Опис
ПРЕТХОДНО: Мајлс „Буце“ Халтер има крајно здодевен живот. Тој нема пријатели, неговите денови се празни, а единствена занимација што ја има му е опсесијата со последни зборови на познати луѓе. Но, сето ова се менува кога заминува да учи во училиштето со интернат – Кулвер Крик. Неговиот живот станува тотална спротивност на здодевен и безбеден. А таму ја запознава и прекрасната, откачена Алјаска Јанг. Таа е паметна, убава, смешна и бескрајно фасцинантна – таа е девојката која го повлекува Буце во својот свет, а притоа го краде и неговото срце.
ПОТОА: Ништо никогаш повеќе нема да биде исто.
„Убавината на оваа книга лежи во тоа што таа не крие ништо. Ги прикажува младата љубов и растењето во реално, брутално и искрено светло. Можеби нема да наполните кофи со солзи како на крајот од Светот не е фабрика за исполнување желби, но ќе се приврзете за Мајлс и Алјаска, исто како што тие се приврзуваат еден за друг.“
The Guardian








natealeksovska –
Дознајте ги згоди и незгоди на Мајлс, откако ќе заминал во средно училиште. Како и негови љубовни маки, низ години поминати таму.
Премногу замислување, размислување, спомнување на автори, актери, историчари, политичари на Мајлс е непотребно напишано во книгата. Би можело да се замени со некои непредвидливи случки таму. Но и надвор од училиште, за самите животи на ликови во романот…
Гордана –
Супер книга.
Викторија –
Најдобра од Џон Грин.
Александар Николовски –
Не е лоша книгата, сепак за нијанса-две послаба од Светот не е фабрика за исполнување желби…