-
Балерини
0350,00 денРоман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност.
Базирана врз лично искуство, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-тите години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот… Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина.
Раскрвавени стапала, вкалапување на телото во точно пропишани размери, губење на индивидуалноста, честопати и изневерување на идеалите, куси и недоволно успешни кариери, многу разочарувања, па и самоубиства… Приказната е раскажана непретенциозно, со иронија и горка смеа, со еден воздржан, но продорен револт: дали навистина мора да биде така?
Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.
-
Возбудливи времиња
0450,00 денКамо да знаев како е да се биде слободен.
Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.
Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.
Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?
-
Список за читање
0490,00 денНезаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.
-
Ноќи на чума
0890,00 ден„Ноќи на чума“ е долгоочекуваниот роман на Орхан Памук, пишуван пет години (2016-2021). Во него се вешто проткаени историјата и фикцијата, при што на читателот од една страна му се оневозможува да ја најде границата што е вистина, што – не; но од друга страна му носи чудесна возбуда за недобројните лица на многуте можни вистини, во минатото, во сегашноста и во иднината. Во пролетта 1901 година избива епидемија на чума на островот Мингерија, 29. провинција на Османлиското Царство и султанот Абдулхамид ги прака првин главниот здравствен инспектор Бонковски-паша, а потоа и младиот и успешен доктор Нури, за да ја запрат чумата. Вака почнува романот и продолжува со многу писма, љубови, интриги, страдања,.. со многу политика натопена во иронија и пародија. Раскошен, повеќеслоен роман со минуциозно претставување на историјата на еден незнаен остров…
-
Војна и љубов
0520,00 ден1917 година, Првата светска војна е во својот зенит кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.
Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.
Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање: Зошто Љубовта и Војната секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучок што ќе го задоволи нејзиниот љубоморен сопруг, открива повеќеслојна приказна за предрасуди, трауми и музика и открива дека ниту Војната не може да ù застане на патот на вистинската Љубов.
-
Ќерката на трговецот со свила
0500,00 денНезаборавна приказна за една жена растргната помеѓу два света…
Француска Индокина, 1952 година. Кога Никол, полу-Французинка, полу-Виетнамка, ќе наполни осумнаесет години, нејзината мајка умира и татко ѝ ѝ препушта да се грижи за одамна затворената продавница за свила во Ханој. Но нејзината сестра Силви е таа што ќе го преземе управувањето со големиот семеен бизнис. Погодена од оваа неправда, почнува да ги чувствува и неправдите на колонијалната власт кон Виетнамците.
Додека бунтовниците со сите расположливи средства се обидуваат да стават крај на владеењето на Французите, Никол е на крстопат помеѓу Тран, озлогласен виетнамски бунтовник што ѝ нуди совршено бегство од неволите, и Марк, шармантниот американски трговец и маж за каков што отсекогаш сонувала. Исправена пред големите одлуки, животот ќе ѝ тргне во неочекуван правец…
Магична повест за мрачните тајни, сестринското ривалство и страсната љубов, сместена во колонијалната ера на Далечниот Исток.
Од бестселер-авторката на МИРИСОТ НА ЛИСТОВИТЕ ЧАЈ
-
Кери Сото се врати
0490,00 денКери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.
-
Бризбејн
0400,00 денЕвгениј Водолазкин во својот нов роман ја продолжува приказната за јунаците (исто како и во „Лавр“ или во „Авијатичарот“) чија судбина – како во античките трагедии – наеднаш и веднаш се менува.
Глеб Јановски е музичар, виртуоз што на врвот од својата слава ја губи можноста да настапува поради болест и се обидува да најде нова смисла на својот живот, нова потпорна точка. Во тоа му помага минатото: се обидува да ги собере заедно сеќавањата од детството во Киев, од младоста во Ленинград, од сегашноста во Минхен. Само Бризбејн го нема меѓу тие животни патешествија. Дали воопшто постои таков град? Или тоа е само илузија, мечта, утописки идеал?
Романот е прогласен за Книга на годината во Русија за 2019 година.
-
Белегот на сите нешта
0650,00 денВеличествен, опсежен роман за желбата, амбицијата и жедта за знаење.
Вметнувајќи го својот уникатен глас во волшебна приказна за љубов, авантури и откритија, Елизабет Гилберт го опфаќа периодот од XVIII и XIX век. Романот ја следи судбината на необичното семејство Витакер, на чело со бизнисменот Хенри, Англичанец од сиромашно потекло, кој стекнува огромно богатство во Јужна Америка благодарение на трговијата со кинин и на крајот станува најбогатиот човек во Филаделфија. Неговата ќерка Алма, родена во 1800 година, покрај парите, ја наследува и татковата интелигенција, па станува надарена ботаничарка. Како што истражувањата ја водат кон длабоките мистерии на еволуцијата, таа се вљубува во Амброуз Пајк, човек што слика неповторливи орхидеи и ја одвлекува во свет поразличен од нејзиниот – свет на духовното, божественото и магичното. Алма е трезвен научник, Амброуз уметник на утопија – но тоа што го обединува овој необичен пар е очајната желба да сфатат како функционира светот.
Извонредно истражен и раскажан со галопирачко темпо, романот нè води низ целиот свет – од Лондон до Перу, Филаделфија, Тахити, Амстердам… Напишана со смел, предизвикувачки дух на тоа време, мудрата, промислена и волшебна приказна на Гилберт со сигурност ќе ги освои срцата и умовите на читателите.
-
Телефонската говорница на крајот од светот
0350,00 денКнигата е инспирирана од вистинска телефонска говорница што се наоѓа во североисточниот дел на Јапонија.
Авторката пишува приказна за жена што ги изгубила своите мајка и ќерка во цунамито во 2011 година и е принудена да патува низ тагата, но и низ животот пред себе. Јуи првпат ќе чуе за „телефонот на ветерот“ додека води разговор на својата радиоемисија. Јавувач, кој исто така изгубил близок во цунамито во 2011 година, раскажува за говорницата преку која гласот му го предаваш на ветерот и тој го пренесува отаде овој свет.
Моќен и трогателен, внимателно напишан и предизвикувачки роман. Месина пишува јасно и воздржано, со способност да открие многу во само неколку реда.
Во книгата владее мир и тишина, и тоа на секое движење му дава уште поголемо значење. Зборовите имаат тежина и се чини дека нема реченица што е вишок. Приказната на Јуи трогнува, возбудува и го грее срцето – сè во иста мера.
„Телефонската говорница на крајот од светот“ е преведен во повеќе од дваесет држави и секаде се сместува на врвот на топ-листите. Во тек се преговори за продажба на филмските права.
-
Круг
0400,00 денПоследниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијализам.
„Круг“ почнува со тоа што главниот јунак Владимир ја спознава вистината за Младен, постариот брат кој загинал во 1944 година. Младен е прогласен за херој на Револуцијата, но со тоа во смрт ги повлекол и таткото и мајката. Но само Младен е интересен за заедницата. Владимир, иако е брат на херој и единствен преживеан член во семејството, не е повикан на свечноста за отворање спомен-музеј во нивната родна куќа. Лут поради овој потег на партиските другари, ја напушта работната акција. Од тој момент во него почнува да се раѓа сомнеж во Партијата и во Револуцијата, а пред читателот се простира цела галерија ликови преку кои се изразуваат политичките, социјалните и културните контрасти на времето.
Во општествениот план на романот е пролетерското општество и бунтот на идеалната совест на Владимир против владејачката хиерархија, идеолошкиот опортунизам и против предавството на поранешните револуционери.
Во сето ова е испреплетена и љубовна приказна преку која Селимовиќ уште еднаш го покажува своето врвно мајсторство за прикажувањето на внатрешната состојба на ликовите и меѓучовечките односи.
Иако формално недовршен, по својата структура и поетичка компактност, „Круг“ функционира како заокружена прозна целина.
-
Островот на исчезнатите дрвја
0500,00 денЛегендите постојат за да ни го раскажат она што историјата го заборавила.
Во 1974 г., на островот Кипар, Гркот Костас и Турчинката Дефне кришум се среќаваат во меаната Среќна смоква среде која се извишува едно дрво – сведок на војната што се разгорува на островот и на неговата поделба, кога младите се принудени да се разделат.
По дваесетина години Костас се враќа во Никозија како успешен ботаничар и ја наоѓа својата изгубена љубов. Заминуваат за Лондон, со едно гранче од старата смоква… По 16 години, соочена со загубата на мајка си, нивната ќерка очајно трага по одговори. А единствената врска што ја има со земјата на своите предци е смоквата во дворот и една неочекувана гостинка за новогодишните празници. Со своите вкусни кипарски рецепти, бучен карактер и топлина, таа го извлекува семејството од зачмаеноста и ги расветлува годините на тајни, разделби и тишини.
Раскошна, магична приказна за припадноста и идентитетот, љубовта и траумата, сеќавањето и заборавот, уништувањето на човештвото и природата, и најпосле, за обновата и зацелувањето.
„Прекрасен и трогателен роман за мрачните тајни на граѓанските војни и злата на екстремизмот: Кипар, љубовници од различни вери, оштетени деца, откоренување – и замислете, еден од ликовите во книгата е смоква!“
Маргарет Атвуд, Твитер
-
Интимен живот
0400,00 денПред нас се открива животот на Марија Кристина, прекрасната четириесетгодишна поранешна манекенка и сопруга на актуелниот премиер на Италија.
Според медиумите и социјалните мрежи, таа е најубавата жена на светот, иако животот не ѝ бил секогаш лесен и претерано наклонет. На почетокот како читатели ја мразите оваа жена, затоа што е привилегирана, убава и богата, но како што се одмотува приказната, сфаќате дека почнувате да ја сожалувате. И дека веќе сте ја засакале. Марија Кристина е жртва на консументското општество, гладно за афери и за скандали, кое е спремно да ја проголта, но таа наоѓа сила и храброст да му се спротивстави и да не подлегне на подлите закони на медиумската тортура. Нејзиниот „интимен живот“ е драматичен, збунувачки и застрашувачки, но разоткриен во сета негова веродостојност и убедлива автентичност. Аманити повторно се претставува како мајстор на општествената сатира, и тоа на онаа најактуелната, поврзана со феномените на инстант културата, социјалните мрежи, стереотипите и нивните разобличувања.
-
Не одам никаде
0350,00 денКратки, презицни и напнати, овие раскази се експлозија од емоции. Шокираат, растажуваат и вознемируваат, но знаат и да насмеат.
Географскиот и внатрешниот егзил е главниот поттик за конфликтите на овие ликови, заедно со сите наметнати очекувања што ги отежнуваат меѓучовечките односи. Обременети од притисоците на западниот свет, од потценувањето на нашата македонска и балканска реалност, тие не можат да избегаат од своите комплекси, каде и да одат.
Сложените проблеми не можат да имаат едноставни расплети, но можат да кријат зачеток за нивно разрешување. „Не одам никаде“ е совршена книга за да ги помести читателите од нивната умствена вкочанетост.
„Бужаровска е искучително талентирана, модерна и учена раскажувачка, која пораснала со влијанието на американските раскази. Има невообичаено читлив и заводлив стил, дури и кога обработува мрачни теми. Човек лесно би си помислил дека е наследничка на Ани Ерно, решена да стане некој и нешто, иако веќе е она што посакува да биде.“
Дубравка Угрешиќ
-
Проектот Автентичност
0500,00 денШто би се случило кога сите би ја кажувале вистината?
Приказна за една обична бледозелена тетратка која ги менува животите на неколку ликови откривајќи им вредни животни лекции.
Џулијан Џесоп е осамен ексцентричен уметник кој верува дека луѓето никогаш не се целосно искрени. Прашувајќи се што би се случило кога сите би ја говореле вистината, својата ја запишува во обична бледозелена тетратка што ја остава во еден мал ресторан. Кога ќе ја најде, Моника решава да му помогне на Џулијан да ја преброди осаменоста и организира курс по сликање. А потоа ја раскажува својата животна приказна и ја остава тетратката во блискиот вински бар.
Моника и Џулијан не можат ни да претпостават колку нивната искреност влијае врз сите кои ќе ја пронајдат тетратката и на кој начин таа ќе им го промени животот. Еден по еден, тие ја споделуваат сопствената приказна – чин што носи слободување, им ги открива скриените потенцијали и безбројните можности што ги нуди животот.
„Топла книжевна прегратка, книга која несомнено ќе ве расположи.“
Вашингтон пост
„Топла и нежна приказна за придобивките од храброста да се покаже своето вистинско лице со сите несовршености.“
Пипл
-
Мојот маж
0350,00 денЕдинаесет жени отворено и без никакви задршки зборуваат за своите сопрузи. Секојдневните ситуации докажуваат колку може да биде тежок животот во заедница. А ставовите за брачниот живот кажуваат многу и за нас како личности.
Тешки партнери и уште потешки карактери. Румена Бужаровска ги посочува/оцртува/назначува социјалните и интимните граници што ги имаме со сопружниците. А кога ќе се крене тепихот под кој е насобрано сè што било премолчувано со години, од нас избликнува и долгопотиснувата горчина.
Иронична и трагикомична, брачната баналност во својата срцевина го содржи она што се нарекува живот, а што некои од нас дури и навистина го живеат.
„Бужаровска никогаш не е цинична, зашто секогаш меѓу редовите ја открива битката што сите сме принудени да ја водиме со себеси.“
„Фалтер“