-
Прекрасен труп
0350,00 денРоман во кој е прикажана морничава и канибалистичка иднина на светот.
Поради вирус што ги напаѓа животните, а е смртоносен и за луѓето, сите животни мора да се убијат. Светот се соочува со потребата да го замени пазарот со месо од животинско потекло со човечко. Се создаваат нови закони за одгледување и за преработка на месо, со што се легализира човекојадството и општеството се дели на луѓе што јадат луѓе и луѓе што се за јадење.
Маркос Техо е раководител во кланицата „Криг“ во која се колат луѓе што се посебно одгледани за да служат за исхрана. Тој е привремено разделен од сопругата, се грижи за таткото болен од деменција, и се труди да не мисли како заработува за живот. Еден ден, жена одгледана за исхрана ја сокрива во домашната плевна. И покрај тоа што знае дека каков било личен контакт со неа значи смртна казна, искушенијата ќе го наведат да ги прекрши правилата.
Во такво бездушно и застрашувачко општество, брутално, но и суптилно, алегорично, но реалистично, со моќта на фикцијата, авторката поттикнува чувства и покренува прашања што се актуелни.
Што се случува со односот на другите луѓе кога еден ден може да станат наша храна?
-
Убава мала сопруга
0500,00 денНе треба ли мртвиот сопруг да остане мртов?
Лајла Риџфилд живее во идиличен град, но не е сè како што изгледа. Ниту Лајла не е таа што се претставува. Еден студент исчезнал, но и сопругот на Лајла, професорот Арон, исто така е исчезнат. На почетокот овие случаи се водат како ужасни случајности додека не се открие дека студентот е едно од необјаснетите исчезнувања во последните неколку години. Полицијата е очајна да ја пронајде врската, ако воопшто постои. Тие не знаат дека овие исчезнувања се само мал дел од вистината…
Додека гратчето е во метеж, сите се загрижени каде е нивниот сакан професор. Сите освен Лајла, неговата сопруга. Таа дефинитивно е збунета за неговото исчезнување, бидејќи таа беше последната личност што го виде неговото тело, а сега го нема.
Романот „Убава мала сопруга“ ќе ве воодушеви со својата напнатост, неизвесност и целосен пресврт.
-
Семејството на горниот кат
0490,00 денРоман на Лиса Џул, бестселер автор на „Њујорк тајмс“, приказна за минатото на едно семејство, чии закопани тајни се закануваат да излезат на виделина.
Бидете внимателни кого ќе пуштите во својот живот.
Откако ќе го прослави својот дваесет и петти роденден, Либи Џонс го пронаоѓа долгоочекуваното писмо. Конечно го дознава не само идентитетот на нејзините родители, туку и дека е единствениот наследник на нивната напуштена палата на бреговите на Темза, вредна милиони. Но, она што таа не го знае е дека и други го чекаат тој ден. Пред 25 години, полицијата била повикана на адресата „16 Чејн Вок“. Полицискиот извештај вели дека биле повикани поради плачење на бебе. Кога пристигнале, нашле здраво десетмесечно дете како си лежи во своето креветче во спалната соба. Во кујната се откриени три мртви тела, сите облечени во црно. Другите четири деца, пријавени дека живеат на истата адреса, ги нема.
Романот „Семејството на горниот кат“ ни ја расплетува приказната за две меѓусебно поврзани семејства што живеат во куќа што ги крие најтемните тајни.
„Богат, темен и превртлив роман, неверојатна мешавина на една семејна сага со мрачен расплет, за на крајот да се чувствувате како да сте биле под ладен туш.“ – Рут Вер, бестселер автор на „Њујорк тајмс“
„Роман што ќе ве остави без сон и ќе ве прогонува длабоко во ноќта.“ – Меган Миранда, бестселер автор на „Њујорк тајмс“
-
Семејството сепак останува
0490,00 ден„Семејството сепак останува“ е роман
за извртени бракови, распаднати
семејства и смртоносни опсесии.Едно рано утро на брегот на Темза, јавниот обвинител Семјуел е повикан на место каде што полицијата открила монструозни докази за извршено злосторство. Кога Семјуел ги испраќа доказите на испитување, дознава дека коските се поврзани со случајот на трите мртви лица во Челзи пред триесет години.
Рејчел Ример, добива шокантна вест дека нејзиниот сопруг, Мајкл, е пронајден мртов во подрумот на неговата куќа во Франција. Полиција треба итно да добие одговори поврзани со Мајкл на кои Рејчел не сака да одговори.
Откако побегна од Лондон, Луси Ламб конечно се враќа дома во Челзи, вселувајќи се со своите деца во штотуку купената куќа.Додека сите тие се тркаат да ги откријат
одговорите на овие мистерии, ќе
дознаат дека се поврзани на начин
на кој не би можеле ни да замислат. -
Семејство
0450,00 денЛора е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи се да се справи емоционално и финансиски, Лора е благодарна кога локална заедница, „Оук лиф органикс“, ù нудат дом нејзе и на нејзината 17-годишна ќерка Тили.
Но, додека Лора и Тили се адаптираат на животот со нивното ново „семејство“, почнуваат да се случуваат опасни работи. Кога еден од заедницата умира под сомнителни околности, Лора сака да замине, но Тили, привлечена од харизматичниот лидер, Алекс, одбива да си оди.
Очајно барајќи начин да ја спаси својата ќерка, Лора открива застрашувачка тајна, но Алекс и неговото семејство не се единствените што кријат нешто. Како што Лора копа во нивното минато, така тие копаат во нејзиното и таа ја открива застрашувачката причина поради која ги поканиле неа и Тили и зошто никогаш нема да им дозволат да заминат…
-
Крикот на ластовицата
0500,00 денКнигата го поставува прашањето: Дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен човек што, додека во светот се случуваат вакви нешта, ја гледа само својата удобност и останува рамнодушен?
Цел на серискиот убиец Мижачот се педофилите. Секогаш ги убива со ист ритуал. Ги носи силувачите на места што се поврзани со деца и покрај нив остава играчка. Покрај тоа, им ги врзува очите со кадифен превез и им пресекува дел од десното уво. Поради ова го нарекуваат Мижачот.
Пред неколку години имало слични случаи, но убиецот не бил фатен. Сега, кога тимот на началникот Невзат доаѓа на местото на злосторството, од глетката заклучуваат дека Мижачот повторно се вратил. Жртвата е педофилот што претходно се обидел да ја заведе и ќерката на началникот, пред таа и мајка ѝ да загинат во вооружен напад. Поради сето ова случајот почнува да станува почувствителен.
„Крикот на ластовицата“ го буди интересот на читателите со својата богата фикција и со возбудливото темпо, како и со чувствителниот приод кон општествените случувања, нудејќи многу повеќе од еден детективски роман. Дали може да се оправда едно убиство, од каква и да е причина?
-
Островот на пеликаните
0400,00 денУште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр.
Дејството ги следи судбините на двајца млади Роми, кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани што никој не би можел да ги замисли.
Приказната за Ајша и Габриел, за Павле и Јована, е приказна за џелатите што стануваат жртви и жртвите што стануваат џелати на сопствената судбина. Тоа може да се претвори во сечија приказна, но уште веднаш се однесува на секого од нас. Токму затоа оваа книга ќе ја прочитате во еден здив, а силуетите на нејзините јунаци ќе се вкотват длабоко во вас.
Мајиќ никогаш немал шанса да одговори на обвинувањата против него. Не го сторил тоа зашто се држел до професионалниот кодекс и не сакал да зборува за случаите на кои судел. Наместо да ги толкува површните напади, судијата одговара со нова книга, која не само што претставува книжевно дело туку е и посебен чин од кој треба да учиме како да се бориме на правилен начин.
„Островот на пеликаните“ носи надеж дека борбата за општо добро секогаш има смисла.
-
Кога никој не гледа
0500,00 денАко сакаш да го задржиш тоа што е твое, мора подобро да го чуваш. Некој секогаш демне да ти го грабне она што си го добила.
Сидни Грин е родена и порасната во Бруклин, но нејзиниот крај одеднаш брзо почнува да се менува. Речиси прекуноќ никнуваат згради со луксузни станови, насекаде има огласи за продажба на куќите, а соседите што ги познава цел живот ненадејно исчезнуваат. Раскинувана од болка поради пропаднатиот брак и загубата на мајка си, таа решава да организира туристичка обиколка на Бруклин, во чија подготовка ѝ се придружува новиот сосед, белецот Тео.
Но нивното заедничко истражување на историјата на црните населби се претвора во виор од параноја и страв. Можеби има вистина во приказните за киднапирање и насилно одземање на домовите? Можеби нивните соседи воопшто не се преселиле во предградијата? Иако сакаат да ги отфрлат теориите на заговор, наскоро откриваат дека зад плановите за ревитализација се кријат сосема поинакви мотиви.
Можат ли Сидни и Тео доволно да си веруваат себеси, и еден на друг, за да дознаат што се случува – пред и самите да исчезнат во морничавите планови на една корпорација гладна за профит?
-
Малибу во пламен
0480,00 денЧетворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш.
Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива.
Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер. Секако, можеби и Хад – поради одложувањето на еден разговор со неговиот брат со кого се неразделни од раѓање.
Од друга страна, Џеј ги брои минутите до забавата, бидејќи девојката на која не може да престане да мисли, му вети дека ќе биде таму.
И Кит има неколку свои тајни – вклучително и гостинот кој го поканила без да ги консултира другите.
До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата на Рива ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубовта и тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.
„Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале… и што ќе остави зад себе.
-
Затворениот ковчег
0400,00 денЛеди Ателинда Плејфорд е една од омилените авторки на книги за деца. Таа приредува забава на својот имот. Тоа не е обичен собир. Додека гостите пристигнуваат, леди Плејфорд го повикува својот адвокат за да го измени тестаментот и сето тоа да го соопшти во текот на вечерта. Одлучува да ги лиши сопствените деца од сè, а целото богатство да му го остави на некој кому му остануваат сè на сè неколку недели живот.
Меѓу гостите се и двајца мажи што дотогаш ги нема сретнато – белгискиот детектив Херкул Поаро и Едвард Качпул, инспектор од Скотланд јард. Ниту еден од нив не знае зошто е повикан. Поаро се прашува дали леди Плејфорд очекува да се случи убиство, но не може да сфати зошто таква провокација кога се знае дека можниот убиец е меѓу присутните?
Кога убиството навистина ќе се случи, и покрај сите обиди на Поаро да го спречи, ќе може ли славниот детектив да ја открие вистинската причина зошто леди Плејфорд ја направила драстичната промена во тестаментот? И, ќе може ли да го открие вистинскиот убиец?
-
Хари Потер и Каменот на мудроста (прв дел)
0650,00 денЕден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво, и му вели дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
-
Хари Потер и и затвореникот од Азкабан
0700,00 денУште еден бурен летен распуст на Хари! Овој пат тој успеа да се замери со својата тетка и за малку да биде избркан од Хогвортс! За бељата да биде уште поголема, озлогласениот затвореник Сириус Блек е побегнат од волшебничкиот затвор Аскабан, а страшните дементори го чуваат Хогвортс од сите страни. На крајот, тука е и црното, огромно куче кое го следи Хари насекаде, и гримот, предзнакот на смртта, што се појавува во ливчињата чај на часовите по Претскажување. Мрачните сили никако да си заминат од Хогвортс!
„Хари Потер и затвореникот од Аскабан“ е третиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
-
Хари Потер и Одајата на тајните
0650,00 денЛетниот распуст на Хари беше во најмала рака катастрофален. Го прослави најлошиот роденден досега, не доби ниедно писмо од Рон и Хермиона, а му беше соопштено смртно предупредување од куќниот виленик, Доби – и конечно, беше спасен на спектакуларен начин од Дарслиеви со помош на летачки автомобил! Во Хогвортс, пак, проблемите продолжуваат: Хари слуша шепотења во ѕидовите што никој друг не може да ги чуе, и наеднаш, училиштето е полно со скаменети ученици и страшни натписи по ѕидовите! На повидок е уште едно соочување со мрачните сили!
„Хари Потер и одајата на тајните“ е вториот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
-
Човек од костени
0500,00 денАко го најдеш, готово е.
Тој веќе доаѓа по тебе.
Сè започна едно утро кога полицијата пронајде тело на убиена жена во мирното предградие на Копенхаген. Од тој момент, граѓаните живеат во страв од немилосрдниот убиец чиј потпис е „човек од костени“ – кукла направена од кибритчиња и два костени, што ги остава на секое место на злосторството. Додека ги проучуваат трагите, форензичарите ќе дојдат до шокантно откритие: отпечатокот од прстот е од девојчето што исчезна пред една година и го сметаа за мртво.
Може ли убиецот да биде клуч за решавање на старото злосторство? И дали сè е само случајност или можеби нешто многу позаплеткано? Времето истекува, а убиецот го продолжува крвавиот пир. За да ги спасат невините животи, детективите мораат да преминат преку меѓусебните расправии и да откријат кој се крие зад овие свирепи убиства. Едно е сигурно, неговата мисија не е завршена. И никој не е безбеден.КНИГА ШТО ДОЖИВЕА НЕВЕРОЈАТЕН СВЕТСКИ УСПЕХ
НАСКОРО КАКО ТВ СЕРИЈА НА „НЕТФЛИКС“„Еден од најдобрите и најстрашните трилери оваа година… ќе ве хипнотизира вештината на новиот мајстор во жанрот.“
‒ Киркус Ривјус„Неверојатна приказна и крај што ве остава без здив.“
‒ Њујорк Тајмс -
Каде што шумата се среќава со ѕвездите
0390,00 денПо губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите живеалишта во Илиноис што ги почнала во текот на дипломските студии. Решителна во намерата да докаже дека неволите не ја скршиле, работи од утро до мрак. Нејзината осаменичка рутина е прекината кога пред вратата на нејзината колиба ќе се појави босоного дете, целото со модринки.
Девојчето, кое се претставува како Урса, тврди дека е пратена од ѕвездите да посведочи за пет чуда. Џо, загрижена за детето, ù дозволува да остане со неа – барем додека не ја открие вистината за нејзиното минато.
За да ја реши мистеријата со заскитаното девојче, Џо бара помош од својот повлечен сосед Габриел Неш. Оваа необична тројка ќе изгради цврста емоционална врска, но како што се ближи крајот на летото, сите нивни болни тајни излегуваат на површина, а нивните судбини се препуштени на ѕвездите.
-
Стапица
1299,00 денПосле разводот, младата и привлечна мајка Соња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син. Во исклучително тешка животна ситуација, таа се впушта во шверц на кокаин за Исланд и одеднаш е заглавена во канџите на безмилосниот криминален свет. Додека очајно го бара излезот од неволјите, уценета и крваво претепана, таа е принудена да применува нови и смели тактики, но не успева да го надмудри Браги – цариникот со долгогодишно искуство. Најинтересно е кој стои на врвот на меѓународниот нарко октопод! Работите стануваат уште покомпликувани затоа што Соња е во врска со жена. И тоа со Агла, некогашната висока менаџерка на банка, која ја гонат заради последиците од финансискиот колапс на Исланд.
Дејствието на романот се одвива во Рејкјавик, кој сѐ уште е покриен од прашината на вулканската ерупција на Ејафјадлајекидл. Со темен, динамичен и студен заплет и интригантни ликови Стапица е исклучително оригинален и харизматичен скандинавски крими-трилер, од една од највозбудливите крими авторки – Лилја Сигурдардотир.