Филтер по цена
Филтер по оцени
Жанр
Издавачка куќа
  • Sale! Лакомата мечка

    Лакомата мечка

    0

    „Аман штрку, помагај“, му рекла мечката на штркот. „Ми се заглави една коска во грлово, никако не можам да ја извадам. Лисицата ми рече ти си бил мајстор и си знаел како да вадиш коски. Те молам како знаеш помогни ми.“

    168,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Жабата и глушецот

    Жабата и глушецот

    0

    Радосен, потрчал глушецот да најде конец. Барал, барал, па нашол и се вратил брзо кај жабата. Го врзала таа за ногата, па тргнале да ја препливаат реката. Но, кутриот глушец, не знаел што му спрема жабата!

    168,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Момчето што се скри во златното јаболко

    Момчето што се скри во златното јаболко

    0

    Царот имаше ќерка, прекрасна, но многу разгалена! Посака царот да ја мажи ќерката и разгласи низ целото царство. Но, царскава ќерка, ем разгалена, ем итра, ем лоша, па му рече на татко си дека ќе се омажи само за оној што ќе успее да се скрие од неа, толку добро што таа не може никако да го најде. Оној што ќе успее да се скрие, ќе го земе за маж, а оној што нема – ќе му летне главата!

    168,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Сечи-лепи 1

    Сечи-лепи 1

    0

    Во овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.

    Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

    Забавувајте се и креирајте заедно!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Мојата прва книга со зборови

    Мојата прва книга со зборови

    0

    Оваа картонска книга е наменета за најмалите дечиња, за преку неа да ги научат првите поими и да се запознаат со светот околу нив.

    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Книга за џунглата

    Книга за џунглата

    0

    Збирката раскази „Книга за џунглата“ е издадена во 1894 година и веднаш доживува огромен успех и популарност кај децата и возрасните во Англија, Индија и остатокот од светот. Уште од првото издание при крајот на 19 век, книгата е преведена на многу јазици и адаптирана во најразлични цртани и играни филмови.

    Централните приказни се однесуваат на момчето Могли и неговите авантури во џунглата. Тој е посвоен од глутница волци, соработува со големиот питон Каа, се бори со мајмуните и страшниот куц тигар Шир-Кан и попатно го учи Законот на џунглата од своите ментори – стариот и мудар мечок Балу и итриот црн пантер Багира. Но, Могли не е единствениот лик во „Книга за џунглата“. Во многубројните раскази можеме да ги прочитаме и приказните на мунгосот Рики-тики-тави, белиот морски лав Котик, Тумај-слоноводачот и воената бригада сочинета од камили, мазги, биволи, коњи и слонови, кои ги раскажуваат сопствените воени приказни.

    „Книга за џунглата“ и денес го буди интересот како на децата, така и на возрасните читатели, затоа што е вистински пример за мајсторски остварено книжевно дело.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! АВАНТУРИТЕ НА ЛИСИЧКО И КАЛИНКА

    АВАНТУРИТЕ НА ЛИСИЧКО И КАЛИНКА

    0

    Необична сликовница испреплетена со музика и песнички. Следете ја авантурата на Лисичко и неговите пријатели и забавувајте се со целото семејство!

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Хари Потер и Каменот на мудроста

    Хари Потер и Каменот на мудроста

    0

    Лектира за 9 одделение.

    Вклучено:

    – Речник на помалку познати зборови.

    – Активности за работа на час.

    Лесно читливо!

    Препорачано од Здружението за дислексија Ајнштајн.

    Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв бр. 4 стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но, влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.

    „Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и конечно дочекавме да ни биде лектира.

    480,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Дневникот на едно смотано девојче 9

    Дневникот на едно смотано девојче 9

    1

    Новиот дневник на вашата омилена смотаница!!!

    Тотална катастрофа!!! Злобната девојка Мекензи го украде дневникот на Ники! Што ако им ги каже на сите најскришните тајни на Ники?! Но, читањето на дневникот на Ники не е единственото нешто за коешто се интересира Мекензи. Подгответе се за пресврт во Дневниците на едно смотано девојче, затоа што Мекензи го презема нејзиниот дневник и раскажува сe за својот гламурозно-популарен живот!

    Што мисли всушност пчелата матица за Ники и за нејзините смотани пријатели?

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Диносауруси : 100 + налепници

    Диносауруси : 100 + налепници

    0

    ОТКРИЈТЕ ГО ПРЕКРАСНИОТ ЖИВОТ НА ДИНОСАУРУСИТЕ! Многу факти и информации надополнети со над 100 стикери…

    128,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Војската на лавот

    Војската на лавот

    0
    168,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Полиција - звучна сликовница

    Полиција – звучна сликовница

    0

    Мали звучни сликовници за малите момчиња!

    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Пожарникари

    Пожарникари

    0

    Мали звучни сликовници за малите момчиња!

    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! ABC - from apple to zebra

    ABC – from apple to zebra

    0
    Почни да учиш англиски заедно со малечката Софија.Пишувај ги буквите од англиската азбука и научи ги лесно првите англиски зборови со помош на забавните цртежи.

    148,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Боенка: Весела азбука

    Боенка: Весела азбука

    0
    68,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Робинсон Крусо

    Робинсон Крусо

    0

    Морнарот Робинсон Крусо завршува на пуст остров како единствен преживеан

    по катастрофалниот бродолом. Оставен на милост и немилост на суровата природа и на самотијата, тој го пронаоѓа патот до културата и цивилизацијата.

    Учи занаети, гради куќа, обработува земјиште и припитомува животни, но сèуште е сам. Сето тоа се менува кога ќе го спаси Петко од човекојадците и заедно

    ќе го планираат враќањето дома…

    159,00 ден
    Прочитај повеќе