-
-30%
Во градинка
0Original price was: 280,00 ден.196,00 денCurrent price is: 196,00 ден.Оваа прекрасна сликовница им помага на дечињата да ги откријат тајните на градинката: како изгледа таа, што ќе прават таму, што ако некој ги закачка или не сака да си игра со нив, и зошто мама и тато ги оставаат — но секогаш се враќаат по нив.
Кoга малата Мила се чувствува тажно и исплашено, Ива е тука да ѝ покаже дека секогаш има некој кој сака да биде пријател. Дека играта е најзабавна кога играчките се споделуваат, а градинката најубаво место кога дечињата се здружуваат и поддржуваат.
Совршен придружник за сите дечиња – страници кои ќе внесат убаво чувство, сигурност, надеж и вредности кои ќе останат за цел живот.
-
-30%
Љубовното ѕверче
0Original price was: 320,00 ден.224,00 денCurrent price is: 224,00 ден.Sверче е едно чудно, влакнесто чудовиштенце кое се обидува да се вклопи меѓу слатките жители на Слаткоград. Но тешко е да се вклопиш со слатките и симпатичните, особено кога ти си само едно страшно чудовиштенце. Па така, Sверче тргнува во потрага по некој кој ќе го сака токму онаков каков што е. Неговото патување не е лесно — бара насекаде, лево и десно, горе и долу, но се чини дека никаде нема некој кој ќе го сака него.
Зошто е толку тешко да се вклопиме? Особено ако сме поинакви? Дали не сме достојни за љубов? Дали заслужуваме исмевање? Нe! Токму кога Sверче полека губи надеж и се подготвува да се откаже тажен и разочаран, се покажува дека љубовта и прифаќањето те наоѓаат кога најмалку го очекуваш тоа.
-
-30%
Камчето
0Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Трогателно сведоштво за надежта и пријателството во еден од најмрачните периоди во човековата историја.
Приказна за талентираниот виолинист Еитанас и неговата најдобра другарка Ривка, кои растат во свет во кој децата се смеат, кучињата лаат, а жените си муабетат на скалите.
Животот би бил прекрасен, дури и идиличен, да не е ужасната вистина – никому не му е дозволено да излезе од градот, а оние кои ќе минат низ портите, никогаш повеќе не се враќаат.
Оваа наградувана сликовница ни открива моќна приказна што се одвива во еден од најмрачните периоди за човештвото – холокаустот.
Лиричното раскажување на авторот и прекрасните илустрации одлично ги доловуваат деталите од секојдневието во гетото: град опкружен со sидишта, патролиран од војници, во кој надежта сè уште се насетува на покривите.
Тивок потсетник дека дури и во најтешките моменти надвладуваат надежта, пријателството и човечноста.
-
-30%
Куќичката на дрво
0Original price was: 280,00 ден.196,00 денCurrent price is: 196,00 ден.Што кога големи соништа паѓаат во мали рачиња на дечиња со добри срца?
Кога група дечиња решаваат да изградат куќичка на дрво, сфаќаат дека задачата воопшто не е лесна. Но набрзо откриваат дека делењето, здружувањето и помагањето се тајните за постигнување нешто магично. Забавна приказна за пријателството, несебичноста, тимската работа и за тоа дека сите сме посилни – и посреќни – кога ќе се сплотиме како едно.
-
-30%
Дали знаеш, мамичке?
0Original price was: 300,00 ден.210,00 денCurrent price is: 210,00 ден.Прекрасна и емотивна сликовница која низ очите на детето ги истражува улогите на мајката и вистината зад идеализираните претстави за мајчинството. Со нежните и шарени илустрации, книгата ја прикажува реалноста по породувањето – стомаче, стрии, замор – но, пред сè, ја слави љубовта која продира низ секој збор и секоја слика. Оваа топло дело потврдува дека на децата им се потребни мајки кои сакаат, а не совршени мајки.
-
-30%
Книга за нередот
0Original price was: 320,00 ден.224,00 денCurrent price is: 224,00 ден.Дали и кај вас дома понекогаш има неред?
Во оваа книга, нередот е насекаде! Дома, во собите, во кујната, во дворот, во градинката – насекаде! Семејствата Куче, Мечка, Жирафа и Јазовец не можат да ги пронајдат работите кои им требаат за да се дотераат, да готват, да си играат, да составуваат сложувалки.
Дали ќе им помогнете да ги најдат нештата кои ги бараат во нередот?
-
-30%
АНТОН И БАБА на дното на морето
0Original price was: 280,00 ден.196,00 денCurrent price is: 196,00 ден.од ТОМАС БРУНСТРОМ И ТОРБЈОРН КРИСТОФЕРСЕН
Антон и баба патуваат до дното на морето за на дното на морето да го најдат прстенот на баба.
Тие сретнуваат опасни чудовишта, гладни китови и чудесни сирени, а Антон мора да биде многу вешт ако сака да управува со подморницата и да го врати прстенот.
Ги чека уникатно авантуристичко патување, бидејќи кога баба е со вас, никогаш нема здодевен момент.
-
-30%
Мојата прва книгичка – форми и фигури
0Original price was: 290,00 ден.203,00 денCurrent price is: 203,00 ден.Уникатна едиција за нај, најмалите…
Сензорните црно-бели книги се специјално изработени за новороденчиња и бебиња. Содржат едноставни црно-бели илустрации со остри линии и контури, кои имаат способност да го зграпчат вниманието на бебето. Остриот контраст им олеснува на бебињата да се фокусираат и да ги следат сликите. Првите неколку месеци од животот на бебињата се од суштинско значење за развојот на нивниот вид. Новороденчињата се раѓаат со неразвиен вид, но нивната способност за перцепција на светот околу нив и за процесирање на визуелните информации брзо се подобрува во текот на следните неколку месеци. Докажано е дека сликите со висок контраст, особено црно-белите слики, се навистина ефикасни за привлекување на вниманието на бебето и развој на визуелниот систем.
– го стимулираат визуелниот кортекс, помагајќи им на бебињата да остварат нервни врски неопходни за визуелна перцепција и внимание.
– раната визуелна стимулација е од клучно значење за нивниот когнитивен развој.
– визуелна стимулација на фокус кој помага за развивање на вештините за концентрирање и набљудување.
– одлична можност на родителите да развијат рана и значајна врска со своето дете. Заедничките моменти поттикнуваат воспоставување на подлабока емоционална врска и го поддржуваат развојот и растот на детето во општеството.
– можност за рана едукација со откривање на едноставни форми, шеми, животни, предмети, која ќе биде основа за иден развој на способноста за говор и учење.Бројни студии од областа на детската психологија и невронауката ја поддржуваат ефикасноста на црно-белите визуелни стимули кај бебињата. Истражувањата укажуваат дека овие облици и фигури најсилно се врежуваат во ретината на бебето, која праќа посилни сигнали до мозокот. Овие сигнали значат побрз раст на мозокот и побрз развој на видот. Сите докази укажуваат дека овие книги имаат позитивно влијание врз визуелниот и когнитивниот развој во првите неколку месеци.
-
-30%
Мојата прва книгичка – животни

Да можев да ти го подарам Божиќ
0Original price was: 320,00 ден.224,00 денCurrent price is: 224,00 ден.Прекрасна божиќна приказна која ги потсетува читателите на најубавите аспекти на Божиќ и Новата година – споделување радост, споделување подароци, убави песни, посебни приказни, забавни игри, зимска идила и незаборавни спомени со оние кои ни се најсакани.
Лизгање на замрзнато езеро, правење празнични колачиња, препрочитување на омилените приказни… сите овие активности и уште низа други се оживеани преку разни слатки животинчиња. Вкусовите, мирисите, глетките, звуците и боите на најубавите празници се евоцирани во универзални сцени кои прикажуваат специјални моменти, споделени помеѓу деца и родители, семејства и пријатели. Читањето на оваа сликовница може да стане една потполно нова празнична семејна традиција!
-
-30%
ЗАЈАЧЕТО СЛУШАШЕ
0Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.Кога се случува нешто тажно, Тејлор не знае кому да се обрати. Сите животни се сигурни дека имаат решение за проблемот. Кокошката сака да помогне со разговор, но на Тејлор не му е до зборување. Мечката смета дека Тејлор треба да се разлути, но нему ни тоа не му се чини правилно. Едно по едно, сите се обидуваат да му кажат на Тејлор како да постапи, но ниедно од нив не му нуди утеха. И тогаш доаѓа зајачето. Зајачето не прави ништо, само слуша… а тоа е токму она што му е потребно на Тејлор.
Трогателна и безвременска сликовница за емпатијата и љубезноста, која лекува тага, голема и мала. Њујорк Тајмс бестселер и совршен подарок за секоја пригода, за секое дете и секој родител.
-
Sale!
Леле каков гостин
0200,00 денЕдно палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е возбудена и сака заедно со Боби да му покаже што се прави додека е дома. Но, гостинот е немирко и не знае да се однесува убаво. Да не ве потсетува ова однесување на некого? Па, да, тоа е диносаурусчето Даро! Јееј!
-
Sale!
АЛБУМ „СВЕТОТ НА БИБИ“
0150,00 денАлбум за самолепливи сликички „Светот на Биби“. 48 страници – 190 сликички
-
Sale!
-
Sale!
Неверојатно бистри суштества
0600,00 денВо најтесен избор за најдобар роман во 2022 година на „Гудридс“.
Најпродавана книга според Њујорк тајмс и Сандеј тајмс.
Неверојатна книга за која уште долго ќе се зборува.
По смртта на сопругот, Това почна да работи во аквариумот во Совел Беј, во близина на Сиетл. Чистењето подови во текот на вечерните часови, во друштво на суштества кои тивко се движат во базените ѝ помагаат да се носи со тагата и осаменоста, откако го изгуби својот осумнаесетгодишен син Ерик, пред триесет години.
Главната атракција на овој аквариум е Марселус. Тоа е еден огромен октопод од Пацификот, кој од својот базен го набљудува секое движење на Това. Марселус знае многу повеќе отколку што можеме да замислиме, но тој не би ни мрднал со едната од своите осум раце за да им помогне на луѓето – неговите киднапери. Сè до една неверојатна случка, што ќе го развие необичното пријателство со Това.
Бистриот Марселус, сфаќа што се случило онаа кобна ноќ, кога исчезна Ерик, синот на Това и сега мора да ја искористи секоја финта со своето тело за да ѝ ја покаже вистината на Това, пред да биде предоцна.
Романот на Шелби Ван Пелт, што го освои светот и е една од најчитаните книги, е потсетник дека понекогаш внимателното разгледување на минатото, може да помогне да се открие иднината што некогаш се чинела невозможна.
-
Sale!
Малото чудовиште
0350,00 денУште десет минути до спиење, а малoто чудовиште Кики ќе направи сè, само за да не заспие!
Придружете им се на чудовиштата додека се забавуваат во последните мигови пред да си легнат во кревет.
Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат.