-
Изопачени лаги
0590,00 денУбиствено шармантен и доволно паметен за да го крие тоа, Кристијан Харпер е монструм во совршено скроен дизајнерски костум како вистински џентлмен. Не се оптоварува со морали, уште помалку со љубов, но не може да негира дека нешто необично го влече кон жената која живее на катот под неговиот. Таа му ги буди најмрачните копнежи, таа е единствената сложувалка што тој не може да ја реши. И кога му се укажува шанса да ѝ се доближи, ги прекршува сопствените правила нудејќи ѝ зделка што знае дека нема да може да ја одбие.
Секој монструм има слабост. А таа е неговата. Неговата опсесија. Неговата зависност. Неговиот единствен исклучок.
Слатка, срамежлива и интровертна и покрај славата на социјалните медиуми, Стела е романтична душа која го чува своето срце во кафез. Благодарение на тоа што работи две работи, нема ниту време, ниту желба за романтична врска. Но опасност од минатото ја втурнува во рацете – и куќата – на најопасниот човек кој го познава, па за првпат по долго време паѓа во искушение да си дозволи да чувствува. Затоа што, иако е ладен, Кристијан прави таа да се чувствува заштитено, страстно, посакувано. Но нивната љубов е полна со тајни и лаги… а кога вистината конечно ќе излезе на површина, може да уништи сѐ.
* Книгата е саемски новитет и ќе биде достапна за продажба од 08.05.2025, на нашиот штанд на Саемот на книга, во сите книжарници и онлајн.
-
Убавината на скршените нешта
0390,00 денИтан се бори за нешто целиот свој живот – за успех, за докажување, за љубов. Роден со големи соништа и амбиции, а израснат со малку, се обидува да се пробие во свет кој никогаш не му дал ништо на тацна. Научен да очекува загуби. Научен секогаш да биде подготвен за падот.
Тогаш ја запознава Ирис, девојката која му покажува дека ништо во животот не е невозможно. Таа прави тој да се чувствува семоќно. Со неа, повеќе не мора да се бори сам. Па кога таа сонува, тој сонува со неа. Кога таа посакува нешто, тој ќе помести и планини за да ѝ го даде. А кога таа копнее за семејство, тој се заколнува дека ништо – дури ни невозможното – нема да им застане на патот.
Нивната љубов е неуништлива, неопислива, луда… Но што кога љубовта не е доволна?
Навидум совршен пар, тие бијат битка во тишина: битка која им ги тестира силите, надежта, телата и љубовта. И кога конечно го добиваат чудото кое го чекаат, мислат дека е готово. Но грешат. Судбината е безмилосна и ја распарчува нивната љубовна приказна. Стануваат туѓинци во сопствените животи, а нивната љубов почнува да напукнува од грешката која никој не може да ја поправи. За првпат, тие се на спротивна страна на битката.
Некои љубови преживуваат сѐ. Некои не. Но за некои вреди да се бориш… дури и кога се скршени. Можеби затоа што има некоја посебна убавина во љубењето со скршено срце.
-
Незначајни партнери
0490,00 денЛена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од својот живот. Па, по две години врска, кога нејзиното момче ѝ раскинува вечерта кога таа очекува да ја побара за жена, збунета е до бескрај, а срцето ѝ е скршено. Тогаш бега во домот на саканата тетка, прекрасниот остров Бејнбриџ во Сиетл, да тагува на мир и да си дојде на себе. Првата вечер заспива во гостинската куќа. Но кога се буди следното утро, повеќе не е во колибата на островот, туку во мал шик париски стан – облечена во скапа свилена ноќница – до згоден парижанец кој мисли дека Лена му е сопруга.
Од елегантните соседства во Париз, допрекрасните пејзажи на Ирска
и блескавите хоризонти на Њујорк, па и многу неочекувани дестинации помеѓу тие, секојпат кога Лена се буди, таа e на некое друго место, со некој друг. Во секое искуство, добива шанса да види како би било да тргнела по некој друг пат. Колку повеќе ѝ се разјаснуваат нејзините минати одлуки, толку повеќе се прашува, дали некоја од овие романси воопшто била… значајна?Интересна, изненадувачка и магична новела која ги истражува сите „што ако” во животот, но најмногу, љубовта.
-
Твој Толак
0370,00 денСтариот Толак е човек со многу противречности. Горделив е и избувлив, но и праведен и нежен. Тој води битка со новиот, непрепознатлив свет во кој одамна не наоѓа смисла и сѐ уште бескрајно ја сака својата прекрасна сопруга Ингеборг, која исчезнала пред неколку години. А сега, тој умира.
Неговите две деца ретко го посетуваат, останат му е само Одо, или Одо Будалата како што го нарекуваат соседите, кого Толак како мал го прибрал да живее со неговото семејство. Тој ќе настојува ќерката и синот да го посетат за последен пат — зашто е дојден моментот кога молчаливиот човек треба да проговори и конечно да им ја открие тајната која со години му ја јаде душата.
Во овој краток роман, во кој се испреплетуваат елементи на љубовна приказна, на семејна драма и на неизвесен трилер, истакнатиот норвешки автор Торе Ренберг слика трогателен, комплексен и вознемирувачки портрет на маж од „стариот свет“, кој е релевантен и денес. Роман за потрагата по смисла и за суштинските нешта во животот.
Тригери: семејно насилство, ментално здравје.
-
За нас (Браќата Бејли #2)
0550,00 денАшер Бејли, кој се враќа дома во своето чудно гратче, повеќе не е истиот човек кој стави веренички прстен на прстот на Грејс. Тој е покрупен, посилен, прогонуван од своите внатрешни демони. Принуден да се откаже од Грејс и од сѐ друго во неговиот живот поради затворска казна која едвај ја преживува.
Сега кога е дома, браќата агресивно го пречекуваат, а соседите со задоволство го озборуваат. Тоа му е очекувано. Но дефинитивно не очекува да види дека Грејс сѐ уште го носи неговиот прстен.
Бајката на Грејс не е завршена. Беше трагично прекината. Таа ги има поминато последните седум години од својот живот чекајќи еден маж. И сега кога тој е вратен, има многу работа пред себе. Ашер е повреден и лут и тврдоглаво убеден дека тие не можат да бидат заедно. Тој се плаши дека темнината во него не може да се заузда. Но, Грејс нема да се откаже од него, од нив, без борба.
-
Завеани за Божиќ
0490,00 денТаа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…
Семеен собир
Овој Божиќ братот и сестрите Милер имаат една цел – да ги избегнат добронамерните прашања од семејството. Тие имаат тајни што не сакаат да бидат дознаени и се потпираат еден на друг за да го одвлечат вниманието.Непоканета гостинка
Луси Кларк ја мачи можноста да ја изгуби работата – ако не успее да склучи голема деловна зделка со Рос Милер. Планот ѝ е да му ја однесе својата понуда до семејниот дом во Шкотските Планини и потоа да си замине. Таа никако не би сакала да се наметнува на совршениот семеен Божиќ на Милерови.Божиќ за паметење
Кога Луси се појавува на заснежениот праг на Милерови, семејството помислува дека му е девојка на Рос. Но додека да се расчисти недоразбирањето, снежна бура го зафаќа регионот и Луси останува заглавена. Додека сите се подготвуваат за заедничката прослава на Божиќ, нетрпеливоста почнува да избива на површина и одеднаш Луси се наоѓа среде голема семејна кавга – со семејство кое не е нејзиното. -
Божиќниот клуб на читатели
0490,00 денСара Морган ни се враќа со приказна за моќта на книгите да исцелуваат, но и моќта на женското пријателство.
Со својот историски шарм и бајковитата библиотека, хотелот Јаворов Шеќер се смета за совршена зимска дестинација. Како што празниците наближуваат, хотелот се полни со гости кои се надеваат на зимување од соништата. Но младата вдовица Хети, преморена од жонглирање со хотелот и обврските како посветена самохрана мајка, едвај чека празниците да завршат.
Кога клубот на читатели составен од Ерика, Клаудија и Ана – долгогодишни пријателки кои навидум имаат сѐ на светот – доаѓа во хотелот на „читачки одмор“, сѐ се менува. Нивното пријателство и љубовта кон книгите ги движи низ животот, низ сите подеми и падови. Но Хети забележува дека и тие имаат големи емоционални товари и ништо не може да ја подготви за тоа колку длабоко нејзината приказна се испреплетува со нивните. Дали овие четири жени заедно можат да започнат комплетно ново поглавје во своите животи за време на најубавиот период од годината, и тоа за само недела дена?
-
Бессони во Менхетен
0450,00 денМојата љубовна приказна започна со писмо. Но не од човекот во кого подоцна се вљубив. Писмото беше од неговата ќерка. Слатко девојченце по име Бирди, кое пиша до списанието за кое работев. Мојот работодавец еднаш годишно им исполнуваше желби на читатели. Но таа конкретна колумна почнуваше дури за неколку месеци.
Па јас самата ѝ исполнив неколку желби. Безопасно беше… или барем така си мислев. Сѐ додека не отидов малку предалеку.
Додека анонимно исполнував уште една од желбите на Бирди, го видов татко ѝ. Нејзиниот ненормално згоден самохран татко. И тогаш требаше да престанам да изигрувам добра вила. Требаше да ставам крај на сѐ. Но посилно беше од мене. Имав некоја конекција со девојчето. Нешто што ме тераше да се однесувам ирационално.
И така им се појавив на врата.
-
Како намќорот го спаси Божиќ
0470,00 денИзабел Кук има сериозен проблем. Нејзината семејна фарма, местото каде што воедно се одржува еден од најважните традиционални настани во Тиликум, Божиќното село, е во неволја. Голема неволја. А најлошото од сѐ е што човекот којшто се обидува да ја купи фармата е најголемиот намќор на светот – Илајас Стоунхарт. Нема теоретски шанси. Таа нема намера да му дозволи ни да им се приближи. Не со тоа негово камено срце.
Илајас е заинтересиран само за стекнување богатство, не пријатели. Особено откако неговиот шеф му го ветува долгоочекуваното унапредување. Сѐ што треба да направи е да убеди едно семејство, на кое бизнисот секако не му оди добро, да ја продаде фармата. Проблемот? Фармата е на семејството Кук. А Изабел Кук му е поранешна девојка.
И покрај тоа што има минато со Изабел, ова е само бизнис. И нема намера да дозволи една фармерка која го обожава Божиќ да застане помеѓу него и неговите амбиции. А Божиќ? Па тој го мрази! Божиќното село е глупост. Но кога доаѓа во малиот град, божиќниот дух – и Изабел – почнуваат да му се пикаат под кожа. И има шанси таа да е единствената која може да го стопи мразот на неговото ледено срце.
-
За тебе (Браќата Бејли #1)
0390,00 денЕдна ноќ ги зближува. Друга ги разделува.
На Грејс Мајлс ѝ недостасува лесното другарство со Ашер, но растењето значи оддалечување. А и вистина, како би можел да се вљуби во неа кога го имаат поминато детството валкајќи се во кал на потокот и делејќи мастика за џвакање? Но летово, нешто како да е поинаку. Да беше понаивна, Грејс ќе помислеше дека Ашер флертува со неа. Тие темни очи, цврстото тело и ѓаволестата насмевка ѝ будат пеперутки во стомакот и храброст во срцето да се надева на работи за коишто отсекогаш била убедена дека никогаш нема да ги има.
Затрескувањето во најдобрата другарка не би требало да е комплицирано, но за Ашер Бејли, љубовта кон Грејс е сè, само не едноставна. Патот до романса не е лесен благодарение на глутницата браќа кои се заштитнички настроени кон девојката од соседната куќа, бабата која не трпи глупости, малото гратче каде што озборувањето е секојдневна појава, и кавгата што се протега низ генерации. Но Ашер сфаќа дека неговите чувства се преголеми за да ги игнорира. Не ризикува со тоа што ја љуби. Ризикува ако дозволи да ја изгуби.
И една вечер, еден бакнеж менува сè.
Конечното признавање на чувствата е почетокот на нивниот среќен крај. Но нивната бајковита љубовна приказна трагично прекинува и никој од нив никогаш повеќе нема да биде ист. -
Љубов на втор поглед
0590,00 денКако се запознавте? Тоа е едно од основните прашања кои им се поставуваат на сите парови. И одговорот обично е некоја романтична приказна, стрелата на Купидон ги погодила во задникот, се вљубиле на прв поглед. Нашето запознавање беше многу поинакво. Шетав низ едно богато соседство во Беверли Хилс во потрага по маж, само за да ја направам љубоморна мојата смртна непријателка која штотуку ме отпушти од работа. Тој пак нервозно шеташе, мрморејќи за некоја пропадната зделка на работа додека се обидуваше да смисли како да се извлече од настанатиот проблем.
И така налетавме еден на друг. Немаше искри. Апсолутно ништо што укажуваше на тоа дека помеѓу нас би можело да се роди нешто. Но дур се свестам, лапав бесплатен ручек и го слушав како ми се отвора за своите проблеми кои водеа до чуден предлог… тој сакаше да бидам неговата Вивиен, знаете, од филмот Убава жена – само без безобразниот дел. Требаше да живеам во палата, да одам на состаноци во пар и да се преправам дека сме лудо вљубени и… свршени. Каква бесрамност. Но луѓето прават луди нешта кога се очајни. А јас корнев на очај. Па, склучивме договор.
Но направив и една голема… не, ОГРОМНА грешка. Случајно се вљубив во непоправливиот Хаксли Кејн.
-
ВРАЌАЊЕ
0450,00 денДУЕТ: RELEASE #2
Избори. Сите ги правиме. Секојдневни, незамисливи, еден избор може да ти го промени целиот живот. Мајка ми избра да нè напушти и да нè остави со нашиот насилен татко. Брат ми избра да оди во затвор затоа што го уби момчето што ја нападна неговата сродна душа. Камден Кол избра да се вљуби во скршена девојка која може да му понуди само болка.Тоа лето под дрвјата, со Камден, го најдов местото каде што припаѓав. Најдов пријател на кој секогаш можев да се потпрам. Момче што не умееше да го тргне погледот од мене. Беше мој, но кога светот се сруши и тајните се разоткрија, јас избрав да го напуштам.
Избори. Секој ги прави.
Но мојот нè уништи сите. -
Невидлива убавина
3450,00 денЕмброуз Јанг е прекрасен. Висок и мускулест, со коса што малку му ги допира рамениците и очи кои горат, те прободуваат. Од оној тип убави мажи чии фотографии завршуваат на кориците на љубовните романи. Ферн Тејлор најдобро знае затоа што таа чита такви романчиња уште од тринаесет години. Но токму затоа што е толку прекрасен, Ферн го смета за некој кој никогаш не би можела да го има… сè до моментот кога, тој одеднаш не е прекрасен веќе.
„Невидлива убавина“ е приказна за еден мал град каде петмина млади мажи заминуваат во војна, а само еден од нив се враќа назад. Приказна за загуба – колективна загуба, индивидуална загуба… Изгубена убавина, изгубени животи, изгубени идентитети. Приказна за љубовта на една девојка кон скршено момче и љубовта на еден ранет војник кон сосема невпечатлива девојка. Ова е приказна за пријателство кое ги лечи сите болки, хероизам кој ги побива сите општи дефиниции и модерна приказна за Убавицата и ѕверот, која ни покажува дека има по малку убавина, но и по малку и од ѕверот, во секој еден од нас…
-
Деновите кога најмногу те љубев
0490,00 денНезаборавна и крајно романтична, срцепарателна приказна која ќе ве натера да се запрашате: Колку би жртвувале за оној кој го љубите?
Евелин и Џозеф растат заедно на бреговите во Нова Англија. Се засакуваат уште од деца, но животот е долг и непредвидлив, па многупати ги разделува, како да ја испитува и искушува нивната љубов. И сега, повеќе од шеесет години подоцна, со цел еден живот помеѓу нив, ги повикуваат своите три деца за да ја споделат најновата вест, последниот удар кој животот им го задава за да ги раздели. Таа добива трагична дијагноза, а тој не може да живее без неа. И не сака да дозволи да се разделат, дури ни сега, во староста, по сите поминати години и мигови. Па така, планира да замине заедно со неа.
Во обид да се помират со судбината, Евелин и Џозеф се навраќаат на минатото – на сите радости и испуштени нешта, на смеата и на тагата – сѐ што ги довело до овој момент. Сага која се протега од пред Втората светска војна, преку нападот на 11 септември и до вечноста – доказ за неспоредливата моќ на љубовта и потсетник дека и во најмрачните моменти, секогаш има надеж и убавина во животот.
-
Првата вечерна ѕвезда
1440,00 денПајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот бек на Чикаго Старс, Купер Грахам. Проблем? Грахам ја открива и не е среќен.
Па затоа добрите детективи мора да знаат да работат под притисок и брзо да размислуваат. „Јас те демнам. Не сум опасна. Човече, никако. Повеќе нешто како малку опседната со тебе…“
Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам, но не како телохранител затоа што тој одбива да признае дека очајно му е потребен. Тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб. Но одеднаш, неговиот живот е во опасност и Пајпер е решена да го заштити, без разлика дали тој сака или не. (А тој дефинитивно не сака!) Проблемот е што таа истовремено се справува и со куп други тешки клиенти. Во секој случај, најтежок од нив е самиот Купер Грахам – легендарен спортски херој кој секогаш го добива тоа што го сака. Па макар тоа била тврдоглава детективка смртно решена да му докаже дека е подеднакво силна како него.
Во стилот на Сузан Елизабет Филипс, романтична комедија што освојува уште од првата глава.
-
Изопачена омраза
0500,00 денТој ја мрази… речиси исто толку колку што ја посакува.
Прекрасниот, арогантен и екстремно успешен доктор Џош Чен, никогаш нема запознаено жена којашто не можел да ја шармира – со исклучок на Џулс Амброуз. Прекрасната црвенокоса го вади од такт уште од денот кога се запознаваат, но истовремено му ги консумира мислите, како ниедна друга претходно. Кога омразата помеѓу нив експлодира во една незаборавна вечер, тој предлага решение со кое се надева дека ќе успее да ја исфрли од глава еднаш и засекогаш: договор за непријатели со бенефиции со едноставни правила. Без љубомора. Без обврски. И апсолутно без вљубување.
Амбициозната и забавна Џулс Амброуз е фокусирана на една работа: да го положи правосудниот испит за да стане адвокат. И ако нешто не ѝ треба во оваа фаза од животот, тоа е некојси арогантен, неподнослив доктор… без разлика колку е згоден. Но колку подобро го запознава, толку повеќе сфаќа дека има нешта кои не ги знаела за човекот кој го мрази толку долго. Нејзиниот непријател. И нејзиниот единствен спас.
