Availability: Нема на залиха

Слатки мали тајни #1

1
Купи и заработи : 5поени

390,00 ден

СЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #1

На целиот живот на Меди Мур му е потребна трансформација…

За краток период, Меди ги губи момчето (нејзина одлука) и работата (дефинитивно не нејзина одлука). Но наместо да ја лечи тагата со чипс, Меди го напушта Лос Анџелес затоа што добива наследство од нејзината почината слободоумна мајка – речиси пропаднато хотелче на плажа во еден мал град по име Среќно Крајбрежје. Меди знае дека почнувањето од почеток нема да биде лесно, но сепак гледа потенцијал за нов дом и нова кариера – само уште да може да ги убеди своите две полу-сестри да ѝ се приклучат во авантурата. Но нема да биде лесно да се убедат Тара и Клои, бидејќи и на хотелот му треба трансформација.

Градежникот што Меди го ангажира за реновирањето е висок, темнокос згоден тип, кој има свои мали тајни. А и нејзините сестри имаат тајни и не можат да дочекаат да побегнат од Среќно Крајбрежје. Но Меди не сака веќе да биде слабак и решена е да се бори за спасувањето на хотелот, особено кога сфаќа дека не постои место што повеќе би го сакала за свој дом од Среќно Крајбрежје.

Ова е првиот дел од нов, секси серијал „Среќно Крајбрежје“, а по него следи приказната на втората сестра, Тара, која е уште позаразна од првата.

button-new

Нема на залиха

Опис

Проверете подоцна.

1 преглед за Слатки мали тајни #1

  1. Мила

    Лесно, интересно и освежително. Ги чекам другите, по рејтинзите гледам дека вториот и третиот дел треба да се уште поинтересни 🙂

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *