Филтер по цена
Жанр
Издавачка куќа
  • Sale! Божиќ засекогаш

    Божиќ засекогаш

    0

    Додека го промовира својот нов божиќен роман писателката Рајли Рејнолдс останува без зборови.

    За време на телевизиското интервју емитувано во живо низ целата земја ја прашуваат како може да пишува романси кога самата досега лично не доживеала нешто романтично. Рајли набрзина вели дека во минатото доживеала една голема љубов која подоцна станала инспирација за нејзините романи. Но, таа не е свесна дека нејзината патемна изјава ќе ѝ го преврти светот на глава. Интервјуто го гледаат тројца нејзини поранешни момчиња: секој од нив мисли дека зборувала токму за него и сите тројца доаѓаат на нејзиниот книжевен викенд-настан, Божиќниот камп. Секој од нив е решен да ја наговори заедно со него одново да го напише среќниот крај на личната љубовна приказна. Поранешните момчиња на Рајли се натпреваруваат кој ќе ѝ го освои срцето, при што не бираат начини за да го испланираат најромантичното рандеву на светот. Рајли почнува одново да чувствува наклоност кон секој од нив, но на различен начин. Додека се навраќа на трите поранешни врски и притоа дознава повеќе за себеси, Рајли ѝдозволува на празничната магија да ја обземе и конечно ја наоѓа онаа, вистинската љубов, оној свој среќен Божиќ засекогаш…

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Остров на тишината

    Остров на тишината

    0

    Предизвик за љубителите на авантуристични приказни – неизвесност зачинета со летна романса.

    Четворица туристи од Франција и од Англија учествуваат во предизвик што го прочитале преку социјалните медиуми. Не ги слушаат предупредувањата на старицата од пансионот чиј покоен сопруг бил еден од стражарите на „забранетиот град“ во времето кога се случило нешто за кое се молчи. „Градот не смее да се вознемирува“, ги советува таа. Некој од туристите смета дека се работи само за суеверие, друг прифаќа да оди надгласан од групата, трет живее за авантура, иако не се познаваат добро меѓу себе.

    Островот Сазан во близина на Валона е популарна туристичка дестинација, опкружен со тиркизни води и уникатна плажа и познат по сочуваниот напуштен град, целосно забранет за пристап до 2015 година, а сега достапен единствено за организирани краткотрајни посети.

    Напуштениот град можеби и не е напуштен… која е тајната на „Островот на тишината“?

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Возбудливи времиња

    Возбудливи времиња

    0

    Камо да знаев како е да се биде слободен.

    Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.

    Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.

    Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Список за читање

    Список за читање

    0

    Незаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Војна и љубов

    Војна и љубов

    0

    1917 година, Првата светска војна е во својот зенит кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.

    Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.

    Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање: Зошто Љубовта и Војната секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучок што ќе го задоволи нејзиниот љубоморен сопруг, открива повеќеслојна приказна за предрасуди, трауми и музика и открива дека ниту Војната не може да ù застане на патот на вистинската Љубов.

    520,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Ќерката на трговецот со свила

    Ќерката на трговецот со свила

    0

    Незаборавна приказна за една жена растргната помеѓу два света…

    Француска Индокина, 1952 година. Кога Никол, полу-Французинка, полу-Виетнамка, ќе наполни осумнаесет години, нејзината мајка умира и татко ѝ ѝ препушта да се грижи за одамна затворената продавница за свила во Ханој. Но нејзината сестра Силви е таа што ќе го преземе управувањето со големиот семеен бизнис. Погодена од оваа неправда, почнува да ги чувствува и неправдите на колонијалната власт кон Виетнамците.

    Додека бунтовниците со сите расположливи средства се обидуваат да стават крај на владеењето на Французите, Никол е на крстопат помеѓу Тран, озлогласен виетнамски бунтовник што ѝ нуди совршено бегство од неволите, и Марк, шармантниот американски трговец и маж за каков што отсекогаш сонувала. Исправена пред големите одлуки, животот ќе ѝ тргне во неочекуван правец…

    Магична повест за мрачните тајни, сестринското ривалство и страсната љубов, сместена во колонијалната ера на Далечниот Исток.

    Од бестселер-авторката на МИРИСОТ НА ЛИСТОВИТЕ ЧАЈ

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Кери Сото се врати

    Кери Сото се врати

    0

    Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Сликата што не е на продажба

    Сликата што не е на продажба

    0

    Миа и Јан. Навидум едноставни и обични, но исправени пред многу предизвици. Приказна за вртлозите на животот кога душата е сместена во две тела, а тие не можат да најдат мир. Дали за да ги победиш тагата и празнината, како две сестри близначки, треба да инсистираш на сопствената замисла за животот и љубовта или исполнетоста може да се постигне и со толеранција и компромис? Подеднакво незадоволни, а среќни?! Нелогично звучи, но дали е (не)возможно? Каде да се најде патот – во единството на спротивностите или во парадоксите на созревањето, кога дури отпосле ќе сфатиш дека довербата одамна не постои, дека си грешел, а сè можело да биде поинаку. Или иднината ќе остане неоткриена, љубовта ќе остане тајна, а зборот ТЕ САКАМ ќе биде погрешно разбран, или постои надеж?! Кој мудрец може да ги посоветува Миа и Јан кога е доволно доцна, а сепак навреме, да го отворат куферот на неостварените желби?

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Италијанската девојка

    Италијанската девојка

    0

    Розана има само единаесет години кога се запознава со Роберто во кафеаната на своите родители во Неапол. Таа се вљубува во убавиот оперски пејач и се заколнува дека еден ден ќе се омажи за него. И Роберто не останува рамнодушен кон нејзиниот ангелски глас. И предвидува блескава иднина и ја убедува да почне да оди на часови по пеење.

    Благодарејќи на својот беспорен талент, Розана освојува стипендија за музичката школа во миланската “Скала”. Наскоро патот повторно и се вкрстува со патот на Роберто. Заедно ги освојуваат сцените на најпознатите оперски куќи во светот. Тие се неверојатен тим и во животот и покрај неговата репутација на кршач на женски срца. Нивната љубов е опсесивна, но и разорна, обележана од лаги и предавства. Но, тајните од минатото на Роберто се закануваат да испливаат на површината и да им ја затемнат среќата. Ќе успеат ли Розана и Роберто да ја зачуваат својата љубов кон музиката и еден кон друг?

    630,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Твојата вина

    Твојата вина

    0

    Уште поголема романса, но и предавство, разочарување, мистерија: сето тоа ве чека во продолжението на романтичната сага за лошото момче со добро срце и за добрата девојка со голема храброст.

    Кога Ноа се вљуби во Ник знаеше дека нивната врска нема да биде едноставна: тие се целосна спротивност, оган и струја, а кога се заедно светкаат молњи… во секоја смисла.
    Досега нивната страст беше посилна од гордоста, но разликата меѓу нив и сеништата што ги демнат обајцата, сето тоа постојано ги доведува во искушение, како темпирана бомба што се заканува дека ќе ги разнесе.
    Во љубовта не е сè и секогаш мед и млеко, а Ник и Ноа мораат да научат како заедно да се соочат со пречките и да не дозволат некој да ги раздвои.
    Дали Ноа, навистина, е подготвена да се соочи со своите стравови и повторно да му верува некому?
    Дали Николас ќе успее да го остави своето минато зад себе и да ѝ го отвори срцето на една личност?

    599,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Мојата вина

    Мојата вина

    0

    Прв дел од волшебната романтична сага, која веќе маѓепса милиони читатели. Приказна за љубовта, предавството и за тајните. Храбра хероина и арогантен херој, зад чијашто фасада на лошо момче се крие нежно и благородно срце.
    Николас Лестер е роден да ми го компликува животот. Висок, со сини очи, коса црна како ноќно небо… Звучи прекрасно, така? Па, и не е толку кога ќе дознаеш дека ќе ти биде полубрат и дека, како капак на сè, го претставува сето тоа од што бегаш откако знаеш за себе. Опасност. Тоа беше првото нешто што ми падна на
    памет кога го запознав и открив дека води двоен живот и крие тајни од својот татко мултимилионер.
    Како на крај се вљубив во него? Лесно – со тие убави сини очи, Николас може цел свет да го сврти наопаку.

    599,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Рецептот за надеж

    Рецептот за надеж

    0

    Еви бега од навидум блескавиот живот со нејзиниот речиси бивш сопруг. Од загубата на нејзиното бебе. Од Лондон и од божиќната еуфорија.

    Оддалечената куќа на југот на Франција изгледа како совршено мирно место за да ја надмине својата тага. Но, куќата на југот на Франција е спротивно од тивка,од петелот што пее во зори до бувот од шталата што испушта чудни звуци во долгата ноќ, да не го спомнуваме згодниот сосед на Еви, докторот Дидие, кој работи во својата гаража низ текот на целиот ден. Наскоро, малата локална заедница почнува да ја освојува, потсетувајќи ја Еви што навистина е важно во животот.

    Но, дали прекрасните сини очи на Дидие се повеќе од вкусните вечери на Еви? И дали откажаниот Божиќ – т.е. не-божиќната гозба за двајца – може да го излечи нејзиното срце?

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Првиот ден од остаток на твојот живот

    Првиот ден од остаток на твојот живот

    0

    Најскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.

    Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа… зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.

    Прашање на живот и смрт.

    Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?

    „Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“

    Анри Бергсон

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Крадецот на сенки

    Крадецот на сенки

    0

    „Возбудлива, романтична, психолошка и секси сторија за најпребирливите читателки…“

    Озлогласен поради своите диви, еротски потреби, Лазар Хантингтон, лордот Кер, е во потрага по бруталниот убиец во Сент Џајлс, во најозлогласениот лондонски кварт. Младата и преубава вдовица Темпранс Дус, од- лично го познава Сент Џајлс – целиот живот го поминала грижејќи се за неговите деца во сиропиталиштето што го води нејзиното семејство. Понудата на лордот Кер е едноставна: ако Темпранс му помогне да го пронајде патот низ опасните улички на Сент Џајлс, за возврат ќе ја внесе во високите лондонски кругови за да пронајде мецена за својот дом за сираци. Но, Темпранс не е толку невина колку што можеби изгледа. Она што на почетокот изгледа како студена рамнодушност наскоро прераснува во страст што ни тој, ни таа не можат да ја контролираат и што може да ги уништи. „Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна приказна со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“

    Буклист

    430,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Се поради еден допир

    Се поради еден допир

    0

    Во Лондон сите се согласуваат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познаваш“. Лордот Џек Бајрон е соочен со „проб­лем“ што е скандалозен дури и за него самиот. Треба да се ожени со дваесет и петгодишна „стара мома“ од средниот слој бидејќи нејзиниот татко, богат трговец, го има во раце поради коцкарски долг.
    Прекрасниот маж и непоправлив женкар, лордот Џек Бајрон, мора да го исполни неговото барање и да се венча со Грејс, ама притоа треба да ја убеди дека тоа го прави од љубов. За влез на неговата ќерка во светот на лондонските аристократи таткото е подготвен да даде голем мираз и ветува простување на коцкарскиот долг…
    За среќа, Грејс не е ни грда, ни беспомошна госпоѓица. Кога првпат ќе се сретнат во една лондонска книжарница, Џек е запрепастен од нејзината сензуалност и затоа решава да ја одведе и во кревет и на венчавка. Постојано ја заведува со своите допири, љубовни предигри и секс, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце.
    Трејси Ен Вoрен е современа американска писателка на историски љубовни романи. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД.

    „Дарбата на Трејси Ен Вoрен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“
    – Romantic Times Book Reviews
    „Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“
    − Џеклин Ц., Eclectic Book

    430,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Лејла

    Лејла

    0

    Од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер – ни доаѓа роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта.

    Кога Лидс ја запознава Лејла, уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс. Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми. Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ù помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе