители и откриваат дека можат да сметаат само еден на друг. Градат цврста врска што ги спасува нивните животи и ги исцртува нивните иднини.

    Раскажана во временски период од пет децении, „Холандската куќа“ е мрачна бајка за двајца паметни луѓе кои не можат да го надминат минатото. И покрај секој проблесок на успех, тие, со доза на хумор и гнев, се враќаат на добро чуваната приказна за она што го изгубиле. Кога најпосле се присилени да се соочат со луѓето кои ги оставиле, врската помеѓу попустливиот брат и неговата заштитнички настроена сестра е конечно тестирана.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер

    Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер

    0

    Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ù треба пауза. Па кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк.

    Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие.

    Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудлиов ново поглавје од нејзиниот жиовт, или да се врати на животот што го оставила зад себе.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Книга за смеата и за заборавот

    Книга за смеата и за заборавот

    0

    Богата во поглед на приказните, ликовите и имагинативниот опсег, токму Книгата за смеата и за заборавот е романот што на Милан Кундера му го донесува неговиот прв голем меѓународен успех кон крајот на седумдесеттите години на XX век. А, како што е тоа случај со сите негови дела, и овој роман е многу повеќе од неговите само и единствено историски импликации.

    Во седум извонредно интегрирани делови, смеата и заборавот, феноменот на границата и многу други и груби и суптилни аспекти на човековото постоење се разгледуваат зголемени и намалени, се преуредуваат и се нагласуваат, одново се испитуваат, анализираат и искусуваат…

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Незнаење

    Незнаење

    0

    Во Незнаење, чиешто дејство се одвива во современа Прага, Милан Кундера ја обработува мошне сложената и секојпат емотивно набиена тема на егзилот и од неа го создава ова книжевно ремек-дело.

    Маж и жена се среќаваат случајно додека се враќаат во својата татковина, која ја имаат напуштено дваесет години порано, кога решаваат да заминат во егзил. Дали ќе успеат да ја продолжат нишката на нивната чудна љубовна приказна, прекината речиси веднаш по почнувањето, по што се губи во приливите и одливите на историјата? Вистината е дека по толку долго отсуство, „нивните спомени веќе не се совпаѓаат“.

    Кундера успешно „жонглира“ со овие вртоглави концепти на отсуството, сеќавањето, заборавот и незнаењето и ги претвора во материјал за роман, маестрално оркестрирајќи ги и од нив создавајќи ја оваа извонредна полифониска прозна целина.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Идентитет

    Идентитет

    0

    Идентитет е еден од поновите романи на Кундера. Објавен е во 1997 година на француски јазик.

    Делото претставува интересна анализа на еден пар, при што се занимава со идентитетот на мажот и жената воопшто, односно со прашањето колку и дали е неговата промена во одредени услови можна.

    Секој следен пасус во овој кус роман открива нови стојалишта, аспекти, вистини околу идентитетот.

    Дали можеме самите да го смениме својот идентитет? Дали промената на околностите во животот го менува нашиот идентитет на сопрузи, родители, љубовници…

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Жак и неговиот господар : почест на Дени Дидро во три чина

    Жак и неговиот господар : почест на Дени Дидро во три чина

    0

    Во 1971 година Кундера пишува драмски текст во којшто се раскажуваат авантурите на еден благородник и на неговиот слуга Жак. Поднасловот на текстот укажува дека драмата е почест на големиот Дени Дидро, особено на неговото дело Фаталистот Жак.

    Оваа драма е многу успешна варијација на основните теми од тој роман и продлабочување на парадоксите на Дидро низ призмата на еден ироничен скептик од XX век.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Празникот на безначајноста

    Празникот на безначајноста

    0

    Да се фрли светлина врз најсериозните проблеми и, истовремено, да не се изусти ниту една сериозна реченица, да се биде фасциниран од реалноста на современиот свет и, истовремено, да се избегне целиот реализам – тоа е идејата, стожерот, срцевината на Празникот на безначајноста, последниот роман на Милан Кундера.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Бавност

    Бавност

    0

    Ова е „најлесниот“ роман на Милан Кундера, своевиден дивертименто, неговата комична опера. Воедно, Бавност е и првиот негов роман напишан на француски јазик.

    Истовремено резигниран и маѓепсан, читателот го следи раскажувачот на Бавност низ една летна ноќ во која две приказни на заведување, одделени меѓу себе со повеќе од двесте години, се преплетуваат и осцилираат помеѓу возвишеното и приземното, комичното. Во основата на оваа навидум слободарска фантазија се крие длабоко промислување на современиот живот, се разгледува и се анализира тајната врска помеѓу бавноста и сеќавањето, се фрла светлина на поврзаноста помеѓу желбата на нашата доба за заборав и начинот на кој му се предаваме на демонот на брзината…

    Бавност е и приказна за „танчарите“ опседнати од страста да бидат видени, за кои животот не е ништо повеќе од постојана претстава испразнета од секаква интимност и каква било радост.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Златната топка и други раскази

    Златната топка и други раскази

    0

    Дали се работи за гест на добра волја или, пак, злобна замка што го намамува Руперт Сент Винсент и неговото семејство на еден прекрасен имот? Колкав ли е очајот на Џојс Ламберт, сиромашна млада вдовица, чијшто единствен излез за подобар живот е да се омажи за човек кого го презира? Каква неочекувана околност ја разбранува поранешната лојалност на Теодора Дарел, неверна сопруга која штотуку е подготвена да избега со својот љубовник?

    Во оваа збирка раскази, Агата Кристи, иако мајстор на крими-мистериите, нè води од чудни романтични сплетки, натприродни појави и класично убиство до нови инвентивни височини.

    Збирката раскази „Златната топка и други раскази“, објавена во 1971 година, ги содржи петнаесетте најдобри раскази од други три збирки („Мистеријата на лорд Листердејл“, „Загарот на смртта“ и „Проблемот на Поленса Беј и други раскази“). Овие раскази изобилуваат со моменти на романса, мистерија и неизвесност и претставуваат вистинско задоволство за сите љубители на оваа куса наративна книжевна форма.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! И не остана ниту еден

    И не остана ниту еден

    0

    Осум луѓе, кои меѓу себе не се познаваат и немаат никаква врска еден со друг, се поканети да дојдат како гости на Војничкиот остров од страна на извесни г. и г-ѓа Овен. По пристигнувањето таму, дознаваат дека домаќините се отсутни, но тука се г. и г-ѓа Роџерс како нивна послуга. Отсечени од копното и во неповолни временски услови, што секако придонесува за една морничава атмосфера, секоја од овие личности ќе биде обвинета за сторено злосторство преку гласот на грамофонската плоча во текот на првата заедничка вечера. Дополнително, во секоја соба каде што се сместени гостите, како украс стои врамената детска песничка „Десет мали војници“ во која тие еден по еден исчезнуваат низ низа несреќни случаи. Што ќе се случува со гостите на островот кога стиховите од песничката ќе станат злокобна најава и за нивната сопствена смрт? Секоја страница од романот е исполнета со неизвесност, возбуда и брилијантен расплет.

    Романот „И на крајот не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, се смета за ремек-дело на Агата Кристи. Воедно, таа изјавува дека ова е романот со кој и таа самата е најзадоволна како бил напишан. Инаку, оригиналниот наслов на ова дело е „Десет мали црнци“, кој на американскиот пазар фигурирал како „Десет мали Индијанци“, но во поново време за наслов на книгата е прифатен последниот стих од детската песничка.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Во 16.50 од станицата Падингтон

    Во 16.50 од станицата Падингтон

    0

    Госпоѓа Елспет Мекгиликади се враќа од пазарување во пресрет на божиќните празници со попладневниот воз од Падингтон. Удобно сместена на своето место во возот, задоволна со сè што купила, во еден миг станува сведок на грозоморно убиство. На несекојдневен начин, таа успева да забележи сцена во која гледа маж како ги стега рацете околу вратот на една жена, лице в лице со него, а тој безмилосно ја дави. Убиството што г-ѓа Мекгиликади го посведочува, всушност се одвива во друг воз што во тој момент бавно се разминува со нејзиниот воз. Но, мистеријата почнува кога нема да се пронајде мртвото тело на убиената жена и никој нема да поверува во приказната. Никој освен г-ѓицата Џејн Марпл, која нема да одолее на предизвикот да го реши овој необичен случај.

    Романот „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, објавен во 1957 година, а исто така и повеќепати филмуван, е едно од попознатите дела на Агата Кристи со Џејн Марпл во детективска улога. Приказната се развива со необичен тек, а читателите од почетокот, па сè до крајот се во неизвесност за тоа како ќе се случи расплетот.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Мртво тело во библиотеката

    Мртво тело во библиотеката

    0

    Едно рано утро полковникот Бантри и неговата сопруга Доли ги буди вознемирувачкиот глас на куќната помошничка, која им соопштува дека долу во нивната библиотеката има мртво тело. Иако не верувајќи, тие навистина наоѓаат мртво тело на една млада, силно нашминкана девојка облечена во вечерен фустан. Никој не знае која е таа и како воопшто се нашла токму во домот на Бантриеви. Тогаш, Доли ја повикува нејзината пријателка и аматер-детектив, госпоѓицата Марпл, за да помогне во откривањето на идентитетот на девојката и расветлувањето на ова убиство. Освен за овој случај, оваа кротка, но мошне прониклива старица, ќе успее да ù помогне на полицијата и при расветлувањето на уште еден случај на убиство, директно поврзано со првото убиство.

    Романот „Мртво тело во библиотеката“, објавен во 1942 година, е необична приказна со многубројни меѓусебно испреплетени и живописни ликови, а како што велат и книжевните критики: „Не треба многу време за да се прочита ова дело, но двата случаи на убиство изобилуваат со толку мистерија околу нив, што нема да сакате да ја оставите книгата додека не се открие убиецот со помош на остроумноста и интуицијата на Џејн Марпл“.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Завеса : Последниот случај на Поаро

    Завеса : Последниот случај на Поаро

    0

    Херкул Поаро и капетанот Хејстингс повторно се наоѓаат во Стајлс корт, местото на нивната прва средба, каде што заедно го решаваат и својот прв случај на убиство, но овој пат средбата значи заокружување на нивната кариера во борбата против злосторствата и воедно нивно последно видување.

    Иако остарен, неподвижен, со артритис и болки, навидум се чини дека Поаро внатрешно е потполно здрав, односно дека неговиот величествен ум сè уште совршено функционира. Но, откако ќе посочи дека во пансионот каде што престојуваат со Хејстингс има петкратен убиец, а сите гости се мирољубиви ликови, се поставува прашањето дали тој можеби веќе ја губи вештината за дедукција? Во секој случај, Поаро смета дека треба да се спречи ново убиство пред да се спушти завесата за крај.

    Романот „Завеса: Последниот случај на Поаро“ е објавен во 1975 година, но е напишан многу порано, за време на Втората светска војна. Агата Кристи овој роман го пишува како подарок за нејзината ќерка и го чува во банкарски сеф повеќе од 30 години. Од литературен аспект, ова се смета за едно од нејзините најдобри дела, како еден мошне возбудлив, прониклив и вешто смислен заплет со драматичен крај.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! По погребот

    По погребот

    0

    Покојниот Ричард Абернети нема јасен наследник на неговиот имот, така што остава тестамент за поделба на богатството меѓу повеќе членови на неговото семејство. Собрани во Ендерби хол, викторијанската куќа на Абернети, наследниците се во очекување на објавата на тестаментот. Во таа пригода, атмосферата ја нарушува една забелешка на Кора Ланскенет, помладата сестра на Абернети, која вели: „Но, тој беше убиен, нели?“ Сите во семејството се вознемирени од оваа изјава, бидејќи Ричард Абернети се сметал за починат од природна смрт,  но вистинскиот шок следува следниот ден кога ја наоѓаат Кора брутално убиена во својот дом. Господинот Ентвисл, семеен адвокат и извршител на тестаментот, го повикува својот пријател и славен детектив Херкул Поаро да помогне во расветлување на случајот.

    Романот „По погребот“, објавен во 1953 година, е приказна со интересни пресврти и необичен завршеток, каде што повторно до израз доаѓа генијалноста на Поаро, но, освен криминалистичкиот аспект во ова дело, авторката дава и увид во животот на Англија по Втората светска војна и нејзиното влијание врз општеството.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Шега

    Шега

    0

    Шега е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка.

    Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникнатост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина…

    Шега се вбројува во стоте книги на векот според „Ле монд“.

    360,00 ден
    Додај во кошничка