-
Sale!
Каде што шумата се среќава со ѕвездите
0390,00 денПо губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите живеалишта во Илиноис што ги почнала во текот на дипломските студии. Решителна во намерата да докаже дека неволите не ја скршиле, работи од утро до мрак. Нејзината осаменичка рутина е прекината кога пред вратата на нејзината колиба ќе се појави босоного дете, целото со модринки.
Девојчето, кое се претставува како Урса, тврди дека е пратена од ѕвездите да посведочи за пет чуда. Џо, загрижена за детето, ù дозволува да остане со неа – барем додека не ја открие вистината за нејзиното минато.
За да ја реши мистеријата со заскитаното девојче, Џо бара помош од својот повлечен сосед Габриел Неш. Оваа необична тројка ќе изгради цврста емоционална врска, но како што се ближи крајот на летото, сите нивни болни тајни излегуваат на површина, а нивните судбини се препуштени на ѕвездите.
-
Sale!
Кит на плажа
0340,00 денНика е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога… и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи…
Кит на плажа е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.
„Животот е убав“, вели Игор, братчето на Ника. Кога сме сакани и прифатени, се чувствуваме добро, како китови што слободно пловат во големиот океан. Но што ако сме поинакви?
-
Sale!
СВЕЌИТЕ ГОРАТ ДО КРАЈОТ
0280,00 денИЗВОНРЕДЕН РОМАН ЗА ЕДЕН ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК; ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО И ВЕРНОСТА, ЗА ПРЕДАВСТВОТО, ГОРДОСТА И ВИСТИНСКАТА БЛАГОРОДНОСТ.
Во замок на подножјето на Карпатите, еден стар благородник го пречекува својот пријател кого не го видел четириесет и една година. Во текот на ноќта, од вечерата до изгрејсонцето, двајцата мажи со зборови и тишини, приказни, обвинувања и изговори, се соочуваат со настанот што од корен ги променил нивните животи, но и животот на уште една личност која недостига во трпезаријата со запалени свеќи – сега веќе покојната господарка на замокот.
Последниот пат сите тројца седеле во истата просторија во дамнешната 1900 година, по ловот на елени во шумата кој предизвикал катастрофални последици. А часот на пресметка конечко отчукува.
-
Sale!
Сестрите од Версај
0450,00 денНиз дворските кулоари кружат приказни дека на младиот крал Луј XV по седум години брак му здодеала неговата сопруга. Сега сите дворјани се трудат да ја пронајдат соодветната љубовница, што истовремено би ги задоволила потребите на кралот во креветот, но и политичките желби на владетелите од сенка.
Семејството Нел надалеку е познато по убавината на петте сестри, а четири од нив ќе се најдат во кралската прегратка.
Во годините што следат, слатката и наивна Луиз, амбициозната Полин, волшебната Дајан и проникливата Мери Ен ќе се соочат со многу страдања, завери и интриги за да се изборат за својата љубов и моќта што ја посакуваат. А петтата? Петтата сестра сум јас и моја обврска е да ви раскажам како навистина се одвиваа работите.
„Бевме пет сестри, а четири од нас станаа љубовници на нашиот крал. Само јас ја одбегнав неговата прегратка, но тоа беше мој избор: можеби сè што зборувам се случило во далечното минато, но женската суета е вечна. И затоа морам да ви кажам: можев. Ако сакав. Бидејќи тој – кралот – секако го сакаше тоа.“ -
Sale!
Соперниците од Версај
0450,00 денА вие си помисливте дека сестрите се опасни… Во ова волшебно продолжение на вешто напишаниот и апсорбирачки првенец на Сали Кристи, се среќаваме, ни помалку ни повеќе, со маркизата Де Помпадур, една од најголемите убавици на нејзината генерација и прва буржоаска љубовница што некогаш ги красела возвишените дворски сали на Версај.
Годината е 1745 година, а креветот на кралот Луј XV е повторно празен. Се појавува Жана-Антоанета Поасон, убава девојка од средната класа. Како дете, една гатачка ѝ ја претскажала судбината на младата Жана: дека ќе стане љубовница на кралот и најмоќна жена во земјата. На крајот, врските, среќата и малите интриги ѝ го поплочуваат патот до Версај, до прегратките на кралот.
Брзо-брзо, конспиративните чиновници и надежните убавици бараат начин да ја заменат буржоаската натрапничка со посоодветна љубовница. Додека Жана, сега маркиза Де Помпадур, се справува со своите многубројни ривали ‒ вклучително и една сладострасна дворска дама, една дрска четиринаесетгодишна проститутка, па дури и една братучетка на озлогласените сестри Нел ‒ таа му помага на кралот да се предаде на живот исполнет со раскош и разврат. Околу нив, војната беснее, расте незадоволството, а Франција е сè поблизу до Револуцијата.
Раскажана во прославениот духовит и модерен стил на Кристи, „Ривалите од Версај“ ќе ги воодушеви и ќе ги привлече читателите бидејќи го оживува дворот на Луј XV со сета своја гордост, помор и слава. -
Sale!
Непријателите од Версај
0450,00 денВо последниот дел од „крајно возбудливата“ (Њујорк Дејли Њус) трилогија на Сали Кристи, „Љубовниците од Версај“, Жана Беку, жена со неверојатна убавина, но со скромно потекло, од мрачните улички на Париз успева да се искачи до Версај, каде што кралот Луј XV полека прераснува во измачен и огорчен стар женкар. Жана влегува во неговиот живот и, како грофица Ди Бари, брзо станува негова официјална метреса.„Бестијална буржујка беше еден; обична проститутка е веќе сосем друг проблем што базди на риба.“По децении страдање заради бескрајниот прилив на кралски љубовници, дворските принцези достигнуваат критична точка. Згрозени дека во осветените ходници на Версај пристигнува грофицата Ди Бари, припадничка на ниската класа, ќерките на Луј XV, предводени од нескротливата мадам Аделаида, се колнат на вечно непријателство и ја приклучуваат дофенката Марија Антоанета во борбата против новата љубовница. Но како што растат тензиите и се ближи Француската револуција, проститутка во палатата наскоро станува најмала грижа за благородништвото.Раскажана во карактеристичниот духовит и привлечен стил на Кристи, последната книга од трилогијата „Љубовниците од Версај“ ќе ги одушеви и ќе ги привлече обожавателите бидејќи повторно го оживува раскошниот и суров свет на Версај од осумнаесеттиот век, како и Франција, која чекори кон неповратни промени. -
Sale!
Стапица
1299,00 денПосле разводот, младата и привлечна мајка Соња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син. Во исклучително тешка животна ситуација, таа се впушта во шверц на кокаин за Исланд и одеднаш е заглавена во канџите на безмилосниот криминален свет. Додека очајно го бара излезот од неволјите, уценета и крваво претепана, таа е принудена да применува нови и смели тактики, но не успева да го надмудри Браги – цариникот со долгогодишно искуство. Најинтересно е кој стои на врвот на меѓународниот нарко октопод! Работите стануваат уште покомпликувани затоа што Соња е во врска со жена. И тоа со Агла, некогашната висока менаџерка на банка, која ја гонат заради последиците од финансискиот колапс на Исланд.
Дејствието на романот се одвива во Рејкјавик, кој сѐ уште е покриен од прашината на вулканската ерупција на Ејафјадлајекидл. Со темен, динамичен и студен заплет и интригантни ликови Стапица е исклучително оригинален и харизматичен скандинавски крими-трилер, од една од највозбудливите крими авторки – Лилја Сигурдардотир. -
Sale!
Враќањето на Шерлок Холмс
0400,00 денНАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА
Еден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвите и повторно го посветува животот на испитување на криминалните сплетки во главниот град. Со повторно насобран ентузијазам, тој се нафрла на случаите што опфаќаат мистериозни шифрирани кодови, милионери што се прогонувани, демначи, киднапирања и средба со „најлошиот човек во Лондон“. Но старите „пријатели“ на Холмс внимателно го следат секој негов чекор. Го набљудуваат, чекаат, заговараат…
Меѓу тринаесетте брилијантни приказни што вклучуваат мистерија, детекција и дедукција, Шерлок Холмс го истражува проблемот со „Градежникот од Норвуд“, ја дешифрира пораката на „Разиграните фигури“ и го решава случајот со „Шесте Наполеони“.
-
Sale!
Не правете им сенка на гробовите
0250,00 денГнев, сладострастие, алчност, гордост, мрзливост, завист и ненаситност се седумте смртни гревови – страшните искушенија на човековата душа.
Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворувањето на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Преку ликовите што се доведуваат на работ на лудилото се прикажува апсурдноста на постапките во животот и се поставува прашањето: дали тоа што смртта е неизбежна прави таа да биде нелогична?
-
Sale!
Проколната земја
0350,00 денМаксут и Фејзал беа млади офицери во турската војска чија храброст и пожртвуваност особено се истакна спасувајќи го синот на султанот од сигурна смрт. Како награда, султанот им вети сé што ќе посакаат. Тие ја посакаа својата слобода. Се вратија на родното огниште од кое беа оттргнати како деца.
Максут стана Константинос Хаџи-Макис, Грк, а Фејзал Јован Хаџи-Јанев, Македонец. Годините што следеа по Илинденското востание не беа ни малку лесни за Динката и неговото семејство. И тој реши. Ќе ги прати синовите во подобра иднина. Доста е од војни. Неговите деца заслужуваат да живеат. Четирите сина ги испрати во Америка.
Едно случајно познанство на бродот со кој патуваа им ги отвори вратите во ветената земја. Но во ветената земја не им течеше мед и млеко. Шест дена во неделата поминуваа работејќи во рудникот. При една тешка рударска несреќа, најмалиот брат Стефан го спаси животот на Индиецот Арсак Хифас. Арсак знаеше дека нема да преживее. Како аманет, на Стефан му го остави садот за вино со изрезбано сонце. Оваа светост еден ден да се врати таму од каде што е дојдена. Таа треба да се врати таму од каде и самиот тој ја зема-Александар од Македонија.
Приказна која ќе ве поведе низ времето. Ќе ги видите и војските на Александар, Турската Империја, двете светски војни, егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија, комунистичка Југославија и независна Македонија. Приказна за животот на печалба, но и за животот во родната земја. Приказна за аманетот на предците, за богатството, но и за клетвата. Приказна за семејството, за блискоста и за отуѓувањето, за политиката и за поделбите. Приказна за една проколната земја, приказна за Македонија.
-
Sale!
Скротени
0350,00 ден„Број еден – луѓето не се менуваат. Не постои магичен куршум…. Она што го гледате е она што го добивате. Секако, одредени навики може да се дотераат. Да се зауздаат. Како мојата склоност кон избрзаното осудување“, вели Дру во една прилика.
Ема Чејс си поигрува со чувствата на ликовите за да ги му открие посакуваните одговори на читателот. Кога ќе направите споредба од двете перспективи сфаќате колку е лесно да се нарушат односите во љубовната врска, семејството или меѓу пријателите. Но, и колку е тешко да се врати довербата особено ако некому е направена неправда. Стилот на Чејс е лесен, заводлив, забавен и прави книгата да не ја испуштите од раце.
Крајот го открива почетокот на книгата „Скротени“, односно како најдобрите пријатели на Кејт и Дру се справуваат со заљубувањето. Но, тоа е веќе сосема друга приказна.
-
Sale!
Испревртени
0350,00 денПостојат два вида на луѓе во светот. Оние кои бараат и оние кои се подготвени да скокнат.
Јас отсекогаш сум била повеќе за барање. Претпазлива. Секогаш со однапред подготвен план. Тоа се промени откако го сретнав Дру Еванс. Тој беше толку упорен, толку сигурен во себе, дури и за мене.
Но, не сите љубовни приказни завршуваат среќно засекогаш.
Дали мислите дека Дру и јас отидовме да го гледаме зајдисонцето?
Приклучи се во клубот.
Она што го сфатив е дека старите навики тешко умираат, а понекогаш треба да се вратиш назад од каде што си почнал за да можеш да продолжиш напред.
-
Sale!
Заплеткани
0350,00 денСтрасна, духовита приказна за човек кој што знае многу за жените… само не толку колку што тој мисли дека знае. Како што тој ни ја раскажува приказната, Дру дознава дека единственото нешто што никогаш не го посакувал во животот станува она без кое тој не може да живее. Прв дел од серијалот Заплеткани.
-
Sale!
Врзани
0350,00 денСекси романсата на еден од најпродаваните автори на Њујорк тајмс, Дру и Кејт се нетрпеливи да се врзат, ако претходно ги преживеат свадбените церемонии. Во поголемиот дел од мојот живот, не ни помислував дека ќе се оженам. Но, Кејт го направи невозможното: таа ме промеНи. мислам дека сите можеме да се согласиме дека претходно бев неверојатно заводлив, но сега сум дури и повеќе.
Неочекуваните инциденти во Вегас минатиот викенд можеа да предизвикаат голем проблем. тоа беше еден вид … мој конечен тест.
Знам што си помисливте, по ѓаволите, како можеше да го сториш тоа? релаксирајте се. Не ме осудувајте или пак не се повикувајте на моја кастрација, додека не ја слушнете целата приказна.
Држете се цврсто, ви следи едно лудо возење.
Дали очекувавте нешто друго? -
Sale!
Есен во Венеција
0450,00 денВо есента 1948 година, Ернест Хемингвеј и неговата четврта сопруга по првпат патуваат во Венеција, која Хемингвеј ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“. Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич и се вљубува во неа, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето. Во оваа книга Андреа ди Робилант, со блескава јаснотија, ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело.
Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во Преку реката и во шумата и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичеви се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата Старецот и морето.
Есен во Венеција е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.
-
Sale!
Приказна за едно семејство
0390,00 денОсумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила. Живее целосно втопена во безвременската атмосфера на стариот град, скриена во својот мал свет полн со омаловажувања – свет од кој е многу тешко да се излезе.
Единствените охрабрувања што ги добива во периодот од детството до адолесценцијата доаѓаат од Микеле, син на едно од најнесреќните семејства во старото Бари. Пријателството помеѓу Марија и Микеле станува сè посилно и посилно, и покрај отвореното непријателството помеѓу двете семејства и ударите што ги нанесува животот. Сè додека тие чувства помеѓу нив двајца – силни, а истовремено нежни – не прераснат во љубов. Љубов која, и покрај тоа што е забранета, не им дозволува да го мразат светот околу нив.
Писателката Роза Вентрела е новинар, историчар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата. Нејзините романи редовно го привлекуваат вниманието на книжевната критика и објавувани се на многу јазици ширум светот.