• Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)

    Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)

    0

    Toj e сè што таа сака да избегне.
    Кетрин Маркс веќе две години работи како придружничка на сестрите Хатавеј. Ужива во работата, која сепак има една голема мана: постариот брат, Лео Хатавеј, е неподнослив. Тешко ѝ е да поверува дека зад нивните жестоки препирки би можело да се крие привлечност. Но, кога една од нивните расправии завршува со ненадеен бакнеж, Кет е шокирана од својата реакција – а уште повеќе, од неговиот предлог да се впуштат во опасна врска.

    Таа воопшто не е таква каква што изгледа.
    Достоинственото однесување на Кетрин крие тајна што би jа уништила. За Лео, таа е како забрането овошје – неодолива и мистериозна, фатална комбинација за човек кој решил никогаш повеќе да не сака и кој се наоѓа во безизлезна ситуација. За една година тој мора да се ожени и да добие дете, инаку семејството ќе ги изгуби наследството и домот. Опасноста што Кет се обидува да ja избегне се заканува засекогаш да ги раздели. Освен ако непопустливите љубовници не научат начин да ги победат сенките на минатото и да ѝ се препуштат на страста.

    470,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кафеноока (Тревис #4)

    Кафеноока (Тревис #4)

    1

    Ејвори е позната организаторка на свадби, но за жал, таа не верува во љубов – барем не кога станува збор за неа. Кога го запознава богатиот ерген Џо Тревис, помешувајќи го со фотограф, нема намера да му дозволи да ја шармира. Но Џо е човек кој се бори за тоа што го сака, а Ејвори сепак не може да му одолее на секси јужњачкиот шармер и топлата летна вечер.

    Меѓутоа, по таа една вечер, Ејвори е решена да не дозволи тоа да се повтори. Човек како Џо може да значи само неволја за жена како неа, а таа секако не смее да си дозволи дистракции затоа што е ангажирана за свадбата на годината – настан кој е исклучително важен за неа.

    Компликациите сепак почнуваат, ставајќи ја во опасност целата свадба, особено кога испливуваат шокантните тајни на невестата. Но Џо е категоричен дека нема да се откаже лесно, па Ејвори е принудена да се соочи со несигурностите и убедувањата кои произлегуваат од минатото кое би дала сѐ да го заборави. Ситуацијата доаѓа до точка на вриење и таа се соочува со најтешката одлука во својот живот. Само ако ризикува сѐ, вклучувајќи ја својата кариера и своето срце – ќе открие што е најважно во животот.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Со секој здив

    Со секој здив

    0

    Хоуп Андерсон се наоѓа на крстопат. На триесет и шест години, таа веќе е во врска со своето момче, хирург-ортопед, цели шест години. Бидејќи сѐ уште нема свадба на повидок, а дознаваат дека нејзиниот татко боледува од АЛС, таа решава да помине една недела во семејната викендичка во Сансет Бич, Северна Каролина, за да ја подготви за продажба, но и да размисли за сите тешки одлуки поврзани со иднината.

    Тру Волс никогаш претходно не бил во Северна Каролина, но доаѓа во Сансет Бич поради писмо од човек кој тврди дека му е татко. Тру е сафари водич, роден и пораснат во Зимбабве, кој се надева дека ќе успее да открие дел од мистериите околу животот на мајка му и да врати спомени изгубени со нејзината смрт. Кога на двајцата туѓинци им се вкрстуваат патиштата, нивната хемија е електрична и незамислива… но во деновите кои следат, нивните чувства ќе бидат принудени да им отстапат место на семејните должности наместо на личната среќа.

    Колку може да биде срцепарателно каењето, колку долго може да преживува надежта? Со секој здив е приказна која ги истражува многуте лица на љубовта и лојалноста, поставувајќи го прашањето: Колку долго може да живее еден сон?

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Договор за љубов (Dreamland Billionaires #2)

    Договор за љубов (Dreamland Billionaires #2)

    0

    Деклан: Судено ми е да станам директор на семејната медиумска империја. Има само еден проблем. Клаузулата за наследство на дедо ми. Исполнувањето на неговата последна желба – да се оженам и да му дадам наследник – ми се чинеше невозможно сѐ додека мојата асистентка не волонтираше за позицијата. Нашиот брак требаше да биде совршено решение на мојот најголем проблем.
    Но колку повеќе глумиме дека сме заљубени пред други, толку понесигурен станувам за нашиот договор. Развивањето чувства за Ирис никогаш не беше дел од спогодбата. Особено не кога знам дека е неизбежно да ѝ го скршам срцето.

    Ирис: Мојот план да се омажам со Деклан во теорија беше прилично едноставен. Ќе се вселиме заедно. Ќе организираме свадба. Ќе направиме дете. Поставивме дури и одредени правила за да избегнеме какви било проблеми. Правила кои не требаше да бидат прекршени, без оглед на тоа колку Деклан ќе ме искушува.
    Но што кога нашата фиктивна врска почнува да се претопува во вистинска?
    Вљубувањето никогаш не беше опција. Барем не за мене.

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Љубов во Тел Авив

    Љубов во Тел Авив

    0

    Луна е млада и независна девојка, успешен професионален фотограф која си ја обожува својата работа. Позитивна, љубезна, полна со живот и прекрасен пријател.
    Мислејќи дека го живее животот од соништата и наскоро ќе биде запросена од нејзиното долгогодишно момче, Луна се соочува со големо предавство кое ѝ го крши срцето и ѝ ја уништува довербата во мажите и надежта во љубовта.
    Сакајќи да се оттргне од реалноста, сосема случајно, со своите пријателки планираат спонтано патување. Луна не е свесна дека сѐ ќе се промени кога нејзиниот поглед ќе се сретне со погледот на црноокиот згоден странец.

    Бен не верува во врски, тој е заколнат ерген. Тајната и болката кои се кријат зад црните очи на убавиот странец го прават воздржан и ладен, маж кој многу добро ги контролира своите чувства и зборот љубов одамна не е дел од неговиот речник, сѐ додека не се појави Луна во неговиот живот.

    Дали Луна ќе успее да ги размрда неговите чувства, да ги пробие високите ѕидови кои тој ги изградил околу себе и да му се пикне под кожа?

    Дали е таа спремна да остави сѐ зад себе, повторно да ризикува нејзиното срце да биде скршено и да започне нов живот на сосема ново место?

    370,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)

    Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)

    0

    Сите знаат дека Колин Бриџертон е најшармантниот маж во Лондон. А Пенелопе Федерингтон потајно го обожава братот на нејзината најдобра пријателка… па, се чини отсекогаш. Со оглед на тоа дека половината свој живот го набљудува Колин Бриџертон од далечина, смета дека знае сѐ што може да се знае за него, сѐ додека не налета на неговата најдлабока тајна… кога одеднаш почнува да се плаши дека никогаш воопшто и не го познавала.

    На Колин му е смачено од тоа што сите го сметаат за обичен празноглав шармер и особено му е смачено од колективната преокупација со озлогласената колумнистка на гласишта и озборувања, Леди Вислдаун, која како да не може да објави издание без да го спомне токму него во првиот параграф. Но кога се враќа од патувањата во странство, открива дека ништо во животот повеќе не е исто – особено не Пенелопе Федерингтон! Девојката која го прогонува низ соништата. Но кога дознава дека и таа има своја тајна, овој недопирлив ерген мора да реши… дали таа е најголемата закана за него – или неговото ветување на среќен крај?

     

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Беспрекорно

    Беспрекорно

    0

    Правилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во неволји. Да биде беспрекорен. А сега е принуден да го дели покривот со неа. И креветот. Но правилата се создадени за да бидат прекршени.

    Рет Итон е најпознатиот родео-каубој во Канада и жените го обожаваат. Вистинска суперѕвезда. Или барем до неодамна, пред да биде вмешан во голем скандал што се заканува да ѝ стави предвремен крај на неговата блескава кариера. Агентот настојува да го среди имиџот, па затоа ја праќа ќерка си, Самер, да го следи во чекор до крајот на сезоната.
    На Рет не му треба дадилка – особено не толку убава, со припиени панталони и заводлива насмевка, која не умее да си ја држи устата затворена. Прекрасната уста за која тој не може да престане да размислува. Но Самер не е лесен плен, не е уште една цртка во долгиот список со заведени девојки. Таа проникнува зад неговата маска на самоуверен и себичен никаквец, го гледа неговото вистинско лице и нема намера да побегне.
    Самер се обидува да не ја пречекори границата, затоа што неговата репутација не би издржала уште еден удар – како и нејзиното срце, кое не би издржало уште болка.
    Но Рет е решен да ѝ го освои, колку и да го чини тоа.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Туѓинецот на свадбата

    Туѓинецот на свадбата

    0

    Пред љубовта на прв поглед, имаше работи кои никој не ги виде.

    Ени не верува во љубовта – сè додека не го запознава Марк. Откако патиштата им се вкрстуваат одејќи наутро на работа, се зближуваат за време на групните терапии за преживеани трауми. И двајцата препознаваат делови од себе во другиот, но и двајцата кријат нешта од своето минато.
    Ени не ни замислувала дека е можно некогаш да се венча, а сега, кога денот е конечно тука, не постои нешто за што е посигурна од желбата да стапи во брак со Марк.

    Но додека стои пред олтарот и гледа кон насобраните гости, забележува еден туѓинец. Набрзо дознава дека нејзиниот нов живот нема да биде толку среќен колку што си замислувала. Кој е туѓинецот на нејзината свадба? Што навистина се случило со првата сопруга на Марк? Дали средбата меѓу Ени и Марк била навистина случајна или некој друг ги вмешал прстите?

    Возбудлив трилер што ќе ве натера да размислите двапати пред да кажете „да“.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Безобразни писма

    Безобразни писма

    0

    Грифин Квин беше момчето од Британија со кое се допишував во детството. Иако бевме тотално различни, преку стотици писма во текот на годините, станавме најдобри пријатели, споделувајќи ги нашите најмрачни, најдлабоки тајни и создавајќи нераскинлива врска. Но таа врска сепак се раскина еден ден.

    И години подоцна, пристигна ново писмо. И тоа безобразно – писмо во кое беше собран сиот негов гнев од изминатите осум години. Немав избор, освен да му кажам зошто престанав да му пишувам. Грифин ми прости и некако успеавме повторно да го оживееме тој близок однос од детството. Само што, сега бевме возрасни и во врската имаше хемија, имаше искри. Нашите забавни писма брзо станаа кокетни, а потоа и крајно безобразни, преполни со нашите најлуди фантазии. Па логично беше да отидеме еден чекор понатаму и да се видиме во живо.

    Но, Грифин не сакаше да се сретнеме. Ме замоли да му верувам и велеше дека така е најдобро. Само што, јас сакав нешто повеќе, па решив да ризикувам и тргнав да го барам. Луѓе правеле и полуди нешта за љубов. Но она што го открив таму можеше да смени сѐ.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • -30% Книга за нередот

    Книга за нередот

    0

    Дали и кај вас дома понекогаш има неред?

    Во оваа книга, нередот е насекаде! Дома, во собите, во кујната, во дворот, во градинката – насекаде! Семејствата Куче, Мечка, Жирафа и Јазовец не можат да ги пронајдат работите кои им требаат за да се дотераат, да готват, да си играат, да составуваат сложувалки.

    Дали ќе им помогнете да ги најдат нештата кои ги бараат во нередот?

    Original price was: 320,00 ден.Current price is: 224,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -30% АНТОН И БАБА на дното на морето

    АНТОН И БАБА на дното на морето

    0

    од ТОМАС БРУНСТРОМ И ТОРБЈОРН КРИСТОФЕРСЕН

    Антон и баба патуваат до дното на морето за на дното на морето да го најдат прстенот на баба.

    Тие сретнуваат опасни чудовишта, гладни китови и чудесни сирени, а Антон мора да биде многу вешт ако сака да управува со подморницата и да го врати прстенот.

    Ги чека уникатно авантуристичко патување, бидејќи кога баба е со вас, никогаш нема здодевен момент.

    Original price was: 280,00 ден.Current price is: 196,00 ден.
    Додај во кошничка
  • Шепотот на судбината

    Шепотот на судбината

    0

    Таа не верува дека некогаш повторно ќе љуби, бидејќи смета дека во животот, човек само еднаш може да доживее вистинска, длабока, исконска љубов. Затоа, по драмата која ѝ го менува светот од корен, Стела Еванс бега од секој маж кој сака да ѝ се доближи поблиску од она што за неа е прифатливо. Посветена на својата професија, и во постојан обид да си ја излекува расрквавената душа, ќе успее ли да го наслушне шепотот на судбината и да се соочи со сенките кои истата ќе ѝ ги врати од минатото?

    Тој е силен, убиствено згоден, неприкосновен шармер, на којшто ниедна жена не може да му одолее. Но, тој нема доверба во ниту една претставничка на понежниот пол, па затоа отворено им ги кажува своите намери, а тоа подразбира само добар секс и ништо повеќе. Кога најмалку очекува, Брајан Купер ќе се соочи со животен пресврт во кој може да изгуби сé, но и многу да добие. Кога во непредвидени околности ја запознава храбрата, синоока убавица, ќе успее ли комплетно да ѝ верува или ќе продолжи тврдоглаво да се спротивставува на она што за него го има смислено судбината?

    * Книгата ќе биде достапна за продажба од 08.06.2024, во сите Сакам Книги книжарници и онлајн

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Италијанскиот ракопис

    Италијанскиот ракопис

    0

    Стара семејна тајна носи голема опасност, дури и по неколку декади…

    Пред стотици години, трговецот Вилфрид Војнич открил ракопис кој до ден денес се смета за најтаинствениот и најмистериозниот ракопис на светот. Напишан е на чудно и непознато писмо во комбинација со необични илустрации и дијаграми. Многу светски научници и стручњаци за шифри се обиделе да го дешифрираат, но досега ниту еден нивни труд не вродил со плод.

    Хана Дејвис пишува статии за весник во Њујорк. Иако нејзиниот живот не бил лесен, ниту просечен, сепак таа се изборила да заврши факултет и да си најде работа во еден од најголемите градови во Америка. Текот на нејзиниот живот наеднаш се менува кога добива повик од полицијата во Кејп Меј. Единствениот човек со кого е во крвно сродство и единствен нејзин близок роднина – нејзиниот дедо – е убиен во неговиот стан. Таа стои пред една од најважните одлуки кои мора да ги донесе – дали да продолжи со животот во Њујорк или да се врати во нејзиното родно место и да ја продолжи работата на дедо ѝ во семејната антикварница.

    Така одлучува да се врати во Кејп Меј. Кога се сретнува со адвокатот за тестаментот, сфаќа дека дедо ѝ ѝ оставил скриена порака. Ни самата не знае што значи пораката, ниту како ќе ја дешифрира. Сепак, со малку помош од старите пријатели и малку среќни околности, успева во тоа. Но една порака ја носи кон друга па кон трета. Откривајќи ги сите три, таа се става во огромна опасност. Пораките ја водат до тајно откритие, поради кое и дедо ѝ го загубил животот.

     

    320,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Жените

    Жените

    0

    Интимен портрет на растењето во опасно време и епска приказна за една поделена нација.

    И жените можат да бидат херои. Овие зборови се откровение за дваесетгодишната Френки, која учи за медицинска сестра. Израсната во сончевиот и идиличен свет на Јужна Калифорнија и секогаш штитена од своите конзервативни родители, таа се гордее со фактот дека секогаш ги правела правилните нешта, она што се барало и очекувало од неа. Но во 1965, светот се менува и таа одеднаш се осмелува да замисли поинаква иднина за себе. Кога нејзиниот брат заминува да служи во Виетнам, Френки се приклучува кон воениот корпус како медицинска сестра и го следи неговиот пример.

    Незрела и неискусна исто колку и мажите пратени во Виетнам да се борат, Френки психички ја совладува хаосот и деструкцијата од војната. Секој ден е коцкање со животот и смртта, надежта и предавството, а пријателствата имаат длабоки корења, но воедно можат да се распрснат за миг. Во војната, таа ги запознава – но и станува една од – среќните, храбрите, скршените и изгубените. Но војната е само почеток за Френки и нејзините пријатели ветерани. Вистинската битка почнува со враќањето дома, во променетата и поделената Америка, кај лутите протестанти, во државата која сака да го заборави Виетнам.

     

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кралицата Шарлота

    Кралицата Шарлота

    0
     
    „Ние сме една круна. Неговата тежина е моја, а мојата е и негова…“
     
    Во 1761, еден сончев септемвриски ден, еден крал и една кралица се сретнуваат за првпат. И се венчаваат во рок од неколку часа.
     
    Родена како германска принцеза, Шарлота е прекрасна, тврдоглава и крајно интелигентна… а тоа не се баш особините кои Палатата ги посакува за сопругата на младиот крал Џорџ III. Но нејзиниот оган и независност се токму она што е потребно, бидејќи Џорџ има тајни… тајни со потенцијал да ги разнишаат темелите на монархијата.
     

    Втурната во новата улога на кралица, Шарлота мора да се запознае со правилата и политиките додека истовремено си го штити срцето, бидејќи се вљубува во кралот, дури и покрај тоа што тој ја оттурнува од себе. А пред сѐ мора да научи да владее и да разбере дека ѝ е дадена моќ да направи огромни промени во општеството. Таа мора да се бори – за себе, за својот сопруг и за сите кои бараат помош и водство од неа. Затоа што таа никогаш повеќе нема да биде само Шарлота. Мора да ја следи својата судбина… како кралицата Шарлота.

    Незаборавна романса од моќното дуо, напишана ексклузивно за Нетфликс.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Плејлиста (Колекционер на очи #3)

    Плејлиста (Колекционер на очи #3)

    0

    Музиката е нејзиниот живот, а петнаесетте песни одлучуваат колку ќе биде долг.
     
    Пред еден месец, петнаесетгодишната Фелин Јагов исчезнува без трага одејќи на училиште. Мајка ѝ го најмува приватниот детектив Александер Зорбах, кој открива дека преку онлајн музички сервис Фелин ги слуша омилените песни, иако е во заробеништво. Уште поинтересно е што плејлистата била сменета пред два дена. Дали преку новите песни таа се обидува да прати тајна порака?
     
    Зорбах очајно се обидува да ја одгатне загатката што ќе го одведе до местото каде што се наоѓа Фелин. За жал, не знае дека обидот да ја најде и да ја спаси од киднаперот ќе го вовлече во ужасен кошмар, во безмилосна трка со времето во која шансите да преживеат се речиси еднакви на нула.
     
    Ова е една од најуникатните книги на Фицек бидејќи плејлистата навистина постои. Фицек овој пат се јавува и како креатор на текстови и композиции заедно со низа познати музичари, кои имаат креирано 15 песни специјално за приказната. 
    590,00 ден
    Додај во кошничка