Филтер по цена
Автори
Жанр
Издавачка куќа
  • Sale! Бигор шарпланинецот

    Бигор шарпланинецот

    0

    Не познавам ниту еден автор кој со зборовите може да ги долови глетките и со таква сила да ги оживее емоциите – да нѐ маѓепса и целосно да нѐ опчини – како што тоа го прави Ферид Мухиќ. Книгата зборува за пријателството и посветеноста, при што и авторот и шарпланинецот Бигор покажуваат еднаква верност станувајќи си еден на друг чувар, заштитник – поткрепа!

    Д-р Марија Дун, профeсорка на Универзитетот во Питсбург

    Трогателна сага за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот, која спонтано прераснува во метафизичка ода на пријателството и неговата трансцендентна димензија, изземена од неумоливиот тек на времето – за да му ја подари на физичкиот свет есенцијалната состојка што самиот е конститутивно неспособен да ја изнедри, а без која „животот не е вреден за живеење“!

    Д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Рецептот за надеж

    Рецептот за надеж

    0

    Еви бега од навидум блескавиот живот со нејзиниот речиси бивш сопруг. Од загубата на нејзиното бебе. Од Лондон и од божиќната еуфорија.

    Оддалечената куќа на југот на Франција изгледа како совршено мирно место за да ја надмине својата тага. Но, куќата на југот на Франција е спротивно од тивка,од петелот што пее во зори до бувот од шталата што испушта чудни звуци во долгата ноќ, да не го спомнуваме згодниот сосед на Еви, докторот Дидие, кој работи во својата гаража низ текот на целиот ден. Наскоро, малата локална заедница почнува да ја освојува, потсетувајќи ја Еви што навистина е важно во животот.

    Но, дали прекрасните сини очи на Дидие се повеќе од вкусните вечери на Еви? И дали откажаниот Божиќ – т.е. не-божиќната гозба за двајца – може да го излечи нејзиното срце?

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Три нови драми

    Три нови драми

    0

    Од памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има повеќе јагниња од волци.

    Драмите се за гледање, а дури потоа за читање, вели авторот на овие „Три драми“. Но и читателите во нив ќе најдат врвно уживање. Прво, затоа што не се изведени. Второ, затоа што го носат печатот на стилското мајсторство на својот автор. Трето, затоа што, на овој или на оној начин, ни се одигруваат пред очи. А во нив е нашата клучна реплика.

    Овие три драми – „Мачкина глава“, „Кузман Капидан“ и „Изрешетани души“ – се тематски различни, а толку слични според пораките што ги носат. Впрочем, како и нашите животи. Секој ја води својата битка продолжувајќи го времето со страдање, скратувајќи го со радост, а сопирајќи го со смртта. Но барем може да излезе од својата драма како јунак што го спасува човештвото со љубов.

    Иако злото се шири полесно и побрзо од доброто, сепак, и кога ќе ја фрли последната карта, доброто во рацете ќе држи уште една – бесмртноста. Ние би додале – и љубовта, како доказ за човечката добрина, преку која најсигурно се стигнува до бесмртноста.

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Првиот ден од остаток на твојот живот

    Првиот ден од остаток на твојот живот

    0

    Најскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.

    Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа… зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.

    Прашање на живот и смрт.

    Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?

    „Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“

    Анри Бергсон

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Лавиринт на вистината (албански јазик)

    Лавиринт на вистината (албански јазик)

    0
    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Лавиринт на вистината (англиски јазик)

    Лавиринт на вистината (англиски јазик)

    0
    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Лавиринт на вистината (македонски јазик)
  • Sale! Невидлив

    Невидлив

    0

    Приказна за едно дете кое, раководејќи се од најлошиот советник – стравот, посакува да има супермоќи како суперхероите од стриповите што ги чита. Го прави тоа за да се спаси од насилството што го трпи од соучениците. Посакува да стане невидливо, како механизам за бегство, за заштита од суровата реалност што го опкружува, без да биде свесно дека всушност страда. Детето не добива помош од никој, бидејќи е невидливо за сите оние што гледаат што се случува но претпочитаат да не видат, за сите што не сакаат да гледаат и ја вртат главата настрана, и за сите што гледаат но се плашат или едноставно мислат дека тоа не е нивен проблем. Како што вели и самиот автор: „Никој не е невидлив ако другите не му помогнат да биде невидлив“.

    Невидлив е приказна раскажана низ призмата на насилникот и жртвата, неговата симпатија и пријателите, родителите и наставниците, и поучна за сите што ќе ја прочитаат.

    Училишното насилство отсекогаш било присутно меѓу нас, но овој роман е напишан сега и тука, од талентиран автор што го прави ова искуство уште помоќно од она во реалноста.

    Романот досега има повеќе од дваесет изданија и е преведен на многу јазици. Невидлив ги добива наградите „Јолео“ и „Аче“ за 2019 година, а бил финалист и за наградата „Менхалибрес“.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Крадецот на сенки

    Крадецот на сенки

    0

    „Возбудлива, романтична, психолошка и секси сторија за најпребирливите читателки…“

    Озлогласен поради своите диви, еротски потреби, Лазар Хантингтон, лордот Кер, е во потрага по бруталниот убиец во Сент Џајлс, во најозлогласениот лондонски кварт. Младата и преубава вдовица Темпранс Дус, од- лично го познава Сент Џајлс – целиот живот го поминала грижејќи се за неговите деца во сиропиталиштето што го води нејзиното семејство. Понудата на лордот Кер е едноставна: ако Темпранс му помогне да го пронајде патот низ опасните улички на Сент Џајлс, за возврат ќе ја внесе во високите лондонски кругови за да пронајде мецена за својот дом за сираци. Но, Темпранс не е толку невина колку што можеби изгледа. Она што на почетокот изгледа како студена рамнодушност наскоро прераснува во страст што ни тој, ни таа не можат да ја контролираат и што може да ги уништи. „Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна приказна со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“

    Буклист

    430,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Менталист

    Менталист

    0

    НОВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРИЛЕР ФЕНОМЕН

    Во забавен парк на периферијата на Стокхолм се појавува тело на брутално убиена жена во кутија избодена со мечеви. Додека полицијата е збунета, новинарите го нарекуваат убиецот Худини. Дали се работи за магионичарски трик што тргнал наопаку или за шокантно садистичко убиство? Злосторство какво што детективката Мина Дабири не видела досега. И тоа е само почеток…

    Како што се продлабочува мистеријата за бруталното убиство, Мина бара помош од познатиот менталист Винсент Волдер. Само тој може да ѝ го претстави тајниот свет на илузиите. Наскоро откриваат дека жртвата го има изгравирано римскиот број III на ногата. Одбројување? Да, ќе има уште убиства. А и Винсент и Мина имаат мрачни тајни, така што станува очигледно дека и нивното минато е поврзано со она што се случува. Времето тече, а темпото станува сè побрзо.

    Камила Лекберг и Хенрик Фексеус ги здружија силите во неверојатниот енигматичен трилер, претставувајќи една друга страна на овој жанр, полн со трикови, илузии и безмилосни убиства.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Татко ми, Босфор

    Татко ми, Босфор

    0

    На самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Oсманлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни.

    Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг.

    Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот.

    Што имаат заедничко девојките со исто име?

    И двете живеат за едно нешто. Да ѝ најдат смисла на смртта.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Вечно туѓа

    Вечно туѓа

    0

    Во еден мал град во Прованса, луѓето од памтивек раскажуваат за еден прастар погром и за едно скриено богатство. Стефан Хертманс ја заснова „Вечно туѓа“ на историски факти и го следи животот на една истакната христијанска благородничка што го напушта својот дотогашен живот поради љубовта кон едно еврејско момче.

    Во зората на крстоносните војни, 17-годишната Вигдис Аделаис, ќерка на полукултивиран Норман што живее во Руан, еден ден поминува покрај јешивата и го здогледува Давид Тодрос, син на главниот рабин од Нарбона. Иако нејзиниот татко го критикува поттикнувањето омраза кон Евреите, кога дознава за забранетата љубов, ја затвора Вигдис во манастир. По успешното бегство, Вигдис го зема името Хамутал и, иако се чини дека ќе најдат мир за себе и за своите деца во планините, Давид и Хамутал не се ни свесни за искушенијата и трагедиите што ги очекуваат.

    Брилијантна реконструкција на едно неверојатно патување од средновековна Европа до Египет и нераскажана приказна за заборавени документи и забранета љубов. Настаните, иако се случиле пред речиси илјада години, изгледаат неверојатно современи.

    Со извонредно насликаните ликови и атмосфера, како и со длабочината на своето историско разбирање, „Вечно туѓа“ е несомнено ремек-дело на авторот што веќе се прослави со „Војна и терпентин“.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Во понеделник ќе не сакаат

    Во понеделник ќе не сакаат

    0

    Во романот е раскажана судбината на една девојка од маварско потекло, ќерка на емигранти од Мароко, која поминува проблематични пубертетски години во строго контролирано и претежно муслиманско соседство во предградие близу Барселона за време на 1990-тите години.

    Постојаната присила да се покорува на закоравените религиозни правила и на машката доминација, типични за мало мароканско село од каде што доаѓа нејзиното семејство, се судираат со современото шпанско општество во кое живее Наима. Спротивставеноста на културите наспроти потребите и желбите на младата девојка се засилува по средбата и силното пријателство со уште една маварска девојка, која поседува смелост да живее на свој начин. Таа ја поттикнува Наима и самата да се впушти во потрага по сопствената индивидуална слобода.

    Нахат Ел Хачми ја води нарацијата непристрасно, прикажувајќи го лицемерието на „демократското“ општество во кое двете другарки ќе треба да се соочат со стереотипите создадени врз основа на полот, потеклото и социјалната класа и поради тоа да платат висока цена.

    „Во понеделник ќе нè сакаат“ во 2021 година ја добива наградата „Надал“, една од најпрестижните награди за книга напишана на шпански јазик.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Остави го светот зад тебе

    Остави го светот зад тебе

    0

    Аманда и Клеј стигнуваат во еден далечен дел на Лонг Ајленд на одмор: вистинско одморање од животот во Њујорк, минување квалитетно време со нивните син и ќерка тинејџери и вкусување на добриот живот во луксузниот дом што го изнајмиле за претстојната недела. Но, доцна во ноќта, тропање на вратата ја крши магијата. Рут и Џ. Х. се повозрасна црна двојка – куќата е нивна и тие пристигнуваат во паника. Ја носат веста дека градот го снашло ненадејно затемнување. Но, во оваа рурална област – со телевизорот и интернетот исклучени, како и без мобилните телефони – тешко е да се знае во што да се верува.

    Дали Аманда и Клеј треба да му веруваат на овој пар – и обратно? Што ли се случило во Њујорк? Дали викендичката каде што се наоѓаат, изолирана од цивилизацијата, е навистина безбедно место за нивните семејства? И дали се тие безбедни едни од други?

    Напнат и провокативен, овој роман на Румаан Алам е во силен дослух со сложеноста на темите како што се родителството, расата и класата. Остави го светот зад себе истражува како нашите најблиски врски се преобликуваат – и се создаваат нови и неочекувани – во моменти на криза.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Чиракот на архитектот

    Чиракот на архитектот

    0

    Заедно со необичниот дар за султанот во отоманската престолнина пристигнува и малиот Џахан кој го има само Чота мудар и редок бел слон. Како скротувач во царската менажерија тој се спријателува со султановата ќерка Михрима и се вљубува во неа. По игра на судбината момчето го запознава главниот царски архитект Синан кој го зема под своја закрила и заедно со слонот ги создаваат највеличествените градби во историјата. Но додека ги градат овие ремек-дела меѓу четворицата чираци на мајсторот се јавува завист а под површината се насетуваат опасни струи…

    Бајковит историски роман за уметничката слобода и креативност, за судирот меѓу науката и традицијата. Облеан со боите на Османлиското царство, кога Истанбул е плоден центар на една цивилизација, Чиракот на архитектот е магична приказна во која љубовта и верноста се во постојан судир со желбата за моќ.

    „Величествена слика на Истанбул во екот на подемот и моќта, град преполн со магија и интриги.“ Дејли тајмс

    „Мајсторски исткаен и раскошен роман, со шекспировски заплети и мистерии, судбини во кои се исполнуваат пророштвата.“Индипендент

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Се поради еден допир

    Се поради еден допир

    0

    Во Лондон сите се согласуваат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познаваш“. Лордот Џек Бајрон е соочен со „проб­лем“ што е скандалозен дури и за него самиот. Треба да се ожени со дваесет и петгодишна „стара мома“ од средниот слој бидејќи нејзиниот татко, богат трговец, го има во раце поради коцкарски долг.
    Прекрасниот маж и непоправлив женкар, лордот Џек Бајрон, мора да го исполни неговото барање и да се венча со Грејс, ама притоа треба да ја убеди дека тоа го прави од љубов. За влез на неговата ќерка во светот на лондонските аристократи таткото е подготвен да даде голем мираз и ветува простување на коцкарскиот долг…
    За среќа, Грејс не е ни грда, ни беспомошна госпоѓица. Кога првпат ќе се сретнат во една лондонска книжарница, Џек е запрепастен од нејзината сензуалност и затоа решава да ја одведе и во кревет и на венчавка. Постојано ја заведува со своите допири, љубовни предигри и секс, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце.
    Трејси Ен Вoрен е современа американска писателка на историски љубовни романи. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД.

    „Дарбата на Трејси Ен Вoрен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“
    – Romantic Times Book Reviews
    „Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“
    − Џеклин Ц., Eclectic Book

    430,00 ден
    Прочитај повеќе