Шепкачот
450,00 ден
По ненадејната смрт на неговата млада жена, Том Кенеди смета дека она што може да им помогне нему и на неговото мало синче да си дојдат на себе е нов почеток. Нов град, нова куќа. Федербенк.
Но градот што го одбираат има мрачно минато. Пред дваесет години, во тој град, сериски убиец киднапирал и убил пет деца. Убиецот Френк Картер го добил прекарот „Шепкачот“ затоа што ги намамувал жртвите така што им шепотел под прозорците ноќе.
И баш кога Том и Џејк се сместуваат во нивната нова куќа, повторно исчезнува мало дете. Неговото исчезнување страшно потсетува на случаите на Френк Картер, па иако тој е во затвор, почнуваат да се шират гласини дека е можно да има соучесник. Детективите Аманда Бек и Пит Вилис мора да го најдат момчето, па макар и по цена Пит да влезе во затворот за да се соочи со својот стар непријател: Шепкачот.
И тогаш Џејк почнува да се однесува чудно. Слуша шепотење под својот прозорец ноќе…
Нема на залиха








Стефани –
Конечно по долго време да прочитам ОДЛИЧЕН трилер!😍
Прејака приказна,мистериозна и цело време напната,интересна и се чита во еден здив.Ја препорачувам ✔
Денис –
Многу подобра од “Шепнувачот”, не можев да ја оставам од раце додека не ја завршам.
blagica –
ocena -5
Марија –
Лоша копија на Шепнувачот од Донато Каризи
Наталија –
Мислев дека натприродната нишка ќе ме одврати и ќе ме натера да дадам помала оценка ама кога видов дека има разумно објаснување за се, ми дојдоа коцките на место. Одлична книга.
Ѓорѓи –
Многу јака книга