Што претставува програмата за лојалност?
Во текот на нашето долгогодишно работење изградивме исклучително силна и посветена заедница од читатели кои не се само редовни купувачи, туку вистински амбасадори на книжевноста. Оваа група ги следи нашите изданија, активно учествува во читателските заедници, присуствува на настани и редовно нè поддржува на книжевните саеми.
Токму затоа ја формализиравме оваа заедница како екипа на лојални читатели и создадовме специјална програма за лојалност која им оддава почит и ги наградува најпосветените членови на нашето книжевно семејство.
Со отворањето на нашата прва книжарница во центарот на Скопје, оваа програма доби уште подлабока улога – да обезбеди персонализирано искуство и ексклузивни бенефити за сите кои ја градат приказната на САКАМ КНИГИ.
Како да станете дел од екипата на лојални читатели?
За официјално членство потребно е да набавите Reader’s Card во нашите книжарници, а процесот е едноставен.
Поднесување на апликација
Во нашите книжарници пополнувате краток формулар со потребните основни податоци.
Активирање на профил
Нашиот тим ги обработува податоците и ве евидентира во официјалниот систем на програмата.
Издавање на Reader’s Card
По активацијата, ја добивате вашата лична картичка, која служи како идентификатор за собирање и користење поени.
! Во првите две години картичката се издаваше бесплатно за 5.000 читатели,
а од 2021 година има симболична цена од 50 денари, со неограничен рок на важност.
Најчести прашања
Во оваа секција ќе најдете јасни и брзи одговори на најчестите прашања
поврзани со програмата за лојалност и користењето на Reader’s Card.
Кои привилегии ги добивате со Reader’s Card?
Reader’s Card овозможува пристап до ексклузивни попусти, награди и персонализирани бенефити дизајнирани за најлојалните читатели. Со секое купување акумулирате поени што подоцна можете да ги користите како средство за попуст.
Како се собираат поените?
Поени добивате при секое купување – во книжарниците или онлајн – според моделот: 1 поен = 1 денар. Одделни книги или промоции може да носат двојно или тројно повеќе поени, па препорачуваме да ги следите нашите акциски понуди и известувања по е-мејл или во Facebook групата.
Колку долго се важечки поените?
Поените се акумулираат во период од 12 месеци (календарска година). На крајот од годината, неискористените поени автоматски се бришат и започнува нов циклус на собирање.
Како ги користам поените во книжарница?
Во физичките книжарници е доволно да ја приложите вашата Reader’s Card на каса. Поените автоматски се пресметуваат и можете да ги искористите за намалување на редовната цена на изданијата.
Како ги користам поените онлајн?
При најава на www.sakamknigi.mk на профилот поврзан со вашата картичка:
- поените автоматски се додаваат при купување
- можете да ги користите веднаш по првото регистрирано купување (од наредниот ден)
Дали поените важат за време на акции и саеми?
Да – но секогаш се одбиваат од редовната цена, независно од тековните попусти. Ова е во согласност со стандардната практика на програмите за лојалност (пример: Neptun Happy Card).
Имам Reader’s Card, но немам профил на новиот сајт. Што да направам?
Потребно е да креирате корисничка сметка и да го внесете бројот на вашата картичка за да се овозможи поврзување и користење на поените онлајн.
Имам профил на сајтот, но немам Reader’s Card. Како да добијам?
Картичките се издаваат исклучиво во книжарниците, согласно законските регулативи за заштита на лични податоци. По издавањето, можете да ја поврзете со вашиот профил и да ги користите сите бенефити.
Имам и профил и картичка. Дали треба да направам нешто на новиот сајт?
Да. При првата посета на новиот сајт треба:
- да ја ажурирате лозинката
- да го внесете бројот на вашата Reader’s Card за повторно поврзување
РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ
Ексклузивна бенефиција за лојалните читатели
Секој активен член со Reader’s Card може да купи три книги од изданијата на САКАМ КНИГИ со 40% попуст на својот роденден.
Попустот важи за читатели кои во текот на годината имаат купено книги со минимална вредност од 2.000 денари.
Ако роденденот е во почетокот на годината, како репер се зема вредноста од претходната година.