-
Sale!
Вагонот со сираци
2450,00 денМоќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора светска војна. Вагонот со сираци ни ги раскажува приказните на две исклучителни жени, приказни за жртвување и преживување по секоја цена.
Шеснаесетгодишната Ноа ја бркаат од дома откако останува трудна од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Немајќи друг избор, таа живее во мала железничка станица, каде што работи како чистачка за да си го заслужи престојот. Кога Ноа наоѓа вагон со бебиња Еврејчиња товарени за патување до некој концентрационен логор, одеднаш се потсетува на детето што ѝ било одземено. Импулсивно грабнува едно од бебиња и бега во ноќта, и тој момент засекогаш ќе ѝ го промени текот на животот.
Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, но мора да научи да изведува точки на летечки трапез за да се вклопи и да не биде забележана од непријателот, а со ова ѝ боде око на главната акробатка, Астрид. Ноа и Астрид најпрво се ривалки, но набрзо се зближуваат како сестри. Меѓутоа, војната е премногу опасна за сите во циркус кој крие Евреи, па Ноа и Астрид мора да решат дали нивното пријателство ќе биде доволно за да ги спаси – или тајните што горат помеѓу нив ќе уништат сè.
-
Sale!
Темјанушки во март
12400,00 денВо дваесеттите години, Емили Вилсон е на врвот на светот: таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер, има сопруг што изгледа како изваден од некоја насловна страница и сигурна е дека ја очекува само среќа до крајот на животот.
Десет години подоцна, кругот се врти и нејзината среќа пука како меурче од сапуница. Таа нема идеи за нови книги, сопругот ја остава и целосно се распаѓа, но без да пушти солза. Па кога нејзината тетка Би ја кани да го помине месецот март на преубавиот остров Беинбриџ, Емили прифаќа, надевајќи се дека океанот ќе ја исцели. Кога почнува да истражува за нова книга, Емили наоѓа еден црвен кадифен дневник од 1943 година и се сепнува кога сфаќа дека дел од работите во него се поврзани со нејзиниот живот. Воодушевена од љубовната приказна во дневникот, не може да престане да го чита и да мисли на лудо вљубениот пар од неговите страници.
Делумно мистерија, делумно љубовна приказна – Темјанушки во март е книга што се чита во еден здив.
-
Sale!
Зима со мирис на капини
11400,00 денСиетл, 1933
Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.
Сиетл, 2010
Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…
Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.
