-
Ми велеа дека сум пречувствителна
0420,00 денПречувствителноста не е слабост – може да биде твојата силна страна!
Имаш ненадејни промени во расположението? Непријатно ти е меѓу непознати? Кога гледаш дека некој се чувствува лошо, знаеш што треба да направиш за да му биде подобро? Не сакаш метеж, врева или насилство? Ако на сите овие прашања си одговориш потврдно, тогаш со сигурност си пречувствителна личност и тоа ти создава тешкотии во животот.
Федерика Боско отсекогаш знаела дека е пречувствителна. Уште од мала не ги сфаќала работите како другите деца, туку сѐ доживувала на своја кожа и многу подлабоко. Овој нејзин интимен дневник е практичен прирачник за сите кои размислуваат многу и се грижат премногу, но истовремено и за оние кои сакаат да ги разберат пречувствителните луѓе. Анализирајќи ја психата со сите нијанси на човековата душа, таа им нуди стратегија на луѓето кои живеат во подвоеноста на своите комплицирани и фасцинантни личности.
Пречувствителноста не е слабост! Таа може да биде твојата тајна моќ. Со практичните совети на Боско можеш својата пречувствителност да ја претвориш во предност, да се ослободиш од лошите луѓе и ситуации и да му се радуваш на животот.
-
Дожд – Светот за Пред Дождот на Милчо Манчевски
0900,00 денУредници: Марина Костова и Благоја Куновски.
Монографија за култниот македонски и светски филм, Пред дождот. 420 страници во формат 28 х 23.5 цм.
Неколку стотици написи од печатени медиуми во околу 50 земји се пренесени во факсимил, меѓу кои и триесетина академски есеи, извадоци од книги, работни тетратки кои го користат филмот како урнек, итн. Избор од над 5.000 текстови објавени за „Пред дождот“. Книгата содржи и преписка од периодот на продукција и по неа, извадоци од сторибордот, белешки, итн. Издавач е Музејот на современа уметност во Скопје.
-
Се поради еден допир
0430,00 денВо Лондон сите се согласуваат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познаваш“. Лордот Џек Бајрон е соочен со „проблем“ што е скандалозен дури и за него самиот. Треба да се ожени со дваесет и петгодишна „стара мома“ од средниот слој бидејќи нејзиниот татко, богат трговец, го има во раце поради коцкарски долг.
Прекрасниот маж и непоправлив женкар, лордот Џек Бајрон, мора да го исполни неговото барање и да се венча со Грејс, ама притоа треба да ја убеди дека тоа го прави од љубов. За влез на неговата ќерка во светот на лондонските аристократи таткото е подготвен да даде голем мираз и ветува простување на коцкарскиот долг…
За среќа, Грејс не е ни грда, ни беспомошна госпоѓица. Кога првпат ќе се сретнат во една лондонска книжарница, Џек е запрепастен од нејзината сензуалност и затоа решава да ја одведе и во кревет и на венчавка. Постојано ја заведува со своите допири, љубовни предигри и секс, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце.
Трејси Ен Вoрен е современа американска писателка на историски љубовни романи. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД.„Дарбата на Трејси Ен Вoрен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“
– Romantic Times Book Reviews
„Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“
− Џеклин Ц., Eclectic Book -
Лејла
0420,00 денОд број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер – ни доаѓа роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта.
Кога Лидс ја запознава Лејла, уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс. Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми. Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ù помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите.
-
Штама
0550,00 ден# 6 ДЕТСКАТА КУЌА
Убиена жена. Исчезнато дете. Татко што бара одмазда.
Еден студен ден во Рејкјавик исчезнува бебе родено од сурогат мајка.
Единаесет години подоцна девојче умира од морбили, а таткото сака да се пресмета со личноста што ја заразило. Хулдар и Фреја сега работат во иста полициска зграда. Фреја се обидува нивните лични односи да ги држи настрана од професионалните, колку тешко и да е тоа. Тогаш, во напуштен автомобил е пронајдено распарчено тело на една жена. Полицијата не може да ја пронајде нејзината глава. Додека работат на случајот, а наоколу владее штама, тајната околу аферата на Хулдар и Фреја е речиси пред разоткривање.
Идентификувањето на телото на жената ги враќа назад во тајните на минатото и им отвора дотогаш неоткриени злосторства што поврзуваат три различни семејства. Ништо не е како што изгледа во овој комплициран случај!
-
Бело се пере на деведесет
0350,00 денБело се пере на деведесет е шокантен, духовит и инспиративен билдунгс-роман, што ја бележи животната приказна на нараторот, кој во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до неодреден ден во денешницата.
Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамки на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни.
Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста, и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.
Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ù е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, Бело се пере на деведесет (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година
-
Куклата
0500,00 ден#5 ДЕТСКАТА КУЌА
Требаше да биде тивко семејно патување со риболов, можност за мајката и ќерката да разговараат,но тоа засекогаш ги менуванивните животи!
Не уловуваат ништо освен една скршена кукла што се заплеткува во мрежата. По години минати во океанот, куклата изгледа застршувачки и првичниот инстинкт на мајката е да ја фрли назад.Попушта откако ќерка ѝ инсистира да ја задржат. Истата вечер, мајката објавува фотографија од куклата на социјалните мрежи. До следното утро, таа е мртва, а куклата е исчезната.
Неколку години подоцна, Хулдар е на своетонајомразено место – брод во разбранувани води, барајќи човечки остатоци. Меѓутоа, идентификувањето на скелетот што ќе го пронајдат се покажува потешко отколку што првично мислеле и Хулдар мора да го повика искуството на Фреја. Како што се продлабочува мистеријата, Хулдар е вовлечен во истрага на убиство на бездомен зависник од дрога, а Фреја истражува можен случај на сексуална злоупотреба во дом за сираци.
Наскоро станува очигледно дека овие случаи се поврзани преку еден исчезнат сведок: девојчето што ја посака куклата пред сите тие години.
Напната, застрашувачка и невозможна да се остави, „Куклата“ ја цементира репутацијата на Ирса Сигурдардотир како маестро на раскажувачка тензија и изненадување.
-
Три желби
0450,00 денЛит, Кет и Џема Кетл, прекрасни триесет и тригодишни тројни близначки, се чини го привлекуваат вниманието каде и да се појават. Кога се заедно, се чини како постојано да ги следат смеата и драмата, но, со тоа, тука се и неволите, додека секоја посебно си води и своја битка со личните подеми и падови. Лин си го организира жживотот според еден голем список што си го прави самата, Кет дознава вчудовидувачка тајна за нејзиниот брак, а Џема, која ја прекинува секоја врска кога ќе дојде до шестиот месеc, конечно почнува да се надева на трајна љубов.
-
Лажливиот живот на возрасните
0450,00 денУште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните
Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?
Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.
Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.
„Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“
Тајмс, Велика Британија
-
Пет капки сон
0700,00 денВтората книга фотографии на Милчо Манчевски содржи 49 уникатни композиции фор форма на пентаптих. Секој пентаптих содржи пет фотографии, организирани во хоризонтални визуелни целини, како ехо на традицијата на триптих слики и икони.
„Во збиркава композиции ПЕТ КАПКИ СОН ме интересираат две работи:
1. Експлозијата на визуелното во прозаичниот момент; и
2. Костецот и прегратката на наративното и формалното.
Фотографииве живеат само кога се заедно и кога формираат
композиција. Kако ноти во песна”, вели Манчевски за делата во Пет капки сон.
-
Надвор од рамките
0500,00 денАко работиш доволно напорно и се докажеш, и ги користиш умот и имагинацијата, можеш да си создадеш свет каков што посакуваш.
Во оваа чудесна книга Малком Гладвел нè носи на интелектуално патување во светот на најдобрите и најмудрите, најпознатите и најуспешните – оние кои излегуваат надвор од рамките. Прашувајќи се што ги прави успешните луѓе поинакви, тој доаѓа до низа одговори што не сте ни знаеле дека ви стојат како загатки во умот.
Ние обрнуваме премногу внимание на тоа какви се успешните луѓе, без да ги земеме предвид околностите во кои живеат, нивната култура, фамилија, генерација… И обично забораваме дека тие се концентрираат на сопствената природа и постојано работат на свое подобрување и самонадминување.
Објаснувајќи ги тајните на софтверските милионери, што е потребно да се биде добар фудбалер, зошто Азијците се познати математичари и како Битлси станаа најпознатиот рок-бенд, Гладвел нè поведува во една неверојатна умствена авантура од другата страна на човечката природа.
„Дознајте што ги издвојува луѓето со високи достигнувања од останатите – од Бил Гејтс до Битлси – во неповторливиот број 1 бестселер на Малком Гладвел.“
Њујорк тајмс
-
Сечилиште
0250,00 денПо дваесет и пет години, семејството конечно се собира во малото балканско гратче во кое некогаш владеела среќа и напредок, сѐ додека над нив не се надвила сенката на војната. Сега ненадејно се вратиле: најстариот син Владимир, истакнат професор по економија, снаата Хелена и внукот Давид. Бабата Надија и дедото Клемент одвај дочекале да ги видат. На семејната вечера се појавува и синот Игор, воен репортер, кој се обвинува себеси за семејната трагедија.
Од аперитивот до дижестивот, Игор Штикс нѐ води низ напната и интересна семејна историја која секако дека е обременета со политиката на XX и XXI век. Во неа важна улога игра и прадедото Оскар, кој како млад австроунгарски војник учествувал во Октомвриската револуција, а на крајот завршил во логор во текот на Втората светска војна. Ноќ во која се откриваат долгопотиснатите тајни, во која се заменуваат судири и одмазди, во која станува очигледно дека минатото не може да се врати, но дека може од неговите стеги да се извлече со човечност и со непосредност. Ноќта завршува како и секоја друга, со изгрејсонце, но дали е тоа нов почеток или само уште едно ново разминување?
„Сечилиште“ на Игор Штикс ги допира сите оние резови и рани кои војната ги остава кај луѓето а и тие меѓу себе, се занимава со емоциите и неможноста минатото и личностите од нашиот живот да се отсечат со ножици.
-
Подарок за сеќавање
0430,00 денДарси Арчер работи во мала книжарница на Менхетен. Верна на своите соништа, одбива да се заљуби во некој што не е речиси совршен маж, некој што нема да ја собори од на нозе… буквално. Еден ден, на патот до книжарницата, возејќи велосипед, Дарси случајно ќе налета во убаво облечен маж со куче на поводник. Тој паѓа во несвест и итната помош мора да го однесе во болница, додека сиротото куче ќе остане само. Исполнета со чувство на вина, Дарси го зема кучето и размислува како да го врати на сопственикот што за целото тоа време лежи во болница и не може да се сети на ништо што се случило пред несреќата. Додека му помага на непознатиот маж да се сети на својот живот и семејството, го открива неговиот свет на книгите, патувањата, авантурите и сите оние работи за кои дотогаш само мечтаела. Дарси полека го спојува мозаикот за овој таинствен човек и почнува да се прашува, дали е тој ЕДЕН ЕДИНСТВЕН… Но, дали реалноста и мечтаењето се едно исто? И што ќе се случи кога на принцот на белиот коњ ќе му се врати меморијата? Дали Ајдан е навистина оној што го чека и со кој ќе живее среќно…
„Пријатна и слатка божиќна романса!“
‒ Паблишерс викли„Магична, топла и забавна.“
‒ Клоузер„Заплетот на оваа книга е исклучителен и ме натера да го видам крајот.“
‒ Marie’s Book Boutique -
Кирка
0500,00 денМагична книга која ткае поинаква приказна за волшебничката Кирка.
Неугледна, повлечена и без никакви моќи, иако ќерка на богот на сонцето Хелиј и заводливата нимфа Персеида, малата Кирка е осудена на осаменост и потсмев. Но наскоро таа во светот на смртните луѓе ќе ја открие својата волшебна моќ.
Сомничавиот Зевс ја прогонува на еден пуст остров, кој станува нејзино царство. Тука таа ги припитомува дивите животни, ги усовршува своите вражби и се среќава со многу митски јунаци – Дедал и неговиот несреќен син Икар, Минотаур, Медеја и лукавиот Одисеј во когошто се вљубува.
Жената што сака да биде независна е демнета од најразлични опасности. Кирка несвесно си го навлекува гневот и на луѓето и на боговите, а на крај се соочува и со одмаздољубивата божица Атина. За да го заштити најмилото, мора конечно да реши дали местото ѝ е покрај боговите, од кои потекнува, или покрај смртниците, коишто ги засакува.
„Волшебна приказна! Мадлин Милер создала смела феминистичка верзија на класичната приказна; во митскиот свет полн со богови, чудовишта и нимфи, длабоко во себе, главната хероина е иста како секој од нас.“
О магазин
„Иако знаеме како сè ќе заврши, оваа сочна приказна, раскажана во нова светлина, е напната и полна со неочекувани елементи.“
Вашингтон пост
-
Духот на мајка ми
0300,00 денПост-концептуалистичка мини-книга од Милчо Манчевски, илустрации Матијас Хајпел.
-
365 дена свесни
0650,00 денНа секој ден во нашиот живот му е доделена посебна намена!
Секој ден е единствен и неповторлив.
Прирачникот „365 дена свесни“ е замислен како ваш сојузник за секој ден во годината. За да ви помогне во секој ден да освестите нешто за животот што може да ви послужи да учите, духовно да растете и на денот што е пред вас да му го додадете најважниот зачин: мудроста.
Бидејќи вистински живеат само тие што знаат да живеат…