-
Sale!
КУМ
0300,00 денКоки е прилично затворен тип, кој веќе 10 години живее во Њујорк, без да се врати во татковината. Да, можеби е малку осамен, но животот таму му е убав има девојка која ја сака, одлична работа, стан и веќе е навикнат на рутината.
Кога неговиот најдобар другар Мики, последен од големото друштво во Скопје, решава да се жени, го бара токму него за кум. Коки не е воодушевен од идејата, особено затоа што токму во тој момент на работа лансираат многу важна апликација за голем клиент и не смее да ризикува, но Мики успева да го убеди, ветувајќи му дека сѐ ќе биде многу брзо, а свадбата мала и без никакви церемонии. Во бурниот професионален живот во Њујорк, Коки едвај успева да земе три слободни дена, иако планира да работи на апликацијата во текот на целото патување. Но не е свесен што го чека во градот кој е многу променет од неговото заминување, во истиот стан од детството и младоста, со семејството и лудото друштво, македонските необични адети и низа други компликации додека се обидува да го реши главниот проблем на апликацијата.
Растргнат помеѓу минатото и сегашноста, девојката во Њујорк и убавите скопски девојки, Коки само се обидува да го заврши патувањето без дополнителни проблеми, но тие некако упорно го следат, без оглед на тоа колку се труди да ги избегне.
-
Sale!
Оддел Д
0520,00 денСтудентката на медицински факултет Ејми Бренер треба да ја помине ноќта во заклучен психијатриски оддел.
Ејми е преплашена од ноќните смени во Одделот Д, одделот каде што се чуваат пациентите со ментални нарушувања. Постојат многу специфични причини што таа никогаш не сака да ја работи ноќната смена во тој оддел. Причини коишто никој не смее да ги дознае.
Како што часовите минуваат, така Ејми станува сѐ поубедена дека нешто ужасно се случува во тие строго обезбедени и изолирани ѕидови. Кога пациенти и вработени почнуваат да исчезнуваат без трага, станува повеќе од јасно дека сите во одделот се во смртна опасност.
Најголемиот кошмар на Ејми е да ја помине ноќта во Одделот Д. А сега можеби и никогаш нема да може да побегне од таму.
-
Sale!
Плејбој
0450,00 денСе запознавме на венчавката на мојата најдобра пријателка. Кришум се погледнувавме цела вечер – не можевме да ја порекнеме силната привлечност што искреше меѓу нас. Јас го фатив бидермаерот, тој жартиерот. Почитувајќи го свадбениот обичај, танцувавме заедно. Припиени еден до друг, ми предложи да ѝ се препуштиме на страста. Неговите перверзни зборови требаше да ме згрозат, но поради некоја луда причина, го имаа токму спротивниот ефект.
Завршивме во мојата хотелска соба. Следното утро заминав за Њујорк, давајќи му погрешен број.
Често мислев на него, но по последната врска се заколнав дека нема да се гледам со згодни и вообразени момци. Кога по една година се сретнавме кај заеднички пријатели, огнот меѓу нас воопшто не беше стивнат. Ми го побара вистинскиот број, па му го оставив бројот на мајка ми, која умее да го исплаши секој маж со приказни за брак и деца.
Мислев дека се спасив, но следната недела се појави кај мајка ми за семејната вечера. Будалестиот, прекрасен маж прифатил двомесечна работа само за да биде поблиску до мене. Ми предложи да го поминеме времето испреплетени под чаршафите.
Осум недели поминати во неверојатен секс без обврски? Немав што да изгубам. Барем така си мислев.Но знаете како велат – и најдобро смислените планови можат да се изјаловат.
-
Sale!
Никогаш не лажи
0520,00 денЕден нов брачен пар е во потрага по куќата од нивните соништа. Но кога го посетуваат големиот и изолиран имот кој некогаш ѝ припаѓал на докторката Адриен Хејл, позната психијатарка која исчезнала без трага пред четири години, опасна снежна бура ги заробува на имотот… и не остава простор за заминување оттаму додека не заврши.
Барајќи некоја книга за да се занимава додека веењето не стивне, Триша случајно пронаоѓа една тајна соба. Соба каде има аудио записи од секој можен пациент кој доктор Хејл некогаш го интервјуирала. Додека ги слуша касетите, Триша открива ужасна низа настани кои всушност воделе до мистериозното исчезнување на доктор Хејл.
Триша ги слуша касетите една по друга, до доцна ноќе. И со секоја следна касета, уште по едно делче од шокантната сложувалка си доаѓа на свое место, а пајажината од лаги на психијатарката полека се отплеткува. И тогаш Триша стига до последната касета. А таму лежи целата грозоморна вистина.
-
Sale!
Изопачени игри
0470,00 ден(Серијал TWISTED #2)
Сериозниот, арогантен и секогаш намуртен елитен телохранител Рис Ларсен има две правила: прво, да ги заштити своите клиенти по секоја цена и второ, да не се вплеткува емотивно, никогаш. И никогаш претходно не бил во искушение да ги прекрши тие правила… сѐ додека не ја запознае неа.
Бриџет фон Ашеберг. Принцеза тврдоглава подеднакво како него, со скриен оган кој ги претвора неговите правила во пепел. Ден по ден, чекор по чекор, ги руши неговите одбранбени ѕидови и го соочува со вистината што повеќе не може да се одрекува: има дадено заклетва дека ќе ја штити, но сака само да ја уништи. Да ја земе. Бидејќи таа е негова. Негова принцеза. Неговото забрането овошје. Секоја негова фантазија.Принцезата сонува за слобода да живее и да љуби човек по свој избор. Но наеднаш е соочена со политички брак и трон кој никогаш не го ни посакувала. Затоа не смее да копнее по човекот кој не може да го има. Нејзиниот телохранител. Нејзиниот заштитник. Оној кој ќе ја уништи. Нивната љубов, неочекувана и забранета, може да уништи кралство… и да ги осуди на пропаст двајцата. -
Sale!
Сите недовршени нешта
0590,00 денНоа е на врвот од писателската кариера. Со милионските тиражи и обезбедените права за филмување на неговите книги, не постои нешто што кралот на фикцијата го нема постигнато. Но никако не смее да ја пропушти неверојатната можност да го доврши романот на големата Скарлет Стентон, која отсекогаш му била идол. Меѓутоа, едно е да смисли соодветен крај за делото што легендарната авторка го оставила недовршено, а сосем друго е да се спогоди со нејзината прекрасна, тврдоглава и цинична правнука… што ќе се покаже како уште поневозможна мисија.
Џорџа Стентон почнува одново да го гради својот живот по ужасниот развод во кој губи речиси сè. Иако сака само да се скрие од светот во куќата на прабаба ѝ во Колорадо, принудена е да се соочи со арогантниот (и мошне згоден) писател, кој полека ја стекнува нејзината доверба.
Но додека ги читаат писмата и ракописот на Скарлет, почнуваат да сфаќаат зошто таа никогаш не ја довршила приказната за нејзината врска со пилот од Втората светска војна. Џорџа е убедена дека љубовта нема среќен крај, па и покрај неоспорната хемија меѓу неа и Ноа, решена е да не ги повтори грешките на Скарлет – дури и по цена да ја уништи неговата кариера.
-
Sale!
Последната желба
0550,00 ден1996 е годината која менува сѐ за Меги. Кога на шеснаесет години ја праќаат да живее со тетка која едвај ја познава, во далечно гратче на брегот на Северна Каролина, не може да мисли на ништо друго, освен на пријателите и семејството кои ги остава зад себе… но тоа почнува да се менува кога го запознава Брајс Трикет, еден од малкуте тинејџери на островот. Прекрасен, искрен и полн со живот, Брајс ја запознава со многуте убавини на градот опкружен со плажи, но и со фотографирањето, страст која ќе го дефинира остатокот од нејзиниот живот.
До 2019 година, Меги веќе е познат фотограф. Таа има успешна галерија во Њујорк, но истовремено и многу патува на далечни места низ целиот свет. Но оваа година неочекувано останува дома за Божиќ, избезумена од страшна дијагноза. Бидејќи станува сѐ позависна од својот асистент, таа се зближува со него. Додека заедно ги одбројуваат последните денови од празниците, таа почнува да му раскажува приказна за еден друг Божиќ, од пред многу декади – и љубовта која ја насочила кон животот кој никогаш не можела ни да си го замисли.
-
Sale!
Длабоко под површината
0420,00 денТаа е скршена однатре…
Меган Хантер има дадено сѐ од себе за повторно да застане на нозе и да го остави кошмарот од своите тинејџерски години зад себе. Последното нешто што ѝ треба или што го сака во животот е некојси маж. Но кога ја напаѓа некој од минатото, страшен туѓинец со лузни интервенира, спасувајќи ги неа и нејзината мала ќеркичка. Но изгледот може да лаже затоа што и покрај тоа што човекот делува грубо и страшно, таа се чувствува безбедно со него. И за првпат во животот, сфаќа што е тоа копнеж.
Тој е скршен однадвор…
Натаниел Вест има платено висока цена за служење како маринец во Авганистан. Се враќа на неговиот семеен ранч во планините на Колорадо за да заздрави – и да биде сам. Унаказен каков што е, не може ни да мисли на романтики и секс. Не кај Меган има нешто што го враќа во живот, му ја зоврива крвта и прави повторно да се чувствува како маж. Кога гледа дека ја демнат опасности и се разоткрива вистината за нејзиното минато, тој се заколнува дека ќе ја штити, но и дека ќе го исцели нејзиниот ранет дух. Но соочувањето со минатото никогаш не е лесно – особено кога тоа вклучува оружје. Меган ќе мора да научи да му верува за да преживее, но и да се предаде на страст која продира многу… длабоко под површината.
-
Sale!
Фустанот и Светец
0350,00 ден„Фустанот“ и „Светец“ се две кратки приказни од легендарната Колин Хувер, која неуморно твори бидејќи нејзините читатели низ целиот свет секогаш се желни за уште.
„Фустанот“ е романтична приказна за прифаќањето; прифаќањето на оние кои ги сакаме вистински и безусловно, но и за себеприфаќањето. Што ако твојот дечко, кој би требало да те сака таква каква што си и да те смета за најпривлечната личност во секоја просторија, секогаш ти купува неколку броја помали фустани и долна облека? Дали едноставно не знае кој број навистина носиш или сака да ти пренесе некоја скриена порака?
„Светец“ е малку помрачна романтична приказна со нишка на мистерија. Во стилот, повеќе потсетува на Верити отколку на романсите на Хувер. Една писателка заминува во изолирана колиба за да се дистанцира од сѐ и да може да пишува. Но, приказната на која работи вклучува афера, а таа никогаш во животот немала афера и едноставно не верува дека може автентично да ја напише. Кога ѝ се укажува шанса да доживее лично искуство кое би можело да ѝ помогне во пишувањето, не се колеба многу. Но сите непромислени работи најчесто доаѓаат со каење…
-
Sale!
Дневникот на собарката
1490,00 денНоминирана за најдобар трилер на GOODREADS CHOICE AWARDS 2023
Кит Дарлинг е собарка со несекојдневна зависност. Не умее да одолее да не продушка во куќите на нејзините богати клиенти во кои чисти. Нејзиното „хоби“ е безопасно, сè до моментот кога ќе види нешто што не смее во домот на најновите клиенти: толку мрачна тајна која може да му го уништи животот на парот кој го очекува своето прво дете. Тоа ја прави Кит опасна за парот, но едновремено, тоа го прави парот, кои би убиле за да ја заштитат тајната – опасен за Кит.
Кога детективката Мелори Вал Алст пристигнува на местото на злосторството во луксузната куќа покрај морето, соочена е со докази за толку крвав насилен напад што е речиси невозможно жртвата да останала жива. Но тело – нема. Ги нема и сопствениците. А ја нема и собарката. Единствениот сведок е повозрасната сосетка, која ја разбудил вресок доцна во ноќта. Сосетката е и последната личност која ја видела Кит Дарлинг жива.
Кога детективката се зафаќа со растајнување на случајот, сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа.
И никој не умее да му побегне на минатото.
-
Sale!
Последното писмо
2590,00 денЕдно последно писмо. Неговата последна желба. Оди и биди со неа…
Бек,
Ако го читаш ова… го знаеш она за последното проштално писмо. Ти преживеа. Јас не. Немој да чувствуваш вина, затоа што те познавам и ако си имал шанса да ме спасиш, ќе си ме спасел. Затоа, без разлика во каква длабока, темна јама на вина се валкаш сега, престани.Сепак, сакам да те замолам за една услуга – остави ја војската и оди во Телјурајд. Ела е сосема сама. Прво ни починаа родителите, па нашата баба, а сега Ела ме изгуби и мене. Премногу несреќа за еден човек. Едноставно не е фер.
Па ако мене ме нема, тоа значи дека не ќе можам да се вратам дома, како што планиравме. Не ќе можам да бидам таму за неа. Не ќе можам да ѝ помогнам на Ела да се справи со сѐ. Но, ти можеш. Затоа те молам, како мој најдобар пријател, да се грижиш за сестра ми, за моето семејство.
Неправедно е да се бара тоа од тебе; знам. Не си тип што сака да се грижи и да се врзува, но многу ми е потребно ова. Те молам, не дозволувај сама да се справува со сите нејзини проблеми.Ќе ти чувам место од другата страна, брате, но не брзај се. Искористи ја секоја секунда живот што ти се дава.
Рајан
-
Sale!
Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
1390,00 денКој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?
Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци.
Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.
Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа доцни ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди.
Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?
Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ.
Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.
Оваа прекрасна приказна неодамна доби и своја екранизација, која со недели беше во ТОП 10 на Netflix, во над 100 земји ширум светот.
-
Sale!
Добра ноќ, Џун
0490,00 ден„Добра ноќ, месечино“ е обожуван детски класик, но неговото вистинско потекло е загубено во историјата. Во „Добра ноќ, Џун“, Сара Џио споделува една своја имагинарна верзија за приказната зад инспирацијата за детскиот класик.
Џун Андерсен е успешна на професионално поле, но многу несреќна во приватниот живот. Неочекувано ја повикуваат за наследството на нејзината почината тетка Руби и треба да донесе одлука за судбината на детската книжарница Сината птица, која Руби ја основала во четириесеттите. Помеѓу документацијата во книжарницата, Џун наоѓа писма кои си ги пишувале Руби и покојната Маргарет Вајс Браун… и зачекорува во страниците на американската литература.
-
Sale!
Танцувај со мене
0520,00 денПо долго време, легендарната Сузан Елизабет Филипс се враќа со емотивен роман за женскоста, дивите срца и исцелувачката моќ на љубовта.
Кога животот ја разочарува по којзнае кој пат, младата вдовица Тес Хартсонг бега во мало гратче високо во планините Тенеси, надевајќи се дека во природата ќе успее да побегне од скршеното срце и да го најде мирот којшто ѝ е потребен за да си дојде на себе. Но наместо спокој и тишина, пронаоѓа енигматичен уметник кој исто така е во потрага по самотија, еден слободен дух со премногу тајни, едно беспомошно новороденче, група љубопитни тинејџери и град сомничав кон секој новодојденец, особено таквите тврдоглави како Тес. А подеднакво тврдоглав е и Иан Норт; комплициран, надарен маж со измачена душа – човек кој ја тера Тес да преиспитува сè.
Бегајќи кон овој нов живот, Тес се прашува: дали целосно ќе се изгуби себеси… или ќе си ја пронајде иднината?
-
Sale!
Пред таа да исчезне
0550,00 денЕдна обична жена нема да дозволи ништо да ја запре да ги пронајде исчезнатите луѓе кои остатокот од светот ги има заборавено.
Френки Елкин е просечна средовечна жена, зависничка од алкохол во фаза на лекување, со куп нешта во животот за кои се кае.Но сега го поминува времето правејќи го она што никој друг не го прави – бара исчезнати луѓе кои светот престанал да ги бара. Кога полицијата се откажува, кога јавноста заборава, кога медиумите престануваат да обрнуваат внимание, тогаш Френки почнува да бара.
Нов случај ја води во бостонско соседство со лоша репутација. Ја бара Анжелик, тинејџерка со потекло од Хаити, која исчезнала од своето средно училиште пред неколку месеци. Отпорот на бостонската полициска станица и семејството на жртвата ѝ даваат до знаење дека е препуштена сама на себе . Но ништо нема да ја спречи да ја открие вистината, па макар тоа значело следната исчезната личност да биде лично таа.
-
Sale!
Сите опустошени места
1550,00 ден1946 година. Три години по катаклизмичниот настан кој им ги разнишува животите од корен, мајка и ќерка бегаат во Париз со куфери полни срам и страв, не знаејќи колку е всушност тешко да му се побегне на минатото.
Речиси осумдесет години подоцна, Гретел живее живот кој е далеку од нејзиното трауматично детство; мирен и удобен, и покрај нејзиното мрачно и вознемирувачко минато. Таа не зборува за бегството од нацистичка Германија, не зборува за тешките повоени години во Франција, но најважно, не зборува за татко ѝ, командант на еден од најозлогласените логори на Рајхот.
Кога во нејзината зграда во Лондон се вселува нов пар, појавувањето на нивниот деветгодишен син Хенри ѝ враќа спомени кои повеќе би сакала да останат закопани. Но посилно е од неа, па Гретел се спријателува со момчето. Една вечер, таа е сведок на вознемирувачка, насилна расправија помеѓу прекрасната мајка на Хенри и неговиот арогантен татко. Соочена со изборот помеѓу сопствената безбедност и неговата, Гретел се враќа на слични крстопати како многу одамна. За да му помогне на момчето, треба да ги открие тајните кои ги чува целиот свој живот. Но овој пат може да донесе поинаква одлука од претходно – без оглед на цената која ќе треба да ја плати за храброста…