Филтер по цена
Филтер по оцени
Жанр
Издавачка куќа
  • Sale! АКТИВНОСТИ СО БРОЕВИ ОД 1 ДО 10

    АКТИВНОСТИ СО БРОЕВИ ОД 1 ДО 10

    0
    190,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ (ПРАВИЛАТА НА РОДРИК)

    ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ (ПРАВИЛАТА НА РОДРИК)

    0

    Немојте никако да го прашате Грег Хефли како го поминал летниот распуст, зашто дефинитивно не сака да зборува за тоа.

    Со почетокот на новата школска година, Грег одвај чека да ги остави изминатите три месеци зад себе… а особено една случка.

    За жал, неговиот постар брат Родрик ја знае случката што Грег не сака да се расчуе. Ама тајните знаат да испливаат на површина… особено кога е вмешан и еден дневник.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ

    ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ

    0

    Еден ден ќе станам славен, ама сега засега сум заглавен во основно школо со еден куп морони.

    Не е лесно да си дете. А тоа најдобро го знае Грег Хефли, кој сега е шесто одделение во училиште во кое малите и слаби деца ги делат ходниците со деца кои се повисоки, позлобни и кои веќе се бричат.

    Во Дневникот на едно шмолке, авторот и илустратор Џеф Кини нè запознава со еден неверојатен херој. Како што вели Грег во својот дневник: Така што немојте да очекувате многу-многу да се лигавам„драг дневнику“ ова, „драг дневнику“ она…

    А ние имаме среќа да уживаме во многу неочекувани и смешни ситуации, зашто она што Грег Хефли вели дека нема да го направи и она што всушност го прави се две многу различни работи.

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! ЗДРАВО СКОПЈЕ

    ЗДРАВО СКОПЈЕ

    0

    Првиот детски интерактивен водич – Здраво Скопје е мала временска машина која ќе ве сврти околу градот и спомените на возрасните. Врзете ги појасите, земете ги шамивчињата – ќе биде забавно, емотивно и носталгично возење низ градот од нашите глави и срца.

    690,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Сам дома

    Сам дома

    0

    Класичниот филм што сите го знаете и го сакате сега е илустрирана сликовница во која може да ужива целото семејство – исполнета со смотаните крадци, брилијантните стапици и со малиот Кевин, кој мора да го брани својот дом. Дали може да ги спречи крадците да влезат во неговиот дом? И дали неговото семејство ќе се врати навреме за Божиќ?

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Приказната за зајaчето Питер

    Приказната за зајaчето Питер

    0

    „Приказната за зајaчето Питер“ напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.

    „Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.

    118,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Модерни девојчиња

    Модерни девојчиња

    0
    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Син

    Син

    0

    Точно е тоа што го велат луѓето: кога долго време трагаме по вистината, оној ден кога конечно ќе ја откриеме настапува најтешкиот дел. Што да се направи со неа?

    Која е вистината што се крие зад таинствената насмевка на деветгодишниот Гилјермо? Момче со сини очи кое еден ден сака да биде Мери Попинс. Момче кое не ги сака грубите машки игри и се дружи единствено со Насија, девојчето доселено од Пакистан, кое му се доверува дека е веќе свршена за еден свој возрасен роднина. Саканиот син кој секој четврток добива писмо од својата отсутна мајка, со која никогаш не може да се види и да се слушне…

    На учителката Соња Гил и неговиот непристапен татко ѝ личат на санта мраз под која трепери нешто таинствено, злокобно. Заедно со училишниот психолог Марија, тиесе обидуваат да ја  одгатнат детската душа и психа. Чекор по чекор, трпеливо навлегуваат во чудниот свет на Гил. Преку неговите многузначни цртежи и искрените есеи, тие на крајот ќе ја откријат тажната вистина и ќе сфатат зошто тој толку копнее да биде Мери Попинс.

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! РАДОСНИЦА „ДОБРЕ ДОЈДЕ МИЛО“

    РАДОСНИЦА „ДОБРЕ ДОЈДЕ МИЛО“

    0

    Претворете ги страниците од оваа книга драгоцена ризница на спомени! Забележете ги на едно место сите слатки, единствени, неповторливи моменти и искуства што ќе ја обележат првата година од животот со вашето дете.

    Со оригинални илустрации, со живи и впечатливи бои – радосницата ќе биде чувар на спомените од ова бесценето и возбудливо поглавје на кое секогаш со задоволство ќе му се навраќате.

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Фантастичниот господин Лисец

    Фантастичниот господин Лисец

    0

    „Слушаш, господине Лисец?

    Не си одиме дома сè додека не те обесиме на јаже!“

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Sale! Матилда

    Матилда

    0

    “Видовме како госпоѓица Транчбул фаќа едно девојче за плетенките ја фрла преку оградата на игралиштето!“

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Кити и Златниот тигар

    Кити и Златниот тигар

    0

    Кити е нестрплива да го посети музејот и да ја види скапоцената статуа на Златниот тигар со свои очи. Легендата вели дека статуата може да му ги исполни желбите на оној кој ја поседува…

    Кити тргнува во авантура, бидејќи сака да му ја покаже статуата на Тиквичко, додека нема никој во музејот. Но, доаѓа до недоразбирање кога статуата ќе биде украдена, а Кити обвинета за криминал. Дали Кити ќе успее да го разјасни недоразбирањето, да го открие виновникот и да ја врати назад скапоцената статуа пред да изгрее сонцето?

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Кити и спасувањето на месечеватата светлина

    Кити и спасувањето на месечеватата светлина

    0

    Семејството на Кити е посебно – мама е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. Тој ден доаѓа побрзо отколку што таа очекува, кога мачорот Фигаро ќе дојде до прозорецот од нејзината соба да ја замоли за помош. Но, светот ноќе е опасно место – дали Кити е доволно храбра да излезе во мракот и да се впушти во возбудлива ноќна авантура?

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Децата од улицата Пал

    Децата од улицата Пал

    0

    „Децата од улицата Пал“ е роман за ривалството на две детски дружини од Будимпешта и нивните борби за освојување на просторот за играње.

    Во улицата Пал во Будимпешта живеела група момчиња чијшто најголем непријател била дружината на црвените кошули од ботаничката градина. Повод за конфликт на двете групи деца е запленувањето на џамлиите на Немечек од улицата Пал од страна на браќата Пастор од противничката група.

    Децата го минувале своето немирно детство во воени игри, имитирајќи ги возрасните и јунаците од прочитаните авантуристички романи. Но, на крајот, безгрижното детство ќе биде трагично прекинато…

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Возот в снег

    Возот в снег

    0

    Во Јабуковац во Велико Село живеат тројцата другари: Љубан, Драга и Перо. Учениците од селското училиште со нивниот наставник со воз одат на излет во градот.

    Таму, во печатницата се заблагодаруваат за бесплатниот пат до Загреб со песна, а на крајот одат во зоолошката градина. Меѓутоа, наставникот се разболува во градот и

    останува во болница, па децата мораат сами да се вратат. На враќање, поради силното невреме, возот се заглавува во снежните наноси. Железничарите и децата

    се исправени пред сериозен предизвик: ќе успеат ли безбедно да се вратат дома?

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Sale! Шармери од осмо

    Шармери од осмо

    0

    Во својот зелен нотес, будниот училиштен педагог Златан Самоилов запиша:„Мали вербални препукувања…“

    Токму така почнува приказната за закачките помеѓу учениците од осмо-А и нивните врсници од осмо-Б одделение во училиштето „Септември“. Иако видно вознемирени и желни за одмазда, двете одделенија успеваат да најдат заеднички јазик и да ги премостат закачките и караниците, формирајќи заеднички тим за турнирот во мал фудбал. Нивниот тим „Шармери“ ги освојува срцата не само на девојчињата туку и на директорот на училиштето Бојан Милјановски, кој го одржува својот збор и ја закачува врамената фотографија на „Шармерите“ на ѕидот во својата канцеларија,

    наспроти работната маса.

    Шармот на младите „Шармери“ зрачи не само на фудбалскиот терен туку и надвор од него, вљубените срца почнуваат да бијат посилно…

    250,00 ден
    Додај во кошничка