Опис
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
380,00 ден
Мојата болест е ретка колку што е позната. Во основа, јас сум алергична на светот. Не излегувам од дома, немам излезено од дома цело седумнаесет години. Единствените луѓе што ги гледам се мајка ми и мојата болничарка, Карла.
Но тогаш, еден ден, пред соседната куќа доаѓа камион за селење. Погледнувам низ прозорецот и го гледам него. Тој е висок, убаво мускулест и целиот облечен во црно – црна маица, црни фармерки, црни патики и црно плетено капче што целосно му ја покрива косата. Ме забележува дека го гледам и зјапа во мене. И јас зјапам во него. Се вика Оли.
Можеби не можеме да ја предвидиме иднината, но можеме да предвидиме некои работи. Пример, јас сум сигурна дека ќе се заљубам во Оли. И прилично сум сигурна дека ќе биде катастрофа.
Нема на залиха
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Стефани (потврден сопственик) –
Многу убава љубовна приказна,уживав во секоја страница!🤗
Слаѓан Бишковски –
Одлична приказна, препорачувам 🙂
simonida234 –
Ја препорачувам од срце.
Клара –
Неодамна го гледав филмот (Everything, Everything) и многу ми се допадна, но кога ја прочитав книгата сфатив колку прекрасна е таа, прочитајте ја , нема да зажалите☺