-
Sale!
Игри и тестови
0550,00 денОваа книга нуди многу игри за развивање на логичкото размислување кај децата, кои ќе ја стават на проба моќта за забележување кај нив и тоа: геометриски слагалки, енигми, логички вежби, задачи за кои треба остроумност, забавна математика, магични квадрати, јазични игри, гатанки, задачи за размислување. Игрите се со различно ниво на сложеност и постои можност за проверка на решението. Играј да размислуваш.. и провери дали твојата логика функционира!
-
Sale!
Куќичка за кукли
0450,00 денОткриј ја оваа прекрасна хартиена куќичка за кукли, која чека да ја споиш и да ја пополниш со стилски мебел! Секоја соба има едноставни упатства за склопување-свиткување. Нема потреба од лепак или ножици: само извади ги деловите од хартиениот мебел, свиткај ги и може да ги користиш! Како што ја правиш куќичката за кукли, така ќе се запознаваш со авантурите на Клои додека се вселува во нејзиниот сопствен дом.
-
Sale!
Во овој балон нема место за еден слон
0200,00 денКога Сани и Стела најдоа балон, сите животни сакаа да влезат.
Но, дали во тој балон ќе има место и за еден голем слон?
Шарена приказна со многу животни и еден неочекуван крај.
-
Sale!
Сани и Стела и еден чорап со бела боја
0200,00 денКаде се изгуби чорапот со боја бела?
Што е мокро, а што е суво?
Помогнете им на Сани и Стела во нивниот двор да го пронајдат чорапот учејќи за боите, формите и спротивното значење на зборовите.
-
Sale!
За твојот роденден
0690,00 денОва е твоjа книга.
Напишана е за тебе
Во неа ќе наjдеш
многу приjатели,
сосем мали и многу големи,
волшебни, чудни, убави и смешни.
Тие ти донесоа дарови
и приказни за себе
и за својот свет.
За прекрасен свет,
ќе видиш.
-
Sale!
Книга на знаења
0590,00 денДругарчиња, со „Книга на знаења“ ќе се забавуваме и ќе научиме многу нови работи – Местоположба на нештата околу нас: Што е горе, а што долу? Што е лево, а што денсно? Што е блиску, а што далеку? Што е под, над, во и помеѓу… – Споредба на нештата: Што е помало, а што поголемо? Што е високо, а што ниско? Што е долго, а што кратко? – Ќе дознаеме и многу работи за светот околу нас, за човечкото тело, за годишните времиња, месеците во годината, за природата, растенијата и животните… Јееј!
-
Sale!
Биби, Боби и куќичката од чоколадо
0200,00 денВозбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате – вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.
-
Sale!
Боенката на Биби
0150,00 денКомбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.
-
Sale!
Исидора Мун запаѓа во неволја
0290,00 денИсидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.
Мајка ù е самовила, а татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.
Исидора сака да го однесе Розовото зајаче на училиште на денот „Донеси го своето милениче“, но нејзината постара братучетка Мирабела има многу подобар план – зошто да не однесе змеј?
Што би можело да тргне наопаку…?
-
Sale!
Исидора Мун оди на панаѓур
0290,00 денМајка ѝ е самовила, а татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете.
Исидора со нетрпение ја очекува нејзината прва посета на панаѓурот, но кога ќе пристигне таму, не е ни приближно толку волшебно како што очекуваше.
Можеби едно благо замавнување со волшебното стапче или, пак, капка волшебна напивка би можела да го направи панаѓурот навистина спектакуларен…
Што би можело да тргне наопаку…?
-
Sale!
Исидора Мун оди на екскурзија
0290,00 денМајка ѝ е самовила, а татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете.
Сите соученици на Исидора се малку исплашени кога ќе отидат на училишна екскурзија во еден морничар стар замок- што ако видат дух?
Останува Исидора да им докаже на своите другарчиња дека понекогаш нештата што се чинат страшни на прв поглед во суштина воопшто не се страшни!
-
Sale!
Исидора Мун слави роденден
0350,00 денМајка и е самовила, а татко и е вампир, а таа е по малку од двете.
Исидора обожава да оди на детски роденденски забави и сега ќе има и сопствена роденденска забава!
Но, кога роденденската забава ја организираат мајка и и татко и, забавата нема да биде како оние на кои била досега.
-
Sale!
Исидора Мун оди на училиште
0290,00 денМајка и е самовила, а татко и вампир, а таа е по малку од двете.Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче.
Кога доаѓа време Исидора да тргне на училиште, таа не е сигурна каде припаѓа –
во училиштето за самовили или во училиштето за вампири?
-
Sale!
Исидора Мун оди на балет
0290,00 денМајка и е самовила, а татко и е вампир, а таа е по малку од двете.
Исидора обожава балет, особено кога е облечена во нејзиното црно блескаво фустанче и едвај чека да оди на вистинска балетска претстава заедно со нејзините соученици.
Но, кога се крева завесата, каде е Розовото зајаче?
-
Sale!
Исидора Мун оди на кампување
0290,00 денМајка и е самовила, а татко и е вампир, а таа е по малку од двете.
Па, кога сите заедно ќе отидат на кампување на море, можат да се случат некои работи што не се баш вообичаени…
Од печење шеќерлеме на логорски оган до спријателување со
сирена – посебни нешта се случуваат кога е вклучена Исидора!
-
Sale!
Исидора Мун прави зимска магија
0490,00 денМајка и е самовила, татко и е вампир, а таа е по малку од двете.
Исидора обожава да си игра на снег, особено кога нејзините снежни фигури оживуваат!
Но, снежната магија не може да трае засекогаш.
Ќе успее ли Исидора да ги спаси своите нови другарчиња пред да се стопат?