-
Sale!
Писател по вокација
0400,00 денДодека писателот го создава романот, и романот го создава него.
Дали добриот романсиер може да биде и добар есеист? Давајќи ни широк критички поглед кон дарбата и упорноста за пишување, кон издаваштвото и читањето, Мураками докажува дека може!
Оваа книга е длабоко искрен личен поглед кон занаетот на пишувањето на еден од најголемите писатели на нашето време. Читателите на мистериозниот романсиер ќе бидат восхитени од овој привилегиран пристап до работилницата во умот на Мураками, од кој се обликуваат неговите надреални светови.
Мураками го отелотворува прототипот на осамен и резервиран писател кому никогаш не му е пријатно да зборува за себе. Но сепак, одлучи да ја прекине својата тишина за да го сподели со читателите своето искуство како писaтел и читател. Навраќајќи се на Кафка, Достоевски и Хемингвеј, размислува за книжевноста и имагинацијата, за книжевните награди и за контроверзната улога на писателот во денешниот свет.
Полн со свежина, лични чувства и искуства, Мураками ја крева завесата зад која гори огнот што ги инспирира творците и ни нуди свои одговори за тоа што значи да се биде раскажувач, каква е улогата на романот во нашето општество, од која точка животот станува роман, а романот живот.
„Не ми пречи да бидам само Харуки Мураками. А штом не ми пречи, зошто се крева толку голема прашина?“
-
Sale!
Што се случи со Исидора
0390,00 денПо смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера, нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отварање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар.
-
Sale!
48 закони на моќта
0450,00 денТој што сака секогаш и во сите ситуации да биде добар, ќе пропадне меѓу другите што не се добри.
Провокативна и контроверзна, „48 закони на моќта“ отворено зборува за мрачните страни на човековото однесување и неговата желба за моќ, што ја прави актуелна особено во денешно време.
Некои нејзини закони нѐ учат за скромноста, други за таинственоста, а некои нѐ упатуваат на бескомпромисно извлекување лична полза. Независно од моралните забелешки до кои може да се дојде, тие закони се сосем реални и видливи во нашето секојдневие. Целта на оваа книга не е да се прикаже начинот на стекнување моќ туку, напротив, да се научиме да ги препознаваме туѓите обиди за завладување на нашиот живот.
Возбудлива и богата со вистински историски настани и ликови, првпат објавена во 1998 година, ова е книга за принципите и стратегиите што луѓето отсекогаш ги користеле за стекнување и одржување на власта во различни контексти, од политика и бизнис до личните односи. Водич со непроценливи увиди за меѓучовечките односи, за манипулацијата и општественото влијание, кои можат да се применат за лично и за професионално растење и напредување.
-
Sale!
Неточка Незванова
0350,00 денСо мајсторски стил и длабоко чувство за човековата душа, Достоевски го внесува читателот во најскришните мисли на девојчето кое неусетно се претвора во девојка.
Во форма на лична исповед, приказната ни ги открива премрежјата на Неточка Незванова. Од најмала возраст таа е принудена да ја запознае сиромаштијата, да ја поднесе смртта на мајка си и да биде напуштена од татко си. Нејзиното детство го минува во сенката на очувот Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј и кој на чуден начин ја привлекува. Но од овој пијаница не може да се очекува друго освен да ја искористи и да ја доведе до пропаст. Кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блескавото општество. Почетокот на единствениот незавршен роман на Достоевски е објавен пред да биде уапсен и депортиран во Сибир под сомнеж за револуционерни активности. По десет години минати таму, и по враќањето во Санкт Петербург, не продолжува со работата над овој важен текст во кој ги прикажува страдањето, осаменоста, лудилото и гревовите кои не одминуваат никого. Романот ги содржи темите кои доминираат и во подоцнежните дела на рускиот класик.Раскажувајќи ни ја приказната за една фамилија и настаните поврзани околу истата преку ликот на малата Неточка: преселбата од Санкт Петербург во Москва во куќата на Александра Михајловна, едно неочекувано убиство, необичното пријателство со кнегинката Катја, смртта на нејзиниот очув, како и откривањето на тајно писмо, Достоевски во својот недовршен роман Неточка Незванова ја акцентира темата на страдањето на децата, интересите и предизвиците при нивното соочување со општеството во кое живеат. Неточка Незванова раскажува за своето детство во сенката на очувот, Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј. Младата девојка на чуден начин ја привлекува овој пропаднат пијаница, кој ја искористува и го доведува семејството во крајна сиромаштија. Но кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, деликатната психа на злоставената Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блексавото општество. Со приказот на страдањето, самотијата, лудилото и гревовите што ги погодуваат и богатите и сиромашните, ги содржи темите кои доминираат и во неговите подоцнежни романи.
-
Sale!
Вечна куќа
0200,00 денПоаѓајќи од насловот на оваа стихозбирка, мое да се насети кој и што домува во Вечна куќа – оној и она што ги зграбила смртта во вечноста. Главната тема е физичкото напуштање на светот, но асоcијаcијата на тоа заминување е неповратноста, конечноста. Циклусите песни (Тоа таму, Секое нешто, Никој ништо…), што ја сочинуваат оваа стихозбирка, се чини како да сакаат да ја оџемат силата на смртта неизговарајќи го нејзиното име. Низ наративни, а лирични слики, песните во Вечна куќа зборуваат за разделбата со покојниот, за верувањето дека мое да се случи враќање од невратот, ако лелекот и оплакувањето се доволно истрајни до претерување. За осаменоста на оние што остануваат и за вечните прашања: кога и каде ќе се сретнат животот и смртта и дали ќе го сакавме животот, да не беше смртта?
-
Sale!
Не почна од тебе
0430,00 денДепресија. Анксиозност. Хронична болка. Фобии. Опсесивни мисли. Доказот е убедлив: можно е корените на тие проблеми да се во траумите на нашите родители, баби и дедовци, дури и кај прабабите и прадедовците. Најновите истражувања потврдуваат дека трауматичните искуства се пренесуваат на идните поколенија и дека тоа емоционално наследство, скриено во сѐ ̶ од експресијата на гените до секојдневниот јазик ̶ има многу поважна улога во нашето здравје отколку што досега се знаело. Врз основа на истражувањата на водечките стручњаци во областа на невронауките и посттрауматскиот стрес, Марк Волин осмисли пионерски пристап во идентификувањето и отстранувањето на тие наследени фамилијарни обрасци. Книгата „Не почна од тебе“ е пристапна, прагматичен и прескриптивен водич за методот што на илјадници луѓе им помогна да завладеат со сопствениот живот. Книгата Не почна од тебе е преполна со приказни што ќе ви го сменат животот, моќни увиди и практични орудија за индивидуално исцелување, таа заслужува место на вашата полица за книги. – Марк Матоусек, автор на делото „Ethical Wisdom“ Многу важна книга… Марк Волин е мудар и доверлив водич на патувањето кон исцелувањето. – Д-р Тара Брак, авторка на делото „Радикално прифаќање и вистинско засолниште“ Смело, креативно и сочувствено дело. – Шерон Салцберг, авторка на бестселерот на „Њујорк тајмс“ „ВИСТИНСКА СРЕЌА“
-
Sale!
Што не те прави будист
0400,00 денВе фасцинира да станете будист или веќе се сметате за тоа?
Ѕонгсар Џамјанг Кјенце, учител кој доаѓа од традицијата на тибетскиот будизам и еден од најкреативните и најиновативните лами што на денешнината отворено го предизвикува будистичкиот свет, притоа опфаќајќи често сретнувани погрешни сфаќања, стереотипи и фантазии. Со проникливост и иронија, Кјенце ги принудува читателите да појдат отаде површните замки и стапици на будизмот – отаде романсата која подразбира бројаници, мирисливи стапчиња или егзотични одежди – и да се устремат токму кон средиштето на она на што подучувал Буда.
Ѕонгсар Џамјанг Кјенце е лама од традицијата на тибетскиот будизам кој патува и подучува низ целиот свет. Предводник е на прочуениот манастир Ѕонгсар, на колеџот „Ѕонгсар“ и на „Siddhartha’s Intent“, и е духовен патрон на центри за медитација во Ванкувер, Сан Франциско, Сиднеј, Хонг Конг и Тајпеј. Покрај тоа, тој е сценарист и режисер на наградуваните филмови „The Cup“ и „Travellers and Magicians“.
„Конечно пред нас е еден нов и свеж глас на тибетскиот будизам. Во оваа кратка книга се содржани многу нешта за размислување, како за проучувачите на будизмот, така и за сите оние кои се заинтересирани за постојаното приспособување на традиционалната источна мудрост во постмодерните услови и околности наметнати од западниот свет.“ – Паблишерс викли
-
Sale!
Поставете граници, пронајдете мир
0430,00 денСите знаеме дека треба да имаме здрави граници за да ги усогласиме работата и приватниот живот, да излеземе на крај со токсичните луѓе и да уживаме во квалитетните односи со партнерот, пријателите и семејството. Меѓутоа, што навистина значат „здравите граници“ – и како успешно да ги покажеме своите потреби, како да знаеме кога треба да кажеме „не“ и да настапиме решително, а притоа да не го повредиме соговорникот? Авторката Недра Гловер Таваб, експертка за врски и една од највлијателните психолози на Инстаграм, ни го објаснува тој сложен проблем на денешното општество. Во книгата ни претставува едноставни, а истовремено ефикасни начини за поставување здрави граници во сите животни области. Предлага да користиме техники втемелени врз основа на најновите истражувања и најуспешните методи, што се применуваат во когнитивно-бихевиоралната терапија. На тој начин ќе ги одредиме и изразиме своите потреби јасно и без извинување. Ќе ги решиме главните проблеми што се кријат зад козависноста, одмерувањето на силите, анксиозноста, депресијата, преголемиот напор на работа и многу други проблеми што се појавуваат. Авторката ни дава јасни упатства како отворено да зборуваме за своите потреби и да уживаме во слободата што ни ја пружа природното однесување. „Без здрави граници не сме способни да живееме живот каков што сакаме. Оваа книга е вистински водич за дефинирање на очекувањата и на личните граници што ни помагаат да живееме спокоен живот и да бидеме почитувани и реализирани како што заслужуваме.“ д-р Скот Бари Кауфман
-
Sale!
Дисциплина без драми
0600,00 денВистинското значење на зборот дисциплина не е „доведување во ред“ со казнување, туку подучување, тврдат Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон, автори на книгата Менталниот склоп на детето и на други светски бестселери. Со многу искрени приказни и примери, како и со корисни илустрации, книгата Дисциплина без драми ефикасно, едноставно и јасно ќе ве води низ непослушноста, солзите и гневот на вашето дете – без сцени, викања и без казнувања. Ќе научите како брзо и лесно да се поврзете со детето, да ги пренасочите неговите емоции и да ја искористите можноста да го подучите на вештини корисни за цел живот.
Дознајте:
факти за развојот на детскиот мозок и за најефикасните стратегии во зависност од возраста на детето;
како да поставите јасни и доследни граници до кои ќе се придржувате и вие и вашето дете;
осум стратегии за пренасочување на однесувањето, што може да се применат во секоја ситуација;
како да се однесувате со разумен, сочувствителен пристап кон детето кога има излив на гнев;
дваесет најчести грешки во дисциплинирањето и како да се одбегнат;
како да се користи „пусулка“ за потсетување на основните начела во секојдневни ситуации. -
Sale!
Смирени родители, среќни деца
0600,00 денПионерски водич за тоа како да се воспитаат одговорни, способни и среќни деца.
Приодот на д-р Лора Маркам, подеднакво едноставен и ефектен, се темели врз најновите истражувања за развојот на мозокот и врз опсежни искуства од клиничка работа со родители. Нејзината порака гласи: Ако ја јакнете меѓусебната емоционална поврзаност со вашето дете, создавате вистинска и трајна промена. Кога ја имате таа суштествено важна поврзаност, не треба да му се заканувате на детето, да му додевате, да го молите, да го „поткупувате“ – дури ниту да го казнувате.Овој исклучителен водич ќе им помогне на родителите подобро да ги сфатат сопствените емоции, но и да ги контролираат, така што ќе можат да дејствуваат во односот со детето со здрави граници, со емпатија, со јасна комуникација, и така да воспитаат самодисциплинирано дете. Во примерите „чекор по чекор“ се содржани решенија и реченици кои се веќе тестирани со деца и се наменети за родители на деца од најрана возраст до возраста на основното училиште.
Ако сте изморени од „битки за моќ“ со детето, од неговите испади и од тоа да трагате по вистинската „последица“ за него, не барајте натаму. Овде ќе ги откриете практичните средства и начини со кои на еден позитивен и докажан начин ќе го преобразите стилот на вашето родителство. -
Sale!
Пчелно семејство
0300,00 ден„Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла. Централна тема на секој расказ е семејството: било да е неостварено („Јаболкарка“), обединето и потоа раздвоено („Пламени јазици“) или некое што во нормални услови би можело да стане вистинско („Пчелно семејство“). Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Авторката со јазична виртуозност нè внесува во свет што не го познаваме, иако живееме во него.
Читајќи ги расказите, постојано преминуваме некакви граници – јазични, културни, политички, географски, но и оние што се поставени помеѓу реалноста и несвесното.
Во 2021 година „Пчелно семејство“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.
-
Sale!
Наивност
0400,00 денМартин држејки го в раце болното дете, истовремено плачеше со Силвана. Детето беше во бесознание, по нецели пет минути стигна докторот кој веднаш го зеде детето во своите раце и го внесе во болницата, каде што влегоа Веле, Мартин и Силвана. Персоналот на болницата се зачуди што го виде докторот со детето в раце бидејки беше на одмор. Тогаш персоналот почна да го прашува докторот, што се случува, а тој им кажа дека е итен случај и дека детето што го држи во рацете, е од негови блиски пријатели и персоналот се затрча.
Дејствието на романот ,,наивност,, е во денешно време, тоа е една приказна што опишува наивноста до каде може да го доведе на човекот.
-
Sale!
Се што би сакал да знаев порано
0299,00 денВо секој од нас постои дел што никогаш не расте – детето кое некогаш сме биле. Ова внатрешно дете нè учи да сонуваме големи соништа, ја буди радоста во нас, но знае да донесе и солзи и грижи.
Ова е книга за сите верувања што ги има детето во нас и како тие ја обликуваат личноста која сме денес. Но во одреден момент од нашите животи сите ние треба да ги преиспитаме овие верувања и мисли и да видиме дали сè уште ни одговараат како возрасни. Дали нè прават среќни или се преголем товар?
Оваа книга е за тој момент кога треба да одлучиме што треба да задржиме, а што да оставиме зад себе додека одиме напред во животот.
-
Sale!
Жените што трчаат со волците
0850,00 денВо секоја жена има диво и природно суштество, моќна сила исполнета со добри инстинкти, страсна креативност и безвремено знаење. Името ѝ е Дивата Жена, но таа е загрозен вид. Иако се раѓаме со дарбите на дивата природа, обидот на општеството да нè „цивилизира“ во крути улоги го грабнал ова богатство и ги замолчел длабоките, животворни пораки на нашите сопствени души. Без Дивата Жена, стануваме премногу припитомени, страшливи, некреативни, заробени.
„Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ (1992) се смета за еден од класиците на феминизмот. Тоа е дело што функционира како хибрид на феминистичка антропологија, етнологија и психоанализа. Во него авторката користи богати интеркултурни митови, бајки и приказни, со цел да им помогне на жените повторно да се поврзат со својата инстинктивна природа. Преку приказните и коментарите на авторката се истражува, се анализира и се објаснува митот за Дивата Жена и се создава нов лексикон за опишување на женската психа. Авторката верува дека здравјето, среќата и целоста на жената зависат од нејзиното враќање кон изворите на нејзината потисната природа, и ова го објаснува врз основа на интерпретација на значењето на некои традиционални приказни од северноамериканскиот, јужноамериканскиот и од европскиот фолклор.
Во книгата има шеснаесет поглавја, секое посветено на некој особен аспект на женското искуство – врските, креативноста, лутината, спиритуалноста, припаѓањето итн. Во поговорот, авторката зборува и за терапевтската функција на приказните, надоврзувајќи се така и на традиционалните начини на прекугенерациско пренесување на женската историја и искуство. -
Sale!
Фенг Шуи во вашиот живот
0360,00 ден“Фенг Шуи Во Вашиот Живот” е практичен водич со алатки и вежби што ќе ви помогне да ги постигнете вашите животни цели и ќе ви покаже каква е важноста на расчистувањето на просторот и создавањето релаксиран и организиран дом.
-
Sale!
Скопјани
0290,00 ден„Оваа книга е мал колаж од песни и други стихозборја и тивкозборја, игрозборки и зборограпки, сонофатки и досеќавалки, слова, записи, документи, препеви паметења, и уште други зборовни итроштини, врзани исклучиво за Скопје и за скопјани“ ќе напише Гане Тодоровски во белешката кон Скопјани, што можеби неслучајно се наоѓа во средсрцето на оваа книшка. Низ овие стихувани страници со документаристичка вредност, поетот пее за конкретни теми, објекти и личности сместени во реалистична просторно-временска рамка каде што опеаното се актуализира. Овде поетската слика е отворена и согледлива, што ја прави оваа поетска збирка комуникативна и читлива и надвор од својот контекст.