-
Sale!
ВО СЕНКАТА НА ЗЛОСТОРОТ
0300,00 денНа 7 март 1932 година во познатото шведско семејство Фон Сидов се одвивала крвава драма, која не престанала да го интригира вниманието на јавноста сè до денес. Толкав шок и интерес од пошироката јавност предизвикале само уште убиствата на шведскиот премиер Улоф Палме и на министерката за надворешни работи Ана Линд.
Во Стокхолм студентот по право Фредрик фон Сидов со железна прачка ги убил својот татко Јалмар, окружен судија и претседател на шведското Здружение на работодавците, и нивните две слугинки. Заедно со својата сопруга Софи избегал во хотел во Упсала, каде што, откако ги пронашла полицијата, со пиштол ја застрелал сопругата, а потоа и себеси.
Зошто го направил тоа? Убиствата со години биле главна тема во цела Скандинавија. Срамот на семејството бил голем, тие биле „фини“ и за такви работи не се зборувало јавно. Општествен скандал било најлошото што можело да се случи на некое шведско семејство од повисоката класа.
Убиецот бил вујко на авторката Хелена Хеншен, која имала 15 години кога се случиле бруталните и никогаш докрај разјаснети убиства. Обидувајќи се да го сфати она што мајка ѝ никогаш не можела да ѝ го раскаже, Хеншен со ова дело го прекинала молкот, а како резултат на тоа пред читателите е еден силен и импресивен роман.
„Во сенката на злосторот“ е награден со наградата на читателите на списанието „Ви“ и со Наградата за литература на Европската Унија во 2009 година.
-
Sale!
ЌЕРКАТА НА МАТЕМАТИЧАРОТ
0400,00 денНа писателот по електронска пошта му се јавуваат неговите ликови од претходните романи, пред сè од Вештица, и го известуваат дека незадоволни од судбините кои им ги определил таму, почнале да пишуваат роман за можностите да се избегне судбината. Почнуваат да му праќаат текстови кои тој треба „стилски да ги потсуреди“ и од нив, често неповрзани, да направи целина! Така, ликовите раководат со писателот, а не тој со нив. Притоа, тој како обичен „уредник“ под притисок на своите ликови, се соочува со фактот дека тие пишуваат не еден, туку два романа: „голема“ и „мала“ книга. И имаат за цел да покажат дека две сосема различни приказни можат да имаат ист, заеднички крај.
Големата книга говори за речиси детективската потрага по еден мистериозен човек кој ја персонифицира смртта, а малата за можноста една славна рок-ѕвезда да ја избегне судбината и на денот на својата несреќна погибија во сообраќајна несреќа да задоцни на местото на својата смрт, поради тоа што ќе се напие кафе со својата детска, прва љубов…
Андоновски продолжува, во нему својствен, мајсторски стил да ги испитува крајните можности на романот како жанр во постојано преиспитување…
-
Sale!
Вилино
0300,00 денЗошто остануваш во зандана
кога вратата е ширум отворена?
РумиКако се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба?
Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.
Венко АндоновскиВилино е лек.
Митрополит Методиј Златанов -
Sale!
Ватиканската принцеза
0550,00 денГламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија.
Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.
Животот на Лукреција Борџија е сечиj само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол.
Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.
Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?
Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов. -
Sale!
Без своја земја
0220,00 денМОЌНА ИСТОРИСКА САГА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЖИВОТОТ ВО ПРОГОНСТВО И ЗА ТЕШКИТЕ ИЗБОРИ НА ОНИЕ ШТО СЕ ПРИНУДЕНИ ДА ЈА ПРИФАТАТ НЕИЗВЕСНАТА ИДНИНА, СО КУФЕРИ ПОЛНИ НАДЕЖ.
Откако Хитлер доаѓа на власт, професорот Герхард Шлиман, неговата сопруга Елза и нивните две деца, Сузи и Петер, ја напуштаат Германија за да побегнат од прогонот на нацистите.
Прво заминуваат во Цирих, а потоа во Турција, кога Герхард добива понуда од Универзитетот во Истанбул. И додека Сузи и Герхард се обземени од турската култура и се обидуваат да се вклопат, Елза и Петер и понатаму цврсто се држат до своето германско потекло.
Во муслиманскиот град, новите обичаи имаат силно влијание на нивните животи – дотаму што го менуваат нивниот поим за татковина и припадност.Од Втората светска војна до времето на друштвените мрежи, генерации од едно семејство ќе го бараат својот пат низ љубов и неволји, жртва и спасување, победа и пораз: со тешко стекнато знаење и страст во секое отчукување на срцето.
-
Sale!
Љубов во време на колера
0500,00 денДлабоката младешка љубов на Флорентино Ариса и Фермина Даса се соочува, последователно, со три сериозни препреки: неодобрувањето од таткото на Фермина, едно патување за заборав и докторот Хувенал Урбино, најпосакуваниот ерген во областа. Последната пречка се чини погубна: набрзо Фермина се венча со Хувенал.
Но, Флорентино Ариса е поет, музичар, романтичар: педесет и една година, девет месеци и четири дена по нивната прва средба, на погребот на нејзиниот сопруг, со шапка принесена до срцето, Флорентино ù го повторува на Фермина својот завет за вечна верност и љубов. За воља на вистината — шестотини дваесет и две внимателно прибележани љубовни авантури подоцна.
-
Sale!
Есента на патријархот
0500,00 денТатко на пет илјади деца — сите недоносенчиња — од огромен број љубовници кои без љубов се менуваат во неговиот харем, неименуваниот патријарх од насловот со титула генерал на вселената, доживотниот тиран над една карипска нација, умира на неодредена возраст меѓу сто седум и двесте триесет и две години.
Зад него, наместо моќта да му наредува на мракот или да прогласува ран процут на ружите, останува низ од фантазмагорични визии за сè што било и сè што можело да биде поинаку.
Од привидна милосрдност до најкрупни измами, од добродетелство до ужас, од богобојазливост до екстремна суровост, диктаторот го отелотворува најдоброто, најперфидното и најлошото во човековата природа. Ова е неговиот живописно преувеличен портрет — во затворот на неговата сопствена диктатура и уморна, но неизбежна совест.
-
Sale!
Хроника на една најавена смрт
0300,00 денДваесет и седум години подоцна, неименуван новинар се обидува да го истражи убиството на Сантјаго Насар. Сведоците ги откриваат контурите на приказната: неколку часови по венчавката со Анхела Викарио, Бајардо Сан Роман ја враќа својата свршеница кај нејзините родители, тврдејќи дека не е невина. Анхела е принудена да го каже името на својот прв љубовник; нејзините браќа, близнаците Пабло и Педро Викарио, мигновно ја искажуваат својата намера да го убијат.
Но, меѓу одлуката и чинот на убиството стојат неколку луѓе што знаат дека ќе се случи и достатно време да го спречат. И додека истрагата разоткрива зошто ниту едното ниту другото не биле доволни, една цела заедница — а не само убијците — е исправена пред застрашувачка пресуда.
-
Sale!
На полковникот нема кој да му пишува
0300,00 денЕден пензиониран полковник, ветеран од Илјададневната војна, петнаесет години по ветувањето и официјалната одлука, ја чека својата пензија. Во меѓувреме, живее во скудни услови со својата жена-астматичар и еден петел, единствениот спомен од неговиот неодамна убиен син Агустин.
Болеста на жена му, безизгледноста на пензиските примања и хроничниот недостиг на средства го изложуваат полковникот на една незгодна неизбежност: да го продаде својот високо ценет петел, непоразен во арената.
Но — соочени со гордоста и достоинството — и неизбежностите се чинат минливи.
-
Sale!
Нултиот број
0360,00 денКолона е недипломиран педестгодишен преведувач од германски и повремен писател од сенка кој добива примамлива понуда од главниот уредник на еден весник во подготовка да напише фактивни мемоари за неговиот настанок. Идејата зад таблоидот, остроумно насловен „Утре“, е да биде необјавен ретроактивен запис на идни настани – погодна тактика за условување на низа личности на високи позиции кои не би можеле да ја знаат точната дата на која се пишувани вестите.
Наскоро Колона се запознава со редакцискиот тим на „Утре“. Меѓу неколкуте живописни ликови се издвојува параноикот Брагадочо, кој е убеден дека Мусолини бил жив дваесетина години по неговата наводна смрт и дека целата историја на Италија е еден голем заговор за затскривање на овој податок. Еден трагичен настан ќе го натера Колона да открие дека приказните на Брагадочо би можеле да бидат исто толку вистинити колку и оние на официјалните историографи.
-
Sale!
Баудолино
0500,00 денВистинската лекција по историја има една порака: не постои апсолутна вистина. Па така, Умберто Еко во романот „Баудолино“ нарацијата му ја предава на еден италијански селанец, кој со својот талент за јазици и вештина за лажење успева да стане посвоен син на императорот Фридрих Барбароса. Повикувајќи се на човековата потреба од приказни – митови, бајки, истории, хроники, семејни традиции, религии, науки – „Баудолино“ ги допира речиси сите средновековни теми: крстоносните војни, трубадурите, легендата за Светиот Грал, улогата и влијанието на Евреите во овој период и вечната борба за моќ помеѓу папата и императорот, истовремено понудувајќи една посмодерна рефлексија на таканаречената сегашност. Возбудлив и игрив, „Баудолино“ заведува со својот свет на лавиринти, дигресии, прекажаности, полувистини, фантазии и фантастики, тајни истории и детективски драми, еден свет во кој веќе не се знае што е историја, а што мит…
-
Sale!
Виор од лисје
0350,00 денНиз малото гратче Макондо минува вистински виор од луѓе, складишта и најразлични локали за лесна и брза забава, при што жителите на гратчето се наоѓаат затекнати среде вистински хаос од ѓубре и смрдеа, што го прави местото каде што живеат непрепознатливо. Кога компанијата за банани го напушта градот исто толку брзо како што и доаѓа, на оние што остануваат не им останува ништо освен празнина и распаѓање.
Во оваа уништена и бездушна пустелија останат е уште еден, последен, честит човек. Тоа е Полковникот, кој е цврсто решен да исполни едно одамна дадено ветување, без оглед колку и да е тоа неприфатливо од заедницата. Кога презрениот Доктор умира, тој е оној кој на себе ги зема товарот и одговорноста за оргнизирање на неговиот скромен, но достоинствен погреб, што ги споделува со својата ќерка и со својот внук, неговата единствена придружба на закопот, додека преостанатите жители на Макондо со задоволство би го оставиле Докторот да изгние онаму каде што починал, незгрижен и заборавен.
-
Sale!
Ноќта
0200,00 ден„Му се доверив на мојот млад посетител дека ниту една слика на тие мрачни денови не ме допрела толку како вагоните полни со еврејски деца, на железничката станица во Остерлиц… Јас не сум ги видел со сопствени очи, но жена ми ми ги опишуваше, сè уште исполнета со ужасот што го чувствувала. Тогаш ништо не знаевме за методите на истребување на нацистите. А кој би можел да замисли такво нешто! Но, тие јагниња одделени од нивните мајки, тоа веќе беше повеќе од тоа што мислевме дека е возможно. Тој ден мислам дека првпат ја допрев мистеријата на неправдата, чиешто откритие го означи крајот на една ера и почетокот на друга. Сонот што западниот човек го имаше во XVIII век и кој мислеше дека во 1789 година конечно ја виде светлината на денот, а до втори август 1914 година се засилуваше со напредокот на просветителството и откривањето на науката, тој сон на крајот за мене се распрсна пред овие вагони натоварени со мали момчиња, а воопшто не ми паѓаше на ум дека со нив ќе ги наполнат гасните комори и крематориумите.“
Франсоа Моријак
-
Sale!
МАЛИОТ ПРИНЦ
0150,00 денПогледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие, се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна, овоплотена со сликовит и езотеричен јазик, во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија, и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој, без сомневање, се можни безброј интерпретации.
Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.
-
Sale!
ДЕВОЈКАТА ШТО ТРЕБАШЕ ДА УМРЕ
0500,00 денПоследниот дел од серијалот Милениум нè води на едно неочекувано патување кое најпосле ќе ја одгатне судбината на бунтовната Лизбет Саландер. Девојката со тетоважа на змеј ненадејно го продала станот во Стокхолм и не одговара на електронската пошта. Никој не знае каде е, никој не претпоставува дека кочнечно одлучила да стане ловец, а не плен. Каква е нејзината поврзаност со непознатиот бездомник кој е пронајден мртов откако на јавно место закачил памфлет
против шведскиот министер за одбрана? И зошто во неговиот џеб е пронајдено ливче со телефонскиот број на Микаел Блумквист?
Девојката што требаше да умре открива политички скандали на највисоко ниво и меѓународни игри на моќ, со говор на омраза, лажни вести и една стара експедиција на Монт Еверест. Трагајќи по одговорите, во момент на необјасниво саможртвување, Блумквист ќе ѝ овозможи на Лизбет да се соочи со најважната битка во нејзиниот живот и конечно да расчисти со минатото.„Неверојатен трилер со многу акција во кој се испреплетуваат заговор, шпионажа и мистерија со кои се обвиени неколкуте убиства – неверојатен спој што ќе ги збудали обожавателите на Саландер.“
Вол стрит џурнал -
Sale!
10 МИНУТИ И 38 СЕКУНДИ ВО ОВОЈ ЧУДЕН СВЕТ
1450,00 денШто ако по смртта човековиот ум продолжува да работи уште неколку скапоцени минути? Или, поточно, десет минути и триесет и осум секунди…За Леила секоја минута по нејзината смрт ѝ навраќа спомени: семејната тајна за нејзиното раѓање; детството во мирното турско гратче; вкусот на манџата направена од месото на козата што татко ѝ ја жртвува за да го прослави раѓањето на долгоочекуваниот син; бегството во Истанбул за да го избегне несаканиот брак; вкусот на чоколадните бонбони што ги јаде со згодниот студент во борделот во кој работи… Секој спомен ја потсетува и на пријателите што ги запознала во клучните мигови од својот живот ‒ пријатели кои сега очајно се обидуваат да ја најдат…„Очекувајте енергични, сликовити описи што ќе ви ги отворат очите за животот на Средниот Исток проткаени низ трогателната приказна раскажана во препознатливиот, прекрасен стил на Шафак.“Венити фер„Шафак е страстно посветена на уривање на бариерите, без разлика дали станува збор за пол, раса, националност, култура или оние помистичните.“Сандеј тајмс