-
Се викам црвена
0590,00 денСултанот издал наредба да се создаде книга што ќе ја прослави неговата империја. Собрани се најспособните и најталентираните минијатуристи кои ќе ја украсат книгата на дотогаш невиден начин. Но, проектот мора да остане во тајност, бидејќи илуминациите треба да бидат изработени во европски стил, а исламот е многу строг кон фигуративната уметност. Паниката избива во прв план откако еден од минијатуристите е пронајден мртов: сликарската контроверза многу лесно може да се претвори во религиски и во политички скандал со незамисливи последици.
Истовремено суптилна мистерија, заводлива љубовна приказна и медитација на природата на сликарството, романот Се викам црвена магично нè носи во XVI век, директно во јадрото на религиските и политички интриги на Отоманската империја. Самиот поделен помеѓу двете традиции, Орхан Памук уште еднаш ја демонстрира својата калеидоскопска визија, во која вешто се сопоставени Истокот и Западот, единката и општеството, религијата и уметноста.
-
Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)
0350,00 денXIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно.
Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката, првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Покрај реката почнуваат да учат да читаат и да пишуваат, стануваат учителки кои го шират почнатото таинствено дело низ сечиј дом и душа. Стануваат своевидни интелектуалки кои наоѓаат начин преку анонимно објавувани статии во весниците да допрат до светот. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот.
Живеењето и дејствувањето во сенка излегува на светлина кога се дознава за Тајното женско училиште – Ученољубие.
-
Море на спокојството
0360,00 денМеланхолична приказна за уништувањето на познатиот свет, патувањето низ времето и осаменоста.
Во 1912 г. 18-годишниот Едвин Сент Џон Ендру поради една непримерна изјава е протеран од своето богато семејство. Шетајќи низ шумата на малото место во кое престојува, одеднаш слуша чудни звуци на виолина. Во 1994 г. 12-годишната Винсент Смит снима мистериозно видео во шумата во близина на својот дом. Во 2020 г., по смртта на Винсент, нејзиниот брат композитор го прикажува ова видео на својот концерт. Во 2203 г. Олива Луелин ги остава сопругот и ќерката во домот на втората Месечева колонија, место со бели камења, шилести кули и артифициелна убавина, и оди на Земјата на турнеја со својот роман за пандемијата. Во него има еден чуден пасус: човек свири на виолина во густа шума кога се случува нешто необјасниво. За да открие како овие луѓе се поврзани и зошто ги слушаат истите звуци на виолина, детективот Гаспери Робертс мора да тргне на патување низ времето. Таму согледува можност да направи нешто извонредно, што ќе ја наруши временската рамка на универзумот. Но што ако нивната реалност е само симулација?
„Обединувајќи научна фантастика и одлична нарација, авторката на овој замислен свет истражува како технологијата може да ни ја контролира судбината ако заборавиме да сочувствуваме.“
Пипл
-
Хамнет
0420,00 денДвајца исклучителни луѓе. Љубов која ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи.
Еден летен ден во 1596 година во Стратфорд, единаесетгодишното девојче Џудит одненадеж ќе го кутне силна грозница. Хамнет, нејзиниот брат близнак, е во панична потрага по помош. Но, нема никој дома.
Мајката Агнес се наоѓа на имот оддалечен речиси два километри каде одгледува лековити билки и пчели. Таткото работи во Лондон. Ниту еден од нив не насетува дека едното дете ќе им умре.
Романот Хамнет е силна приказна за бракот и семејството кои се опустошени од тага и загуба, но и нежен, незаборавен портрет на момче чиј живот е заборавен, а чие име ја носи една од најпознатите драми на сите времиња.
Импресивното дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на англиски јазик последниве години, светски бестселер и добитник на престижни награди, меѓу кои „Воменс прајз“ и „Бритиш бук авордс“.
„Приказната за Хамнет Шекспир го чекала својот раскажувач повеќе од четиристотини години. Меги ѝ ја даде должната почит. Извонредно, потресно, импресивно.“ – Камила Шамси
„Хамнет е круна на книжевната кариера на Меги О’Ферел. Книга која се сака и се чува.“ – „Обзервер“
„Вистински скапоцен камен“ – „Космополитен“
-
Хотел меѓу две војни
0420,00 денХотел меѓу две војни“ е смел и богат псевдоисториски роман за љубовта на Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Забранета империја во процепот меѓу фактите и фикцијата, меѓу војните и мирот, меѓу срцата и умот во нас, но и надвор од нас. Опсада на Троја соѕидана во душата на Мустафа наспроти јуришот на тагата и болката на Елени испишани во два романа: во долгиот постмодернистички „Хотел меѓу две војни“ на Русјаков и во истоимениот кус, сентиментален роман на Елени, вгнезден во него како резервно женско срце.
-
Градината на олеандрите
0390,00 денВо градината на една куќа во Карбонара, во Апулија, цвета олеандер. Го насадува Агостино, кога се преселува таму со неговата сопруга Анита, позната како „Марџала“.
Жена со ретка и мистична убавина, Марџала има моќ да ги смири болките кај новороденчињата, претставува скапоцена помош при раѓање и, доколку е потребно, е во состојба да отстранува клетви. Има три ќерки: Розета, Корнелија и Дијаманте, која е најмладата. Првата е убава и дива како и таа. Втората има коса со боја на мед и истите светли, продорни очи на нејзиниот татко. Од друга страна, Дијаманте е полничка, со виткана и нескротлива коса и е своеглава.
Со постојано остар и прониклив поглед, речиси никогаш не препуштајќи се на нежност, со текот на годините Марџала станува сведок на смртта на нејзиниот сопруг, на почеток на војна и на растењето и созревањето на нејзините ќерки, со нивните несреќни љубови, горливи страсти, горчливи разочарувања.
Смирувачкото присуство на Марџала, обвиткано со нејзината непробојна тишина, е постојано тука да ги надгледува, дури и спроти најнепредвидливата судбина…
Семејна сага за испреплетените судбини на четири храбри и уникатни жени. Мирисот на волшебната земја, Апулија
-
Седумте мажи на Евелин Хуго
0450,00 денВозрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега?
Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ù е во ќор-сокак.
И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера.
Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ù ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како приказната на Евелин се приближува кон крајот, станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.
-
Се поради една љубов
0430,00 денНа сите им е познато дека браќата Бајрон се „луди, лоши и опасни“. Сега и нивната сестра, леди Малори Бајрон, ќе стане предмет на озборувања во високите кругови. Соочена со трагичната загуба, утеха пронаоѓа во семејниот пријател, грофот Грешам, кој што е познат и многу омилен кај лондонските дами. Утехата набрзо ќе се претвори во страст, скандал и на крајот во венчавка. Во брачниот кревет Малори ќе пронајде уживање за какво што не сонувала ни во најлудите соништа. Но, можат ли ноќите преполни со пријателство, страст и секс да се претворат во вистинска љубов?
Шармантниот заводник Адам, веќе со години тајно ја сака Малори. Еднаш веќе ја загуби поради друг маж, ама сега добива втора шанса да ја добие нејзината љубов – и планира тоа да го постигне по секоја цена. Дали срцето на Малори ќе му го подари она што толку го посакува?
Современата авторка на историски љубовни романи, бестселери, Трејси Ен Ворен, на нашите читатели им е добро позната по популарните историските љубовни романси – „Сè поради еден бакнеж“, „Сè поради еден допир“ и „Сè поради еден војвода“.
„Исклучителната нарација на Трејси Ен Ворен и забавниот пресврт во животот на еден член на фамилијата Бајронови ќе обезбеди оваа единствена и освежувачка сторија да стане хит меѓу љубителите на историски романси.“ – Bookbinge blog
„Страсна романса за чиј што среќен завршеток ќе навивате со целото срце.“ – Goodreads
„Вештината на авторката да создаде многу секси, трогателни романси ќе ги привлече читателите – и ќе им обезбеди уживање да читаат цела ноќ.“ – Romantic Times BOOK
-
Долга реса крај морето
0450,00 денПриказна за љубовта, пријателството, надежта и егзилот, која е актуелна и денес, и покрај тоа што се одвива во минатото.
Кон крајот на граѓанската војна во Шпанија, илјадници луѓе ја напуштаат земјата и преку Пиринеите бегаат во Франција. Меѓу нив се наоѓаат Росер, млада бремена жена, и Виктор Далмау, воен лекар и брат на загинатиот татко на детето на Росер. Со цел да преживеат, принудени се да склучат договорен брак. Потоа, заедно со уште две илјади шпански бегалци, успеваат да се качат на легендарниот брод „Винипег“, со кој познатиот поет Пабло Неруда, еден од ликовите во романот и чилеански конзул во Париз во тоа време, ја организира нивната евакуација во Чиле, држава што самиот Неруда ја опишува како: „долга реса крај морето“.
На новиот континент тие мора да се соочат со многу предизвици и во текот на неколку децении успеваат да живеат интегрирани во новата татковина, сè до државниот удар што ќе го собори претседателот Салвадор Аљенде, пријател на Виктор во играњето шах. Виктор и Росер повторно мора да го напуштат домот, но потоа, како што вели авторката: „ако човек живее доволно долго, круговите се затвораат“.
-
ЖЕНАТА ВО КУРАНОТ
0280,00 денЕве една значајна, повеќе од добредодена, за сите потребна книга која ги отвара видиците и придонесува за разбирање и надминување на предрасудите за статусот на жената во исламот и воопшто во светот.
Книга инспирирана од искрен хуманизам, наменета не само за приврзаницате на исламот, ниту пак само за жените, или само за мажите. Непосредно, со дијалог и јасна аргументација, авторот Бенјамин Идриз покажува дека мажот нема право да ги поддржува своите неоправдани очекувања, а жената има право да се чувствува еднакво значајно.
Овој извонреден толкувач на Куранот заслужува да биде сослушан. Изложувајќи ги учењето и залагањата на Пророкот, тој ги разрешува прашањата за жените во исламот со истражување на негативните слики за нив во исламската традиција, не од академска дистанца туку низ секојдневни разговори и излагања. Зашто за Идриз и двата пола се рамноправни во духовна и морална смисла, пред Бога и пред правдата се третираат исто.
Ова е книга што има моќ да ја менува историјата.
-
-
Се поради еден војвода
1430,00 денВо Лондон сите знаат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познавате“. Но, сега и за најстариот син дојде времето за брак…
Едвард Бајрон, војводата од Клајбурн, има сè што на еден припадник од високите кругови му треба: титула, богатство, углед… Сѐ освен невеста. Должноста бара да се ожени во бракот што многу одамна го договори неговиот татко.
Леди Клер Марсден мечтае за Едвард уште од своето детство. Но, откако го слушна рамнодушниот предлог на Едвард за нивниот договорен брак, Клер не е сигурна дека треба да се венча со војводата по кој лудуваат сите благороднички во Лондон и пошироко. Токму поради тоа започнува сопствена битка и дава неверојатен отпор учејќи го Едвард една важна лекција: за да добие невеста, прво ќе мора да ѝ го подари срцето. Едвард, постојано ја заведува со своите подароци, допири и љубовни предигри, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце…
И во ова свое дело, авторката Трејси Ен Ворен (Tracy Anne Warren), не се воздржува работите во љубовта и сексот да ги опише со нивното вистинско име, како што тоа беше во веќе објавените хитови – историските љубовни романи „Сѐ поради еден бакнеж“ и „Сѐ поради еден допир“.
„Дарбата на Трејси Ен Ворен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“ – Romantic Times Book Reviews
„Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“ − Џеклин Ц., Eclectic Book
-
Библиотекарката од Аушвиц
0500,00 денЖивотот, сечиј живот е многу кус. Но, ако успееш да бидеш среќен, барем во само еден момент, вредело да го живееш. Базирана на искуството на преживеаната затвореничка од Аушвиц, Дита Краус, ова е неверојатна приказна за девојчето што го ризикувало својот живот за да ја сочува магијата на книгите за време на холокаустот.
Четиринаесетгодишната Дита е една од многуте луѓе, што нацистите ги заробиле во Аушвиц. Одведена заедно со родителите од квартот Терезин во Прага, се обидува да се прилагоди на ужасниот живот во логорот. Кога еврејскиот водач Фреди Хирш ќе ја замоли да ја преземе грижата за осум драгоцени книги што затворениците успеале да ги прошверцуваат покрај стражарите, таа се согласува. И така Дита станува библиотекарката од Аушвиц.
Од едно од најмрачните поглавја во човечката историја, ни доаѓа оваа исклучителна приказна за храброста и надежта.
„Иако напишана без никакво затскривање на незамисливите ужаси во логорот на смртта, ова е сторија што сепак го величи животот.“ ─ Киркус ривјус
„Незаборавен роман, што ќе ви го скрши срцето.“ ─ Паблишерс викли
-
Хурем − московската наложница
0600,00 денПочеток на 16. век. Во Истанбул, како подарок во харемот на султанот Сулејман Величествениот го носат прекрасното девојче Александра Анастасија Лисовска. Таа во историјата ќе биде запаметена како најмоќната жена во Османлиската Империја – Хурем-султан. Всушност таа со својата нежност и убавина успеала да го освои срцето на султанот и да стане негова единствена венчана сопруга и да има силно влијание во Империјата.
Познато е дека била ќерка на православен свештеник, со украинско или руско потекло. Била грабната и за Величествениот, како подарок била испратена од тогашниот кримски хан. Била многу убава, итра и интелигентна, но и безмилосна владетелка. Имала исклучителен талент за музика, танц. Имала харизма. Но, на патот до престолот, има многу љубов, но и крв, интриги, лаги, братоубиства, таткоубиства, чедоубиства и немилосрдност.
Без разлика на различните гледања за нејзиниот лик во историјата, Хурем е токму таква, но и уште подетално и посуптилно е опишана во романот „Хурем – московската наложница“ од познатата турска авторка Демет Алтинјелеклиоглу. Македонската публика Хурем ја запозна и преку популарната турска телевизиска серија „Величествениот“ што се прикажуваше неодамна.
Прекрасната Хурем е во постојана борба: со нејзините грабнувачи, суровите евнуси – главатари на харемот, Махидевран – миленичката на султанот која му родила син престолонаследник. Се бори со моќниот Ибрахим-паша… Хурем се бори единствено да ги заштити своите синови и единствената ќерка, но и да им го отвори патот до престолот…
-
Жените од замокот Лафајет
0650,00 денПовеќето замоци биле заштитувани од мажи. Овој замок е од жени.
Приказна за прекрасниот замок Лафајет, од средиштето на Франција, раскажана низ различните историски периоди и животите на хероините на замокот.
Адриjaнa Лафајет, основачка на замокот, која во време на Француската револуција морала да се откаже од благородничката титула и од сопругот, за го задржи наследството што ќе стане инспирација на многу генерации во иднина.
Беатрис Ченлер, храбрата њујоршка визионерка, која за време на Првата светска војна ќе биде сведок на уништувањето на Франција, преземајќи го најголемиот предизвик во животот: да ја убеди Америка да се бори за она што е правилно.
Марта Симон, учителка и уметница, сирак, која целиот свој живот го поминува во замокот, гледајќи ја нацистичката тортура во Втората светска војна, одлучува да ги заштити децата што живеат во замокот а кои припаѓаат на еврејската заедница.
Сложено исткаен и моќно раскажан, „Жените од замокот Лафајет“ е роман за должноста и надежта, за љубовта и храброста, за силата што ја наследуваме од оние што биле пред нас.
-