Availability: Нема на залиха

Жив мртовец

3
Поени за производ : 5Points

450,00 ден

Баш пред мугри, во близина на шкотската граница, тринаесет патници кои летаат во балон на топол воздух стануваат сведоци на брутално убиство долу на земјата. И во текот на следниот час, сите тие ќе бидат мртви, освен една жена.

Но таа му го има видено лицето на убиецот, а и убиецот го има видено нејзиното – тој нема да застане додека не го елиминира единствениот сведок на неговото злосторство.

Сама, исплашена и не можејќи да верува никому, таа бега за да спаси жива глава, бега кон единственото место каде што се чувствува безбедно. Но тоа може да се покаже како најопасното место од сите…

„Оваа книга те зграпчува од самиот почеток и не те пушта. Приказната вешто вози, со многу моќно пресврти по пат“.
The Times

button-new

Нема на залиха

3 прегледи за Жив мртовец

  1. Слаѓан

    Одличен заплеткан трилер, со многу пресврти до последната страница 🙂

  2. Денис

    Просечен трилер.

  3. Nadja

    Преубаво дело… едноставно едвај чекав уште одма кога излезе да ја прочитам, во еден здив.. Шерон е неверојатна писателка на трилери со голем број пресврти во нив…😍🥰

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *