Филтер по цена
Автори
Жанр
Издавачка куќа
  • Sale! Заколната на молк

    Заколната на молк

    6

    Некои вистини се толку ужасни, што е подобро никогаш да не се разоткријат… Некои злосторства се премногу незамисливи за да бидат решени…

    Во едно мало, мирно рурално гратче во Охајо, Амишите и останатите жители живееле сложно два века. Но пред шеснаесет години, серија брутални убиства го уништиле мирот во спокојната фармерска заедница. По злосторствата, во градот владее немир, има некоја ранливост и невиноста е засекогаш изгубена. Кејт Бркхолдер, млада Амишка, го преживеала теророт на Убиецот од кланицата, но како последица од бруталноста, сфатила дека таа веќе не припаѓа со Амишите.

    Сега, многу поискусна, Кејт ја бараат да се врати во градот како началничка. Нејзините амишки корени и искуството во полицијата во голем град ја прават совршен кандидат. Таа е сигурна дека веќе се има помирено со минатото – сè до пронаоѓањето на првото тело во едно снежно поле. Кејт се заколнува дека ќе го фати убиецот пред да нападне повторно. Но за да го стори тоа, мора да го предаде своето семејство и своето амишко потекло – и да разоткрие една мрачна тајна што би можела да ја уништи.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Некој што вреди да умре

    Некој што вреди да умре

    11

    Психолошка, напната приказна за една случајна средба што води до убиство и тоа низ низа неочекувани пресврти.

    На еден вечерен лет од Лондон до Бостон, Тед Северсон ја запознава мистериозната и привлечна Лили Кинтнер. По неколку пијалаци, можеби малку повеќе отколку што треба, двајцата практично непознати почнуваат да играат игра на кажување вистини, откривајќи интимни детали за себе. Тед зборува за неговиот брак и неговата сопруга Миранда, бидејќи е сигурен дека таа го изневерува. Но нивната игра наскоро станува мрачна кога Тед на шега нафрла дека би можел да ја убие Миранда за тоа што му го направила. Лили пак, без размислување му вели, „Би сакала да ти помогнам“.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Јужњакот со сини очи (Тревис #2)

    Јужњакот со сини очи (Тревис #2)

    4

    Запознајте го јужњакот со сини очи: Неговото име е Харди Кејтс. Тој е успешен милионер, кој всушност доаѓа од лошата страна на градот. Има стекнато непријатели колку ти душа сака во неговото тешко патешествие кон врвот на нафтената индустрија. Низ неговите вени тече врела крв. А на неговиот ум има само одмазда.

    Запознајте ја богатата наследничка: Се вика Хејвен Тревис. И покрај парите на нејзиното семејство, таа одбива да го следи патот што тие го трасираат за неа. Но кога Хејвен се мажи за човек кој нејзиното семејство не го одобрува, нејзиниот живот тргнува во нов и опасен правец. Две години подоцна, Хејвен се враќа дома, решена да си го чува срцето по цена на животот. А Харди Кејтс, семеен непријател, дефинитивно е човек од кој треба да се држи што подалеку.

    Но судбината има друга замисла…

    Книга исполнета со препознатливата сензуалност на Лиса Клејпас, со ликови кои не можете да не ги сакате, со занесно раскажување на секој магичен збор…

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Ти си тој што го сакам

    Ти си тој што го сакам

    2

    Меди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб – човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен – кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот.

    Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да ? каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право?

    Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…

    button-new

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Солта во морето

    Солта во морето

    1

    Сите знаат за добро документираната катастрофа со Титаник, но малкумина се запознаени со една од најголемите поморски трагедии…

    Се ближи крајот на Втората светска војна и илјадници бегалци очајнички тргнуваат кон прегратките на слободата; многумина од нив со скриени тајни… Помеѓу нив се и Јоана, Емилија, Флоријан, чии патишта се вкрстуваат на пат кон „Вилхелм Густлов“, брод кој ветува спас. Соединети од стегите на околностите, тројцата млади црпат сила и храброст еден од друг, но меѓусебната доверба ја тестира секој следен чекор на пат кон безбедноста.

    И баш кога им се чини дека слободата е на дофат на рака, доаѓа до незамислива трагедија. Преоптоварениот брод, наменет за 1.800 патници, а натоварен со над 10.000 луѓе, почнува да тоне и сите тие, возрасни и деца, богати и сиромашни, мораат да се борат за истото: за преживување, за своите животи. Раскажан од различни перспективи, овој трогателен роман е инспириран од вистинска трагедија. Авторката ни открива жртви на страшната војна за кои знаат неверојатно мал број луѓе и докажува дека хуманоста и љубовта можат да победат дури и во најмрачните околности.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Јас и ти

    Јас и ти

    3

    За љубов и брак треба двајца…
    Една грешка, еден катастрофален развод може да те натера никогаш повеќе да не веруваш во брак и вистинска љубов. Харпер Џејмс има работа во која е страшно добра, куќа на плажа која ја обожава и тип кој го посакува скоро секоја жена во градот. Да, добро, фатално скршеното срце ја прави ладна, крута и затворена, но вака барем никој не може да ја повреди. Таа сега знае дека бракот не се гради со љубов, туку со партнерство и разбирање, па не ѝ треба филмска љубов за да направи совршен план за животот. И нејзиниот план звучи солидно… сè додека нејзината полу сестра не ѝ соопштува дека ќе се мажи за братот на нејзиниот бивши маж. После толку долги безбедни години, Харпер на свадбата треба да го види човекот чија сама појава ѝ го превртува светот наопаку.

    Ник Ловери е маж кој многу добро знае како да ги добие и задржи работите што ги сака во животот. Освен една. Љубовта на неговиот живот која многу одамна му се лизнала низ прсти.

    Јас и ти е книга која веднаш ќе влезе во вашите топ десет омилени модерни романси.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Плачот на срната

    Плачот на срната

    0

    Тој е повлечен, талентиран сликар кој сè уште не е закрепнат од исчезнувањето на неговата блиска пријателка – која најверојатно е жртва на сериски киднапер во нивното мало гратче. Таа е црвенокоса убавица со проблематично семејство; живее единствено за својот мачор, музиката и книгите. Нивните меланхолични души се поврзуваат на еден необичен начин – чуден сон, префинето претставен на платно. Немаат никој друг близок во своите животи, но сето тоа се менува кога почнуваат подобро да се запознаваат, спријателуваат и вљубуваат…

    Но и покрај прекрасните чувства кои горат помеѓу нив, не можат да останат имуни на мистериозниот случај со исчезнатите девојки во нивното мало гратче, па наскоро се впуштаат во опасна истрага. Заплеткани во едно клопче од пресврти, многу емоции и возбудливи настани, средношколците се обидуваат да не потклекнат пред бурата што постепено се создава пред нивните очи.

    „Плачот на срната“ е дебитантско дело кое изобилува со богати метафори, речиси допирливи емоции и раскошни детали. Делумно мистерија, делумно љубовна приказна во која ќе уживате до последната страница.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Последната камелија

    Последната камелија

    2

    Романтична и неизвесна приказна за две жени чии судбини се испреплетуваат низ годините.

    На работ на Втората светска војна, на еден имот во Англија, една личност го крие последниот опстанат примерок од ретка камелија по име Мидлбериска розова камелија. Флора, ботаничарка од Америка, ја контактира лидерот на интернационален синџир на крадци на ретки цвеќиња со понуда да се инфилтрира во куќата во Англија како дадилка и да дојде до реткото растение. Од чист очај, таа е принудена да ја прифати понудата, но приказната се заплеткува кога Флора почнува да се вљубува во еден член на семејството.

    Половина век подоцна, дизајнерка на градини, Адисон, престојува во англиската вила, која сега ја поседува семејството на нејзиниот сопруг, Рекс. Тие двајца имаат страст за решавање мистерии, која овде ја потпалува мистериозната камелија и еден стар градинарски дневник што го наоѓаат во куќата. Неговите страници упатуваат на нешто злобно скриено. Дали опасноста што некогаш ја демнела Флора сè уште е жива? И дали Адисон ја чека истата судбина?

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Совршена недомаќинка

    Совршена недомаќинка

    0

    Адвокатката Саманта Свитинг, невидена работохоличарка, прави фатална грешка за првпат во својата брилијантна кариера – толку незамислива грешка, што си ги уништува сите шанси некогаш да стане партнер во адвокатската фирма каде што работи.

    Избезумена од паника, излегува од својата канцеларија во Лондон, се качува во воз и завршува Бог знае каде. Кога влегува во една голема, прекрасна куќа за да праша за насоки затоа што е изгубена, доаѓа до недоразбирање и помислуваат дека е кандидатка дојдена на интервју, па како гром од ведро небо, ѝ нудат работа како домашна помошничка. Нејзините работодавачи немаат поим дека всушност вработиле адвокатка, а Саманта нема поим како се одржува едно домаќинство; таа не знае ни да спржи јајце. Не знае да зашие копче, не знае да испече компири, не знае да ја отвори даската за пеглање. Но решава да вдише длабоко и да почне да се справува со ситуацијата и тогаш почнува толку слатка приказна, како и лебот што таа учи да го меси и пече (додека истовремено по малку се вљубува).

    Но дали стариот живот ќе ја стигне? И ако е така… дали таа воопшто ќе сака да му се врати?

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Избриши ги солзите

    Избриши ги солзите

    12

    Водена од опсесијата да ги пополнува празнините во туѓите животи, Мила Еџ има неверојатна страст, инстинкт и дарба за пронаоѓање исчезнати деца. Кога сè друго изгледа изгубено и беспомошно, очајни души од сите страни на светот доаѓаат кај неа за надеж и помош. Со работата, Мила се бори да побегне од бруталните емоции кои ја јадат однатре затоа што има само едно дете кое не може да го пронајде со години… а тоа е нејзиното дете.

    Кога добива дојава за синџир за трговија со бебиња во мало село во Мексико, Мила тргнува да истражува без двоумење. Клучен човек во организацијата е маж со едно око, кој Мила патем добро го помни од минатото. Очајна да го најде, Мила се здружува со Џејмс Дијаз; сомнителен странец кој делува подеднакво опасно како и луѓето кои ги бараат.

    Иако истрагата станува сè пожестока, Мила нема намера да се откаже. Иако сите ѝ велат да престане да го бара своето дете зашто веќе се изминати десет години, таа не слуша никого. Мила е жена борец, волчица подготвена на сè за да го најде своето дете. Па макар и соочена со опасен маж, платен убиец, кој би можел да ја замолчи засекогаш.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Патник 23

    Патник 23

    6

    Во просек, 23 луѓе годишно исчезнуваат од бродови за време на крстосувања. Обично, таквите ги отпишуваат како жртви на несреќи или самоубиства со скокање од брод. Но, што ако не се?

    Пред пет години, Мартин Шварц, полициски психолог, ги изгубил сопругата и синот. Биле на одмор на брод, на крстосување, кога тие двајца едноставно исчезнале. Слабата истрага не успеала да открие што се случило – судскиот вештак заклучил дека се работи за убиство и самоубиство. И тој заклучок го прогонува Мартин уште оттогаш, загорчувајќи му го животот. Но тогаш го контактира една постара жена, писателка, која тврди дека има информации за тоа што се случило и инсистира тој веднаш да се качи на бродот „Султанот на морињата“.

    Таа му објаснува дека неговата сопруга и син не се единствениот таков пар кој исчезнал. Му кажува дека пред само неколку месеци исчезнале друга мајка и нејзината ќерка. Писателката е убедена дека има сериски убиец на бродот.

    Но кога исчезнатата ќерка одеднаш се појавува – со мечето на исчезнатиот син на Мартин во рака – станува очигледно дека вистината може да е многу, многу пострашна…

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Новиот сопруг

    Новиот сопруг

    1

    Тоа што љубиш некого не мора да значи и дека вистински го познаваш…

    Кога нејзиниот сопруг исчезнува , Нина дознава дека Глен водел двоен живот со друга жена. Но Глен веќе го нема – полицајците претпоставуваат дека се удавил за време на риболов на неговиот брод – па таа не може да се соочи со него за аферата и сите други лаги. Година и пол по несреќата, Нина се смета себеси за вдовица, иако полицијата сè уште нема пронајдено тело. Таа случајно се сретнува со Сајмон Фич, наставник од училиштето на нејзината ќерка, Меги, и полека почнува повторно да наоѓа љубов, со надеж дека некогаш ќе успее пак да дојде до нормален живот.

    Сајмон од друга страна, вдовец кој сè уште жали за самоубиството на неговата прва сопруга, гледа совршена жена во Нина. Неговиот шарм и топлина го лекуваат нејзиното предадено срце. Синот на Нина набрзо го прифаќа Сајмон како татко, но Меги гледа некоја мрачна страна кај овој нов човек во нивните животи. Дури и пријателките на Нина се прашуваат дали Сајмон е екстремно заљубен или можеби опасно посесивен. Тој ги знае сите нејзини омилени јадења, филмови, песни, потреби… И никогаш не би ја изневерил како Глен. Прашањето е, зошто е Сајмон Фич толку совршен?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Скандал на пролет (Wallflowers #4)

    Скандал на пролет (Wallflowers #4)

    1

    Откако Дејзи Боуман не успева да си најде маж три сезони во Лондон, татко ѝ ѝ се заканува дека ако таа самата не си пронајде маж ВЕДНАШ, тогаш тој лично ќе ѝ пронајде, без разлика дали ѝ се допаѓа изборот или не. А неговиот избор дефинитивно не ѝ се допаѓа затоа што станува збор за најладниот, најнепривлечниот и најздодевниот маж на светот – Метју Свифт.

    Дејзи е ужасена. Боуманови никогаш не признаваат пораз и таа одлучува да направи сè што треба за да се омажи со некој… кој било друг, освен Свифт. Но завршува шокирана кога одеднаш го сретнува Метју и сфаќа дека тој веќе не е непривлечниот маж од пред неколку години, не е слабото одбивно момче на кое се сеќава… Напротив, неговиот шарм почнува да ја разоружува и Дејзи полека почнува да сфаќа дека постои шанса човекот кој отсекогаш го мразела да е оној вистинскиот, човекот од нејзините најлуди соништа.

    Но баш кога таа конечно почнува да попушта, наидува на отпор и тајни и скандали од страна на Метју. Нешто што може да ја уништи дури и најсилната љубов на светот, љубов каква што нема дури ни во најлудите фантазии на нејзината романтичарска душа.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Вистинскиот за мене

    Вистинскиот за мене

    5

    Паднат боскер.
    Жена со скршен сон.
    Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…

    Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него.

    Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова. Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што некогаш го запознала.

    Во нивниот комплициран работен однос, копнежот се меша со доверливост, врели бакнежи со болка и страв – страв дека двајцата може да бидат уништени од неговата мрачна тајна…

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Патниците

    Патниците

    6

    Замислете дека се возите во кола која управува самостојно, кога одеднаш вратите се заклучуваат, рутата автоматски се менува и ја губите целата контрола над возилото. И тогаш, преку звучниците, мистериозен глас ви вели: „Наскоро ќе умреш“.

    Баш кога светот конечно почнува да добива сè поголема доверба во возилата кои управуваат сами, осум лица се наоѓаат во страшна ситуација кога нивните автономни возила се хакирани и добиваат програмски насоки да се судрат во една точка за одредено време. Кој од патниците ќе преживее, а кој ќе умре, одлучуваат гласачите од социјалните мрежи.

    Патниците кои во моментот се возат во возилата се: телевизиска ѕвезда, трудна млада жена, онеспособен пензиониран воен херој, жртва на семејно насилство која бега од својот насилен маж, илегален имигрант, двајца сопружници кои се родители на две дечиња и патуваат во две различни возила и еден суицидален маж. Преку камери скриени во нивните возила, милиони ширум светот ја следат нивната паника. Јавноста треба да гласа и да пресуди кој од нив треба да преживее, но со секоја следна страница сфаќаме дека ниту еден од патниците не е она што се претставува на почетокот…

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Триптих

    Триптих

    1

    Мајкл Ормвуд е детектив кому бракот му виси на конец, а ароганцијата и експлозивниот карактер лошо му влијаат на кариерата. Кога го повикуваат на едно место на злосторство во озлогласеното Грејди, се соочува со најгрозоморното убиство во целата негова кариера: девојка е најдена во локва крв, а целото нејзино тело ужасно искасапено.

    Истрагата ќе му наложи да побара помош од Енџи Поласки, полицајка која му била љубовница пред да му стане непријател. Набрзо ќе се покаже дека убиството кое е доволно шокантно и само по себе, не е изолиран случај, туку е едно во низа, па на тимот ќе мора да му се приклучи и специјалниот агент Вил Трент, човек кој детективот не може да го поднесе.

    Трагите кои ги следат водат до поранешен затвореник кој неодамна отслужил казна за силување и убиство на петнаесетгодишно девојче. Дали клучот за пронаоѓање на серискиот убиец е во рацете на бившиот затвореник?

    Напнат трилер на експертот за сложени крими приказни со продадени над 35.000 милиони книги ширум светот.

    490,00 ден
    Прочитај повеќе