Сѐ за доаѓањето на Себастијан Фицек во Скопје

15 ГОДИНИ. БЕЗБРОЈ ПОКАНИ. ЕДНА ИСТОРИСКА ПОСЕТА. ЛЕГЕНДАТА Е КОНЕЧНО ТУКА!
Себастијан Фицек на Саем на книга 2025  📍 10 мај, сабота, Арена Борис Трајковски

Оваа година, Саемот на книга ќе се одржува од 8 до 14 мај, секој ден од 10:00 до 20:00 часот. Каталогот на Сакам Книги, со сите саемски информации, новитети и попусти ќе биде објавен наскоро!

Себастијан Фицек ќе биде со нас на штандот на САКАМ КНИГИ на 10 мај (сабота) од 13:00 часот и ќе остане сѐ додека има читатели кои сакаат да го сретнат и да добијат автограм. Очекуваме голем интерес и бројна публика, па сите заедно ќе се потрудиме организацијата да биде на највисоко ниво и редот да се движи непречено. За таа цел:
✅ Просторот за ред ќе биде јасно обележан
✅ Ќе има присутни редари и обезбедување, како и личното обезбедување на Себастијан Фицек
✅ Секој читател ќе може да добие потпис само на една книга, за да се овозможи средба за што поголем број посетители
✅ Фотографирањето ќе биде дозволено – кратко и брзо. На штандот ќе има и професионален фотограф, а сите фотографии ќе бидат достапни за преземање по настанот
✅ За поедноставување на потпишувањето, може да понесете ливче со вашето име, или да искористите пост-ит ливчиња и пенкала кои ќе бидат достапни на нашиот штанд.
Ви благодариме однапред за љубовта, трпението и атмосферата што сите заедно ќе ја создадеме на овој возбудлив и значаен ден.
Да покажеме повторно каква сила се македонските читатели и да му приредиме дочек на Фицек што ќе го памети засекогаш!
ЕКСКЛУЗИВЕН НАСТАН: ВО УМОТ НА ФИЦЕК 
📣 Дали сте подготвени за незаборавно животно ?

✨ Фицкуство, дефиниција: Настан кој се следи на работ од столче, од кој се забрзува пулсот и ти се поматува умот. Шанса која се укажува еднаш во животот – да разговараш со Себастијан Фицек и одблизу да ѕирнеш во неговиот генијален ум. Очекувани се: возбуда, морници и неочекувани пресврти. Никој нема да замине онаков каков што влегол!

📍 9 мај (петок) | 19:00 | Синеплекс
🎟️ Картите НЕ се продаваат! 🎁 ЕДНА КАРТА се добива ИСКЛУЧИВО со купување на двете најнови книги на Фицек – саемските новитети: 📘 „Девојката со свеќа“ и 📕 „Мимики“

Книгите се достапни ВЕДНАШ – и од овој момент може да се набават САМО во нашата книжарница во Центар (денес книжарницата ќе работи до 18:00 часот)

📞 За читателите надвор од Скопје: Јавете се на 02 307 4756 и резервирајте си карта. Линијата е отворена до 17:00 часот или до комплетна распределба на картите. Резервираните книги и карти мора да се подигнат најдоцна до 1 мај – за да се прераспределат оние кои нема да бидат подигнати.

📸 Настанот ќе трае 90 минути + 30 минути фотографирање со Фицек

🚫 НА ОВОЈ НАСТАН НЕМА ДА ИМА ПОТПИШУВАЊЕ КНИГИ ✈️ Авторот пристигнува директно од аеродромот и по настанот ќе се одмори пред целодневната саемска програма. Посвети ќе можете да добиете СЛЕДНИОТ ДЕН на Саемот на книгата!

🎤 Разговорот со Фицек ќе го води Сашка Цветковска (ИРЛ) – личност која знае да истражи и постави длабоко интригантни прашања како никој друг.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *