-
Sale!
Те знам
0450,00 денВо овој напнат трилер од авторката на бестселерот „Што направи?“, една жена наоѓа мртво тело. Дали ќе ја направи истата грешка како минатиот пат?
Кога Рејчел ќе наиде на тело во шумата, знае што треба да направи: да трча. Да избега. Да не биде пронајдена на местото на злосторството. Минатиот пат, таа не знаеше, и заврши обвинета за убиство. Но, кога оваа жртва е идентификувана како отуѓената сопруга на нејзиното момче, Рејчел сфаќа дека веќе е главната осомничена.
Со сè повеќе докази против неа, единствената надеж на Рејчел е добро да ја прикрие вистината за себе. Затоа што, дваесет години претходно, таа беше некоја друга – Кејси, млада дадијарка со амбиција да стане актерка во Лос Анџелес. Кога семејството за кое работеше се брутално убиени, сите докази упатуваа на неа и таа заврши во затвор. За влакно избегна смртна казна и успеа со жалба да излезе од затвор. Сега се бори да го спаси животот што со години внимателно го градеше.
Но, како што нејзиното однесување е сè посомнително, а полицијата сè поблиску, таа се прашува: дали наоѓањето тело во шумата е ужасна коинциденција или, пак, некој ја мести за убиство? Некој што знае која е и сака одмазда…
-
Sale!
На лов
0460,00 ден„На лов“ е дебитантски криминалистички роман на авторката на интернационалниот бестселер „Списокот со гости“ – Луси Фоли. Инспирацијата за оваа книга е едно зафрлено место во Шкотска, кое ја разгорува нејзината фантазија.
Атмосферата на дочекот на Новата година се загрева. Девет добри пријатели ја поминуваат вечерта разменувајќи приказни и сеќавајќи се на заборавените спомени. А сепак, дружината е потајно свесна дека веќе не ги поврзува ништо освен заедничкото минато, длабоките стари рани и тајни, доволно непријатни што со леснотија би можеле да го разорат нивното пријателство.
Кога часовникот отчукува полноќ, а поседот ја фаќа силна снежна бура, во снегот осамнува изобличено тело. Дружината е заробена на поседот, а сè упатува на убиство.
Никој не може да дојде. Но, никој не може ни да замине. Дури ни убиецот.
-
Sale!
Сонцето под земја, кралството над него
0450,00 денДлабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.
Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.
Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.
Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.ф
-
Sale!
Кога веруваме во сирени
0500,00 денСрцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот
Пред многу години, Џоузи е убиена во терористички напад во воз во Франција. Барем така мисли сестра ѝ Кит, докторка во Санта Круз, која со години се обидува да се помири со трагичната судбина на Џоузи. Но сета насобрана тага прераснува во збунетост и гнев во мигот кога ја здогледува на телевизија. Гледајќи вести од некој ноќен клуб во Нов Зеланд во кој се случил пожар, таа згогледува една жена која излегува од чадот и рушевините. Сличноста е неверојатна и непогрешлива.
Тајните што долго време биле закопани испливуваат на брегот, каде што ги чека нова бура. Можно ли е да е жива? Ако е така, зошто не се јавила? Зошто посакала да води друг живот додека сите ја сметаат за мртва?
Во потрага по одговори, Кит заминува за Нов Зеланд. Повторната средба на сестрите значи откривање на долго чуваните тајни и соочување со вистината што ги држела одвоени. „Кога верував во сирени“ е роман кој нè потсетува дека некои врски, особено семејните, колку и да се болни и тешки, сепак се нераскинливи.
„Емотивна приказна за поврзаноста на две сестри и неможноста да се соочат со болната вистина.“
Тудеј
-
Sale!
Диво месо
0200,00 денДиво месо е ненадминато ремек-дело на нашата драмска книжевност која и по 44 години од создавањето не губи од својата актуелност. Зашто ние и денес говориме за глобалното, капиларно и невидливо продирање на корпоративниот и либерален капитализам, за бришење на малите култури, за уништување на традиционалните семејни вредности и на семејствата воопшто.
Стилски и занаетчиски совршена, пиесата се одликува со кратки реплики, остри како брич, кои се помнат и зариваат во свеста и потсвеста. „Ќе има војна“, вели Димитрија на почетокот. Марија одговара исто така лаконски: „Доста беше и ваков мир“. Во две кратки реченици е даден цел есеј за лажните вредности. Лажен мир е полош од вистинска војна, гласи поентата на тој есеј, која читателот/гледачот на претставата треба сам да си ја изведе во свеста.
Сè на сè, оваа пиеса е врвот на нашиот драмски пантеон, а нејзиниот автор Горан Стефановски (1952 – 2018) е еден од неговите темелници и столб на македонскиот современ театар. Кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена – тој како да не живеел за книжевноста и театарот.
-
Sale!
Остров на тишината
0400,00 денПредизвик за љубителите на авантуристични приказни – неизвесност зачинета со летна романса.
Четворица туристи од Франција и од Англија учествуваат во предизвик што го прочитале преку социјалните медиуми. Не ги слушаат предупредувањата на старицата од пансионот чиј покоен сопруг бил еден од стражарите на „забранетиот град“ во времето кога се случило нешто за кое се молчи. „Градот не смее да се вознемирува“, ги советува таа. Некој од туристите смета дека се работи само за суеверие, друг прифаќа да оди надгласан од групата, трет живее за авантура, иако не се познаваат добро меѓу себе.
Островот Сазан во близина на Валона е популарна туристичка дестинација, опкружен со тиркизни води и уникатна плажа и познат по сочуваниот напуштен град, целосно забранет за пристап до 2015 година, а сега достапен единствено за организирани краткотрајни посети.
Напуштениот град можеби и не е напуштен… која е тајната на „Островот на тишината“?
-
Sale!
Клара и сонцето
0500,00 денСонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.
Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце.
Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сѐ повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми.
Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите. „Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака?
„Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“
Вашингтон пост
„Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара… Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“
Паблишерс викли
-
Sale!
Станот во Париз
0490,00 денЕден станар исчезнува. Клучот е кај друг станар… Добре дојдовте во Ру Дез Амон, бр. 12. Преубав станбен блок, длабоко во споредните улици на Монмартр. Место со извиени скали, заклучени соби, будни очи од секој прозорец. Место на кое никој не пропушта ништо и секој нешто крие. Место на убиство. Внимателна настојничка Презрена љубовница Љубопитен новинар Наивна студентка Добар тип Несакана гостинка Загатката е заклучена зад вратата од станот број 3. Кој го има клучот на решението?
-
Sale!
Балерини
0350,00 денРоман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност.
Базирана врз лично искуство, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-тите години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот… Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина.
Раскрвавени стапала, вкалапување на телото во точно пропишани размери, губење на индивидуалноста, честопати и изневерување на идеалите, куси и недоволно успешни кариери, многу разочарувања, па и самоубиства… Приказната е раскажана непретенциозно, со иронија и горка смеа, со еден воздржан, но продорен револт: дали навистина мора да биде така?
Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.
-
Sale!
Возбудливи времиња
0450,00 денКамо да знаев како е да се биде слободен.
Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.
Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.
Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?
-
Sale!
Америка-Кафка
0400,00 денПрвиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите. Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.
Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.
„Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.
-
Sale!
Список за читање
0490,00 денНезаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.
-
Sale!
Ноќи на чума
0890,00 ден„Ноќи на чума“ е долгоочекуваниот роман на Орхан Памук, пишуван пет години (2016-2021). Во него се вешто проткаени историјата и фикцијата, при што на читателот од една страна му се оневозможува да ја најде границата што е вистина, што – не; но од друга страна му носи чудесна возбуда за недобројните лица на многуте можни вистини, во минатото, во сегашноста и во иднината. Во пролетта 1901 година избива епидемија на чума на островот Мингерија, 29. провинција на Османлиското Царство и султанот Абдулхамид ги прака првин главниот здравствен инспектор Бонковски-паша, а потоа и младиот и успешен доктор Нури, за да ја запрат чумата. Вака почнува романот и продолжува со многу писма, љубови, интриги, страдања,.. со многу политика натопена во иронија и пародија. Раскошен, повеќеслоен роман со минуциозно претставување на историјата на еден незнаен остров…
-
Sale!
Замок-Кафка
0500,00 ден„Замок“ е класика без која не може да се замисли книжевноста на XX век!
Приказната е навидум едноставна – К. на секаков начин се обидува до дојде до одговорните во замокот што управува со селото во кое е дојден да работи како геометар. Но никако не може да стигне дотаму – наместо тоа, наидува на луѓето од селото и ги доживува опскурноста и налудничавоста на нивниот туѓ свет. Сета содржина на ова книжевно ремек-дело може накратко да биде означена како залудни обиди на К. да го најде патот до замокот. Но едноставноста е само привидна. Уметничкиот космос на Кафка, кој се надоврзува на делата на Хофман, Гогољ, Достоевски, Е. А. По, е полн со параболи, сомнибулни ситуации и симболичка многузначност. Тој го маѓепсува читателот и го води во познати, но непрепознатливи предели, скриени во длабочините на нашето скриено „јас“. Со секое ново читање се исцртува нов пат низ лавиринтите на овој космос.
„Замок“ е роман за отуѓувањето, бирократијата и за бесцелните обиди на човекот да се бори против системот и уште едно од брилијантите дела на Кафка.
Оваа книга е прв интегрален превод на македонски јазик што ги содржи оригиналните поговори на Макс Брод и сите отфрлени фрагменти.
-
Sale!
Војна и љубов
0520,00 ден1917 година, Првата светска војна е во својот зенит кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.
Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.
Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање: Зошто Љубовта и Војната секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучок што ќе го задоволи нејзиниот љубоморен сопруг, открива повеќеслојна приказна за предрасуди, трауми и музика и открива дека ниту Војната не може да ù застане на патот на вистинската Љубов.
-
Sale!
Совпаѓање
0490,00 денВајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата. Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди… „Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.