-
Го сакам Лондон
2380,00 денАнџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка, а се чини дека и Америка конечно почнува да ја засакува неа. И покрај тоа што нејзиниот вистински дом е Лондон, и покрај тоа што во Њујорк таа помина низ куп бурни авантури со нејзиното момче, со неуспешното наоѓање работа и со истекувањето на нејзината виза, работите конечно тргнуваат на добро за неа во најубавиот град на светот. Работата од соништата ѝ е речиси во рака, свршеничкиот прстен од момчето од нејзините соништа ѝ е на рака и сѐ е одлично.
Само што… таа сега нема избор, освен да се врати во Лондон. А таа идеја ја вади од памет и покрај тоа што се работи само за неколку дена. Зошто? Па таму е нејзиниот поранешен свршеник Марк, типот од кој побегна кога замина во Њујорк.
Крајот на серијалот „Го сакам…“ – книгата Го сакам Лондон е вистинска цреша на шлагот.
-
Планот за среќен крај
3390,00 денРејчел Самерс обожава да крои планови и да прави листи и списоци. Еве што има на нејзината листа со планови и работи што треба да се завршат:
– Дечко
– Стан
– Добра работаЕве што не е на нејзината листа:
– Истиот тој навидум идеален дечко да ја откачи откако веќе имаат заеднички кредити за стан и кола.Нејзините најдобри пријатели Емили и Метју веднаш долетуваат да ја спасат со една тотално различна листа и план – Планот за среќен крај на слободните девојки. Рејчел не е ни свесна дека оваа листа ќе ја поведе во куп луди авантури, а и романтични збрки.
Планот за среќен крај ѝ дава на Рејчел совршен лек за нејзиното скршено срце – и докажува дека љубовта секогаш е тука ако си подготвен да ризикуваш малку.
-
Го сакам Њујорк
4390,00 денДа претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка. Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот. И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!
Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК!
Запознајте ја Анџела Кларк! Новата и помлада Кинсела!
-
Го сакам Вегас
2380,00 денОна што се случува во Вегас, останува во Вегас…
Анџела Кларк го обожава својот живот како Британка во Њујорк. За жал, таа од неодамна е Британка во Њујорк која ја губи работата, а со тоа и својата работна виза. Кога имиграционото биро ја известува дека таа има еден месец за да ја напушти земјата (и тоа токму пред Божиќ), таа очајно се фрла на кроење планови за да најде начин да остане во Њујорк. Но триесет дена се малку за човек да најде работа. Или да се омажи… Особено кога таа е убедена дека Алекс, нејзиното момче, нема да биде импресиониран од идејата да се ожени за виза.
Кога купот грижи станува неподнослив, Џени, откачената најдобра пријателка на Анџела, ја изненадува со прекрасен божиќен подарок за релаксација. Викенд во Вегас! Има ли подобар начин за опуштање од гламурозни клубови, коктели, дизајнерска облека и ноќи полни со забава?
Но дали е вистина дека она што се случува во Вегас останува во Вегас или и тоа се враќа дома со тебе и ти го превртува животот наопаку?
