• Некој што вреди да умре

    Некој што вреди да умре

    11

    Психолошка, напната приказна за една случајна средба што води до убиство и тоа низ низа неочекувани пресврти.

    На еден вечерен лет од Лондон до Бостон, Тед Северсон ја запознава мистериозната и привлечна Лили Кинтнер. По неколку пијалаци, можеби малку повеќе отколку што треба, двајцата практично непознати почнуваат да играат игра на кажување вистини, откривајќи интимни детали за себе. Тед зборува за неговиот брак и неговата сопруга Миранда, бидејќи е сигурен дека таа го изневерува. Но нивната игра наскоро станува мрачна кога Тед на шега нафрла дека би можел да ја убие Миранда за тоа што му го направила. Лили пак, без размислување му вели, „Би сакала да ти помогнам“.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Светот не е фабрика за исполнување желби

    Светот не е фабрика за исполнување желби

    6

    Ова е една љубовна приказна каква досега не сте прочитале, ова е една болна љубовна приказна…

    Дијагностицирана со рак на тироидна жлезда на тринаесет години, Хејзел е подготвена да умре, кога година дена подоцна, ракот одеднаш исчезнува… барем сега засега. По две години, таа сè уште тапка во место и чека да види што ќе се случи. И покрај тоа што таа стои во место како нејзиниот живот да е паузиран, годините си минуваат, па на шеснаесетгодишна возраст, Хејзел нема буквално ништо. Не оди на училиште, нема којзнае колку пријатели, нема нормален живот. Тогаш во групата за поддршка за болни од рак го запознава Августус Вотерс. Тој е прекрасен, згоден, смешен, победник на неговиот рак и – шокантно за Хејзел – заинтересиран за неа.

    Дружењето со Августус истовремено е неочекувана дестинација и многу потребно патување кое комплетно ќе ја промени Хејзел, а со неа и вас како читатели…

    button-new

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Еленор Олифант е океј

    Еленор Олифант е океј

    7

    Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си има проблем со социјалните вештини и има обичај да го кажува баш тоа што го мисли. Таа се убедува себеси дека ништо не недостига во нејзиното внимателно испланирано време каде што викендите се посветени на замрзната пица, вотка и телефонски разговори со Мама. Сево ова значи дека Еленор е станата роб на навиките, а и малку осамена.

    Но сè се менува кога Еленор го запознава Рејмонд, пелтечавиот и несреден тип од ИТ во фирмата каде што таа работи. Кога таа и Рејмонд заедно го спасуваат Семи, еден постар човек кој доживува незгода на улица, тројцата стануваа еден вид на пријатели кои меѓусебно се спасуваат од изолацијата во која живеат.

    Низ низа горко слатки и траги комични моменти, големото срце на Рејмонд ќе ѝ помогне на Еленор да најде начин да го поправи нејзиното крајно оштетено срце. А ако таа конечно успее да се соочи со тајните што ги крие, можеби ќе успее да најде и пријателство, па можеби дури и љубов.

    button-new

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Скриена во најмрачниот агол

    Скриена во најмрачниот агол

    9

    Пред четири години…
    Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. Пријателките на Кетрин очигледно се согласуваат, бидејќи секоја една од нив паѓа на неговиот шарм. Но она што почнува како силна привлечност и страсен секс се претвора во нездрава љубомора и Кетрин сфаќа дека Ли има и една друга, многу помрачна страна. Неговото агресивно и посесивно однесување почнува страшно да ја плаши, но никој не ѝ верува кога таа ќе ги сподели своите стравови. Контролирана во секоја секунда од денот и изолирана од сѐ, скриена во најмрачниот агол од нејзиниот свет, очајната Кетрин прави план за бегство.

    После четири години…
    Ли е зад решетки, а Кетрин – сега Кети – опседнато ги проверува вратите и прозорите од нејзиниот стан, бидејќи не верува никому. Kога атрактивниот сосед, Стјуарт, влегува во нејзиниот живот, Кети конечно се осмелува да се надева дека љубовта и среќата можеби се можни и после сѐ… до денот кога добива телефонски повик со известување дека Ли наскоро излегува од затвор.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Момчето во пижами на риги

    Момчето во пижами на риги

    5

    Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…

    „Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.

    button-new

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • Девојката пред мене

    Девојката пред мене

    8

    Направи список со сите работи што ги поседуваш и ги сметаш за клучни за твојот живот.

    Барањето делува чудно, дури и нападно – и за двете жени кои ќе одговорат на него, последиците ќе бидат фатални.

    Истрауматизирана од провала во нивниот дом, Ема сака ново место за живеење. Но ниту еден од становите што ги гледа не е безбеден или финансиски пристапен за неа. Сè до куќата на улица Фолгејт. Куќата е архитектурно ремек-дело: минима-листички дизајн од светол камен, затемнети стакла и страшно високи тавани. Но има правила. Мистериозниот архитект што ја дизајнирал куќата ја задржува целата контрола над неа и тој не дозволува книги дома, не дозволува украсни перници, не дозволува рамки за слики или неред или какви било приватни дрангулии. Целта на куќата е да го трансформира станарот и таа навистина го прави тоа.

    По една трагедија, на Џејн ѝ треба нов почеток. Кога ја наоѓа куќата на улица Фолгејт, местото веднаш ја привлекува, а заедно со неа и нејзиниот мистериозен архитект. Кога се вселува, Џејн брзо дознава за несреќната смрт на претходната станарка; жена што била многу слична на неа по возраст и изглед. Додека Џејн се обидува да ја одвои вистината од лагите, таа несвесно ја следи истата шема, ги прави истите избори, ги запознава истите луќе и го искусува истиот терор како девојката пред неа.

    button-new

    440,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ејми ја нема

    Ејми ја нема

    9

    Бракот може да биде вистински убиец… 

    Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
    Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?

    Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…

    Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.

    button-new

    440,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Дете 44

    Дете 44

    6

    Кога стравот го замолчува целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.

    Во Советскиот Сојуз на Сталин не постои такво нешто како злосторство. А милиони луѓе сепак живеат во страв. Најмал сомнеж за нелојалност или погрешен збор кажан во погрешно време може да осуди невина личност на смрт. Лео Демидов, воен херој со прекрасна сопруга и идеалист, живее во луксуз во Москва и верува дека помага во создавањето на совршено општество. Негова цел е да ѝ служи на Државата. Меѓутоа, по погубувањето на еден невин човек, Лео почнува да се сомнева, а набрзо добива наредба под исто сомнение да спроведе истрага и за својата сопруга, Раиса. Тој е принуден да донесе одлука на чија страна е.

    Тогаш се случува невозможното. Во земјата во која „не постои злосторство“ се појавува сериски убиец на деца кој остава крвава, перверзна трага низ целата држава. Но како да се фати ова чудовиште во држава која воопшто не сака да признае дека такво нешто е можно? Лео почнува своја истрага, а како завршува истата веројатно не би можеле да погодат ни најголемите љубители на трилери…

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Нешто сино

    Нешто сино

    2

    Дарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма.

    Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед… и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, функционираат заедно цели 25 години…

    И сè е идеално во нивниот однос… сè додека… сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка – Рејчел?

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ние бевме лажговци

    Ние бевме лажговци

    6

    Награда за книга на годината во 2014 од страна на GR, најголемата мрежа за љубители на книги во светот.

    Прекрасно, богато и специфично семејство. Приватен остров…

    Брилијантно, повредено девојче; страсно, посиромашно момче.

    Група од четири пријатели – Лажговците – чие пријателство станува деструктивно.

    Револуција. Несреќа. Тајна.
    Лаги врз лаги врз лаги.
    Вистинска љубов. Вистината.

    „Ние сме Лажговците. Ние сме прекрасни, привилегирани и водиме безгрижен, луксузен живот. Ние сме напукнати, оштетени и скршени. А ова е приказна за љубов и семејство. Ова е трагедија. Но што е вистина? А што лага?“

    Каденс, Гет, Мирен и Џони. Лажговците. Деца од исклучително богато семејство кои фамилијарно ги минуваат летата на приватен остров во сопственост на нивниот дедо. Нивните мајки се сестри, наследнички на големо богатство. Бесценетите внуци се високи и витки, со светли кожи и руси коси, образовани деца со дарба за спорт. Но дали работите се навистина тооолку совршени како што изгледаат? Каденс не може да се сети на ништо по несреќата… На ништо…

    button-new

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сè, баш сè

    Сè, баш сè

    4

    Мојата болест е ретка колку што е позната. Во основа, јас сум алергична на светот. Не излегувам од дома, немам излезено од дома цело седумнаесет години. Единствените луѓе што ги гледам се мајка ми и мојата болничарка, Карла.

    Но тогаш, еден ден, пред соседната куќа доаѓа камион за селење. Погледнувам низ прозорецот и го гледам него. Тој е висок, убаво мускулест и целиот облечен во црно – црна маица, црни фармерки, црни патики и црно плетено капче што целосно му ја покрива косата. Ме забележува дека го гледам и зјапа во мене. И јас зјапам во него. Се вика Оли.

    Можеби не можеме да ја предвидиме иднината, но можеме да предвидиме некои работи. Пример, јас сум сигурна дека ќе се заљубам во Оли. И прилично сум сигурна дека ќе биде катастрофа.

    button-new

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мрачни места

    Мрачни места

    2

    Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.

    Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?

    Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен.
    Кој го извршил масакрот?

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Крадачка на книги

    Крадачка на книги

    2

    Годината е 1939. Нацистичка Германија. Државата не дише, го држи својот здив. Смртта никогаш не била позафатена, а од ден во ден ѝ се отвора сè повеќе работа.

    Покрај гробот на нејзиното братче, животот на едно девојче се менува засекогаш кога наоѓа еден предмет во снегот на земјата. Тоа е прирачник за гробари, паднат случајно, но доволно интересен за неа за да ја наведе на првата кражба на книга. Така почнува една љубовна афера со книгите и зборовите додека малата крадачка на книги учи да чита со помош на нејзиниот татко. Таа набрзо почнува да краде книги од огновите на нацистите кои ги палат, од домашната библиотека на сопругата на градоначалникот, од секаде каде што успева да најде. Но ова се опасни времиња. И стануваат уште поопасни кога нејзиното семејство почнува да крие Евреин во подрумот.

    Дали некогаш во животот ви се случило да прочитате книга и да сфатите дека никогаш повеќе нема да бидете исти? Дали некогаш сте прочитале книга која ве натерала да посакате да одите од човек на човек и да не престанете да ја препорачувате додека не бидете сигурни дека ја прочитал целиот свет? Ова е ТАА книга.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Нешто позајмено

    Нешто позајмено

    6

    Нешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка – прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка… сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава. Таа вечер, после многу пијалаци, Рејчел завршува во кревет со свршеникот на Дарси. Иако следното утро се буди со ужасна грижа на совест и решена да ја остави страшната грешка зад себе, Рејчел преплашено сфаќа дека таа има искрени и силни чувства за единствениот тип од кој би требало да бега на километри. Свадбата закажана за во септември се наближува страшно брзо, а Рејчел знае дека мора да донесе одлука.

    Што е поважно: дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Може ли да се одбере едното без губењето на другото засекогаш да ти го скрши срцето?

    Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе