Availability: Нема на залиха

Вистината на Питија

4

420,00 ден

Истрагата на бруталните убиства на момчињата имигранти сè уште тапка во место. Паралелно со неа има уште еден убиец кој со грозоморни убиства им се одмаздува на поранешни ученици на училиште каде што своевремено учела и таинствената Викторија Бергман. Жанет открива дека има нешто што ги поврзува двете различни истраги – скриена мотивација во која нема ни ронка човечност. Ништо не е онака како што изгледа. Кога маските паѓаат и сите си ги покажуваат вистинските лица, Жанет е оставена на милост и немилост на силите на злото.

Психијатарката Софија Зетерлунд се обидува да ѝ помогне на Жанет, но и таа е затрупана во доволни свои проблеми со комплицираната Викторија Бергман. Како ќе заврши лавиринтот од психоанализи, останува неизвесно до самиот крај.

„Збогум, Ханибал Лектор. Тој стар канибал психолошки е интересен колку канаринец во споредба со Викторија Бергман“.
Bodil Juggas, Arbetarbladet

button-new

Нема на залиха

Опис

4 прегледи за Вистината на Питија

  1. Стефани (потврден сопственик)

    Го завршив и третиот дел. Јас одамна немам прочитано толку јаки трилери,баш по мој вкус!🤩
    Толку заплеткано,крваво,психопатско, одлично скроена приказна,не те остана ни на секунда да трепнеш.
    Значи WOOOOOW,ова се вика чисто лудило,не ми се верува сеуште што прочитав!😱
    Не сакам многу да навлегувам во детали,доволно е кажано во кратка содржина на книгите ,но ништо не е така како што изгледа.
    За сите љубители на трилери,ОВА НЕ СЕ ПРОПУШТА! А за другите што не го читаат овој жанр,може малку да биде too much.🔞⚠️
    Мислам дека после оваа трилогија која ми стана омилена,нема да ми се допадне ниеден друг трилер..😜
    Чиста 10-ка од мене❣

  2. Наташа

    Мислев дека ќе се запознаат Софија или Викторија со нејзината ќерка Мадлен, ама сепак добр крај има книгва.

  3. Александар Николовски

    Точно е дека остава да размислуваш, но на крајот ми недостасуваше соочувањето меѓу Софија и Жаклин што го чекав, како авторите на крајот да снемале инспирација- така го доживеав овој дел…

  4. biskovski18

    Како последен дел, ме остави долго да размислувам за оваа трилогија. Напната, вознемирувачка, мрачна и интелегентна!

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *