-
Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)
0470,00 денToj e сè што таа сака да избегне.
Кетрин Маркс веќе две години работи како придружничка на сестрите Хатавеј. Ужива во работата, која сепак има една голема мана: постариот брат, Лео Хатавеј, е неподнослив. Тешко ѝ е да поверува дека зад нивните жестоки препирки би можело да се крие привлечност. Но, кога една од нивните расправии завршува со ненадеен бакнеж, Кет е шокирана од својата реакција – а уште повеќе, од неговиот предлог да се впуштат во опасна врска.Таа воопшто не е таква каква што изгледа.
Достоинственото однесување на Кетрин крие тајна што би jа уништила. За Лео, таа е како забрането овошје – неодолива и мистериозна, фатална комбинација за човек кој решил никогаш повеќе да не сака и кој се наоѓа во безизлезна ситуација. За една година тој мора да се ожени и да добие дете, инаку семејството ќе ги изгуби наследството и домот. Опасноста што Кет се обидува да ja избегне се заканува засекогаш да ги раздели. Освен ако непопустливите љубовници не научат начин да ги победат сенките на минатото и да ѝ се препуштат на страста. -
Со секој здив
0450,00 денХоуп Андерсон се наоѓа на крстопат. На триесет и шест години, таа веќе е во врска со своето момче, хирург-ортопед, цели шест години. Бидејќи сѐ уште нема свадба на повидок, а дознаваат дека нејзиниот татко боледува од АЛС, таа решава да помине една недела во семејната викендичка во Сансет Бич, Северна Каролина, за да ја подготви за продажба, но и да размисли за сите тешки одлуки поврзани со иднината.
Тру Волс никогаш претходно не бил во Северна Каролина, но доаѓа во Сансет Бич поради писмо од човек кој тврди дека му е татко. Тру е сафари водич, роден и пораснат во Зимбабве, кој се надева дека ќе успее да открие дел од мистериите околу животот на мајка му и да врати спомени изгубени со нејзината смрт. Кога на двајцата туѓинци им се вкрстуваат патиштата, нивната хемија е електрична и незамислива… но во деновите кои следат, нивните чувства ќе бидат принудени да им отстапат место на семејните должности наместо на личната среќа.
Колку може да биде срцепарателно каењето, колку долго може да преживува надежта? Со секој здив е приказна која ги истражува многуте лица на љубовта и лојалноста, поставувајќи го прашањето: Колку долго може да живее еден сон?
-
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
0520,00 денСите знаат дека Колин Бриџертон е најшармантниот маж во Лондон. А Пенелопе Федерингтон потајно го обожава братот на нејзината најдобра пријателка… па, се чини отсекогаш. Со оглед на тоа дека половината свој живот го набљудува Колин Бриџертон од далечина, смета дека знае сѐ што може да се знае за него, сѐ додека не налета на неговата најдлабока тајна… кога одеднаш почнува да се плаши дека никогаш воопшто и не го познавала.
На Колин му е смачено од тоа што сите го сметаат за обичен празноглав шармер и особено му е смачено од колективната преокупација со озлогласената колумнистка на гласишта и озборувања, Леди Вислдаун, која како да не може да објави издание без да го спомне токму него во првиот параграф. Но кога се враќа од патувањата во странство, открива дека ништо во животот повеќе не е исто – особено не Пенелопе Федерингтон! Девојката која го прогонува низ соништата. Но кога дознава дека и таа има своја тајна, овој недопирлив ерген мора да реши… дали таа е најголемата закана за него – или неговото ветување на среќен крај?
-
Жените
0590,00 денИнтимен портрет на растењето во опасно време и епска приказна за една поделена нација.
И жените можат да бидат херои. Овие зборови се откровение за дваесетгодишната Френки, која учи за медицинска сестра. Израсната во сончевиот и идиличен свет на Јужна Калифорнија и секогаш штитена од своите конзервативни родители, таа се гордее со фактот дека секогаш ги правела правилните нешта, она што се барало и очекувало од неа. Но во 1965, светот се менува и таа одеднаш се осмелува да замисли поинаква иднина за себе. Кога нејзиниот брат заминува да служи во Виетнам, Френки се приклучува кон воениот корпус како медицинска сестра и го следи неговиот пример.
Незрела и неискусна исто колку и мажите пратени во Виетнам да се борат, Френки психички ја совладува хаосот и деструкцијата од војната. Секој ден е коцкање со животот и смртта, надежта и предавството, а пријателствата имаат длабоки корења, но воедно можат да се распрснат за миг. Во војната, таа ги запознава – но и станува една од – среќните, храбрите, скршените и изгубените. Но војната е само почеток за Френки и нејзините пријатели ветерани. Вистинската битка почнува со враќањето дома, во променетата и поделената Америка, кај лутите протестанти, во државата која сака да го заборави Виетнам.
-
Кралицата Шарлота
0520,00 ден„Ние сме една круна. Неговата тежина е моја, а мојата е и негова…“Во 1761, еден сончев септемвриски ден, еден крал и една кралица се сретнуваат за првпат. И се венчаваат во рок од неколку часа.Родена како германска принцеза, Шарлота е прекрасна, тврдоглава и крајно интелигентна… а тоа не се баш особините кои Палатата ги посакува за сопругата на младиот крал Џорџ III. Но нејзиниот оган и независност се токму она што е потребно, бидејќи Џорџ има тајни… тајни со потенцијал да ги разнишаат темелите на монархијата.Втурната во новата улога на кралица, Шарлота мора да се запознае со правилата и политиките додека истовремено си го штити срцето, бидејќи се вљубува во кралот, дури и покрај тоа што тој ја оттурнува од себе. А пред сѐ мора да научи да владее и да разбере дека ѝ е дадена моќ да направи огромни промени во општеството. Таа мора да се бори – за себе, за својот сопруг и за сите кои бараат помош и водство од неа. Затоа што таа никогаш повеќе нема да биде само Шарлота. Мора да ја следи својата судбина… како кралицата Шарлота.
Незаборавна романса од моќното дуо, напишана ексклузивно за Нетфликс.
-
Сите недовршени нешта
0590,00 денНоа е на врвот од писателската кариера. Со милионските тиражи и обезбедените права за филмување на неговите книги, не постои нешто што кралот на фикцијата го нема постигнато. Но никако не смее да ја пропушти неверојатната можност да го доврши романот на големата Скарлет Стентон, која отсекогаш му била идол. Меѓутоа, едно е да смисли соодветен крај за делото што легендарната авторка го оставила недовршено, а сосем друго е да се спогоди со нејзината прекрасна, тврдоглава и цинична правнука… што ќе се покаже како уште поневозможна мисија.
Џорџа Стентон почнува одново да го гради својот живот по ужасниот развод во кој губи речиси сè. Иако сака само да се скрие од светот во куќата на прабаба ѝ во Колорадо, принудена е да се соочи со арогантниот (и мошне згоден) писател, кој полека ја стекнува нејзината доверба.
Но додека ги читаат писмата и ракописот на Скарлет, почнуваат да сфаќаат зошто таа никогаш не ја довршила приказната за нејзината врска со пилот од Втората светска војна. Џорџа е убедена дека љубовта нема среќен крај, па и покрај неоспорната хемија меѓу неа и Ноа, решена е да не ги повтори грешките на Скарлет – дури и по цена да ја уништи неговата кариера.
-
Домашен фронт
0550,00 денВо овој моќен роман, Кристин Хана ја истражува душата на проблематичниот брак преку провокативен и актуелен приказ на еден вљубен и завојуван брачен пар.
Сите бракови имаат точка на пукање. Сите семејства имаат рани. Сите војни имаат своја цена…
Како многу сопружници, и Мајкл и Џолин Заркејдс се соочуваат со притисоците на секојдневниот живот – деца, кариери, сметки, домашни обврски – додека дванаесетгодишниот брак им се распаѓа. Но кога војничката Џолин ќе биде распоредена во Ирак, во вителот на опасноста, адвокатот Мајкл останува дома, несвикнат да биде единствениот родител на двете ќерки. Мајката Џолин со тешко срце го напушта семејството, но војничката Џолин отсекогаш го сфаќала вистинското значење на должноста. Во писмата што ги праќа до семејството слика розова верзија на нејзиниот живот во првите борбени редови, штитејќи ги најблиските од вистината. Но војната ќе ја промени на начини што никој од нив не можел да ги предвиди. Кога ќе се случи трагедија, Мајкл мора да се соочи со својот најмрачен страв и да води битка со своите уверувања – за најважната работа на неговото семејство.
„Домашен фронт“ е приказна за љубовта, загубата, херојството, честа и надежта, која ни нуди длабок и искрен поглед на модерниот брак. Драматично истражување на последиците што ги остава војната врз обичното американско семејство.
-
Магичен час
1550,00 денЕден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на дрво во гратчето Дождлива Долина. Не зборува, валкана е и прегладнета. Во рацете држи волче, а на зглобовите има траги од врзување. Локалната полиција ја наоѓа и прави сè за да го дознае нејзиниот идентитет, а во меѓувреме смета дека со неа најдобро би било да работи детски психолог.
По скандалот што ѝ ја уништува кариерата, детскиот психолог Џулија Кејтс се враќа во родниот град. Таа решава да го ослободи од незамисливиот страв и осаменоста дивото девојче, кое го нарекува Алиса. Но за да допре до неа, најпрвин мора да го открие нејзиното минато. Принудена е да побара помош од својата отуѓена сестра, полицајка. Никој не знае дали девојчето било оставено во шумата, дали се изгубило или можеби било киднапирано.
Неверојатните факти од животот на Алиса ги тестираат границите на вербата и издржливоста на Џулија додека таа дава сè од себе да создаде дом за Алиса и за себе. Во Магичен час Кристин Хана му вдахнува живот на еден од најсаканите книжевни ликови и раскажува незаборавна приказна за моќта на љубовта, победата на надежта и значењето на домот и семејството.
-
Намами ме во самрак (Хатавеј #3)
0450,00 денТој е сè што таа се заколна да избегнува.
И покрај тоа што неизмерно го обожава своето необично семејство, Попи Хатавеј копнее по нормален живот. Но судбината има друга замисла и со помош на малата палава ласица ја запознава со Хари Ратлеџ, загадочниот сопственик на хотел и моќен, богат изумител. Паѓајќи во неговата стапица, угледот ѝ е загрозен и сите се изненадени кога го прифаќа неговиот предлог за брак. Наскоро открива дека нејзиниот сопруг е подготвен да ѝ ја подари сета своја страст, но не и довербата…
А таа е сè што му е потребно.
Хари би направил сè за да ја освои Попи – освен да ѝ го отвори срцето. Свикнал самиот да го носи сиот свет на плеќите без да оствари поголема блискост со другите… но остроумната и заводлива Попи сака да му биде вистинска сопруга во секој поглед. Сепак, додека страста се распламтува меѓу нив со секој изминат ден, во сенките се крие непријателот. Ако Хари навистина сака да ја задржи Попи, мора да го спушти гардот и целосно да ѝ се препушти на љубовта, еднаш и засекогаш.
-
Сагата за Рајна
0350,00 ден„Сагата за Рајна“ е роман базиран на вистински настани и вистинската животна приказна на Рајна Алексова, првата школувана аптекарка не само во Македонија, туку и на целиот Балкан.
Родена во 1883 година во Битола, по тешкото детство и смртта на нејзините родители, радост пронаоѓа единствено во учењето и цврсто решава дека ќе го исполни ветувањето дадено на нејзината покојна мајка, дека ќе стане некој и нешто. Со неизмерната љубов кон образованието, Рајна урива бариери и стереотипи во Османлиското Царство. По завршувањето на Француската гимназија во Солун, нејзиниот постар брат Ристо Шпицарот (на турски аптекар), кој ја имал првата аптека во Битола и бил трговец и приучен аптекар, во 1902 година ја однел во Лозана, Швајцарија, и ја запишал на Факултетот за фармација, на нејзина голема радост, со желба да дипломира и потоа заеднички да ја водат аптеката. Рајна во Битола се вратила како европска дама, со диплома на фармацевт. Нејзината и радоста на брат ѝ Ристо траеле кратко, бидејќи, откако веста за школувана каурка стигнала до тогашниот управител на Битола, започнуваат мачните денови, месеци, па и години за најучената жена во градот на конзулите. Турските власти не ѝ дозволувале да ја врши аптекарската професија. Но Рајна не се откажувала. И така продолжува нејзината животна приказна, вистинска сага…
Но „Сагата на Рајна“ не е само роман за професионални достигнувања, туку и приказна за семејни радости и болки, скршени срца и залечени надежи; делумно љубовна, делумно трогателна, делумно позитивна и покрај сето црнило. Во секој случај, наша и исклучителна. -
Заведи ме в мугри (Хатавеј #2)
0450,00 денТој дава сѐ од себе да се обиде да ја заборави.
Кев Мерипен копнее за убавата, фино воспитана Винфред Хатавеј уште откако нејзиното семејство го спасило од смрт кога бил само дете. Но овој привлечен Ром е човек со мистериозно потекло – и се плаши дека неговото мрачно минато би можело да ја уништи нежната, прекрасна Вин. Па затоа Кев не дозволува да потклекне пред искушението… и наскоро ја губи Вин поради иронична игра на судбината.
Таа не го познава човекот во кој се претворил.
И тогаш, Вин се враќа во Англија… но открива дека Кев се трансформирал во ладен човек кој ја одбива љубовта по секоја цена. Во меѓувреме, се појавува привлечен додворувач кој кружи околу Вин. Кев мора да одлучи дали ќе преземе нешто бидејќи моментот е сега или никогаш. Во секој случај, прво мора да се соочи со опасната тајна за неговата судбина… или да ризикува да ја изгуби единствената жена за којашто отсекогаш живеел…
-
Еднаш и засекогаш
0490,00 денЕдна од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија неверојатната страст на една нескротлива американска убавица и еден комплициран англиски лорд.
Кога одеднаш останува сирак и сама на белиот свет, Викторија тргнува на патување преку океанот, нетрпелива да стигне до своето наследство во Вејкфилд, раскошниот англиски имот на далечниот роднина, озлогласениот лорд Џејсон Филдинг. Страшно збунета од неговата ароганција, но истовремено привлечена од неговата грациозност на пантер, таа ги чувствува болните спомени што тлеат во неговите мрачни очи. Кога тој најпосле ќе ја земе во прегратка, будејќи слатка ненаситност кај неа, тие се венчаат и ги обзема неопислива, бескрајна радост – најмногу затоа што конечно се слободни од злата канџа на минатото. Но тогаш Викторија открива предавство во сржта на нивната љубов… љубов за која сонувала дека ќе триумфира не само еднаш, туку засекогаш.
-
Татјана и Александар II: Мостот Кон Светиот Крст
0500,00 денТатјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана. -
Со љубов од Лондон
0490,00 денКога библиотекарката Валентина Бејкер била тинејџерка, нејзината мајка неочекувано побегнала во родниот Лондон, оставајќи ги Вал и татко ѝ сами. Вал сега има триесеттина години и пропаднат брак зад себе, па се чувствува како да не си го сака животот – и знае дека нејзиното срце сѐ уште е скршено благодарение на тоа што била напуштена од сопствената мајка.
Во еден горко-сладок сплет на судбината, Вал добива абер дека нејзината мајка починала и ѝ го оставила својот стан, како и имотниот лист за една книжарница. Иако веста е поразителна, Вал одеднаш цврсто решава да открие која и каква била нејзината мајка навистина. Го прелетува океанот, го напушта Сиетл и започнува нов живот во преубавиот Лондон.
Полека, но сигурно, Вал почнува да ја составува сложувалката за животот на Елоиз во Англија, но и да се вљубува во станчето уредено во пастелни бои, пријатното соседство и шармантниот излог на книжарницата. Кога дознава дека постои ризик книжарницата да пропадне, Вал мора да почне да соработува со нејзините ексцентрични вработени за да ја спаси ситуацијата. Во текот на тој процес, дознава многу повеќе за Елоиз отколку што мислела дека е можно. Додека Вал се обидува да ја спаси книжарницата, Елоиз полека ја раскажува својата приказна, а мајката и ќерката откриваат страшни и болни вистини. -
Татјана и Александар I: Втората Америка
0500,00 денТатјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана.
-
Жртвување со оган
1300,00 денМладата Микаела останува сираче за време на Првата светска војна. Едвај преживува од ден за ден, питајќи по улиците и копнеејќи за топла постела и безбеден покрив над главата. Бидејќи нема друга опција, веднаш се согласува да замине кај тетка ѝ за да има кој да се грижи за неа. Но ни нејзината тетка, како нејзина единствена блиска роднина, не е пресреќна што треба да ја прими во својот дом, па веднаш ѝ става на знаење дека нема да биде гостинка таму, туку ќе треба да си го заработува лебот и престојот со макотрпна работа.
Но, животот продолжува да ја казнува и измачува. Работите се комплицираат и таа мора да се омажи за човек речиси двојно постар од неа. Принудена повторно да ја прифати својата тешка судбина, се помирува со бракот без љубов.
По неколкугодишен брак, избувнува Втората светска војна. И животот по којзнае кој пат ја доведува на раб на преживување, принудувајќи ја да ја донесе најтешката, а воедно и најстрашната одлука во нејзиниот живот.