-
Sale!
Киберијада
0400,00 ден„Киберијада“ претставува уникатна збирка научнофантастични раскази за „најпрочуените конструктори“ Клапациј и Трурл, кои опиваат со својот хумор. Овие несекојдневни бајки и сказни го опишуваат барокот на Космосот. Говорат за кралеви и кралства, за витези и змејови, но временски сместени десетици илјади години во иднината, во светот на роботите и на интелигентните машини, кои еволуирале и оформиле различни општествени заедници во кои се случуваат секакви згоди и незгоди – трагични, хумористични, вџашувачки, необични. На овие страници роботите и ракетите се рамо до рамо со пиратите и вештерките. Во нив истовремено може да се распознаат и алузии на актуелни збиднувања од периодот на објавувањето на ова ремек-дело (1965).
Станислав Лем има изјавено дека „Киберијада“ е најубавата книга што ја напишал. Еден од неговите раскази („Патешествие седмо“) бил инспирација за компјутерската игра „SimCity“.
-
Sale!
Половината што ми недостига
0500,00 денОд град можеш да избегаш, но од крвта не се бега.
Близначките Винс мислат дека можат да избегаат и од едното и од другото. Стела и Дезире растат во малото гратче Малард. Во детството неразделни, откако ќе избегаат во големиот град нивните животи тргнуваат во поинакви насоки, со различни семејства, заедници и ставови за расниот идентитет. Стануваат два различни света.
По многу години, едната сестра се враќа со својата црна ќерка во родниот град, а другата половина, Стела, влегува во светот во кој не припаѓа – нејзиниот бел маж не знае ништо за нејзиното минато. Но дури и одвоени со километри и со многу лаги, судбините на близначките остануваат испреплетени. Што ќе се случи со следната генерација кога ќе се вкрстат приказните на нивните ќерки?
Зафаќајќи ги темите за двојните стандарди во идентитетските и национални разлики, од Длабокиот Југ до Калифорнија од 1950 до 1990 година, Брит Бенет создава емотивна приказна за семејството и за американската историја.
„Половината што ми недостига е роман на годината, речовит нов влез во книжевноста преку најсуштествените теми за идентитетот.“ Тајм
-
Sale!
Четиринаесеттата колонија
0550,00 денШто ќе се случи ако новоизбраните, претседателот и заменик-претседателот починат пред преземањето на функцијата? Одговорот е извесен, всушност, она што следува ќе биде ништо помалку од вкупен политички хаос.
Соборен над Сибир, поранешниот агент во Одделот за правда, Котон Малоун, е принуден да се бори за опстанок со Александар Зорин, човек чија лојалност кон пора-
нешниот Советски Сојуз резултирала со невидена омраза кон САД.
Пред да избега, Малоун дознава дека Зорин и уште еден поранешен службеник на КГБ, се упатиле во Вашингтон на 20-ти јануари, ден пред Инаугурацијата на новиот претседател. Поради недостаток во Уставот, а уште повеќе поради недостатоците во претседателските активности, Зорин ќе ја искористи ситуацијата да ја открие во целост нивната слабост.
Вооружени со остатоци од оружје од времето на Студената војна, Зорин кова план како да нападне. Тој успева да открие една шокантна тајна скриена во архивите на Америка – планот на Друштвото Синсинати, најстарата братска организација, за три инвазии на 14-та колонија на Америка – Канада.
Во трката против времето, која започна во ледената Русија, а за жал заврши во Белата куќа, Малоун не само што мора да се бори против Зорин, исто така тој мора да се соочи со еден негов одамна скриен страв, кој сега загрозува сè.
Мешавина од историја и шпекулации – заштитниот знак на Стив Бери, а сето тоа го има во овој провокативен нов трилер. -
Sale!
ПЛАТФОРМА
0400,00 денКраток опис
Платформа е најпознатото и најконтроверзното дело со кое Мишел Уелбек стекна светска слава и достигна статус на најзначаен современ француски и европски писател. Во него се преплетени сите карактеристики на делата на Уелбек – општествена сатира, возбудлива приказна, нетипични ликови и брилијантен стил кој го отсликува светот во кој живееме со сите негови недостатоци и предности. Во Платформа Уелбек го слика денешниот непродуховен човек, обземен од консумеризмот и зависен од секс, опкружен со различни облици на фундаментализам и екстремизам кои секој ден добиваат сѐ поголем замав. Среде тој хаос на денешното постоење, Уелбек се осмелува да го постави прашањето за љубовта и да ги истражува причините зошто таа не може да опстои.
-
Sale!
Има нешто магично во Сен Тропе
0350,00 денАвантура исполнета со напнатост, страст и измама, а потоа следат една голема кражба на уметнички дела, едно убиство и едно прогонство.
Пет меѓународни туристи, што не се познаваат меѓусебно се среќаваат во малиот Хотел од соништата сместен на крајбрежјето на Сен Тропе. Хотелот од соништата им изгледаше како совршено место за одмор на приватниот детектив од Малибу, Мек Рејли и неговата девојка Сани Алварез. Од самиот почеток Мек и Сани ќе се вклучат во решавање на проблемите на останатите членови од групата на измамените туристи, откривањето на мистеријата околу украдените уметнички дела и убиството наспроти убавините и гламурозноста на сончевиот Сен Тропе.
-
Sale!
Чичко Горио
0350,00 денЧичко Горио е еден од жителите во валканиот пансион на Мадам Вокер. Отпрвин неговото богатство предизвикува почит кај другите, но како што неговите околности мистериозно се менуваат на полошо, тие околу него почнуваат да го избегнуваат, па наскоро единствените посетители му се неговите две убаво облечени ќерки. Судбината на Горио е испреплетена со уште двајца од жителите во пансионот: младиот Ежен де Растињак, кој бара начин да го стекне прифаќањето и богатството што го сака, и загадочната фигура на Вотрен, кој крие најтемни тајни од сите. Ткаејќи привлечна и панорамски приказна за љубовта, парите, самопожртвуваноста, корупцијата, алчноста и амбицијата, Чичко Горио е едно ремек-дело на Балзак.
-
Sale!
Сè уште мислам на тебе
0450,00 денДали искреноста е секогаш најдобра опција?
Сè уште мислам на тебе е роман полн со приказни за стари пријателства, нова љубов,страста која ја носи со себе и сомнеж дали искреноста е секогаш најдобра опција.
Таш и Рич се луди еден по друг. Заплеткани во нивната љубовна бајка и возбудени за иднината, тие ја планираат нивната венчавка на француските алпи.
Рич се среќава со своите стари прија тели од факултет, а таш е возбудена бидејќи ќе ги запознае луѓето со кои се дружел и со кои созревал.
Но, таш ќе добие повеќе информации отколку што очекуваше, ќе дознае тајни од минатото на Рич…
Дали таа сè уште може да ја планира својата убава иднина со Рич штом ќе го дознае неговото валкано минато? -
Sale!
Крикот на ластовицата
0500,00 денКнигата го поставува прашањето: Дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен човек што, додека во светот се случуваат вакви нешта, ја гледа само својата удобност и останува рамнодушен?
Цел на серискиот убиец Мижачот се педофилите. Секогаш ги убива со ист ритуал. Ги носи силувачите на места што се поврзани со деца и покрај нив остава играчка. Покрај тоа, им ги врзува очите со кадифен превез и им пресекува дел од десното уво. Поради ова го нарекуваат Мижачот.
Пред неколку години имало слични случаи, но убиецот не бил фатен. Сега, кога тимот на началникот Невзат доаѓа на местото на злосторството, од глетката заклучуваат дека Мижачот повторно се вратил. Жртвата е педофилот што претходно се обидел да ја заведе и ќерката на началникот, пред таа и мајка ѝ да загинат во вооружен напад. Поради сето ова случајот почнува да станува почувствителен.
„Крикот на ластовицата“ го буди интересот на читателите со својата богата фикција и со возбудливото темпо, како и со чувствителниот приод кон општествените случувања, нудејќи многу повеќе од еден детективски роман. Дали може да се оправда едно убиство, од каква и да е причина?
-
Sale!
Дневник од Гвантанамо
0600,00 ден„Верзија на пеколот што го надминува Орвел, го надминува Кафка: постојана тортура пропишана од лекарите во Вашингтон.“
Џон ле Каре
Оваа книга е првиот и единствен дневник на притворено лице што 14 години било држено во Гвантанамо.
Во 2002 година, Мохамеду улд Слахи бил затворен во притвореничкиот логор Гвантанамо Беј во Куба, каде што се држеле политички затвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак. Сите години додека бил таму, САД воопшто не го обвиниле за какво било дело. Федерален судија наредил негово ослободување во март 2010 година, но американската влада ја оспорила одлуката. Апелационен суд ја поништил одлуката и го вратил предметот на Окружен суд во ноември 2010 година за понатамошно разгледување. Окружниот суд никогаш не одржал второ рочиште.
На 14 јули 2016 година, Одборот за периодична ревизија му одобрил ослободување од притвор на Слахи. Тој бил ослободен и се вратил во Мавританија на 17 октомври 2016 година; бил затворен во Гвантанамо повеќе од четиринаесет години.
По три години во заробеништво, Слахи почнал да пишува дневник и да го раскажува својот живот пред да исчезне во американски затвор и пред да се најде на „бесконечното патување низ светот на затворите и испрашувањата“. Неговиот дневник не е само жив запис за погрешно спроведување на правдата, туку и длабоко лична автобиографија – застрашувачка, полна со црн хумор и изненадувачки елегантна.
Дневник од Гвантанамо, првото сведоштво од ваков вид, е документ од големо историско значење, лектира што привлекува внимание и дава интересни информации.
-
Sale!
Избрани дела од сестрите Бронте
0999,00 денТри романи од најпознатите сестри во книжевноста, собрани во едно луксузно издание.
-ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ
-ЏЕЈН ЕЈР
-СТАНАРКА НА ЗАМОКОТ ВАЈЛДФЕЛ
-
Sale!
Пчеларот од Алепо
0450,00 денБегството не е само пронаоѓање засолниште, туку и на себеси.
Неверојатно длабока животна приказна за една мајка ослепена од трагедиите што ќе ги види, и татко кој се бори за нивно преживување среде сириската патека за бегалци во Европа. Нури е пчелар, а неговата жена Афра е уметник. Живеат мирен живот полн со љубов во прекрасниот сириски град во Алепо, додека не се случи незамисливото – започнува војна. Принудени да го напуштат животот кој го познаваат, тргнуваат на опасно патување кон неизвесната иднина во Велика Британија.
На тоа патување низ светот што се распаѓа тие не се соочуваат само со болката од огромната загуба, туку и со опасности што би ги исплашиле и најхрабрите. Избегнувајќи ги замките и заканите на бегалските патишта, тие истовремено патуваат и еден кон друг, тешејќи се и наоѓајќи сили да ги прифатат новите делови од себе.
Потресна и моќна, прекрасно напишана книга која е сведоштво за триумфот за човековиот дух.
„Создавајќи ликови со толку богати, комплексни внатрешни животи, Лефтери ни посочува дека е доволно да покажеш сочувство за еден човек, за тоа да се прошири на милиони.“
Тајм
-
Sale!
Конци на судбината
0650,00 денВозбудлив историски и шпионски роман во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби. Младата шивачка Сира Кирога во 1936 година го напушта Мадрид спроти граѓанската војна за да замине со Рамиро, човек кого го познава кратко и во кого е лудо вљубена, оставајќи ги зад себе свршеникот и самохраната мајка. Се сместуваат во Тангер, светски и егзотичен град, во кој на почетокот водат живот од приказните.
Таму Сира доживува тешко предавство и останува сама и со многу долгови, принудена да се пресели во Тетуан, каде што со помош на пријатели со сомнителен углед отвора модно ателје за отмени клиентки. Пред крајот на граѓанската војна и во текот на подготовките за Втората светска војна во Европа, судбината ја поврзува со важни историски личности, меѓу кои Хуан Луис Бајгбедер, загадочниот министер за надворешни работи на Франко, Росалинда Фокс, неговата љубовница, и поморскиот аташе Алан Хилгарт, шефот на британското разузнавање во Шпанија. Тие ќе ја втурнат во тајна мисија чиј параван ќе биде нејзиниот занает.
Книга што ја издигна Марија Дуењас на врвот на најчитаните автори во Шпанија.
-
Sale!
Заклучи ги сите врати
0400,00 денВо „Бартоломеј“ ништо не е како што изгледа. Влегувате на сопствен ризик.
По низата несреќи што ги доживува, без пари и без живеалиште, младата Џулс Ларсен добива шанса да работи како станар чувар на еден од апартманите во „Бартоломеј“, една од најгламурозните згради во Њујорк. Таму не се дозволени гости. Не е дозволено зборување со богатите или славните станари. И тоа се само некои од правилата што Џулс треба да ги следи.
Маѓепсана од сјајот и раскошот на зградата, таа ги прифаќа и решава засекогаш да го остави своето тажно минато зад себе. Се спријателува со Ингрид, пргава сосетка, која неизмерно ја потсетува на нејзината исчезната сестра. Кога Ингрид ѝ се доверува дека „Бартоломеј“ има и друга, морничава страна, Џулс го припишува тоа на нејзината драматичност… сè додека Ингрид не исчезне.
Сакајќи да ја разреши мистеријата, Џулс навлегува сè подлабоко во злогласното минато на „Бартоломеј“ и во тајните вткаени во неговите ѕидови.
Спој на хорор-елементи и напната неизвесност со модерен заплет. Мајсторски составена тензија доволно вредна да биде во истото друштво на хорор-класиците што биле нејзина инспирација. Со изненадувачки пресврт на крајот, ова хорор ремек-дело опседнува, плаши и во исто време забавува.
-
Sale!
Девет совршени туѓинци
0480,00 денДали десет дена во здравствено одморалиште навистина можат да ве променат засекогаш?
Овие девет совршени туѓинци наскоро ќе го откријат тоа…
Девет луѓе се наоѓаат во оддалечено здравствено одморалиште. Некои се тука за да ослабат, некои за да си го рестартираат животот, а некои се тука од причини што не можат да си ги признаат ниту самите на себе. Среде луксузното опкружување на одморалиштето, среде сесиите по сосредоточеност и медитација, за брзо време сфаќаат дека овие десет дена можат да испаднат пресвртница во нивните животи. Но, никој од нив не може ни да си замисли колкав предизвик ќе бидат десетте дена што им претстојат.
Лијан Моријарти е австралиска писателка и авторка на седум романи – меѓународни бестселери, вклучително и на бестселерите на „Њујорк тајмс“: Тајната на сопругот, Големи мали лаги и Вистински лудо виновни. Нејзините книги ги читаат над четиринаесет милиони читатели низ светот, вклучително и еден милион читатели во Австралија.
-
Sale!
Дали ме чекаш?
0240,00 денЕден единствен потег беше доволен да смени се. Кој никогаш не мечтаел да се врати во тој одлучувачки миг каде среќата беше возможна?? Сан Франциско. Младиот лекар Елиот никогаш не се помири со исчезнувањето на Илејна, жената што ја сакаше, која умре пред триесет години. Еден ден, под специфични околности, тој е одведен назад и се сретнува со еден млад човек, кој беше, од времето од пред триедет години. Тој се врати во одлучувачкиот миг, каде со еден негов потег можеше да ја спаси Илејна. Едно запрепастувачко соочување во четири очи. Една потресна љубовна приказна . Една неизвесност, напнатост да ти го запре здивот. Гијом Мисо има 36 години . Својот огромен успех го постигна со романот ,, А потоа…” кој е преведен на дванаесет светски јазици и послужи како основа за сценарио на филм. Својот успех во потрди и со успехот на романот ,,Спаси ме “. Денес, Гијом Мисо е еден од најомилените францусли автори кај широката читателска публика.
-
Sale!
Вознемирени луѓе
0450,00 ден„Вознемирени луѓе“ е апсурдна комедија за заложничка драма што се случува среде презентација на стан за продажба.
Неуспешен ограбувач на банка се затвора со група луѓе со чудни, необични карактери. Разбојникот на крајот ќе се премисли и ќе ги пушти сите заложници, но, кога полицијата влегува внатре, станот е – празен. Во серија од дисфункционални сослушувања на сведоците во полициската станица, читателот има можност да ги следи детално различните верзии на тоа што всушност се случило, при што се развива едно класично составување на мозаик околу неколку прашања: Како успеал да избега разбојникот? Зошто се сите толку гневни? И во што е проблемот со луѓето во денешно време?
Потресен и шармантен роман за злосторство што никогаш не се случило, потенцијален разбојник и осуммина крајно вознемирени странци, кои сметаат дека имаат повеќе заедничко отколку што замислувале.