• Алјаска

    Алјаска

    0

    Моќна приказна за двајца необични пријатели кои ги спојува љубовта кон едно куче.

    Свен е решен: на првиот училиштен ден ќе направи нешто големо, нешто незаборавно. Фора што ќe ги спречи соучениците да го гледаат само како „кутрото момче со епилепсија“.

    Паркер, пак, сака да остане незабележлива. По најлошото лето во нејзиниот живот, не верува никому. Но по завршувањето на првиот училиштен ден, открива нешто неверојатно: новото куче помошник на Свен е Алјаска – кучето што порано беше нејзино. Кога го здогледува во негово друштво, ѝ се враќаат сите убави спомени од времето што го поминале заедно. Очајно сакајќи повторно да биде со Алјаска, една ноќ Паркер се маскира и се прикрадува во собата на Свен… Во превезот на мракот, децата си ги споделуваат тајните и стануваат пријатели. Но прекуден тие се туѓинци – и двајцата ја кријат својата болка, копнеејќи по друштво и разбирање.

    „Алјаска“ е трогателен роман за болката, храброста и исцелувачката моќ на пријателството. Приказна што ги разоткрива предизвиците со кои се соочуваат младите при созревањето, товарот што секој од нив го носи во душата и пријателството што може да расцвета и во најнеочекувани околности.

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • Испреплетени лози

    Испреплетени лози

    0

    Фиона отсекогаш знаела да чува тајни – дури и од таткото што ја одгледал. Таа е единствената што знае за аферата на мајка ѝ во Тоскана пред триесет години и планира така и да остане.

    Но еден ден добива неочекувана вест — нејзиниот биолошки татко починал и ѝ оставил наследство. Патувањето во срцето на Тоскана, каде што се соочува со бесните полубрат и полусестра решени да го оспорат тестаментот, се претвора во патување низ лавиринтот од тајните на родителите. Иако малку исплашена, Фиона ја прифаќа судбината и се обидува да ја открие вистината за тоа што се случило она судбоносно лето кое мајка ѝ го поминала во Италија – и за таткото што никогаш не го запознала.

    Низ страниците полни со аромите и романтиката на Тоскана, читателот ќе се нурне во една трогателна приказна за љубовта, жртвите, храброста и вистинското значење на семејството.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Земја на соништата

    Земја на соништата

    0

    Колби Милс верува дека е предодреден за блескава музичка кариера, но ужасна трагедија му ги руши надежите. Сега ја води семејната фарма во Северна Каролина и, како кус одмор од секојдневните обврски, прифаќа да свири во еден бар на плажата во Сент Пит во Флорида.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Проколната земја

    Проколната земја

    0

    Бет и нејзиниот мил, добродушен сопруг Френк имаат среќен брак, но главниот предуслов за нивната врска е минатото да остане закопано. Кога братот на Френк ќе го застрела кучето што им удавило неколку овци, никој не знае дека тој истрел засекогаш ќе им ги промени животите. Бидејќи кучето му припаѓа на Гејбриел Волф, човекот кого Бет го сакала како тинејџерка – човекот кој ѝ го има скршено срцето пред многу години. Гејбриел се враќа во селото со својот мал син, Лио – момче кое Бет премногу ја потсетува на нејзиниот сопствен син, кој има починато во трагична несреќа.

    Како што струите ја повлекуваат Бет назад во животот на Гејбриел, така растат и тензиите во селото, па почнуваат да испливуваат опасни тајни и љубомора, но овој пат со смртоносни последици. Бет е принудена да направи избор помеѓу жената што била некогаш и жената во која е претворена сега.

    Длабока љубовна приказна со пресврт на трилер – новела за горлива страст, невозможни избори и експлозивни последици која шета помеѓу минатото и сегашноста истражувајќи ја моќта на првата љубов.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кога жеравите летаат на југ

    Кога жеравите летаат на југ

    0

    „Жеравите летаат на југ“ на шведската писателка Лиса Ридзен е импресивен дебитантстки роман кој допира директно до срцето. Книга за која без двоумење може да се каже дека е невозможно да не ве трогне.
    Дома кај Бо ретко се менува тивкото секојдневие, освен кога доаѓа персоналот од службата за домашна нега. Но тој го има своето сакано куче Сикстен, па не е сосем сам. Во празнотијата што зад себе ја оставила неговата сопруга, која живее во дом за дементни лица во шведскиот град Остерсунд, кај Бо почнуваат да ријат и гребат размислувања и сомнежи. Времето е премногу кратко за да стигне да го реши тоа што на моменти се чини невозможно – односот со синот.
    Таткото и синот несигурно, но упорно се обидуваат да се сретнат на половина пат и да се доближат еден до друг. Но, во исто време, синот е убеден дека омилениот придружник на татко му, Сикстен, мора да се пресели, бидејќи осумдесет и деветгодишниот старец не може повеќе да се грижи за него. Заканата дека ќе го изгуби своето куче буди длабок вител од емоции што го тера Бо да се наврати на својот живот, на татковството и на својот начин на изразување и искажување љубов.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Салто

    Салто

    0

    Алвур има дванаесет години и живее за гимнастиката. Негова најголема желба е еден ден да настапи на Олимписките игри и да патува во Јужна Америка со својот најдобар пријател Рагнар. Но додека Рагнар е успешен во сè и изгледа како да има совршен живот, Алвур постојано се сомнева во себе и се плаши од мислењето на другите.

    Кога тимот добива покана да патува во Бразил, Алвур очајно посакува да биде избран – но токму тогаш на неговиот сакан помал брат Еики му дијагностицираат аутизам. Алвур одбива да поверува дека Еики е различен и чувствува дека никој не го разбира. Во потрага по одговори и сила, тој тајно ја контактира својата мистериозна тетка Харпа – поранешна олимписка шампионка во гимнастика, која по страшниот пад ги прекинала сите врски со семејството и светот.

    Ова е трогателна приказна за братската љубов, за борбата со сопствените стравови и за пронаоѓањето на храброста токму онаму каде што најмалку ја очекуваме.

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • Давеничката

    Давеничката

    0

    Ли Гуливер никогаш не помислила дека еден ден ќе живее на улица, но кога нејзиниот ресторан пропаѓа и таа запаѓа во огромни долгови, принудена е да го напушти својот стар живот и да исчезне заминувајќи само со колата и облеката. Во Сиетл преноќува на едно затскриено место покрај плажата, но изутрината здогледува расплакана жена како се фрла во океанот. Без размислување ја спасува жената, но наместо благодарност, добива бесен излив. Давеничката, Хејзел, ѝ кажува дека е заробена во насилен брак, дека е затвореник во сопствениот дом, а Ли ѝ ја одзела единствена шанса да избега од својот живот. Хејзел се враќа во својот позлатен кафез и Ли мисли дека повеќе нема да ја види. Сепак, следното утро Хејзел се враќа и тие се поврзуваат и остваруваат блиско и неверојатно пријателство.

    Но еден ден Хејзел доаѓа со страшно барање: сака Ли да ѝ помогне да исчезне. Ја уверува дека ќе биде лесно, но Ли наскоро дознава дека работите не се такви какви што изгледаат и дека Хејзел можеби не е таква пријателка каква што мислела дека е.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лето во Тоскана

    Лето во Тоскана

    0

    Полина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.

    Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.

    Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Возот со деца

    Возот со деца

    0

    Трогателна приказна за љубовта, семејството и надежта, базирана на вистинити настани од периодот по Втората светска војна во Италија. Романот ги следи животите на децата од југот на Италија, испраќани на север да живеат со семејства кои можат да им обезбедат подобра иднина во текот на тешките зими. Преку очите на главниот лик, Америго, Ардоне мајсторски ја отсликува детската наивност и траумите на разделбата.

    Италија останува во многу лоша состојба по војната, особено југот. Седумгодишниот Америго живее со својата мајка во Наполи, преживувајќи како и сите други сиромашни луѓе во нивното соседство. Но еден ден, дознава дека возот ќе ги однесе него и други деца на север, со други семејства каде што ќе бидат безбедни и ќе имаат топла облека и храна. Па така, Америго и илјадници други деца заминуваат кон подобар живот. Низ неговите невини, љубопитни очи гледаме како една нација се издига од пепелта на војната и како одново се раѓа.

    Позитивно изненаден од новата околина и можностите за подобра иднина, Америго сфаќа дека понекогаш мора да се откажеме од сѐ, дури и од мајчината љубов, за да си ја пронајдеме судбината.

    „Возот со деца“ е повеќе од историски роман — тоа е човечка сага за загуба, носталгија и надеж. Книжевно ремек-дело кое носи длабока историска и емотивна тежина.

    440,00 ден
    Додај во кошничка
  • Летна романса

    Летна романса

    0

    ДОБРИТЕ СТРАНИ НА СЕКОЈА ЛЕТНА РОМАНСА:
    секогаш е слатка, секогаш е кратка и никој никогаш не завршува со скршено срце.

    Нема доволно стаклени тегли на светот за да го соберат хаосот што ѝ се случува на Али Морис. Мајка ѝ почина пред две години, сопругот ја напушти, а таа не памети од кога нема облечено панталони со патент. Заработува = организирајќи ги туѓите домови, а нејзиниот е катастрофа.

    Дента кога одлучува да го извади венчалниот прстен и да ги смени старите тренирки (комбинезонот се смета за пристојна облека, така?), го запознава Итан. Поточно, нејзиното куче го избира одбележувајќи го, помочкувајќи му се на ногата. Тој прави таа да се чувствува помлада и похрабра – како поранешната Али, а не како изморената, збунета самохрана мајка на три деца. Сега најмалку посакува да ѝ се искомплицира животот, но една невина летна романса никогаш никому не наштетила, така?

    Забавен, лесен, а длабок роман, кој нè потсетува како да испливаме од животните неволји, да наоѓаме задоволство во малите работи и да направиме простор за љубовта.

    470,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нескршливото срце на Олива Денаро

    Нескршливото срце на Олива Денаро

    0

    Во 1960-тите години, во сончевата Сицилија, 15-годишната Олива Денаро сонува за слобода – безгрижно да трча по полињата, да учи нови зборови, да живее живот необременет од традицијата. Но во општество кое вредноста на жената јамери со нејзината послушност, желбите на Олива се сметаат за опасни.

    Кога вниманието на несаканиот додворувач се претвора во понуда за брак, Олива е соочена со ужасен избор: да се покори на очекувањата или да се заземе за своето право самата да си ја избере судбината. Нејзиниот пркос ќе ги предизвика вековните обичаи и ќе поттикне значајна промена. Инспирирана од вистинската приказна на Франка Виола, првата Италијанка што одбила „репарациски“ брак откако била силувана, „Олива Денаро” е трогателна приказна за храброста потребна да се отфрлат општествените пранги. Лирската проза на авторката ја оживува борбата на младата жена за самостојност во светот решен да ја замолчи.

    Зборувајќи за силата на жената и за моќта на отпорот, „Олива Денаро” е роман што нè потсетува на цената на слободата и на нејзината бесценетост.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Крстопати

    Крстопати

    0

    Го запознав Вест Хејвен кога имав осум години. Ме научи да играм покер кога имав девет и заедно правевме авиони од
    хартија кога имав единаесет. Ме бакна кога имав шеснаесет. Тој беше најдобриот дел од нашите семејни летни одмори во Монтана. Тој беше момчето кое ми го украде срцето. Имав дваесет и три кога животот грубо нѐ раздели.

    Години подоцна, го прекршувам заветот и се враќам на ранчот. Не како гостинка, туку како негова нова сопственичка. Вест можеби најмногу посакува да ме снема, но дури и тој мора да признае дека прифаќањето на мојата помош е единствениот преостанат начин да се спаси нивното семејно наследство.

    Не ни е лесно да работиме еден покрај друг соочувајќи се со тие стари спомени. Но оваа ситуација е само привремена. Двајцата сме на крстопати. И можеби, ако не си дозволам повторно да се вљубам во Вест Хејвен, ова е нашата шанса засекогаш да ги закопаме тие духови. Можеби овој пат конечно ќе можеме вистински да се збогуваме.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ја слушнавте ли лагата?

    Ја слушнавте ли лагата?

    0

    Луси и Савана се убави, паметни и обожавани девојки, кои живеат во својот роден град во Тексас. Луси е венчана за мажот од соништата и живее во новиот, раскошен дом, а Сави е дружељубивата, мила девојка што сите ја сакаат, а особено е популарна кај мажите, ако им се верува на гласиштата. Но кога Луси ја наоѓаат како лута по улиците облеана во крвта на својата најдобра другарка, сите мислат дека таа ја убила.

    Од таа кобна ноќ, на која Луси не се сеќава, се поминати години и таа сега живее во Лос Анџелес и се обидува да изгради нов живот. Но Бен Овенс, вообразениот и неверојатно привлечен водител на исклучително популарниот поткаст за решавање нерешени убиства, одлучува во втората сезона да го истражи убиството на Савана. Луси е принудена да се врати во родниот град, во местото во кое се има заколнато дека никогаш повеќе нема да се врати, за да се обиде да го открие убиецот на својата другарка – макар и тоа да е таа.

    Вистината е во етерот. Треба само да знаеш како да ја начуеш.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Киндерленд

    Киндерленд

    0

    Моќен роман за детството, напуштањето и издржливоста. Кога родителите заминуваат на печалба во странство, 12-годишната Кристина е принудена да се грижи за своите две помали братчиња. Оставена во малото молдавско село во кое живеат речиси само деца и старци, Кристина нема друг избор освен да го носи товарот на животот на возрасна жена – да готви, да чисти и да ги чува братчињата – и истовремено да се соочи со осамата, тагата и копнежот што ја обземаат поради прерано изгубеното детство.

    Низ нејзините очи, романот го истражува длабокото влијание на економската миграција врз семејствата, особено врз децата обременети со родителски обврски несоодветни за нивната кревка возраст. Во селото обележано од отсуството, напуштените деца, кои сепак се полни со надеж, се сеќаваат на нивните родители низ ритуали и обичаи, низ нивната бујна имагинација. Додека се борат со чувството на напуштеност, наоѓаат утеха во избледените спомени од семејниот живот. Авторката мајсторски ја балансира суровата реалност на преживувањето со нежните моменти од детството, сликајќи трогателен портрет на изгубеното детство на предвреме пораснатите деца.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исаак

    Исаак

    0

    Древни скапоцености. Писма со порака за смрт. И Исак, кој со своите тајни се наоѓа во средина, во окото на бурата.

    Оксфорд, 1884 година. Во една мирна пред-Велигденска ноќ во месец април, се појавуваат 141 коверт на исто толку куќни прагови, кои во себе содржат загатка со порака за смрт и рок од три дена, како и една нишка црвен конец. Оксфорд се крева на нозе; потрагата почнува. Што се бара? Кој треба да биде најден? И зошто треба сите да умрат? Разбирајќи ја итноста на пораката, младиот професор Вилијам Еванс и неговата сестра близначка Изобел почнуваат трка со времето. Им се придружуваат детективот Грин и вдовицата Камингс која со себе ја носи тајната за Аластер Ворен, единствениот преживеан од големата трагедија пред седум години.

    Охрид, 2025 година. Во една мирна пред-Велигденска ноќ во месец април, се појавува едно писмо на само еден куќен праг, кое ја содржи истата порака и нишка црвен конец како пред 141 година. Прагот на Исак Илиев. Зошто исто писмо? Што треба да биде најдено? И зошто повторно сите треба да умрат? Заедно со неговиот најдобар пријател Крсте и Британката Агата која мистериозно се појавува, почнуваат трка со времето и бегаат. Бегаат од ловци на глави, ловци на духови, ловци на богатства, ловци убијци. Од северот на Македонија до пазувите на Егејското море, пред нив се распослани загатки, мапи, писма, нови вистини и стари тајни. Сѐ во рок од три дена.

    Што се случува со загатките кои завршуваат со закана за смрт во Охрид и Оксфорд? Како се овие два града поврзани преку една голема лична трагедија и загуба која ќе го растрепери целиот свет? И зошто Исак станува Исаак?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Убавината на скршените нешта

    Убавината на скршените нешта

    0

    Итан се бори за нешто целиот свој живот – за успех, за докажување, за љубов. Роден со големи соништа и амбиции, а израснат со малку, се обидува да се пробие во свет кој никогаш не му дал ништо на тацна. Научен да очекува загуби. Научен секогаш да биде подготвен за падот.

    Тогаш ја запознава Ирис, девојката која му покажува дека ништо во животот не е невозможно. Таа прави тој да се чувствува семоќно. Со неа, повеќе не мора да се бори сам. Па кога таа сонува, тој сонува со неа. Кога таа посакува нешто, тој ќе помести и планини за да ѝ го даде. А кога таа копнее за семејство, тој се заколнува дека ништо – дури ни невозможното – нема да им застане на патот.

    Нивната љубов е неуништлива, неопислива, луда… Но што кога љубовта не е доволна?

    Навидум совршен пар, тие бијат битка во тишина: битка која им ги тестира силите, надежта, телата и љубовта. И кога конечно го добиваат чудото кое го чекаат, мислат дека е готово. Но грешат. Судбината е безмилосна и ја распарчува нивната љубовна приказна. Стануваат туѓинци во сопствените животи, а нивната љубов почнува да напукнува од грешката која никој не може да ја поправи. За првпат, тие се на спротивна страна на битката.

    Некои љубови преживуваат сѐ. Некои не. Но за некои вреди да се бориш… дури и кога се скршени. Можеби затоа што има некоја посебна убавина во љубењето со скршено срце.

    390,00 ден
    Додај во кошничка