Филтер по цена
Жанр
Издавачка куќа
  • Колекционер на очи

    Колекционер на очи

    10

    Подготвени или не, тој доаѓа… Тој ја игра најстарата детска игра што постои, криенка. Само што Колекционерот на очи ја игра до смрт.

    Секојпат е исто. Колекционерот почнува со тоа што ја убива мајката, а потоа го киднапира детето и му дава на таткото четириесет и пет часа часа да го најде. Тоа е неговиот метод. Наоѓаат женско тело со пуштена стоперка во стегнатата рака на мртвата мајка. Избезумен, преплашен татко мора да го најде своето дете пред момчето да се задуши – и пред убиецот да му го извади левото око.

    Александер Зорбах, бивши полицаец, сега новинар, ги има пријавено сите три убиства на Колекционерот на очи. Но овој пат е различно. Неговиот паричник е најден до трупот и тој сега одеднаш е осомничен. Колекционерот на очи сака Зорбах да ја игра неговата игра. Зорбах има точно четириесет и пет часа и седум минути да му го спаси животот на едно мало дете. И одбројувањето е започнато…

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ејми ја нема

    Ејми ја нема

    9

    Бракот може да биде вистински убиец… 

    Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
    Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?

    Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…

    Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.

    button-new

    440,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Јас те сакам повеќе

    Јас те сакам повеќе

    7

    КОГО САКАШ?

    Едно прашање, минијатурно делче од секундата и Брајан Дарби паѓа мртов на кујнскиот под во својата куќа. Неговата сопруга, државната полицајка Теса Леони, тврди дека го застрелала во самоодбрана, а нејзиното модро лице и скршени коски ја поддржуваат таа приказна. За искусната детективка Ди Ди Ворен, случајот е прилично јасен. Само што… каде е нивната шестгодишна ќеркичка?

    И КОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОДЕЛЕ ВИЕ…

    Детективите ја започнуваат потрагата по девојчето додека истовремено се трудат да ги откријат сите семејни тајни. Дали една тренирана полицајка навистина би си го застрелала сопругот? Зошто? И дали една мајка е способна да го повреди сопственото дете?

    button-new

     

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Штама

    Штама

    0

    # 6 ДЕТСКАТА КУЌА

    Убиена жена. Исчезнато дете. Татко што бара одмазда.

    Еден студен ден во Рејкјавик исчезнува бебе родено од сурогат мајка.

    Единаесет години подоцна девојче умира од морбили, а таткото сака да се пресмета со личноста што ја заразило. Хулдар и Фреја сега работат во иста полициска зграда. Фреја се обидува нивните лични односи да ги држи настрана од професионалните, колку тешко и да е тоа. Тогаш, во напуштен автомобил е пронајдено распарчено тело на една жена. Полицијата не може да ја пронајде нејзината глава. Додека работат на случајот, а наоколу владее штама, тајната околу аферата на Хулдар и Фреја е речиси пред разоткривање.

    Идентификувањето на телото на жената ги враќа назад во тајните на минатото и им отвора дотогаш неоткриени злосторства што поврзуваат три различни семејства. Ништо не е како што изгледа во овој комплициран случај!

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Куклата

    Куклата

    0

    #5 ДЕТСКАТА КУЌА

    Требаше да биде тивко семејно патување со риболов, можност за мајката и ќерката да разговараат,но тоа засекогаш ги менуванивните животи!

    Не уловуваат ништо освен една скршена кукла што се заплеткува во мрежата. По години минати во океанот, куклата изгледа застршувачки и првичниот инстинкт на мајката е да ја фрли назад.Попушта откако ќерка ѝ инсистира да ја задржат. Истата вечер, мајката објавува фотографија од куклата на социјалните мрежи. До следното утро, таа е мртва, а куклата е исчезната.

    Неколку години подоцна, Хулдар е на своетонајомразено место – брод во разбранувани води, барајќи човечки остатоци. Меѓутоа, идентификувањето на скелетот што ќе го пронајдат се покажува потешко отколку што првично мислеле и Хулдар мора да го повика искуството на Фреја. Како што се продлабочува мистеријата, Хулдар е вовлечен во истрага на убиство на бездомен зависник од дрога, а Фреја истражува можен случај на сексуална злоупотреба во дом за сираци.

    Наскоро станува очигледно дека овие случаи се поврзани преку еден исчезнат сведок: девојчето што ја посака куклата пред сите тие години.

    Напната, застрашувачка и невозможна да се остави, „Куклата“ ја цементира репутацијата на Ирса Сигурдардотир како маестро на раскажувачка тензија и изненадување.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сивиот човек

    Сивиот човек

    0

    Книгата по која е направен најскапиот и најгледаниот филм во историјата на НЕТФЛИКС
    Корт Гентри е добар човек. Но, исто така, тој е поранешен врвен американски разузнавач и неверојатен професионален убиец. На оние што го демнат од сенка, тој им е познат како Сивиот човек. Тој е легенда во мистериозниот свет, се префрла од една на друга работа, екогаш во акција, постигнувајќи го невозможното… Потоа наеднаш исчезнува. И тој секогаш погодува во целта. Секогаш. Но, има сили на светот што се поопасни од Гентри. Сили како што се на пример парите. И моќта. Има агенти, мафијаши, професионални убијци, држави кои сакаат да го елиминираат. Од Иран, Сирија, Украина, Франција, Албанија, Нигерија, Англија, од сите страни на светот. Некои не веруваат во неговите способности. За едни е мит, а за други минато. Но, Корт Гентри ќе докаже дека за него, нема разлика помеѓу убивањето за да се заработува за живот и убивањето за да се остане жив.

    „Овој роман е како добро наострен нож: безмилосен и смртоносен.
    Сивиот човек на Марк Грини е Борновиот идендитет за новиот
    милениум… Никогаш досега еден убиец не бил толку реален, а сепак
    толку смртоносен. Погодува како куршум во гради… Книга што не се
    пропушта.“
    — Џејмс Ролинс
    „Силен, брз и непобедлив – токму таков каков што треба да биде еден
    трилер.“
    — Ли Чајлд
    „Приказната е возбудлива, а убиствата се толку експлозивни, што при
    вртењето на страниците, ни дава чувство како да играме некоја врвна
    видео игра.“
    — Њујорк Тајмс

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кога никој не гледа

    Кога никој не гледа

    0

    Ако сакаш да го задржиш тоа што е твое, мора подобро да го чуваш. Некој секогаш демне да ти го грабне она што си го добила.

    Сидни Грин е родена и порасната во Бруклин, но нејзиниот крај одеднаш брзо почнува да се менува. Речиси прекуноќ никнуваат згради со луксузни станови, насекаде има огласи за продажба на куќите, а соседите што ги познава цел живот ненадејно исчезнуваат. Раскинувана од болка поради пропаднатиот брак и загубата на мајка си, таа решава да организира туристичка обиколка на Бруклин, во чија подготовка ѝ се придружува новиот сосед, белецот Тео.

    Но нивното заедничко истражување на историјата на црните населби се претвора во виор од параноја и страв. Можеби има вистина во приказните за киднапирање и насилно одземање на домовите? Можеби нивните соседи воопшто не се преселиле во предградијата? Иако сакаат да ги отфрлат теориите на заговор, наскоро откриваат дека зад плановите за ревитализација се кријат сосема поинакви мотиви.

    Можат ли Сидни и Тео доволно да си веруваат себеси, и еден на друг, за да дознаат што се случува – пред и самите да исчезнат во морничавите планови на една корпорација гладна за профит?

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Човек од костени

    Човек од костени

    0

    Ако го најдеш, готово е.
    Тој веќе доаѓа по тебе.
    Сè започна едно утро кога полицијата пронајде тело на убиена жена во мирното предградие на Копенхаген. Од тој момент, граѓаните живеат во страв од немилосрдниот убиец чиј потпис е „човек од костени“ – кукла направена од кибритчиња и два костени, што ги остава на секое место на злосторството. Додека ги проучуваат трагите, форензичарите ќе дојдат до шокантно откритие: отпечатокот од прстот е од девојчето што исчезна пред една година и го сметаа за мртво.
    Може ли убиецот да биде клуч за решавање на старото злосторство? И дали сè е само случајност или можеби нешто многу позаплеткано? Времето истекува, а убиецот го продолжува крвавиот пир. За да ги спасат невините животи, детективите мораат да преминат преку меѓусебните расправии и да откријат кој се крие зад овие свирепи убиства. Едно е сигурно, неговата мисија не е завршена. И никој не е безбеден.

    КНИГА ШТО ДОЖИВЕА НЕВЕРОЈАТЕН СВЕТСКИ УСПЕХ
    НАСКОРО КАКО ТВ СЕРИЈА НА „НЕТФЛИКС“

    „Еден од најдобрите и најстрашните трилери оваа година… ќе ве хипнотизира вештината на новиот мајстор во жанрот.“
    ‒ Киркус Ривјус

    „Неверојатна приказна и крај што ве остава без здив.“
    ‒ Њујорк Тајмс

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Стапица

    Стапица

    1

    После разводот, младата и привлечна мајка Со­­ња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син. Во исклучително тешка животна ситуација, таа се впушта во шверц на кокаин за Исланд и одеднаш е заглавена во канџите на безмилосниот криминален свет. Додека очајно го бара излезот од неволјите, уценета и крваво претепана, таа е принудена да применува нови и смели тактики, но не успева да го надму­дри Браги – цариникот со долгогодишно искуство. Најинтересно е кој стои на врвот на меѓународниот нарко октопод! Работите стануваат уште поком­пликувани затоа што Соња е во врска со жена. И тоа со Агла, некогашната висока менаџерка на банка, која ја гонат заради последиците од финансискиот колапс на Исланд.
    Дејствието на романот се одвива во Рејкјавик, кој сѐ уште е покриен од прашината на вулканската ерупција на Ејафјадлајекидл. Со темен, динамичен и студен заплет и интригантни ликови Ста­пица е исклучително оригинален и харизматичен скан­динавски кри­ми-трилер, од една од највозбудливите кри­­ми авторки – Лилја Сигурдардотир.

    299,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Враќањето на Шерлок Холмс

    Враќањето на Шерлок Холмс

    0

    НАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

    Еден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвите и повторно го посветува животот на испитување на криминалните сплетки во главниот град. Со повторно насобран ентузијазам, тој се нафрла на случаите што опфаќаат мистериозни шифрирани кодови, милионери што се прогонувани, демначи, киднапирања и средба со „најлошиот човек во Лондон“. Но старите „пријатели“ на Холмс внимателно го следат секој негов чекор. Го набљудуваат, чекаат, заговараат…

    Меѓу тринаесетте брилијантни приказни што вклучуваат мистерија, детекција и дедукција, Шерлок Холмс го истражува проблемот со „Градежникот од Норвуд“, ја дешифрира пораката на „Разиграните фигури“ и го решава случајот со „Шесте Наполеони“.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бегај

    Бегај

    0

    Твојата ќерка е исчезната.

    Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена.

    Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк.

    Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја.

    Не размислуваш ни за момент. Ù приоѓаш, ја молиш да се врати дома.

    Таа бега.

    И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено.

    Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.

    450,00 ден
    Додај во кошничка