-
Вистинскиот за мене
5420,00 денПаднат боскер.
Жена со скршен сон.
Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него.
Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова. Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што некогаш го запознала.
Во нивниот комплициран работен однос, копнежот се меша со доверливост, врели бакнежи со болка и страв – страв дека двајцата може да бидат уништени од неговата мрачна тајна…
-
Светот не е фабрика за исполнување желби
6380,00 денОва е една љубовна приказна каква досега не сте прочитале, ова е една болна љубовна приказна…
Дијагностицирана со рак на тироидна жлезда на тринаесет години, Хејзел е подготвена да умре, кога година дена подоцна, ракот одеднаш исчезнува… барем сега засега. По две години, таа сè уште тапка во место и чека да види што ќе се случи. И покрај тоа што таа стои во место како нејзиниот живот да е паузиран, годините си минуваат, па на шеснаесетгодишна возраст, Хејзел нема буквално ништо. Не оди на училиште, нема којзнае колку пријатели, нема нормален живот. Тогаш во групата за поддршка за болни од рак го запознава Августус Вотерс. Тој е прекрасен, згоден, смешен, победник на неговиот рак и – шокантно за Хејзел – заинтересиран за неа.
Дружењето со Августус истовремено е неочекувана дестинација и многу потребно патување кое комплетно ќе ја промени Хејзел, а со неа и вас како читатели…
-
Напишано со тебе (Regret duet #2)
2420,00 денКога имав петнаесет години, еден куршум ми го смени животот. Ја поминав следната декада обидувајќи се да побегнам од ужасот од моето минато, градејќи империја за да се заштитам од сè што би можел да ми приреди животот.
Но немаше пари што можеа да ми помогнат кога најдов расплакано новороденче оставено на мојот праг.
Никогаш не сакав да бидам татко. Не сакав никому, а најмалку на невино дете, да му ја пренесам гнасотијата што течеше низ моите вени – тоа ми личеше на трагедија. Но ете, таа сега беше таму, на мојот праг – со розови обравчиња, црвена коса и дефинитивно моја.
Некако, тоа мало девојченце стана најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Беше невозможно да останам изгубен во минатото кога јас бев единствениот на светот кој можеше да ѝ донесе безбедност и заштита во иднината. И затоа, кога мајка ѝ конечно реши да се врати по неа четири години подоцна, јас бев подготвен за борба.
Само камо среќа да можев да не се заљубам во неа за време на војната…

-
Девојка од мал град (Тревис #1)
3420,00 денТаа е девојка од мал град…
Либерти Џоунс има соништа и одлучност што ќе ја одведат далеку од Велком, Тексас… ако успее да престане да одлучува со лудото срце наместо со разумот. Харди Кејтс гледа на неа како на забрането овошје. Неговите животни амбиции се далеку поголеми од Велком, а Либерти Џоунс е само непотребна дистракција. Но има нешто магично и моќно што ги влече еден кон друг, некоја опасна привлечност што е посилна од нив двајца.
Тој е единствениот маж што таа не може да го има…
Кога Харди заминува од градот за да ги реализира своите планови, Либерти останува сама, со својата помала сестричка за која мора да се грижи. До некаде беспомошна, Либерти наскоро влегува во мрежата на еден постар милијардер – некои дури и го нарекуваат нејзин „спонзор “, но нивната врска всушност е многу подлабока од тоа, па Либерти наскоро почнува да открива тајни за минатото на нејзиното семејство.
Двајца мажи. Една жена. Одлука што може да ѝ го скрши срцето или засекогаш да го исцели. Љубовна приказна што сигурно ќе го освои вашето срце.
-
Напишано со каење (Regret duet #1)
3420,00 денСекое девојче сонува за сопствена бајка. Бајката во која силниот витез доаѓа да ја спаси од канџите на злото. Потоа се заљубуваат, се венчаат, имаат деца и живеат среќно до крајот на животот.
По таа дефиниција, и мојот живот требаше да е бајка. Кога имав осум години, Кејвен Хант ме спаси од најголемото зло на Земјата. Нема врска што бев само дете. Сепак се вљубив во него. Но таму воедно и заврши мојата бајка.
Многу години подоцна, една непромислена ноќ во најмрачен период од животот ни подари ќеркичка. Но тој мрак не беше ништо во споредба со црнилото што ме консумираше кога бев принудена да ја оставам со Кејвен засекогаш. Сите бајки имаат едно нешто заедничко: среќен крај. Знаев дека мојата нема да има, но секоја ноќ се молев барем нејзината да има.
Му го должев животот на Кејвен. Но на тоа девојченце му должев уште повеќе. Па затоа морав повторно да се соочам со татко ѝ, без разлика колку болело.
-
Без каење
3500,00 денМорган има родено дете претерано млада. Заради тоа дете, се има омажено со првото момче од средно школо и целиот нејзин живот е една мирна, предвидлива и малку монотона песна. Таа и нејзината шеснаесетгодишна ќерка Клара се страшно различни и не ни сакаат да бидат слични. Морган, како и секоја мајка на тинејџерка, сака да се погрижи нејзината ќерка да не ги направи истите грешки што ги направила таа кога прерано останала трудна и морала да си ги стави на пауза сите соништа. Но Клара не сака да тргне по чекорите на мајка си. Таа дури и ја презира мајка си бидејќи смета дека не знае што е тоа спонтаност, дека е страшно здодевна.
Единствената личност која може да внесе малку мир во нивните животи е Крис – сопругот на Морган и татко на Клара, кој всушност е сидрото на семејството. Но мирот наеднаш го снемува кога Крис доживува трагична (и сомнителна) сообраќајна несреќа. Јазот помеѓу мајката и ќерката дополнително се зголемува кога почнуваат да се трупаат тајни, болни откритија, недоразбирања и нова љубов. Се чини дека тие две никогаш веќе нема да најдат пат една до друга…
-
Нечесна игра
5300,00 денВикторија и Филип работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. Одеднаш, судбината или случајноста си поигруваат со нив, па во истата недела двајцата добиваат наредба од нивните шефови „да се зближат“ со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за претстојниот саем за мебел, бидејќи тоа е најважниот настан и период за сите фирми за мебел во државата.
Немајќи друг избор, тие неволно се согласуваат затоа што не сакаат да ја изгубат работата. Така започнуваат да се гледаат и двајцата размислуваат за начини како да го спроведат планот и да дојдат до целта. Но помеѓу нив почнува да се раѓа нешто сосема друго…
Во меѓувреме, сестрата на најдобрата пријателка на Викторија случајно дознава за планот и бидејќи не е во добри односи со својата постара сестра, решава да не дозволи тој да остане во тајност. Конците почнуваат да се замрсуваат и работите стануваат сè покомплицирани кога во оваа нечесна игра влегуваат куп емоции.
-
Една страшна зима (Wallflowers #3)
2420,00 денОчајна да побегне од нејзините злобни и расипани роднини, Еванџелин Џенер бара помош од најзлогласниот ерген во Лондон. И договорениот брак помеѓу нив е единствено решение, иако никој не би ја споил срамежливата девојка која пелтечи кога зборува со згодниот виконт кој е легендарно популарен помеѓу жените. Но набрзо станува јасно дека Иви е жена со скриена сила во себе… и иако делува покорно и кротко, Себастијан од некоја причина ја посакува повеќе од која било друга жена што ја запознал.
Решена да го освои ладното срце на својот сопруг, Иви се осмелува да склучи зделка со ѓаволот: Ако Себастијан успее да остане целибат три месеци, таа ќе му дозволи да ја одведе в кревет.
Кога на Иви ѝ се заканува одмаздољубив непријател од минатото, Себастијан се заколнува дека ќе направи сè што треба за да ја заштити својата сопруга… па макар и по цена на сопствениот живот.
-
Сурова љубов
6400,00 денКога Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, знае дека тоа не е љубов на прв поглед. Тие не можат да се однесуваат дури ни како пријатели. Единственото заедничко нешто им е непобитната взаемна привлечност. И кога ги отвораат картите, сфаќаат дека тоа им одговара на двајцата. Тој не сака љубов, таа нема време за љубов, па им останува само сексот. И нивниот договор може да е незамисливо едноставен ако Тејт успее да се држи до единствените две правила што Мајлс ги има за неа.
Никогаш не поставувај прашања за минатото.
Не очекувај иднина.Двајцата се убедени дека можат да се носат со овој договор, но речиси веднаш сфаќаат дека не можат.
Се кршат ветувања. Се кршат правила. Се кршат срца…
Љубовта станува сурова. -
Најсветлото зајдисонце
4390,00 денПортер Рис е вдовец и татко на две дечиња кој не може да го заборави хоророт кога за влакно ќе ги изгубел двете. Тој се труди да им обезбеди среќен и стабилен живот на своите деца, да им биде родител каков што заслужуваат, но истовремено се бори со сопствената беспомошност и бес додека го гледа неговото болно синче како му пропаѓа пред очи.
Зборови никогаш нема да ме повредат.
Лаги… Зборови ме уништија.
„Многу ми е жал. Таа не преживеа“.
„Тато, тој не може да дише!“
„Не можеме да направиме ништо за Вашиот син“.Тие слогови и букви станаа мојот џелат. Си велев дека ако не им придадам значење на болката и стравот, нема да имаат никаква моќ над мене. Но, како што поминуваа годините, така омразата и лутината што останаа почнаа да ме контролираат.
На крајот, она што ми даде надеж за ново изгрејсонце беа пет нежни свиленкасти зборови. „Здраво. Јас сум Шарлот Милс“.
Во некој совршен свет, Шарлот Милс и Портер Рис би се запознале и заљубиле во сосема поинакви околности. Но во реалниот свет, ги спојува токму она што засекогаш би можело да ги уништи.
-
Најмрачното изгрејсонце
4390,00 денШарлот Милс е млада докторка воркохоличарка која веќе десет години се дави во темнината што го консумира нејзиниот живот. Десет години, од моментот кога нејзиното шестмесечно синче го киднапираат во парк додека таа се обидува да му го спаси животот на туѓо дете. Шарлот не живее, таа само механички тера ден за ден, работи од утро до мрак, крева раце од секаков приватен живот, не може да поднесе да биде во близина на деца и одбива да се откаже од надежта дека некогаш можеби ќе го пронајде својот син.
Два збора – толку требаше да се изгасне сонцето од моето небо. „Го нема“. Десет години ме консумираше мрак.
На крајот, пет едноставни, длабоки збора беа она што ми даде надеж за ново изгрејсонце. „Здраво. Јас сум Портер Рис“.
Кога го запознава Портер Рис, Шарлот за првпат по десет години добива волја за живот. Но и Портер има своја приказна, своја трагедија и своја темнина… Прашањето е дали тој ќе ѝ помогне конечно да тргне кон светлината или неговата темнина најпосле ќе ги проголта двајцата?
Најмрачното изгрејсонце е прв дел од дуетот The darkest sunrise, а вториот дел, Најсветлото зајдисонце, е веќе во подготовка.
-
Се случи една есен (Wallflowers #2)
1420,00 денЧетири млади дами се здружуваат со една цел: мора да ја искористат својата лукавост и интелигенција за да си најдат сопрузи.
На баловите во Лондон, прекрасната и храбра Лилијан Боуман полека сфаќа дека нејзината независност и темпераментност стекнати во Америка не се баш најатрактивни особини за мажите во Англија. А најкритички настроен кон неа е неподносливиот и невозможен сноб Маркус, лорд Вестклиф – најпожелниот ерген аристократ во Лондон.
Но Лилијан испробува еден нов чудесен парфем кој има магичен ефект врз мажите, па Маркус шокантно – и опасно – одненадеж ја бакнува скришно во градината. Лилијан ја обзема неопислива страст за човек кој не ѝ се ни допаѓа. Во тој момент, времето запира и не постои никој освен тие двајца… жива среќа само што никој не ги начекува на дело!
Маркус е човек кој има максимална контрола над своите емоции, стабилен како карпа. Но со темпераментната Лилијан, секој допир е исклучителна тортура, секој бакнеж неодоливо заведување. Но како би можел да помисли да земе толку несоодветна жена… за невеста?
-
Доказ за љубов
4400,00 денПо убиството на една тинејџерка, истражувачката новинарка Теса Новак забележува како мистериозен маж во црна кожна јакна се вртка околу местото на злосторството. И колку повеќе размислува за него, толку поубедена станува дека тој е поврзан со убиството…
Но тој човек всушност е Џулијан Дарканџело, ФБИ агент кој работи на тајна задача и соработува со денверската полиција. Џулијан долго време пробува да фати организатор на трговија со бело робје и убиец и сè повеќе му се доближува. Но обвинувањата на Теса сега може да го разоткријат и да уништат сè, па затоа тој сака таа да биде тргната од истрагата.
Но колку повеќе се вплеткува во истрагата, толку повеќе Теса станува мета на убиецот. Џулијан и Теса се принудени да си веруваат еден на друг и нивната физичка привлечност ескалира додека ловат безмилосен убиец кој сака да ги види двајцата мртви.
Акциона романса каква што може да напише само Памела Клер, авторката на бестселерот Точка на кулминација.
-
Флерт, уцени и високи потпетици
4350,00 денВикторија е експерт за одење на интервјуа и рандевуа. Таа е малку несмасна, но крајно симпатична хероина која е во постојана потрага по совршената работа и совршениот маж. Еден ден, нејзиниот досаден живот добива сосема друга димензија, кога нејзините очи ќе налетаат на фотографии од навидум среќно заљубен пар. Дознавајќи го идентитетот на тајните љубовници, таа сфаќа дека во рацете има средство со кое може да си ја оствари својата цел.
Излегува дека човекот од фотографиите кој држи туѓа вереница во прегратка е директор на маркетинг агенција, каде што таа не добива работа, иако е најквалификувана. Викторија одлучува за првпат во животот да покаже заби и му се заканува на младиот директор дека доколку не го добие тоа што праведно ѝ следува, ќе го разоткрие пред неговиот најдобар пријател и бизнис партнер. Немајќи друг избор, директорот на маркетинг агенцијата ѝ го нуди работното место и оттука почнува да се плете една богата таписерија од оригинални ликови и емоции што го држи читателот во рака од прва до последна страница.
„Страница, две, три – ненаситно ги пиев редовите, не можејќи да поверувам каква оригиналност, каква приказна ми падна в раце“.
-
Маријана
2420,00 денЧудесна, неизвесна и богата приказна за љубителите на Лусинда Рајли…
Џулија Бекет за првпат ја здогледува куќата Грејветерс на само пет години, но уште тогаш има некое претчувство дека тоа некогаш ќе биде нејзина куќа. И кога конечно станува сопственичка на куќата после долги години, почнува да се сомнева дека постои причина што била привлечена кон неа.
Како Грејветерс да е портал помеѓу два света, таа во соништата повремено се транспортира во седумнаесеттиот век и станува Маријана; млада жена во Англија која се бори против опасности, сиромаштија и предавства, сето тоа под прангите на забранета љубов.
Со секое враќање назад, Џулија станува сè поопседната со минатото… па почнува да се плаши дека животот на Маријана целосно ќе го засени нејзиниот и мора да најде начин некако да го остави минатото зад себе или ќе ја изгуби шансата за среќа во сегашноста.
-
Тајни на летната ноќ (Wallflowers #1)
3420,00 денЧетири млади дами во ќоше во една сала за танцување прават пакт меѓусебно да си помогнат да пронајдат пристојни сопрузи… по секоја цена.
Гордата и прекрасна Анабел Пејтон би можела да бира од мажите и додворувачите – но само кога би имала мираз. Нејзиното семејство е на раб на катастрофа и постои само еден начин на кој Анабел би можела да им помогне, а тоа е да се омажи за многу богат маж. За жал, никој од благородниците не сака жена без мираз, па нејзиниот најупорен додворувач е безобразниот Сајмон Хант, згоден и амбициозен претприемач кој ја сака само за љубовница.
Анабел е решена да одолее на неговите непристојни предлози и покрај очајот во кој запаѓа нејзиното семејство, но не може да негира дека чувствува привлечност кон храбриот заводник, исто како што тој не може да негира дека таа му претставува страшен предизвик. Додека тие двајца се надмудруваат, полека се предаваат на нешто помоќно од сè што можеле да замислат. Само што, судбината има други планови…