-
Sale!
Беспрекорно
0520,00 денПравилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во неволји. Да биде беспрекорен. А сега е принуден да го дели покривот со неа. И креветот. Но правилата се создадени за да бидат прекршени.
Рет Итон е најпознатиот родео-каубој во Канада и жените го обожаваат. Вистинска суперѕвезда. Или барем до неодамна, пред да биде вмешан во голем скандал што се заканува да ѝ стави предвремен крај на неговата блескава кариера. Агентот настојува да го среди имиџот, па затоа ја праќа ќерка си, Самер, да го следи во чекор до крајот на сезоната.
На Рет не му треба дадилка – особено не толку убава, со припиени панталони и заводлива насмевка, која не умее да си ја држи устата затворена. Прекрасната уста за која тој не може да престане да размислува. Но Самер не е лесен плен, не е уште една цртка во долгиот список со заведени девојки. Таа проникнува зад неговата маска на самоуверен и себичен никаквец, го гледа неговото вистинско лице и нема намера да побегне.
Самер се обидува да не ја пречекори границата, затоа што неговата репутација не би издржала уште еден удар – како и нејзиното срце, кое не би издржало уште болка.
Но Рет е решен да ѝ го освои, колку и да го чини тоа. -
Sale!
Туѓинецот на свадбата
0490,00 денПред љубовта на прв поглед, имаше работи кои никој не ги виде.
Ени не верува во љубовта – сè додека не го запознава Марк. Откако патиштата им се вкрстуваат одејќи наутро на работа, се зближуваат за време на групните терапии за преживеани трауми. И двајцата препознаваат делови од себе во другиот, но и двајцата кријат нешта од своето минато.
Ени не ни замислувала дека е можно некогаш да се венча, а сега, кога денот е конечно тука, не постои нешто за што е посигурна од желбата да стапи во брак со Марк.Но додека стои пред олтарот и гледа кон насобраните гости, забележува еден туѓинец. Набрзо дознава дека нејзиниот нов живот нема да биде толку среќен колку што си замислувала. Кој е туѓинецот на нејзината свадба? Што навистина се случило со првата сопруга на Марк? Дали средбата меѓу Ени и Марк била навистина случајна или некој друг ги вмешал прстите?
Возбудлив трилер што ќе ве натера да размислите двапати пред да кажете „да“.
-
Sale!
Безобразни писма
0450,00 денГрифин Квин беше момчето од Британија со кое се допишував во детството. Иако бевме тотално различни, преку стотици писма во текот на годините, станавме најдобри пријатели, споделувајќи ги нашите најмрачни, најдлабоки тајни и создавајќи нераскинлива врска. Но таа врска сепак се раскина еден ден.
И години подоцна, пристигна ново писмо. И тоа безобразно – писмо во кое беше собран сиот негов гнев од изминатите осум години. Немав избор, освен да му кажам зошто престанав да му пишувам. Грифин ми прости и некако успеавме повторно да го оживееме тој близок однос од детството. Само што, сега бевме возрасни и во врската имаше хемија, имаше искри. Нашите забавни писма брзо станаа кокетни, а потоа и крајно безобразни, преполни со нашите најлуди фантазии. Па логично беше да отидеме еден чекор понатаму и да се видиме во живо.
Но, Грифин не сакаше да се сретнеме. Ме замоли да му верувам и велеше дека така е најдобро. Само што, јас сакав нешто повеќе, па решив да ризикувам и тргнав да го барам. Луѓе правеле и полуди нешта за љубов. Но она што го открив таму можеше да смени сѐ.
-
Sale!
Шепотот на судбината
0390,00 денТаа не верува дека некогаш повторно ќе љуби, бидејќи смета дека во животот, човек само еднаш може да доживее вистинска, длабока, исконска љубов. Затоа, по драмата која ѝ го менува светот од корен, Стела Еванс бега од секој маж кој сака да ѝ се доближи поблиску од она што за неа е прифатливо. Посветена на својата професија, и во постојан обид да си ја излекува расрквавената душа, ќе успее ли да го наслушне шепотот на судбината и да се соочи со сенките кои истата ќе ѝ ги врати од минатото?
Тој е силен, убиствено згоден, неприкосновен шармер, на којшто ниедна жена не може да му одолее. Но, тој нема доверба во ниту една претставничка на понежниот пол, па затоа отворено им ги кажува своите намери, а тоа подразбира само добар секс и ништо повеќе. Кога најмалку очекува, Брајан Купер ќе се соочи со животен пресврт во кој може да изгуби сé, но и многу да добие. Кога во непредвидени околности ја запознава храбрата, синоока убавица, ќе успее ли комплетно да ѝ верува или ќе продолжи тврдоглаво да се спротивставува на она што за него го има смислено судбината?
* Книгата ќе биде достапна за продажба од 08.06.2024, во сите Сакам Книги книжарници и онлајн
-
Sale!
Жените
0590,00 денИнтимен портрет на растењето во опасно време и епска приказна за една поделена нација.
И жените можат да бидат херои. Овие зборови се откровение за дваесетгодишната Френки, која учи за медицинска сестра. Израсната во сончевиот и идиличен свет на Јужна Калифорнија и секогаш штитена од своите конзервативни родители, таа се гордее со фактот дека секогаш ги правела правилните нешта, она што се барало и очекувало од неа. Но во 1965, светот се менува и таа одеднаш се осмелува да замисли поинаква иднина за себе. Кога нејзиниот брат заминува да служи во Виетнам, Френки се приклучува кон воениот корпус како медицинска сестра и го следи неговиот пример.
Незрела и неискусна исто колку и мажите пратени во Виетнам да се борат, Френки психички ја совладува хаосот и деструкцијата од војната. Секој ден е коцкање со животот и смртта, надежта и предавството, а пријателствата имаат длабоки корења, но воедно можат да се распрснат за миг. Во војната, таа ги запознава – но и станува една од – среќните, храбрите, скршените и изгубените. Но војната е само почеток за Френки и нејзините пријатели ветерани. Вистинската битка почнува со враќањето дома, во променетата и поделената Америка, кај лутите протестанти, во државата која сака да го заборави Виетнам.
-
Sale!
Кралицата Шарлота
0520,00 ден„Ние сме една круна. Неговата тежина е моја, а мојата е и негова…“Во 1761, еден сончев септемвриски ден, еден крал и една кралица се сретнуваат за првпат. И се венчаваат во рок од неколку часа.Родена како германска принцеза, Шарлота е прекрасна, тврдоглава и крајно интелигентна… а тоа не се баш особините кои Палатата ги посакува за сопругата на младиот крал Џорџ III. Но нејзиниот оган и независност се токму она што е потребно, бидејќи Џорџ има тајни… тајни со потенцијал да ги разнишаат темелите на монархијата.Втурната во новата улога на кралица, Шарлота мора да се запознае со правилата и политиките додека истовремено си го штити срцето, бидејќи се вљубува во кралот, дури и покрај тоа што тој ја оттурнува од себе. А пред сѐ мора да научи да владее и да разбере дека ѝ е дадена моќ да направи огромни промени во општеството. Таа мора да се бори – за себе, за својот сопруг и за сите кои бараат помош и водство од неа. Затоа што таа никогаш повеќе нема да биде само Шарлота. Мора да ја следи својата судбина… како кралицата Шарлота.
Незаборавна романса од моќното дуо, напишана ексклузивно за Нетфликс.
-
Sale!
Плејлиста (Колекционер на очи #3)
0590,00 ден
Музиката е нејзиниот живот, а петнаесетте песни одлучуваат колку ќе биде долг.Пред еден месец, петнаесетгодишната Фелин Јагов исчезнува без трага одејќи на училиште. Мајка ѝ го најмува приватниот детектив Александер Зорбах, кој открива дека преку онлајн музички сервис Фелин ги слуша омилените песни, иако е во заробеништво. Уште поинтересно е што плејлистата била сменета пред два дена. Дали преку новите песни таа се обидува да прати тајна порака?Зорбах очајно се обидува да ја одгатне загатката што ќе го одведе до местото каде што се наоѓа Фелин. За жал, не знае дека обидот да ја најде и да ја спаси од киднаперот ќе го вовлече во ужасен кошмар, во безмилосна трка со времето во која шансите да преживеат се речиси еднакви на нула.Ова е една од најуникатните книги на Фицек бидејќи плејлистата навистина постои. Фицек овој пат се јавува и како креатор на текстови и композиции заедно со низа познати музичари, кои имаат креирано 15 песни специјално за приказната. -
Sale!
Скрши го мразот
0590,00 денАнастасија Ален цел живот дава сѐ од себе за да добие шанса да влезе во Американскиот олимписки тим. Се натпреварува во лизгање уште од петгодишна возраст, има комплетна студентска стипендија благодарение на нејзината позиција во лизгачкиот тим и секојдневен распоред на активности од кои би липала и најамбициозната личност на светот. Стаси не си игра, Стаси секогаш цели на победа. Без исклучоци.
Нејтан Хокинс никогаш немал проблем што не може да го реши. Како капитен на Тајтанс, добро знае што значи одговорноста да го носиш целиот тим на рамена на мразот. Но благодарение на едно недоразбирање, двата тима мораат да го делат лизгалиштето, а партнерот на Анастасија се повредува. Тогаш Нејт е принуден да го замени хокеарскиот стап за хеланки и стариот страшен тренер за уште пострашен.
Тие се заглавени заедно на повеќе од еден начин, но во ред е, бидејќи Анастасија мрази хокеари… нели?
-
Sale!
Тајната на монахот
0390,00 денЕдна девојка доживува трагедија…
Матурската вечер завршува кобно за една млада девојка, која не знае ни како, ни зошто, ниту од кого е силувана. Последното нешто на кое се сеќава е дека професорот ја враќа дома, но нема никакво сеќавање од настаните кои следуваат откако излегува од неговото возило. Иако се обидува да се носи и да живее со таа траума, сфаќа дека не е доволно силна и посегнува по својот живот.Еден професор е осомничен и добива тешка казна…
Професорот има голема грижа на совест и носи тежок грев, па ја прифаќа казната. Но за што поточно е виновен?Еден монах решава да оди против себе и да открие голема тајна…
Речиси секој од ликовите крие нешто, заплеткувајќи ја приказната, а само еден од нив собира храброст да ја открие својата тајна и да фрли барем малку светлина на трагичните настани. -
Sale!
Добра и лоша
0520,00 денПонекогаш, лоши работи им се случуваат на добри луѓе, па добрите луѓе се принудени да прават лоши работи.
Дваесет години откако едно бебе е украдено од количка, една жена е убиена во дом за нега на стари лица. Двете злосторства се некако поврзани, а една добра/лоша девојка веројатно е клучот за откривање на вистината.
Едит можеби ја прелажале за да ја пикнат во домот, но сега, на осумдесет години, го планира своето бегство. Пејшнс работи таму, па така и се зближува со Едит, како со сродна душа. Но Пејшнс ја лаже Едит речиси за сѐ. А и Едит не е безгрешна. Токму затоа, нејзината ќерка Клео, воопшто не зборува со неа.Со низа причини да не си веруваат меѓусебно, овие жени мора да решат една мистерија во која има тројца осомничени, две убиства и една жртва. И ако ја решат, можеби ќе откријат и што се случило со исчезнатото бебе, мајката која го изгубила и поврзаноста помеѓу нив. Ова е трилер во кој никому не може да му се верува…
-
Sale!
Ривалите
1450,00 денКонфликтот помеѓу мене и Вестон Локвуд започна на олтарот. Само што, никој од нас не присуствуваше на свадбата, заветите беа дадени декади пред ние двајцата да се родиме.
Нашите дедовци биле најдобри пријатели и бизнис партнери, сѐ до свадбата на дедо ми – кога неговата несудена невеста соопштила дека не може да се омажи за него, бидејќи била вљубена и во дедото на Вестон.
Двајцата мажи со години војувале за Грејс, која пак истовремено била нивната трета бизнис партнерка. Но на крајот, ниеден од нив не успеал да ѝ го украде срцето од другиот. Па така секој од нив си фатил на своја страна. Нашите дедовци се ожениле за други жени, а двајцата мажи станале најголемите бизнис ривали во историјата. Нашите татковци ја продолжиле семејната традиција на војување. Потоа ја продолживме и јас и Вестон.
Но со смртта на жената со која започнало сѐ, нашите дедовци неочекувано станаа сопственици на еден од највредните хотели во светот и јас заглавив со човекот кој сум родена да го мразам. И не е проблем да го мразам, па нашите семејства си вадат очи цел живот. Има само еден малечок проблем. Секојпат кога јас и Вестон се караме, некако завршуваме во кревет.
-
Sale!
Види ме
0590,00 денКолин дава сѐ од себе за максимално да ја искористи добиената втора шанса. На 28 години, фокусиран е строго на чекорење по вистинскиот пат – учи за да стане наставник, посветено вежба во вежбалница секој ден и ги избегнува сите места и луѓе кои биле крајно деструктивни во неговиот живот претходно. Ако нешто не му треба во оваа фаза, тоа е сериозна врска. Но кога случајно ја сретнува Марија Санчез една врнежлива вечер во Северна Каролина, неговите планови ќе се разнишаат до степен што ќе ги протресе дури и темелите на неговиот внимателно структуриран живот. А пак за Марија, вредна адвокатка и ќерка на имигранти од Мексико, Колин е предизвик за сѐ што сметала дека знае за себе и за иднината, некој кој ќе ја натера да се запраша што навистина ја усреќува.
Меѓутоа, пред да добијат шанса да замислат како би можел да им изгледа заедничкиот живот, почнуваат да се појавуваат злокобни потсетници на настани од минатото на Марија. И кога опасноста почнува да ја демне на секој чекор, судбината ги тестира двајцата на страшни начини. Дали демоните од минатото ќе го уништат она меѓу нив или љубовта ќе ги штити дури и во најмрачниот час?
Види ме е приказна за опсесија, нови шанси и љубов која ги покорува сите очекувања, потсетувајќи нѐ дека судбината често лежи токму во нашите раце.
-
Sale!
Капињера
2370,00 денВистинска животна приказна. Драматична, потресна, вечна.
Таа има шеснаесет години. Се вика Луна, најубавата Еврејка во градот. Такец има осумнаесет години. Но љубов за цел живот, за навек.
Двајца млади се засакуваат, лудо, искрено… вечно. Но што со предрасудите, различностите? Исконски нож кој отсекогаш ги сечел ваквите врски, посилен дури и од најсилната љубов. И што кога бесмисленоста на војната алчно ќе ги проголта невините, недолжните? Ќе остане празнина, молк, тага, болка.Такец и во својата деведесет и трета година од животот безмерно ќе тагува по љубената Луна. Но ниеден јунак од оваа сага не е повеќе жив.
Само авторот на романот, единствениот жив сведок за страдањата на својот татко Такец, ќе му го подари на човештвото, татковото претсмртно завештание како аманет со порака дека единствено љубовта останува вечна… исто како уметноста. А Луна и малечката Сара чии животи прерано се стопија во гасните комори на Треблинка и од оној свет порачуваат:
Лудилото на војната никогаш да не се повтори… -
Sale!
Зад маските
0370,00 денКолкава е цената што жените секојдневно ја плаќаат за лагите што ги премолчуваат? Што ќе се случи кога нивните избраници ќе посакаат нов живот, кој ќе биде херојот, а кој жртвата?
Четири жени, кои само навидум го живеат идеалниот живот, со години ги кријат темните тајни зад фасадите на своите среќни бракови во Њујорк, сѐ до мигот кога бракот на Елен ќе се распадне и со тоа сите вистини ќе излезат на виделина. Во светот на моќта и парите, улогите се менуваат многу брзо. Што се крие зад маските на нејзиниот сопруг и на нејзините пријатели? Што е вистинско, а што е само лага? Ќе успее ли Елен да се избори со сите предизвици и да најде излез од својата темнина?
Овој роман ќе ве натера да си поставите многу прашања, да го преиспитате својот живот. Секоја страница открива нови пресврти и ве носи уште подлабоко во лавиринтот на неизвесноста. Истражувајќи го она што е скриено меѓу световите на илузиите и реалноста, романот „Зад маските“ ве води на патешествие од безброј емоции.
Во оваа мистериозна и збунувачка приказна за љубовта, семејството, правдата, пријателството и за издржливоста, авторката Ксенија Николова ги обелоденува темните тајни и скриените рани на своите главни хероини, како и трнливиот пат до нивното самооткривање.
-
Sale!
Свадба во декември
0490,00 денЗа Роузи не постои ништо поромантично од тоа да се омажи со љубениот на БожиЌ. Но нејзиното семејство не го дели нејзиниот ентузијазам.
Меги е во шок! Нејзината најмлада ќерка одлучила да се омажи за Божиќ. И тоа на само дваесет и две години! Дали на таа возраст човек е подготвен да се врзе за цел живот? И таа самата се омажи за Ник на тие години, па еве ги сега, веќе шест месеци живеат одвоено и се разведуваат. Сепак, за да не ги расипат празниците и венчавката, одлучуваат да се преправаат дека се сè уште вљубени еден во друг. Дали таквата блискост и зимската идила ќе им донесат втора шанса?
На постарата сестра Кејти воопшто не ѝ е по ќеф што мора да го прелета Атлантскиот Океан само за да ѝ биде старосватица на сестра ѝ, но нема избор – мора да ѝ ги отвори очите пред да биде предоцна! Смета дека импулсивната, слатка Роузи прави грешка и решена е да ја спречи. Кога само згодниот кум, Џордан, би престанал да ѝ се меша во плановите…Како што наближува датумот на венчавката, Роузи станува сè повознемирена. Дали е нетрпелива или се предомислува? Гостите полека пристигнуваат и реалноста почнува да ја притиска. Повеќе не може да го занемарува прашањето што подолго време ја мачи – дали прави грешка што ќе се омажи со човек кој го познава одвај неколку недели?
Овој Божиќ ќе биде незаборавен за семејството Вајт.
-
Sale!
БЕЗСЛОВЕН
0390,00 денЗа некои борби вреди да се живее…
Мојата животна приказна: сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на траумите.
„Безсловен“ е автобиографско писание, вклопено во рамка на сирова искреност. Една тегобна реална слика, насликана со скрб, крв и солзи. Со делото авторот се обидува да се исцели себеси, но и да помогне на сите оние кои го преживеале истото и сè уште се борат во сенките на четириѕидовниот затвор на својот ум.
Испреплетените приказни низ годините делуваат како исткаени моменти, кои како да не припаѓаат тука, на Балканот. Една разнобојна таписерија, која започнува во 2019 година кога авторот дознава дека има канцер. Канцерот е како еден катализатор за да може како од Пандорина кутија да се излеат сите болки, тајни и трауми од минатото. Поточно шест трауми и големи лузни од минатото, сокриени во шест сандаци: менталното и физичкото злоупотребување од страна на негувателките од градинка и од сопствените баба и дедо, кои со жилети му го сечеле јазикот, злоупотребување од страна на таткото алкохоличар, сексуалното злоупотребување од 8 до 10 години од страна на сосед, што впрочем е и најголемата траума во делото и околу кое се прилепуваат сите останати, и врсничкото физичко и ментално насилство (булинг) во основното и средното образование.
Време е и на овие наши простори да за’рти дело кое ќе изникне и ќе се издигне над сите табуа кои нè чувале под стеги; да се зборува за сите овие нешта (особено за сексуалното злоупотребување), за да може некое дете, некоја возрасна личност, некоја социјална група, да се излечи. Делото е еден вид на водич како да се адресираат траумите кои ги чуваме сите; совети дека е сосем во ред да се разговара за тоа, бидејќи преку зборувањето и откривањето, ние се лечиме.