Опис
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
420,00 ден
Мал град. Страшна суша. Неподнослив очај. Големи тајни.
Во најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиот век, еден фармер ја крева својата пушка на своето семејство, а потоа и на себе. Руралната заедница на Киевара секојдневно се соочува со очајни избори и одлуки. Ако еден од нив пукнал од стресот, очајот и притисокот, на останатите им останува само да Му се молат на Бога за сила и издржливост. Да се надеваат на Божја милост за дожд.
Но кога почнуваат да отскокнуваат прашања и да се фрлаат сенки на сомнеж врз целиот опустошен град, специјалниот агент Арон Фалк е принуден да се соочи со заедницата што го отфрлила пред дваесет години. Затоа што Фалк и неговиот пријател од детството, починатиот Лук Хадлер, имале тајна – тајна што смртта на Лук се заканува да ја разоткрие.
И кога Фалк навлегува подлабоко во приказната за убиствата, од старите рани почнуваат да се отвораат нови.
Нема на залиха
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Изабела Велковска –
Најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиов век, каде што се чини дека ги излудува луѓето. Пред да пукнат од притисокот и очајот, останува само да се молат за капка дожд.
Одличен трилер, исклучителни ликови и извондредни описи! 🤗
Стефани –
Одличен трилер,ептен ми се допадна.😊 Толку заразна приказна,испреплетена со мистерија што не ме остави на мир додека не ја прочитав. Книгава заслужува повеќе внимание од страна на читателите,чиста 10-ка!😍
игор –
ништо посебно,
Мила –
Многу добар трилер со две паралелни мистерии.
Александар Николовски (потврден сопственик) –
Добра приказна, но постојано имав впечаток како да ми фалеше по нешто, затоа многу добра 4ка!