Availability: Нема на залиха

Заклучената врата

1
Поени за производ : 5Points

520,00 ден

Некои врати се заклучени со причина…

Додека единаесетгодишната Нора Дејвис пишува домашни задачи во својата соба на горниот кат, не може ни да насети дека татко ѝ убива жени во подрумот од семејната куќа.

Сè до денот кога полицијата ќе затропа на нивната врата.

По неколку децении татко ѝ го поминува остатокот од животот зад решетки, а Нора е успешен хирург и води тивок, повлечен живот. Никој не знае дека татко ѝ бил озлогласениот сериски убиец и таа има намера тоа да остане така засекогаш. Но наскоро дознава дека една од нејзините млади пациентки била убиена – на истиот морничав начин на кој татко ѝ ги убивал своите жртви.

Некој знае која е Нора. Некој сака да ја намести за убиството. Но таа не е убиец како татко ѝ. Полицијата нема докази против неа.

Сè додека не погледнат во нејзиниот подрум.

Нема на залиха

1 преглед за Заклучената врата

  1. magdalenabogleva

    Прекрасен трилер со изненадувачки крај.
    Лесно се прелистува а секоја страна е се поинтересна и поинтересна.
    Приказната, карактерите се комплет многу ми се допадна, посебно карактерот на Нора многу паметна и храбра и покрај сите работи што и се случуваат.
    Ја препорачувам сигурна сум дека би уживал секој читател особени оние кој сакаат трилери.

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *