Филтер по цена
Жанр
Издавачка куќа
  • Sale! Синдер & Ела

    Синдер & Ела

    6

    Помината е цела една година од сообраќајната несреќа на Ела, благодарение на која таа останува без мајка, со куп лузни по телото и неспособна да се движи без помагало. По долгиот и тежок процес на заздравување, Ела е принудена да се пресели кај таткото кој ја напуштил уште кога била мало дете. Ако Ела сака да побегне од домот на татко ѝ и нејзиното ново ужасно „семејство“, мора да ги убеди нејзините доктори дека е способна, физички и емоционално, да живее сама. Проблемот лежи во тоа што таа уште не е подготвена за тоа. И нема ниедна друга идеја како би можела да го отпочне овој процес на заздравување, освен повторно да се поврзе со единствената останата личност на светот која некогаш ѝ значела нешто – нејзиниот анонимен најдобар пријател од интернет – Синдер.

    Холивудската ѕвезда Брајан Оливер има репутација на проблематично момче. Веќе се шират гласини дека е можно да биде номиниран за Оскар, но неговиот менаџер е убеден дека луѓето никогаш нема да почнат да го сметаат за сериозен актер ако не ги остави лудите денови зад себе. Па со цел да го изгаснат огнот околу неговата репутација на лошо момче, неговите агенти организираат лажна свршувачка со негова колешка актерка. Брајан не е воодушевен од идејата – ниту пак од неговата лажна свршеница – но решава дека ќе издржи ако тоа може да му донесе Оскар. Тогаш добива еден изненадувачки мејл кој менува буквално сѐ.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Еленор Олифант е океј

    Еленор Олифант е океј

    7

    Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си има проблем со социјалните вештини и има обичај да го кажува баш тоа што го мисли. Таа се убедува себеси дека ништо не недостига во нејзиното внимателно испланирано време каде што викендите се посветени на замрзната пица, вотка и телефонски разговори со Мама. Сево ова значи дека Еленор е станата роб на навиките, а и малку осамена.

    Но сè се менува кога Еленор го запознава Рејмонд, пелтечавиот и несреден тип од ИТ во фирмата каде што таа работи. Кога таа и Рејмонд заедно го спасуваат Семи, еден постар човек кој доживува незгода на улица, тројцата стануваа еден вид на пријатели кои меѓусебно се спасуваат од изолацијата во која живеат.

    Низ низа горко слатки и траги комични моменти, големото срце на Рејмонд ќе ѝ помогне на Еленор да најде начин да го поправи нејзиното крајно оштетено срце. А ако таа конечно успее да се соочи со тајните што ги крие, можеби ќе успее да најде и пријателство, па можеби дури и љубов.

    button-new

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Темјанушки во март

    Темјанушки во март

    12

    Во дваесеттите години, Емили Вилсон е на врвот на светот: таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер, има сопруг што изгледа како изваден од некоја насловна страница и сигурна е дека ја очекува само среќа до крајот на животот.

    Десет години подоцна, кругот се врти и нејзината среќа пука како меурче од сапуница. Таа нема идеи за нови книги, сопругот ја остава и целосно се распаѓа, но без да пушти солза. Па кога нејзината тетка Би ја кани да го помине месецот март на преубавиот остров Беинбриџ, Емили прифаќа, надевајќи се дека океанот ќе ја исцели. Кога почнува да истражува за нова книга, Емили наоѓа еден црвен кадифен дневник од 1943 година и се сепнува кога сфаќа дека дел од работите во него се поврзани со нејзиниот живот. Воодушевена од љубовната приказна во дневникот, не може да престане да го чита и да мисли на лудо вљубениот пар од неговите страници.

    Делумно мистерија, делумно љубовна приказна – Темјанушки во март е книга што се чита во еден здив.

    button-new

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Живот за живот

    Живот за живот

    4

    Џил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба. 

    Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка… И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ – сонцето на нејзиниот живот.

    Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете.

    Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете? Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?

    button-new

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Тајната сопруга

    Тајната сопруга

    8

    Вечна љубов. Брутална грижа на совест. Скршени срца…

    1914: Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса – а и нивните животи – паѓаат во опасност…

    2016: Кити Фишер открива нешто ужасно што ја тера нагло да побегне од Лондон во колибата на нејзиниот прапрадедо во Америка. Таму, на брегот на прекрасното езеро Аканаби, наоѓа спектакуларно парче накит што ќе ја одведе до одамна закопана семејна тајна…

    Срцепарателна и прекрасно напишана, Тајната сопруга патува низ векови, спојувајќи го минатото со сегашноста за да раскаже незаборавна приказна за љубовта, загубите и борбеноста, потврдувајќи уште еднаш дека надежта секогаш умира последна.

    button-new

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Зима со мирис на капини

    Зима со мирис на капини

    11

    Сиетл, 1933

    Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.

    Сиетл, 2010

    Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…

    Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.

    button-new

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Точка на кулминација

    Точка на кулминација

    7

    Натали Беноа оди на службено патување како новинарка, но патувањето се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.

    Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.

    За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива. Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел…

    button-new

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Онаа ноќ во Њујорк

    Онаа ноќ во Њујорк

    4

    Линколн Матис не ја крие својата репутација на главен плејбој во Менхетен. Впрочем, ја култивира. Но зад секоја кокетна насмевка, секој провокативен коментар, има тајна што Линколн ја крие дури и од своите најдобри пријатели – трагедија од минатото што тивко го држи неговото срце како заробеник. Линколн знае што сака: некоја како Дејзи Синклер, паметната и остра, а сепак страшно мила деверица што не може да престане да ја гледа на свадбата на неговите најдобри пријатели. Но тој воедно знае дека таа е сè што тој никогаш не може да има.

    По еден страшно лош развод, на Дејзи не ѝ треба никој да ја предупредува да не се доближува до шармантниот кум на свадбата на сестра ѝ. Доволен е само еден поглед и таа знае дека згодниот Линколн Матис е баш од оној тип на мажи што треба да ги избегнува. Но кога Дејзи случајно ја дознава тајната на Линколн , сфаќа дека во шармантниот плејбој има многу повеќе од она што се гледа со голо око. И одеднаш животите на Дејзи и Линколн беспомошно се испреплетуваат на едно патување што или ќе ги исцели нивните ранети души… или ќе ги уништи засекогаш.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! На улица Шкотска

    На улица Шкотска

    2

    Шенон Меклауд бега од своето минато и нема доверба во никого. Таа отсекогаш била позната по бирањето погрешни мажи, по влегувањето од една токсична врска во друга, но последниот бивши ја освестил на најлошиот можен начин. Па со тотално уништен живот, си се заколнува дека ќе се држи на растојание од мажите, а особено од оние лошите момци.

    Кол Вокер е баш од оние типови што Шенон сака да ги избегнува – прекрасен, згоден, тетовиран, шармантен и арогантен. Но неговата груба надворешност крие добар човек кој е подготвен да ја најде Вистинската. Тој е решен да ја извлече Шенон од нејзината самотија и да го освои нејзиното срце. Кога тој конечно полека почнува да ја стекнува нејзината доверба, минатото се враќа да ја прогонува и нејзините стравови ја уништуваат довербата што Кол ја има изградено меѓу нив. Тоа минато и тие стравови се закануваат да ги разделат засекогаш.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Кралство од соништата

    Кралство од соништата

    10

    ТОЈ Е МОЌЕН, АРОГАНТЕН И СТРАШЕН. ТОЈ Е НЕЈЗИНИОТ НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ…
    Ројс Вестморленд, познат како Црниот Волк, е најмоќниот англиски воин и најомразениот непријател на Шкотска. Легенда на бојните полиња, легенда помеѓу жените во кралските палати, легенда од која трепери цела Шкотска.

    ТАА Е ГОРДА, БЕЗОБРАЗНА И НЕПОКОРНА. ТАА НЕ СЕ ПРЕДАВА…
    Џенифер Мерик е храбра, тврдоглава Шкотланѓанка која живее за своето семејство, својот клан и својата земја. Кога одеднаш ја грабнуваат и завршува како заробеничка на озлогласениот Волк, нема намера да плаче и моли како беспомошна жена. А особено нема намера да го моли НЕГО, ужасниот мрачен маж кој сее смрт во нејзината земја откако знае за себе. Не, таа има намера да се бори – затоа што тоа е во крвта на кланот Мерик.

    ДВАЈЦАТА СЕ ЗАПЛЕТКУВААТ ВО ОПАСНАТА МРЕЖА НА ЛОЈАЛНОСТА И СТРАСТА…
    Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго.

    button-new

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Ќе има друг ден

    Ќе има друг ден

    6

    Во оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.

    1. Да одам во Париз.
    2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
    3. Да родам бебе, можеби и две.
    4. Вистински да се вљубам.

    Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.

    Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Крововите на Техеран

    Крововите на Техеран

    2

    Во едно од соседствата во главниот град на Иран, Паша го поминува летото во 1973-та на покривот од неговата куќа со неговиот најдобар пријател Ахмед. Тие во еден момент се шегуваат, а веќе во следниот поставуваат длабоки прашања за животот и ја планираат иднината. Но, освен животните прашања за кои разговараат, Паша го мачи и една друга болна тајна – тој е заљубен во прекрасната сосетка Зари, која уште од раѓање му е ветена на друг.

    И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука од која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.

    Незаборавна приказна за храброста, љубовта и пријателството…

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Една од момците

    Една од момците

    2

    Опасниот спортски уредник Кол Шарп работи за списанието Оксфорд со години, па кога дознава дека се отвора одлична, редовна работна позиција, претпоставува дека ќе биде прв и единствен избор. Тогаш неговиот шеф му фрла една бомба: Кол има конкуренција. И тоа женска конкурентка, во форма на една симпатична машкуданка која се дружи со момците. Кол обично сака типични заводнички, русокоси со облини, но сега му се буди посебен интерес за слабичката, малку дрска ривалка, па макар и само за да ја држи на око. Но наскоро сфаќа дека веќе не може да го одлепи погледот од неа.

    Пенелопе Поуп многу добро знае дека сите ја сметаат само за една од момците. Таа си ја има научено лекцијата дека посакувањето обично води до разочарување, па се има помирено со тоа дека очигледно ќе мора засекогаш да си „седи на клупа“ кога станува збор за љубовта. Па зошто тогаш Кол ја тера да посака да се врати во играта?

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Кога сакаш некого

    Кога сакаш некого

    3

    Годините поминати во неуспешни обиди да се зачне и роди дете имаат скршено многу повеќе од срцето на Енџи ДеСариа. Таа и нејзиниот сопруг веќе не можат да се борат со болката ни со заеднички сили, па по болниот развод, Енџи се преселува во родното гратче и го презема управувањето на нивниот семеен ресторан. Во Вест Енд, каде што животот надоаѓа и спласнува како и плимата во океанот, среќата на Енџи почнува драстично да се менува кога запознава една млада девојка со проблеми и се спријателува со неа.

    Енџи ја вработува Лорен Рибидо затоа што гледа нешто посебно во седумнаесетгодишното девојче. Тие брзо се поврзуваат и кога мајката на Лорен одеднаш ја напушта, Енџи му нуди кров над глава на девојчето.

    Но ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Ти не знаеш да сакаш

    Ти не знаеш да сакаш

    5

    Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд.

    Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.

    Александер Марков, од друга страна, му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат, но воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Или ти, или никој

    Или ти, или никој

    1

    Што ако една жена што си нема поим од спорт наследи професионален рагби тим? Чикаго дефинитивно не е подготвен за Фиби Сомервил, празноглавата секс бомба што го презема саканиот тим на градот.

    А Фиби дефинитивно не е подготвена за главниот тренер на Старс, Ден Калебов, агресивниот бивши рагбист кој има само една работа на ум – победа на секое поле. Калебов е еден од оние мажи кои најмногу ја плашат. А новата секси шефица е една од оние жени кои Ден најмногу ги презира – приглупа убавица што не разликува магаре и музика.

    Па зошто тогаш таа толку го привлекува? И зошто нејзе, светска жена, ѝ се врзува јазикот од неговиот момчешки шарм? Зошто на двајцата им се раѓа желба за карање секогаш кога се во близина?

    Ова е приказна за двајца тврдоглави луѓе кои веруваат во играње за победа до последен грам енергија.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе