-
Sale!
КУМ
0300,00 денКоки е прилично затворен тип, кој веќе 10 години живее во Њујорк, без да се врати во татковината. Да, можеби е малку осамен, но животот таму му е убав има девојка која ја сака, одлична работа, стан и веќе е навикнат на рутината.
Кога неговиот најдобар другар Мики, последен од големото друштво во Скопје, решава да се жени, го бара токму него за кум. Коки не е воодушевен од идејата, особено затоа што токму во тој момент на работа лансираат многу важна апликација за голем клиент и не смее да ризикува, но Мики успева да го убеди, ветувајќи му дека сѐ ќе биде многу брзо, а свадбата мала и без никакви церемонии. Во бурниот професионален живот во Њујорк, Коки едвај успева да земе три слободни дена, иако планира да работи на апликацијата во текот на целото патување. Но не е свесен што го чека во градот кој е многу променет од неговото заминување, во истиот стан од детството и младоста, со семејството и лудото друштво, македонските необични адети и низа други компликации додека се обидува да го реши главниот проблем на апликацијата.
Растргнат помеѓу минатото и сегашноста, девојката во Њујорк и убавите скопски девојки, Коки само се обидува да го заврши патувањето без дополнителни проблеми, но тие некако упорно го следат, без оглед на тоа колку се труди да ги избегне.
-
Sale!
Оддел Д
0520,00 денСтудентката на медицински факултет Ејми Бренер треба да ја помине ноќта во заклучен психијатриски оддел.
Ејми е преплашена од ноќните смени во Одделот Д, одделот каде што се чуваат пациентите со ментални нарушувања. Постојат многу специфични причини што таа никогаш не сака да ја работи ноќната смена во тој оддел. Причини коишто никој не смее да ги дознае.
Како што часовите минуваат, така Ејми станува сѐ поубедена дека нешто ужасно се случува во тие строго обезбедени и изолирани ѕидови. Кога пациенти и вработени почнуваат да исчезнуваат без трага, станува повеќе од јасно дека сите во одделот се во смртна опасност.
Најголемиот кошмар на Ејми е да ја помине ноќта во Одделот Д. А сега можеби и никогаш нема да може да побегне од таму.
-
Sale!
Сите недовршени нешта
0590,00 денНоа е на врвот од писателската кариера. Со милионските тиражи и обезбедените права за филмување на неговите книги, не постои нешто што кралот на фикцијата го нема постигнато. Но никако не смее да ја пропушти неверојатната можност да го доврши романот на големата Скарлет Стентон, која отсекогаш му била идол. Меѓутоа, едно е да смисли соодветен крај за делото што легендарната авторка го оставила недовршено, а сосем друго е да се спогоди со нејзината прекрасна, тврдоглава и цинична правнука… што ќе се покаже како уште поневозможна мисија.
Џорџа Стентон почнува одново да го гради својот живот по ужасниот развод во кој губи речиси сè. Иако сака само да се скрие од светот во куќата на прабаба ѝ во Колорадо, принудена е да се соочи со арогантниот (и мошне згоден) писател, кој полека ја стекнува нејзината доверба.
Но додека ги читаат писмата и ракописот на Скарлет, почнуваат да сфаќаат зошто таа никогаш не ја довршила приказната за нејзината врска со пилот од Втората светска војна. Џорџа е убедена дека љубовта нема среќен крај, па и покрај неоспорната хемија меѓу неа и Ноа, решена е да не ги повтори грешките на Скарлет – дури и по цена да ја уништи неговата кариера.
-
Sale!
Нечесна игра
5300,00 денВикторија и Филип работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. Одеднаш, судбината или случајноста си поигруваат со нив, па во истата недела двајцата добиваат наредба од нивните шефови „да се зближат“ со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за претстојниот саем за мебел, бидејќи тоа е најважниот настан и период за сите фирми за мебел во државата.
Немајќи друг избор, тие неволно се согласуваат затоа што не сакаат да ја изгубат работата. Така започнуваат да се гледаат и двајцата размислуваат за начини како да го спроведат планот и да дојдат до целта. Но помеѓу нив почнува да се раѓа нешто сосема друго…
Во меѓувреме, сестрата на најдобрата пријателка на Викторија случајно дознава за планот и бидејќи не е во добри односи со својата постара сестра, решава да не дозволи тој да остане во тајност. Конците почнуваат да се замрсуваат и работите стануваат сè покомплицирани кога во оваа нечесна игра влегуваат куп емоции.
-
Sale!
Една страшна зима (Wallflowers #3)
2420,00 денОчајна да побегне од нејзините злобни и расипани роднини, Еванџелин Џенер бара помош од најзлогласниот ерген во Лондон. И договорениот брак помеѓу нив е единствено решение, иако никој не би ја споил срамежливата девојка која пелтечи кога зборува со згодниот виконт кој е легендарно популарен помеѓу жените. Но набрзо станува јасно дека Иви е жена со скриена сила во себе… и иако делува покорно и кротко, Себастијан од некоја причина ја посакува повеќе од која било друга жена што ја запознал.
Решена да го освои ладното срце на својот сопруг, Иви се осмелува да склучи зделка со ѓаволот: Ако Себастијан успее да остане целибат три месеци, таа ќе му дозволи да ја одведе в кревет.
Кога на Иви ѝ се заканува одмаздољубив непријател од минатото, Себастијан се заколнува дека ќе направи сè што треба за да ја заштити својата сопруга… па макар и по цена на сопствениот живот.
-
Sale!
Шепкачот
6450,00 денПо ненадејната смрт на неговата млада жена, Том Кенеди смета дека она што може да им помогне нему и на неговото мало синче да си дојдат на себе е нов почеток. Нов град, нова куќа. Федербенк.
Но градот што го одбираат има мрачно минато. Пред дваесет години, во тој град, сериски убиец киднапирал и убил пет деца. Убиецот Френк Картер го добил прекарот „Шепкачот“ затоа што ги намамувал жртвите така што им шепотел под прозорците ноќе.
И баш кога Том и Џејк се сместуваат во нивната нова куќа, повторно исчезнува мало дете. Неговото исчезнување страшно потсетува на случаите на Френк Картер, па иако тој е во затвор, почнуваат да се шират гласини дека е можно да има соучесник. Детективите Аманда Бек и Пит Вилис мора да го најдат момчето, па макар и по цена Пит да влезе во затворот за да се соочи со својот стар непријател: Шепкачот.
И тогаш Џејк почнува да се однесува чудно. Слуша шепотење под својот прозорец ноќе…
-
Sale!
Ќерката на дрвосечачот
12300,00 денРетки се тие книги што уште од самиот пролог ти продираат до срце, те зграпчуваат како челична канџа од емоции и просто не ти дозволуваат да ја оставиш книгата. Премногу се ретки, да, но овде имаме една токму таква книга.
„Ќерката на дрвосечачот“ започнува во едно македонско село, пред повеќе од 30 години. Дана е сираче, нејзиниот татко дрвосечач загинува во шумска незгода, а од преголема љубов кон него и тага за неговата смрт, по само еден месец умира и нејзината мајка. Па така од нејзиното прекрасно семејство полно со љубов, останува само малата Дана, со вечно скршено срце. Грижата за неа ја презема семејството на братот на татко ѝ, но чичко ѝ и стрина ѝ си имаат свои три деца, свои грижи за гледање, па повеќе ја третираат како слугинка дома и само гледаат да приграбат сè што можат од наследството што ѝ е останато. Дана е прекрасен лик; кротка, мила, послушна, покорна, вредна и пргава – таа не зуцнува дури ни кога тие практично ја продаваат на еден богат пар во Скопје, за да им биде домашна помошничка. Ги голта солзите во себе, а однадвор и понатаму останува силна и истрајна.
„Ќерката на дрвосечачот“ е книга која раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините.
-
Sale!
Изгубеното писмо
2420,00 денСрцепарателна, љубовна историска приказна инспирирана од вистински ликови кои биле дел од отпорот за време на Втората светска војна во Австрија и мистериозно љубовно писмо што поврзува генерации еврејски семејства.
Австрија, 1938
Кристоф е млад чирак на еврејски мајстор за изработка на поштенски марки. Кога неговиот учител исчезнува за време на Кристалната ноќ, Кристоф е принуден да продолжи да изработува марки за Германците, а истовремено работи и со Елена, ќерката на неговиот сакан учител, на фалсификување документи за што повеќе Евреи да побегнат од државата. Додека се вљубува во Елена во екот на бруталниот хаос на војната, Кристоф мора да најде начин да ја спаси неа и да се спаси себеси.Лос Анџелес, 1989
Кејти Нелсон си ги средува животот и куќата после тежок развод и налетува на колекцијата поштенски марки на татко ѝ, кој од неодамна е во дом затоа што почнува да го губи помнењето. Кога ги носи кај проценител, тој открива необична поштенска марка од Австрија од времето на Втората светска војна, залепена на старо љубовно писмо кое никогаш не стигнало на својата финална дестинација. Кејти и Бенџамин, проценителот на стари марки, заедно почнуваат да откриваат приказна која зборува за страст и трагедии кои се протегаат низ декади и континентни. -
Sale!
Маријана
2420,00 денЧудесна, неизвесна и богата приказна за љубителите на Лусинда Рајли…
Џулија Бекет за првпат ја здогледува куќата Грејветерс на само пет години, но уште тогаш има некое претчувство дека тоа некогаш ќе биде нејзина куќа. И кога конечно станува сопственичка на куќата после долги години, почнува да се сомнева дека постои причина што била привлечена кон неа.
Како Грејветерс да е портал помеѓу два света, таа во соништата повремено се транспортира во седумнаесеттиот век и станува Маријана; млада жена во Англија која се бори против опасности, сиромаштија и предавства, сето тоа под прангите на забранета љубов.
Со секое враќање назад, Џулија станува сè поопседната со минатото… па почнува да се плаши дека животот на Маријана целосно ќе го засени нејзиниот и мора да најде начин некако да го остави минатото зад себе или ќе ја изгуби шансата за среќа во сегашноста.
-
Sale!
Ленинградска зима
9420,00 денМередит и Нина Витсон се толку различни што не личат на сестри. Едната останува дома, се мажи со својата прва љубов, раѓа деца и го води семејниот бизнис. Другата ги следи своите соништа и патува низ светот како познат фоторепортер. Но кога нивниот сакан татко се разболува, Мередит и Нина повторно се спојуваат со нивната неописливо ладна мајка, Ања, која дури и во овој најтрагичен момент не им нуди утеха на своите ќерки.
Како деца, единственото нешто што ги поврзувало со неа била руската бајка што Ања понекогаш им ја раскажувала на девојчињата ноќе. Сега, татко им на смртна постела, бара трите жени да му дадат едно заедничко ветување – бајката да биде раскажана и ислушана за последен пат, но овој пат од почеток до крај. Па така почнува необичното патување низ вистината за животот на Ања во војна – во Ленинград, пред пет декади. Приказната на мајка им е толку потресна, срцепарателна и страшна што ќе ги протресе основите на нивното семејство и целосно ќе ги промени сите.
Оваа приказна започнува меланхолично и бавно, но до последните страници веќе не останува суво око дури ни кај најсилните читатели.
-
Sale!
Еленор Олифант е океј
7400,00 денЗапознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си има проблем со социјалните вештини и има обичај да го кажува баш тоа што го мисли. Таа се убедува себеси дека ништо не недостига во нејзиното внимателно испланирано време каде што викендите се посветени на замрзната пица, вотка и телефонски разговори со Мама. Сево ова значи дека Еленор е станата роб на навиките, а и малку осамена.
Но сè се менува кога Еленор го запознава Рејмонд, пелтечавиот и несреден тип од ИТ во фирмата каде што таа работи. Кога таа и Рејмонд заедно го спасуваат Семи, еден постар човек кој доживува незгода на улица, тројцата стануваа еден вид на пријатели кои меѓусебно се спасуваат од изолацијата во која живеат.
Низ низа горко слатки и траги комични моменти, големото срце на Рејмонд ќе ѝ помогне на Еленор да најде начин да го поправи нејзиното крајно оштетено срце. А ако таа конечно успее да се соочи со тајните што ги крие, можеби ќе успее да најде и пријателство, па можеби дури и љубов.
-
Sale!
9 Ноември
5380,00 ден„Ова е љубовна приказна за едно типче (јас) и една девојка (Фалон). Мислам… Може ли да се смета за љубовна приказна ако не завршува со љубов? Мистериите завршуваат кога ќе се реши мистеријата. Биографиите завршуваат кога ќе се раскаже приказната. Љубовните приказни би требало да завршуваат со љубов, така? Можеби грешам, тогаш. Можеби ова не е љубовна приказна. Ако ме прашате мене… би рекол дека ова може да се смета дури и за трагедија. Што и да е – како и да завршува – ветив дека ќе ја раскажам. Па, без понатамошни одложувања.
Еднаш, многу одамна… запознав една девојка.
ВИСТИНСКАТА девојка.“Фалон го запознава Бен, иден писател, дента пред да се пресели на другиот крај од земјата. Хемијата меѓу нив ги тера да го поминат тој нејзин последен ден во Л.А. заедно и нејзиниот драматичен живот станува креативната инспирација за книга што Бен отсекогаш ја барал. Со текот на годините и низ нивните разни врски и турбуленции во нивните одвоени животи, тие продолжуваат да се сретнуваат на истиот датум секоја година.
Но Фалон еден ден станува несигурна дали Бен и ја кажува вистината или само смислува совршена реалност за да напише уникатна и профитабилна книга.
-
Sale!
Мојот личен ФБИ агент
1420,00 денШто се случува кога судбината ќе спои двајца вечни непријатели?
Од сите можни хотелски соби во Чикаго, асистентот државен јавен обвинител, Камерон Линд мораше да ја одбере токму онаа до собата број 1308, каде едно неверојатно бучно и агресивно „водење љубов“ завршува со убиство. Освен што е сведок на убиство, од сите ФБИ агенти во Илиноис, одговорен за истрагата мораше да биде токму специјалниот агент Џек Палас. Да, истиот оној намуртен и страшен Џек Палас кој уште не може да го заборави нивното минато и ја обвинува дека за малку ќе му ја уништела кариерата пред три години…Џек да работи со Камерон Линд? Дали тие се шегуваат со него? Па тој не сака ниту да ја види лудата жена.Иако тие двајца не сакаат ниту да се видат, сега мора да го остават зад себе своето бурно минато и да се фокусираат на задачата пред нив. Ако воопшто можат да се фокусираат кога не се ни способни да размислуваат кога се блиску еден до друг… -
Sale!
Ејми ја нема
9440,00 денБракот може да биде вистински убиец…
Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…
Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.
-
Sale!
Можеби некогаш
3380,00 денСидни живее во идилично меурче; таа има работа во која ужива, живее со својата најдобра пријателка, Тори, има прекрасно момче и бесплатно слуша неверојатна музика во живо од балконот спроти нејзиниот. Но кога Сидни дознава дека нејзиното момче ја изневерува и тоа со нејзината најдобра пријателка, идиличното меурче пука. Таа одеднаш останува без Хантер, без Тори, без кров над главата и без работа.
Тогаш во игра влегува мистериозниот и привлечен сосед, Риџ, кој стои зад музиката што доаѓа од спротивниот балкон. Иако реално не се познаваат, тој веќе ѝ е делумно познат, бидејќи Сидни е навлечена на неговата музика и не може да престане да го гледа и слуша како страсно свири на гитара на неговиот балкон. Тој ѝ нуди излез од навидум безизлезната ситуација, предлагајќи ѝ да пишуваат песни заедно, а со тоа истовремено ѝ дава и надеж дека таа може да продолжи понатаму. Но продолжувањето понатаму со животот се покажува потешко отколку што Сидни очекува, па ѝ останува само да се надева на… Можеби некогаш.
Страсна приказна за љубовта, предавството, лојалноста и музиката на која наизменично ќе се смеете и плачете.
-
Sale!
Терапија
14380,00 денНема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности за време на посетата на доктор и истрагата за нејзиното исчезнување не носи никакви резултати. Четири години подоцна, Виктор сe уште е уништен од трагедијата. Тој се повлекува во семејната викендичка на море, каде што се надева дека ќе успее да стави еден вид на крај и да продолжи понатаму со животот.
Но таму одеднаш го посетува прекрасна непозната жена по име Ана. Таа тврди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Виктор повеќе не работи со пациенти и нема намера да почне ни сега, но кога открива дека нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози, одеднаш ја прифаќа како пациент, бидејќи се сомнева дека таа има некаква врска со исчезнувањето на ќерка му.
Терапија е интелигентен психолошки трилер, брза и луда приказна што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и ќе остане со вас долго откако ќе ја откриете мистеријата.
