Во Сакам Книги веруваме дека најдобрата книжевна приказна расте преку соработка, заедништво и размена на идеи. Отворени сме за нови партнерства, креативни иницијативи и заеднички проекти со професионалци, бизниси, институции и креатори што ја споделуваат нашата страст за книги, култура и уметност.
Без разлика дали доаѓате од комерцијален сектор, културна установа, медиум, организација или сте индивидуален креатор — тука сме да разговараме, да анализираме можности и да градиме вредност заедно. Денес, на нашите полици и во десетици илјади домови ширум државата се наоѓаат повеќе од 350 изданија. Управуваме со три книжарници, работиме со 55 соработници низ целата земја, а нашиот тим го сочинуваат 15 редовно вработени и уште 15 хонорарни професионалци кои неуморно работат на реализирање на сите наши – и ваши – книжевни очекувања и фантазии.
Во Сакам Книги градиме силна дистрибутивна мрежа која ги спојува книгите со местата каде што читателите најчесто се движат, одмораат и создаваат свои ритуали. Доколку управувате со простор што носи култура, инспирација или социјална енергија — веруваме дека нашите изданија совршено ќе се вклопат во вашата атмосфера.
Соработуваме со:
- книжарници
- кафетерии и културни катчиња
- gift shop-ови
- lifestyle concept stores
- веб продавници
- и секој друг тип на локал што сака да понуди книги како дел од својата приказна
Нашиот тим обезбедува флексибилни услови, брза логистика, професионална поддршка и континуирана промоција за партнерите што ги застапуваат нашите изданија. Ова е можност да внесете книжевна вредност во вашиот бизнис и да станете дел од мрежа која расте заедно со читателите.
Контакт за комерцијална соработка и дистрибуција:
Книгите денес живеат не само на полици – туку и на екрани, во видеа, во препораки, во сториси и во креативни прикази што ја откриваат нивната моќ на нов начин. Затоа со особено внимание ги цениме креаторите на содржина кои знаат да раскажат, да мотивираат и да инспирираат.
Ако:
- имате ангажирана публика
- снимате квалитетни видеа
- пишувате искрени и влијателни рецензии
- имате уникатен стил и препознатлив глас
- создавате идеи што предизвикуваат внимание и дискусија
… тогаш можете да станете наш партнер во промоцијата на книгите и подигањето на читателската култура. Отворени сме за соработки со инфлуенсери, блогери, booktok/bookstagram креатори, подкастери и секој што има креативен пристап кон книжевноста.
Контакт за маркетинг соработки и креаторски партнерства:
Растевме заедно со вас
со сериозност, креативност, посветеност и вистинска пожртвуваност





