Availability: Нема на залиха

Светот не е фабрика за исполнување желби

6
Купи и заработи : 5поени

380,00 ден

Ова е една љубовна приказна каква досега не сте прочитале, ова е една болна љубовна приказна…

Дијагностицирана со рак на тироидна жлезда на тринаесет години, Хејзел е подготвена да умре, кога година дена подоцна, ракот одеднаш исчезнува… барем сега засега. По две години, таа сè уште тапка во место и чека да види што ќе се случи. И покрај тоа што таа стои во место како нејзиниот живот да е паузиран, годините си минуваат, па на шеснаесетгодишна возраст, Хејзел нема буквално ништо. Не оди на училиште, нема којзнае колку пријатели, нема нормален живот. Тогаш во групата за поддршка за болни од рак го запознава Августус Вотерс. Тој е прекрасен, згоден, смешен, победник на неговиот рак и – шокантно за Хејзел – заинтересиран за неа.

Дружењето со Августус истовремено е неочекувана дестинација и многу потребно патување кое комплетно ќе ја промени Хејзел, а со неа и вас како читатели…

button-new

Нема на залиха

6 прегледи за Светот не е фабрика за исполнување желби

  1. игор

    Тешка за читање, премногу тага и депресија за мој вкус. Инаку книгата е убава ја препорачувам.

  2. saramastoridis

    И книгата и филмот се одлични!

  3. Emilija

    Емотивна бомба,реална и до некаде тешка.

  4. Наталија

    Срцепарателно…

  5. Александар Николовски

    Еден од ретките сум сигурно на кој книгава не му беше wow, ја оценувам со 3.3/5 што не значи дека е лоша, напротив, само што секој различно ја доживува секоја книга…

  6. Слаѓан Бишковски

    Емотивна книга, ја препорачувам на сите

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *