-
Јас пред тебе
0450,00 денЉубовна приказна за новата генерација. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?
Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè… -
После тебе
0450,00 денПродолжение на бестселерот на Њујорк тајмс ЈАС ПРЕД ТЕБЕ, роман кој е сакан од целиот свет
Лу Кларк има многу прашања. Како заврши да работи во еден бар на аеродромот, гледајќи како луѓето со авион заминуваат на нови места. Или зошто станот кој е во нејзина сопственост сè уште не го чувствува за свој дом. Дали нејзиното семејство може да ѝ прости за она што таа го направи пред осумнаесет месеци. И дали некогаш ќе ја запознае љубовта на неј зиниот живот.
Она што Лу знае за сигурно е дека нешто мора да промени.
„Оваа прекрасна приказна не е совршена. Таа е полна со солзи и смеа во еднаква мерка.“
L-O-V-E’ Closer -
Париз за еден и други приказни
0450,00 денБрој 1 според Њујорк тајмс, од Џоџо Мојес, авторот на „Јас пред тебе“, „После тебе“ и „Сè уште јас”.
„Париз за еден и други приказни“ е неодолива романтична колекција на раскази исполнета со хумор и напишана од срце.
Нел има дваесет и шест години и никогаш не била во Париз. Таа никогаш не била на романтичен викенд некаде далеку. Таа, всушност, и не сака многу да патува. Но, кога момчето на Нел нема да дојде на нивниот мини-одмор, таа ќе има можност да им докаже на сите, дури и на сама себе, дека не се во право.
Сама во Париз, Нел ќе открие дел од себе за кој никогаш не знаела дека постои – таа е независна и смела.
Дали ова ќе биде највозбудливиот викенд во нејзиниот живот?
Смешно, шармантно и неодоливо…
-
Сè уште јас
0450,00 денСмешна, романтична и емотивна „Сѐ уште јас“ е делот во кој Лу ќе открие која е, која треба да биде, и како да преживее во нејзиниот нов свет.
Луиза Кларк доаѓа во Њујорк со надеж за нов живот, уверена дека може да ја започне оваа авантура и да ја одржи нејзината врска со болничарот Сем кој живее далеку од неа. Таа ќе влез во светот на супербогатите, ќе работи за Леонард Гопник и неговата многу помлада втора сопруга, Агнес. Лу беше решена да го извлече максимумот од ова искуство и да се посвети целосно на нејзината нова работа, но и на животот во Њујорк.Запознавајќи го богатото општество, Лу ќе го запознае Џош Рајан, човек кој во неа ќе разбуди дел од нејзиното минато. По некое време, таа ќе се запраша: Која е Луиза Кларк? И како да најде храброст да го следи срцето каде и да ја води?