-
Sale!
Херој
1420,00 денТаткото на Алекса Холанд бил нејзиниот херој – сè до шокантното откритие дека таа и мајка ѝ не биле неговото единствено семејство. По откривањето на таа тајна, Алекса дава сè од себе да го насочи својот живот во друг правец и да создаде свој сопствен идентитет надвор од неговите ужасни тајни. Но кога запознава човек кој е подеднакво оштетен од грешките на татко ѝ како и таа, Алекса мора да му помогне.
Кејн Каравеј не сака ни да чуе за обидите на Алекса за искупување, но не е толку лесно да се оттурне таа девојка. Решен да ја натера да го мрази, тој ја доведува до самиот крај на нејзиното трпение, речиси на раб на лудило, и чека таа да замине. Но неговите постапки само уште повеќе ги зближуваат и и покрај сè, тие почнуваат бурна и експлозивна афера.
Само што, Кејн знае дека тој никогаш не би можел да биде витезот на бел коњ по кој Алекса отсекогаш копнеела. Но кога запаѓаат во опасност, сфаќа дека е подготвен да направи сè за да не дозволи некој од нив двајцата повторно да биде повреден.
-
Sale!
Летото смени сѐ (Браќата О’Нил #2)
2450,00 денТемпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно… и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.
Од друга страна, враќањето во Вермонт – па макар и само привремено – е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О’Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето…
-
Sale!
Јас и ти
3420,00 денЗа љубов и брак треба двајца…
Една грешка, еден катастрофален развод може да те натера никогаш повеќе да не веруваш во брак и вистинска љубов. Харпер Џејмс има работа во која е страшно добра, куќа на плажа која ја обожава и тип кој го посакува скоро секоја жена во градот. Да, добро, фатално скршеното срце ја прави ладна, крута и затворена, но вака барем никој не може да ја повреди. Таа сега знае дека бракот не се гради со љубов, туку со партнерство и разбирање, па не ѝ треба филмска љубов за да направи совршен план за животот. И нејзиниот план звучи солидно… сè додека нејзината полу сестра не ѝ соопштува дека ќе се мажи за братот на нејзиниот бивши маж. После толку долги безбедни години, Харпер на свадбата треба да го види човекот чија сама појава ѝ го превртува светот наопаку.Ник Ловери е маж кој многу добро знае како да ги добие и задржи работите што ги сака во животот. Освен една. Љубовта на неговиот живот која многу одамна му се лизнала низ прсти.
Јас и ти е книга која веднаш ќе влезе во вашите топ десет омилени модерни романси.
-
Sale!
Флерт, уцени и високи потпетици
4350,00 денВикторија е експерт за одење на интервјуа и рандевуа. Таа е малку несмасна, но крајно симпатична хероина која е во постојана потрага по совршената работа и совршениот маж. Еден ден, нејзиниот досаден живот добива сосема друга димензија, кога нејзините очи ќе налетаат на фотографии од навидум среќно заљубен пар. Дознавајќи го идентитетот на тајните љубовници, таа сфаќа дека во рацете има средство со кое може да си ја оствари својата цел.
Излегува дека човекот од фотографиите кој држи туѓа вереница во прегратка е директор на маркетинг агенција, каде што таа не добива работа, иако е најквалификувана. Викторија одлучува за првпат во животот да покаже заби и му се заканува на младиот директор дека доколку не го добие тоа што праведно ѝ следува, ќе го разоткрие пред неговиот најдобар пријател и бизнис партнер. Немајќи друг избор, директорот на маркетинг агенцијата ѝ го нуди работното место и оттука почнува да се плете една богата таписерија од оригинални ликови и емоции што го држи читателот во рака од прва до последна страница.
„Страница, две, три – ненаситно ги пиев редовите, не можејќи да поверувам каква оригиналност, каква приказна ми падна в раце“.
-
Sale!
Будалеста, слатка љубов #3
0390,00 денСЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #3
Слободоумната Клои живее за кршење срца и прекршување на правилата. Таа сака да го живее животот на раб на опасност. За разлика од нејзините сестри, Меди и Тара, кои наскоро треба да се мажат, Клои не е подготвена да се скраси и да води тивок, мирен живот во семејното хотелче на плажа. Но нејзината љубов за проблеми – и нејзиниот проблем со љубовта – го привлекуваат вниманието на еден многу строг, многу секси шериф, кој многу би сакал да ја скроти оваа дива девојка.
Па Клои веќе не може да прави бељи затоа што згодниот шериф постојано ѝ е зад петици. А неговата таинствена насмевка на моменти ја тера да посака да почне да го моли да ѝ стави лисици. За првпат во животот, наместо да бега од законот, Клои мечтае да му се предаде. Може ли оваа бунтовничка да најде начин за примирје со сериозниот и намќорест шериф? Дали нејзината нескротливост ќе дозволи да го најде безбедното прибежиште што го бара во малото гратче Среќно Крајбрежје?
-
Sale!
Најслаткото нешто #2
1390,00 денСЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #2
Тара има илјада добри причини за да не се врати во Среќно Крајбрежје, Вашингтон. Но кога животот ѝ се руши до темел, веќе го нема тој луксуз да бира, па гледа само да побегне од нејзините неисполнети соништа и нејзиниот секси бивши сопруг. Додека Тара им помага на нејзините две сестри да го разработат наследеното хотелче на плажа, конечно добива шанса да ги стави работите под контрола и да смисли нов план за својот живот.
Но и покрај мирната, пријатна атмосфера во крајбрежното гратче, Тара не може да најде мир, бидејќи бегајќи од сегашноста, тука се судира со минатото што го има оставено зад себе. Односно со еден морнар со зелени очи кој ја потсетува на најголемата грешка во нејзиниот живот. За работата да стане уште покомплицирана, нејзиниот бивши маж сега сфаќа дека не смее да ја остави да му се лизне низ прсти, па доаѓа да се бори за неа.
Тара е принудена конечно да реши што сака и, ако има среќа, можеби ќе го најде сè она што го бара токму тука, во малото Среќно Крајбрежје.
-
Sale!
Moјот (не баш) совршен живот
3420,00 денКејти Бренер го има совршениот живот: стан во Лондон, гламурозна работа и супер кул фотки на профилот на Instagram. Добро, но вистината е дека таа живее во минијатурна соба под кирија каде што нема место ни за гардеробер, секој ден со часови патува до работното место каде што не е ценета и животот што го споделува на Instagram не е нејзин, бидејќи дури ни сликите не се баш нејзини.
Но соништата мора да почнат да ѝ се исполнуваат еден ден, нели?
Не. Наместо работите да се подобрат баш кога се појавува интересен тип во нејзиниот живот, нејзиниот не-баш совршен живот дополнително се распаѓа кога нејзината супер-успешна шефица Деметра ја брка од работа. Сите надежи на Кејти паѓаат во вода. Мора да се врати дома во Сомерсет, каде што ќе му помага на татко ѝ со нов бизнис за гламурозно кампирање на нивната фарма.
Тогаш Деметра и нејзиното семејство се појавуваат на одмор на фармата и Кејти ја добива својата шанса. Но дали треба да ѝ се одмазди на жената што ѝ ги уништи соништата или да се обиде да си ја врати работата? Но дали Деметра – жената која има сè – навистина има толку идиличен живот како што изгледа? Или ни нејзиниот не е баш совршен? -
Sale!
Слатки мали тајни #1
1390,00 денСЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #1
На целиот живот на Меди Мур му е потребна трансформација…
За краток период, Меди ги губи момчето (нејзина одлука) и работата (дефинитивно не нејзина одлука). Но наместо да ја лечи тагата со чипс, Меди го напушта Лос Анџелес затоа што добива наследство од нејзината почината слободоумна мајка – речиси пропаднато хотелче на плажа во еден мал град по име Среќно Крајбрежје. Меди знае дека почнувањето од почеток нема да биде лесно, но сепак гледа потенцијал за нов дом и нова кариера – само уште да може да ги убеди своите две полу-сестри да ѝ се приклучат во авантурата. Но нема да биде лесно да се убедат Тара и Клои, бидејќи и на хотелот му треба трансформација.
Градежникот што Меди го ангажира за реновирањето е висок, темнокос згоден тип, кој има свои мали тајни. А и нејзините сестри имаат тајни и не можат да дочекаат да побегнат од Среќно Крајбрежје. Но Меди не сака веќе да биде слабак и решена е да се бори за спасувањето на хотелот, особено кога сфаќа дека не постои место што повеќе би го сакала за свој дом од Среќно Крајбрежје.
Ова е првиот дел од нов, секси серијал „Среќно Крајбрежје“, а по него следи приказната на втората сестра, Тара, која е уште позаразна од првата.
-
Sale!
Го имам твојот број
5420,00 денГо изгубив 🙁 Единственото нешто на светот што не смеев да го изгубам. Мојот веренички прстен, кој е семејно наследство три генерации. И сега, баш дента кога треба да дојдат неговите родители, јас го изгубив. Баш тој ден! Остани присебна, Попи!
Попи Вајат никогаш немала поубав период во животот. Таа наскоро треба да се омажи за нејзиниот совршен вереник Магнус, но нејзината идилична иднина почнува да се распаѓа за само едно попладне. Прво го губи скапиот веренички прстен, а во моментот на паника што следи, ѝ го крадат мобилниот телефон. Додека избезумено шета во хотелот каде што се случува сето тоа, забележува еден фрлен телефон во корпа за отпадоци. И се разбира дека си го зема! Мора да им остави број во хотелот за да ја контактираат ако ѝ го најдат прстенот. Совршено!
Меѓутоа, сопственикот на телефонот, Сем Рокстон, не се согласува. Тој сака таа да му го врати мобилниот и не сака Попи да му ги чита пораките и да му душка во приватниот живот. Следи комичен пресврт на настаните додека Попи и Сем делат телефон, ѕиркајќи си еден на друг во животите. Попи се подготвува за свадба и ја крие левата рака од Магнус и неговите родители, но набрзо сфаќа дека ја чека најголемото изненадување во животот.
-
Sale!
Онаа ноќ во Њујорк
4390,00 денЛинколн Матис не ја крие својата репутација на главен плејбој во Менхетен. Впрочем, ја култивира. Но зад секоја кокетна насмевка, секој провокативен коментар, има тајна што Линколн ја крие дури и од своите најдобри пријатели – трагедија од минатото што тивко го држи неговото срце како заробеник. Линколн знае што сака: некоја како Дејзи Синклер, паметната и остра, а сепак страшно мила деверица што не може да престане да ја гледа на свадбата на неговите најдобри пријатели. Но тој воедно знае дека таа е сè што тој никогаш не може да има.
По еден страшно лош развод, на Дејзи не ѝ треба никој да ја предупредува да не се доближува до шармантниот кум на свадбата на сестра ѝ. Доволен е само еден поглед и таа знае дека згодниот Линколн Матис е баш од оној тип на мажи што треба да ги избегнува. Но кога Дејзи случајно ја дознава тајната на Линколн , сфаќа дека во шармантниот плејбој има многу повеќе од она што се гледа со голо око. И одеднаш животите на Дејзи и Линколн беспомошно се испреплетуваат на едно патување што или ќе ги исцели нивните ранети души… или ќе ги уништи засекогаш.
-
Sale!
Една од момците
2390,00 денОпасниот спортски уредник Кол Шарп работи за списанието Оксфорд со години, па кога дознава дека се отвора одлична, редовна работна позиција, претпоставува дека ќе биде прв и единствен избор. Тогаш неговиот шеф му фрла една бомба: Кол има конкуренција. И тоа женска конкурентка, во форма на една симпатична машкуданка која се дружи со момците. Кол обично сака типични заводнички, русокоси со облини, но сега му се буди посебен интерес за слабичката, малку дрска ривалка, па макар и само за да ја држи на око. Но наскоро сфаќа дека веќе не може да го одлепи погледот од неа.
Пенелопе Поуп многу добро знае дека сите ја сметаат само за една од момците. Таа си ја има научено лекцијата дека посакувањето обично води до разочарување, па се има помирено со тоа дека очигледно ќе мора засекогаш да си „седи на клупа“ кога станува збор за љубовта. Па зошто тогаш Кол ја тера да посака да се врати во играта?
-
Sale!
Тајна задача: љубов
1390,00 денДВАЈЦА ТАЈНИ АГЕНТИ…
…ќе беа совршени партнери да не се мразеа толку многу.ТАА Е ЖЕЛНА ДА СЕ ДОКАЖЕ КАКО ФБИ АГЕНТ-ЖЕНА…
ФБИ агентите Џесика Харлоу и Џон Шепард имаат минато. Бившата адвокатка и арогантниот бивши војник се имаат запознаено и замразено уште за време на обуката во ФБИ академијата пред шест години. Шест години подоцна, ниеден од нив не очекува повторно да налета на другиот, а уште помалку да ги спојат како партнери на важна тајна задача.ТОЈ Е АРОГАНТЕН И МИСЛИ ДЕКА Е НАЈДОБАР…
И ова спојување со партнер што го мразат за двајцата доаѓа во најлош можен момент. Џесика е тазе разведена од холивудски режисер и едвај чека да се докаже во новиот кабинет на ФБИ во Чикаго. А Џон го дели само еден случај од неговата работа од соништата, елитниот Тим за спасување заложници на ФБИ. Но за да ја завршат оваа тајна задача, мора да најдат начин да работат како тим, задача што станува уште потешка кога ги сместуваат во романтичен хотел на плажа како дел од истрагата.НИВНАТА ТАЈНА ЗАДАЧА СТАНУВА КОМПЛИЦИРАНА…
-
Sale!
Тој рече, таа рече
5390,00 денКако една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив.
Џејк Мелоун сака да му се врати на својот стар авантуристички, спонтан живот и точно знае како да го изведе тоа. Во Oxford се отвора нова секција за патувања и Џејк – без жена, деца и подготвен да живее каде било – е совршен за работата… само што неговата репутација на плејбој не му влева многу доверба на неговиот шеф. За да ја добие работата, мора да се согласи на заедничкиот проект со Stilleto. Но по само еден состанок со неодоливата, дрска и сензационална Грејс Брајтон, Џејк почнува да ја сфаќа оваа задача многу посериозно.
-
Sale!
Господин Неодолив
2390,00 денСе ближи најфамозната свадба на годината… Луси Јорик е ќерка на поранешната претседателка на Америка. Мег Коранда е дете на филмски ѕвезди.
Едната од нив треба да се омажи за господинот Неодолив – Тед Бодин – миленичето на Винет, Тексас. Другата не е среќна поради тоа и решена е да ја спаси својата пријателка од болка.Но иако Мег знае дека откажувањето на свадбата на нејзината најдобра пријателка е вистинскиот потег, очигледно е дека никој друг не се сложува со неа. Па таа станува најомразената жена во градот уште пред Луси да каже „да“ – а тоа патем е град каде што е заглавена со празен паричник, кола со дупнати гуми и еден многу бесен извисен младоженец.
-
Sale!
А што по бакнежот?
6390,00 денЏули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.
И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба.
-
Sale!
Само најсекси маж кој постои
4420,00 денТЕЈЛОР ДОНОВАН
Млада, успешна адвокатка која си ја обожава својата професија. Паралелно со судењето, на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат?ЏЕЈСОН ЕНДРУС
Смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм… Ма ти се молам – па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ???Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор – онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?
НАЈПРОДАВАНАТА РОМАНСА НА САКАМ КНИГИ!
