• Понекогаш лажам

    Понекогаш лажам

    8

    „Се викам Амбер Рејнолдс. Има три работи што треба да ги знаете за мене:

    1. Во кома сум.
    2. Маж ми не ме сака веќе.
    3. Понекогаш лажам.“

    Амбер Рејнолдс се буди во болница. Не може да се движи. Не може да зборува. Не може да ги отвори очите. Ги слуша сите околу неа, но тие не се свесни дека ги слуша. Амбер е во кома. Не се сеќава како дошло до тоа, но се сомнева дека маж ѝ е некако поврзан со „несреќата“.

    Преплашена и заробена во сопственото тело, се обидува да ги состави спомените од минатата недела, но и од пред 20 години, преку дневници од детството. Со сопруг што не ја сака веќе, сестра што крие опасна тајна и бивши дечко што не сака да крене раце од неа, Амбер знае дека некој лаже и нејзиниот живот сè уште е во опасност. Но може ли да се принуди себеси да се разбуди пред да стане предоцна?

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • На раб на лудило

    На раб на лудило

    15

    Ако не можеш да си веруваш себеси, кому можеш да веруваш?

    Ноќ, сред страшна бура, Кес се враќа дома сама и сопругот ја замолува да не крати преку патот во шумата, бидејќи тој пат е опасен кога дивее страшна бура. Но и покрај тоа што му ветува дека нема, таа не сака да патува 40 минути, па пресекува низ шумата. Таму, на напуштениот рурален и морничав пат, здогледува застаната кола, а во неа седи жена, сама. Кес претпоставува дека жената чека некого, па си продолжува. Но утредента дознава дека жената подоцна била убиена и никако не може да се помири со тоа.

    Таа се обидува да го исфрли ужасното злосторство од нејзината глава; што можеше да направи, реално? Тоа е опасен пат за жена, и тоа сред бура. Нејзиниот сопруг ќе збеснеше ако дознаеше дека го прекршила ветувањето. А веројатно и таа ќе беше повредена ако застанеше да ѝ помогне на жената. Но оттогаш упорно заборава некои работи: каде ја паркирала колата, дали се напила апче, кој е кодот за алармот, зошто нарачала бебешка количка кога нема бебе? Единственото нешто што не може да го заборави е таа жена, жената што можеби можеше да ја спаси и ужасната, неподнослива грижа на совест. И не може да разбере зошто упорно има чувство дека некој да набљудува тајно…

    button-new

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Криј се

    Криј се

    5

    ИМАШ ДОБРА ПРИЧИНА ДА СЕ ПЛАШИШ…
    Постои еден случај кој го прогонува детективот Боби Доџ до ден денес, случај кој за малку ќе го убиел, случај кој му го променил животот засекогаш. Сега, во подземна одаја на тлото на напуштена психијатриска болница во Масачусетс, полицијата открива ужасно скривалиште на шест трупови, мумифицирани, кои го оживуваат неговиот најлош кошмар: враќањето на убиецот кој Боби го смета за одамна мртов и закопан.

    НЕМА МНОГУ МЕСТА ЗА БЕГАЊЕ И КРИЕЊЕ…
    Анабел се крие и бега откако знае за себе. Нејзиното детство е измешана матна бркотница од нови градови и лажни идентитети. Но од што – или поточно од кого – бега нејзиното семејство, таа не знае и никогаш не знаела. Сега од масовната гробница се вади тело, а околу неговиот врат виси синџирче со името на Анабел и опасноста е премногу блиску за човек да може да побегне од неа. Па овој пат, таа нема намера да бега. Затоа што знае дека тој секако ќе ја најде.

    Што се случува кога веќе нема никој кому можеме да му веруваме? Што правиме кога веќе не останува место за криење?

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Колекционер на очи

    Колекционер на очи

    10

    Подготвени или не, тој доаѓа… Тој ја игра најстарата детска игра што постои, криенка. Само што Колекционерот на очи ја игра до смрт.

    Секојпат е исто. Колекционерот почнува со тоа што ја убива мајката, а потоа го киднапира детето и му дава на таткото четириесет и пет часа часа да го најде. Тоа е неговиот метод. Наоѓаат женско тело со пуштена стоперка во стегнатата рака на мртвата мајка. Избезумен, преплашен татко мора да го најде своето дете пред момчето да се задуши – и пред убиецот да му го извади левото око.

    Александер Зорбах, бивши полицаец, сега новинар, ги има пријавено сите три убиства на Колекционерот на очи. Но овој пат е различно. Неговиот паричник е најден до трупот и тој сега одеднаш е осомничен. Колекционерот на очи сака Зорбах да ја игра неговата игра. Зорбах има точно четириесет и пет часа и седум минути да му го спаси животот на едно мало дете. И одбројувањето е започнато…

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе