typing
Можеби токму ти си следниот глас што ќе ја освежи македонската книжевна сцена

Нашата цел не е само да објавиме книги. Нашата цел е да пронајдеме луѓе што пишуваат со визија, со страст и со јасна желба нивната приказна да излезе од приватниот простор и да стане дел од културата. Дали твојата приказна живее во тебе подолго отколку што сакаш да признаеш?

Можеби токму таа приказна има моќ да стане следниот наслов кој ќе го разбуди домашниот книгољубец, ќе покрене нов тренд или ќе допре некого што никогаш претходно не бил читател.

Ако во фиока ти стои ракопис, ако во мислите имаш роман, ако долго време веруваш дека можеш да кажеш нешто автентично, смело, поинакво – тогаш многу е веројатно дека си авторот што сакаме да го запознаеме.

Бараме автори кои не пишуваат само од навика – туку од внатрешна потреба да создадат нешто вредно, нешто автентично, нешто што остава трага. Писатели кои имаат глас што се препознава, но и зрелост да го насочат кон публика што жеднее за добри приказни. Нашиот идеален автор е:

  • Креативен – со свежи идеи и природна способност да раскажува.
  • Стилски препознатлив, но доволно адаптабилен за да комуницира со широка читателска база.
  • Страстен читател, затоа што секој квалитетен писател е изграден од стотици претходно прочитани книги.
  • Тимски ориентиран, отворен да соработува со уредници, дизајнери и маркетинг тимот.

Ако се гледаш себеси како дел од оваа визија – тогаш нашиот каталог има место за тебе.

За да обезбедиме квалитетна и фокусирана селекција, во ова издавачко коло не обработуваме ракописи од следните жанрови:

  • Поезија
  • Биографии
  • Научна фантастика
  • Стручна литература

Ова не значи дека овие жанрови немаат вредност – туку дека сакаме да задржиме висок стандард и прецизен уредувачки фокус во рамки на расположливите ресурси. Апликациите во овие категории, за жал, нема да бидат разгледани.

Да станеш автор кај Сакам Книги значи да добиеш партнер кој стои зад тебе од првиот ред до последниот примерок. Ние не објавуваме само книги – ние градиме автори. Кога твојот ракопис ќе ја помине селекцијата:

  • Работиме уредувачки со тебе, за текстот да биде професионално заокружен.
  • Ја преземаме целата продукција – дизајн, лектура, коректура, печат.
  • Го пласираме изданието во повеќе од 55 книжарници низ Македонија.
  • Обезбедуваме маркетинг, PR и промотивни активности.
  • Ќе направиме сè твојата книга да стане потенцијален национален бестселер.

Ти ја носиш приказната. Ние ја носиме инфраструктурата, мрежата и поддршката за таа приказна да допре до што е можно повеќе читатели.

Како да аплицираш како автор?

За да аплицираш за издавање кај Сакам Книги, следи ги трите основни чекори:

Преземање на формулар

Преземи го официјалниот формулар за автори и пополни ги потребните информации за твојот ракопис.

Подготовка на ракопис

Нашиот тим ги обработува податоците и ве евидентира во официјалниот систем на програмата.

Испраќање на апликација

Испрати ни го пополнетиот формулар заедно со ракописот на: rakopisi@sakamknigi.mk

! Поради големиот број на пристигнати ракописи, не сме во можност да одговориме на секоја апликација поединечно.  Но важи едно едноставно правило:
Ако ја прочитаме твојата книга и нè освои — ќе те контактираме.